You are on page 1of 22

Систем на социјална и здравствена заштита

ПОИМ ЗА ЗДРАВЈЕ

Проф. Магдалена Алексовска


 Уште од постаро време oд страна на многу автори
постоеле обиди да се дефинира поимот состојба на
здравјето на човекот, но дефинициите не биле
комплетни, конкретни и сеопфатни, па така трпеле многу
промени, за да денес од страна на СЗО
(Светска Здравствена Организација) е поставена јасна
дефиниција која се содржи во
Преамбулата на Уставот и гласи :
 ,, Здравјето е состојба на целосна физичка, ментална и
социјална благосостојба, а не само отсуство на болест
или слабост ’’
 Како таква дефиниција е потпишана и поддржана од
страна на 61 земја членка на Обединетите нации, на 22
јули 1946 година, а стапила на сила на 7 април 1948
година и тој датум е прогласен и се обележува како Ден
на здравјето низ целиот свет.
 Според оваа дефиниција, здравјето е состојба на која
влијаат многу фактори.
Тука влегуваат индивидуалните карактеристики на
човекот, стилот на живот, физичката, социјалната и
економската средина, како и општетствените услови.

Терминот физичко здравје е способност за јасно и


поврзано мислење. Социјалниот аспект на здравјето
се согледува преку интеракциите на поединецот со
другите луѓе, односно воспоставување и одржување
на социјалните контакти. Неопходно е да се напонене
влијанието на опкружувањето врз личноста, поради
нераскинливата врска на индивидуалното здравје и
здравјето на заедницата.

Според СЗО главни фактори на здравјето се:


социјалната, економската и физичката средина,
како и индивидуалните карактеристики и
навики.
Здравјето е менлива состојба која завси од
многубројни испреплетени влијанија. Во
поширока смисла, здравјето може да се
анализира како состојба на човековиот
организам, со дадени генетски карактеристики.

Тоа се манифестира преку различно


функционирање на организмот во променливи
услови на надворешната средина. Во потесна
смисла, здравјето претставува нормална
функција на органите и отсуство на болест.
 Емпириски гледано, на здравјето влијаат
ендогени ( внатрешни) и егзогени (надворешни) фактори.

 Ендогени (генетски) фактори се : карактеристики на индивидуата кои


влијаат на здравјето, а нив ги одредува секоