You are on page 1of 25

СОДРЖИНА:

ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ...................................................................................3

ЗОШТО ИСТРАЖУВАМ БАШ НА ОВАА


ТЕМА?.........................................................3

ХИПОТЕЗА ..................................................................................................................3

СТРЕС................................................................................................…...................4
ШТО Е СТРЕСОТ И ШТО ГО

ПРЕДИЗВИКУВА? ....................................................5 ВЛИЈАНИЕТО


НА СТРЕСОТ ВРЗ СРЦЕВАТА РАБОТА....8
КОЈА Е ПОВРЗАНОСТА НА СТРЕСОТ СО СРЦЕВИТЕ
ЗАБОЛУВАЊА?.................8
КАКО ДЕЛУВА НА
АТЕРОСКЛЕРОЗАТА?..............................................................8

“СИНДРОМ НА СКРШЕНО
СРЦЕ”.......................................................................13

ШТО ПРЕТСТАВУВА ОВОЈ СИНДРОМ?...............................................................


13
ШТО ГО ПРЕДИЗВИКУВА НЕГОВОТО
ПОЈАВУВАЊЕ?........................................ 13

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ?...................................................................................... 13

КАКО НЕНАДЕЈНИОТ СТРЕС ДОВЕДУВА ДО СЛАБЕЕЊЕ НА СРЦЕВИОТ

МУСКУЛ? ............................................................................................................15
СРЦЕВ УДАР.......................................................................................................... 15

ПРИЧИНИ ЗА БОЛЕСТА..................................................................................... . 15
КЛИНИЧКА СЛИКА.............................................................................................. 16

ТЕРАПИЈА............................................................................................................ 16

АТЕРОСКЛЕРОЗА.............................. ........................................................................ 17
КОРОНАРНА АРТЕРИСКА БОЛЕСТ.....................................................................................
17
ЗАКЛУЧОК................................................................................................................ 18
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА........................................................................................
19
Предмет на истражување:
“Стрес. Влијанието на стресот врз срцевата работa. Срцев удар.”

Зошто истражувам баш на оваа тема?


Кога зборуваме за стресот, тој е дел од нашето секојдневние, понекогаш поголем,
понекогаш помал, предизвикан од многу различни фактори, кои се дел од нас, од
нашето постоење и функционирање...Брзото темпо на живот, обврските и
преокупираноста со најразлични работи во професионалниот и во приватниот живот ни
предизвикуваат стрес. Несомнено, ваквото темпо на живот и стресните ситуации влијаат
врз менталното и телесното здравје на човекот, не правејќи исклучоци врз правилната
работа на срцето. Справувањето со стресот (воедно и придонесувањето за спречување на
последици од истиот) зависи од самиот себе си, од самоконтролата и способноста за
прифаќање на реалнноста. Човекот не е свесен за последиците од стресот се додека не се
соочи со нив, дури понекогаш на најтешкиот начин, губење на свој близок. Поттикот кој
ме натера да истражувам на оваа тема е токму таа загуба на близок од смејството, кој ја
изгубил битката со преголемиот стрес и неговото влијание врз срцевата работа.

Хипотеза:
Стресот има негативно влијание врз работата на срцето и истовремено претставува
ризик-фактор за доживување на срцев удар.
СТРЕС
Што е стресот и што го предизвикува?

Нормалната состојба во која организмот функционира оптимално се нарекува


хомеостаза. Меѓутоа во животот на луѓето се случуваат непријатни настани кои можат да
бидат доволно силни за да ја нарушат хомеостазата и да го доведат организмот во
состојба на стрес. Честопати не е потребно да се случи непријатност. Доволно е таа да
биде навестена, па човекот да се чувствува напнат, загрижен, вознемирен, несигурен и
слично. Всушност, тоа се зборовите кои луѓето најчесто ги користат за да опишат што им
се случува кога велат дека се “под стрес”. Кога е нарушена хомеостазата, организмот
реагира во насока на адаптација кон промената и повторно воспоставување на нормална
состојба. Затоа научниците го дефинираат стресот како реакција на организмот на
надворешни влијанија или како општ адаптациски синдром. (Selye, 1982) причинителите
за стресот или факторите кои придонесуваат организмот да дојде во состојба на стрес, се
нарекуваат стресори. Стресорите најчесто имаат психолошка природа. Тоа се непријатни,
но и пријатни настани кои се случуваат ненадејно и ја ставаат личноста во голема
неизвеснот, во многу непогодна ситуација. Колку е стресната ситуација поголема, а
способноста на личност за справување помала, толку е и стресот поинтензивен. Постојат
повеќе скали на стресни настани со кои се мери нивото на стрес во одреден период од
животот на луѓето, како на пример скалата на стресни ситуации, подредени по стресно
ниво, на Еugene Stern Payke (Јуџин Стерн Пајкел) - Британски психијатар:

1. Смрт на сопствено дете 10. Излегување пред суд заради 16. Губење на вреден.
2. Смрт на брачен другар сериозно прекршување на личен предмет

3. Осуда на затворска казна законот 17. Неуспех во


школувањето
4.Смрт на член од потесно

11. Несакана бременост 18. Детето заснова

брак против

семејство 12. Болничко лекување на


волјата на родителите
5. Неверство на брачниот другар близок член од 19.
Раскинување вериба
6. Големи финансиски потешкотии заради сериозна болест 20.
Чести расправии со партнерот
7. Отпуштање од работа 13. Смрт на близок пријател 21.
Земање на голем заем
8. Спонтан абортус или 14. Преместување на пониско 22.
Заминување на синот во војска
мртвородено дете работно место 23.
Препирање со шефот или
9. Развод 15. Почеток на вонбрачна врска
колегите на работа

24. Селење во друга земја 30. Пензионирање 37.


Жената забременува
25. Менопауза 31. Промена на вид на работа 38.
Стапување во барк
26. Разделување од значајна 32. Селење во друг град 39.
Унапредување
личност 33. Промена на училиштето 40.
Почеток на школување
27. Важен испит 34. Детето го напушта домот 41.
Сакана бременост
28. Одвојување од брачниот (заради студирање на 42.
Венчање на детето со
Другар друго место)
согласност на родителите
29. Нова личност во 35. Брачно помирување
домаќинството 36. Раѓање дете (за мајката)

Три основни симпотоми кои го дефинираат стресот се: несоница, анксиозност/страв и


депресија. Денес според сите светски статистики овие симптоми се застапени со 25% од
светската популација. Тоа значи
дека, ако во светот има 10 милијарди луѓе, во овој момент на земјата, од овие три
кардинални сомптоми
страдаат 2,5 милијарди луѓе.
Стресот може да биде акутен и, најчесто, хроничен, пролонгиран стрес, кој трае со
месеци, со години и
полека ги оштетува нашите клетки, нашето тело и нашето здравје. Ако стресот трае
долго време, состојбата
позната како хроничен стрес, тогаш они промени на “висок алерт” стануваат
поштетни отколку корисни.
“Стресот јасно промовира повисоко ниво на воспаление, кое се смета дека
придонесува за повеќе болести
на стареењето. Воспалението предизвикано од стресот е поврзано со јавувањето
на кардиоваскуларни
заболувања, дијабетес, артритис , слабост и опаѓање на функционалноста на
организмот”, вели д-р Јanice
Kiecolt-Glaser, водечки истражувач на стресот на Државниот универзитет во Охајо.
Таа и другите истраживачи
откриле дека стресот влијае врз имунолошкиот систем на телото, кој потоа го
ослабува одговорот на
Имунизацијата и го нарушува заздравувањето на раните.
ВЛИЈАНИЕТО НА СТРЕСОТ
ВРЗ СРЦЕВАТА РАБОТА
КОЈА Е ПОВРЗАНОСТА НА СТРЕСОТ СО СРЦЕВИТЕ
ЗАБОЛУВАЊА?
КАКО ДЕЛУВА НА АТЕРОСКЛЕРОЗАТА?
Повеќето лекари сега веруваат дека емоционалниот стрес може да придонесе за
развој на

срцеви заболувања. Се чини дека стресот води кон срцеви заболувања на


најмалку два начина.

Прво, ако личноста има хроничен емоционален стрес, поголема е можноста да се


развие

атеросклероза❓ процес на болест кој произведува коронарна артериска болест


(CAD)❓, мозочен удар

и периферна артериска болест. Второ, периодите на интензивен стрес очигледно може да


предизвикаат

акутни проблмеи со срцето, како што се срцеви напади. Стресот е дел од нормалното
секојдневие и нема

потреба да се пробува да се избегнува. Се чини дека секојдневнот стрес има влијание врз
срцето и од

тоа како се реагира на стресните ситуации. Иако не е докажано дека стресот го забрзува
процесот на

атеросклерозата, постои фер износ на докази што сугерираат дека тоа го прави. Кај луѓето
кои реагираат

на секојдневните емоционални стресови со претеран тип А, се манифестира со


фрустрација, лутина или
непријателски однос, па кај овие луѓе ризикот за влијание е најголем. Стресот и како
реагираме на него,

можат директно да влијаат на нашите крвни садови. Дури и нормалниот стрес, кој го
доживуваме во

секојдневниот живот може да предизвика привремено влошување на нашата васкуларна


функција, преку

хормонални промени и зголемување на адреналинот во нашиот крвоток. При хроничен


емоционален стрес

собено кај лицата од типот А, кај кои се исфрла адреналин во крвотокот, при најмала
провокација, тие

привремени промени можат да продолжат подолго. Хроничниот стрес може да придизвика


воспаление

(понекогаш и покаќеи нивоа на ЦРП💬) што е поврзано со зголемен ризик од


атеросклероза. Хроничниот

емотивен стрес често е пропратен со влошување кај неколку други кардиоваскуларни


ризик-фактори.

Пушачите при стрес најчесто ја зголемуваат количината на внесување на тутун, а исто така
луѓето под

емоционален стрес внесуваат прекумерни количини на храна, што доведува до


прејадување и зголемување

на телесната тежина. Нивоата на холестеролот имаат исто така тенденција да се


зголемуваат за време
на стресни периоди. Последователно на овие тврдења, хроничниот стрес потенцијално
може да ја

забрза атеросклерозата и со директно влијание врза крвните садови и со придонес кон


влошување на

севкупниот профил на срцето. Исклучително стресни животни настани - како што се


смртта на некој близок,

развод, губење на работа, деловна неуспех, жртва на насилство, изложеност на природни


катастрофи или
Сериозни семејни кофликти, се поврзани со значително зголемен ризик од ACS 💬 и
ненадејна срцева смрт

(до една година после стресниот настан). Ова акутно зголемување на срцевиот
ризик се смета дека се должи

на значителни покачувања на крвниот притисок, отчукувања на срцето, венска


констрикција, воспалението

и забрзаното згрутчување на крвта, а сето тоа може да се види и кај сосема


спокојни лица, но со тежок

емоционален стрес. Овие промени во физиологијата може да ја зголемат


веројатноста од прекин на плаката,

настанот кој произведува ACS.


💬 ЦРП - Ц-реактивниот протеин (CRP) е супстанција создадена од црниот дроб
или адипоцитите при ситуации на

присутни при ситуации на присутни воспалителни процеси во


телото.

💬 ACS - Acute coronary syndrome или aкутен коронарен синдром е синдром (сет
на знаци и симптоми) кои се
јавуваат поради намален проток на крв во коронарните артерии при што дел
од срцевиот мускул не функционира
соодветно или изумира.
“СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ”

ШТО ПРЕТСТАВУВА ОВОЈ СИНДРОМ?


Тешкиот стрес е исто така одговорен за многу драматичната, но помалку позната
кардиолошка состојба

наречена “синдром на скршено срце” или стресна кардиомиопатија. “Синдромот


на скршено срце” се

јавува кога лицето доживува ненадеен акутен стрес, кој може брзо да го ослабне
срцевиот мускул.

ШТО ГО ПРЕДИЗВИКУВА НЕГОВОТО ПОЈАВУВАЊЕ?


Два вида на стрес - емоционален или физички - често предизвикуваат синдром на
скршено срце.
Но, додека повеќето луѓе со оваа состојба доживуваат стресен настан, до 30% од
пациентите немаат
претпознатлив предизвикувач во моментот на нивните првични симптоми.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ?
Симптомите на синдромот на скршено срце може да имитираат симптоми на
срцев удар, вклучувајќи:

 Болка во градите
 Отежнато дишење
 Дијафореза (потење)
 Вртоглавица

Овие симптоми може да започнат веднаш по неколку минути или неколку часа по
емоционалнот или
физичкиот стресен настан.

КАКО НЕНАДЕЈНИОТ СТРЕС ДОВЕДУВА ДО СЛАБЕЕЊЕ НА


СРЦЕВИОТ МУСКУЛ?

Кога доживувате стресен настан, вашето тело произведува хормони и протеини


како што се адреналин и

норадреналин кои треба да помогнат да се справите со стресот. Срцевиот мускул


може да биде совладан од

огромно количество на адреналин, што одеднаш се произведува, како одговор на


појавата на стрес.

Вишокот на адреналин може да предизвика стеснување на артериите кои го


снабдуваат срцето со крв,

предизвикувајќи привремено намалување на прокот на крв во срцето. Исто така,


адреналинот може да се

врзе за срцевите клетки, предизвикувајќи големи колчини на калциум да


навлезат во клетките. Ова големо

количество на внес на калциум може да ги спречи срцевите клетки да


функционираат правилно, како и

нарушување на правилното отчукување на срцето. Ефектите на адреналинот врз


срцето за време на

“синдромот на скршено срце” се привремени и срцето во најчести случаи


заздравува за неколку денови.
СРЦЕВ УДАР
Срцев удар, устрел, дамла, шлог или миокарден инфаркт е израз кој се користи
кога, коронарната артерија

наеднаш ќе се затне со грутка крв и делот од срцевиот мускул, што е снабдуван од


таа артерија ќе се оштети,

затоа што е лишен од кислород. Главните знаци се болка во градите или


нелагодност. Медицинскиот израз

за ова неочекувано блокирање со грутка крв (тромб) на срцевата артерија се


нарекува коронарна тромбоза

или коронарно затнување. Медицинскиот израз за постојаното иштетување на


миокардот е срцев инфаркт

(myocardial infarction). Во Македонија според податоците на институтот за јавно


здравје, дневно умираат по

4ца луѓе како последица на миокарден инфаркт. Акутниот инфаркт е последната


фаза или само една од

формите во развојот на коронарна болест (исхемична срцева болест, ангина


пекторис, нестабилна ангина,

вазоспастична ангина и асимптоматска миокардна исхемија)

ПРИЧИНИ ЗА БОЛЕСТА
Срцевиот мускул се снабдува со крв преку две главни коронарни артерии, лева и
десна. Промените што се

јавуваат во овие крвни садови се должат на процесот на атеросклероза, при што


настанува задебелување,
стеснување и запушување на ѕидовите на крвните садови на срцевиот мускул, а со
тоа доведува до

намалена циркулација, за да последователно се јави изумирање на дел од


срцевиот мускул. Најважни

ризик-фактори, кои доведуваат до оваа состојба се: наследување (генетска


предиспозиција), возрас, пол

(почесто се јавува кај машкиот пол), дијабетес, висок крвен притисок, пушење,
покачени нивоа на

разлчни видови маснотии во крвта, дебелина, физичка неактивност итн.


Присуството на повеќе ризик-

фактори, во исто време за зголемуваат можноста за коронарна болест во некоја


форма, вклучително и

миокарден инфаркт.

КЛИНИЧКА СЛИКА
Акутниот миокарден инфаркт е проследен со различни симптоми. Најважен
симптом е градната болка.

Болката се јавува најчесто наутро, по физичка активност, обилен оброк и кога е


ладно. Локацијата на болката
е зад градниот кош, таа е многу силна во интензитет и во карактер наликува на
прилепување, печење или

дури и расцепување во градите. Болката во инфарктот трае повеќе од половина час


и обично е посилна

Ииподолга од сите претходни напади, ако пациентот веќе имал напади во градите.
Болката обично се шири

до рамото, левата рака или долната вилица. Тоа може да биде придружено со
изразено потење, мускулна

слабост и чувство на гушење, поради недостаток на воздух и страв од блиска смрт.


Сепак болката како

симптом, може да биде отсутна (особено кај пациенти со дијабетес), а потоа


другите придружни симптоми

може да покажат дека е миокарден инфаркт. Неретко има и симптоми на болка во


горниот дел на стомакот

во предел на желудникот и акутни моментни нагони на гадење и повраќање.

ТЕРАПИЈА
Во случај на таква болка првиот чекор што треба да се преземе е да се прекине
активноста, што довела до
болка да се стави нитроглицерин под јазикот и брзо да се контактира лекар или брза
медицинска помош.
превентивно е корисно да се џвака една таблета Аспирин од 500мг или Андол од
300мг. По пристигнувањето
на медицинскиот персонал, пациентот треба да се придржува до советите.
Присуството на инфарк најлесто
може да се утврди со евидентирање на ЕКГ (ехокардиографија) и спесифични
лабараториски тестови.
пациентите со акутен миокарден инфаркт се сместуваат во коронарна единица и се
третираат по современи
методи.

❓ АТЕРОСКЛЕРОЗА

Атеросклерозата е болест која ги зафаќа големите и средните артерии во телото и се


карактеризира со

дисфункција на ендотелот на артеријата (внатрешниот дел, кој гледа кон луменот на


артеријата), воспаление

на артеријата, таложење на липиди, холестерол, калциум и целуларен остаток во


интимата на крвниот сад.

Ова таложење предизвикува формирање на плака, васкуларно ремоделирање,


акутна хронична опструкција

(запушување), нарушување на течењето на крвта, а со тоа и нарушено снабдување со


кислород на органите

во телото. За да се разбере точно, процесот на атеросклероза, претходно е потребно


барем на наједноставно

да се знае градбата на крвниот сад. Атеросклерозата е всушност одговор на повреда


на крвниот сад.

Повреда на крвниот сад може да се случи од оксидиран LDL холестерол, ефективни


агенси, токсини

(продукти од пушење цигари), хипергликемија. За формирање на атеросклеротична


лезија или промена
треба да се случи каскада од неколку реакции и учество на повеќе клетки од
организмот. Циркулирачките

моноцити од крвта навлегуваат во интимата на крвниот сад и се претвораат во


макрофаги. Макрофагите

го “чистат” LDL холестеролот и го складираат во интимата на крвниот сад. Така тој


почнува да се задебелува,

во него се таложи калциум и се формира плака, која има тенденција да расте. Со


растот на плаката, се случува

стеснување на крвниот сад и нарушено снабдување на органите кои се снабдуваат со


кислород преку

засегнатиот крвен сад. Така на ниво на срцеви артерии и нивно запушување се


случува срцев инфаркт

(исумирање на одредена зона на ткиво заради наполно отсуство на кислород).

❓ КОРОНАРНА АРТЕРИСКА БОЛЕСТ

Коронарна артериска болест, наречена уште и атеросклеротична срцева болест е


резултат од акумулација на

атероматозни плаки (овие плаки се создадени од холестерол, макрофаги итн) кои се


наоѓаат во ѕидовите на

коронарните артерии, кои го хранат миокардот со кислород и нутритиенти.


Ограниченото крвоснабдување на срцето предизвикува исхемија (изгладнување на
клетките како последица

на намалено количество на кислород) кај миоцитите. Тие може да некротизираат и


тоа се нарекува миокарден

инфаркт. Типично коронарната артериска болест се добива кога мазната, еластична


коронарна артерија

(која носи крв до срцевиот мускул) ќе развие атеросклероза. Со атеросклерозата


ѕидот на артеријата е цврст,

нееластичен и содржи калциумски депозити, масти со абнормален инфламаторен


одговор, кои заедно

формираат плака. Плаките наликуваат на избочувања кои продруваат во луменот на


артеријата и

предизвикуваат парцијална обструкција.

ЗАКЛУЧОК:

Според научните тврдења во ова истражување, ја поткрепувам мојата хипотеза со


истите, заклучувајќи дека:
Стресот е потенцијален ризик-фактор за срцев удар или миокарден инфаркт.
Стресните животни настани
И нашето реагирање на нив, доведуваат до појава на атеросклероза или коронарна
артериска болест,
Како и коронарен акутен синдром, при кои болести доаѓа до запушување на крвните
садови, кои носат крв
До срцето, што крајно води до срцев удар и ненадејна смрт. На нас самите, останува
да го спречиме
Негативното дејство на стресот врз нашето срце со преземање на самоконтрола врз
стресните моменти
Во нашиот живот како и водење на здрав живот со здрави навики (здрава исхрана,
физичка активност).
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:
https://doktori.mk/2018/12/18/akuten-koronaren-sindrom-definitsija-patogeneza-klinichka-slika-
terapija/

https://mk.wikipedia.org/wiki/

http://www.cph.mk/~centar/ftp/Informativni%20i%20edukativni/2015/

https://www.hopkinsmedicine.org/health/conditions-and-diseases/broken-heart-syndrome

“Скрипта на интерна медицина” , Марија Вувлакис, Штип, 2017 година

You might also like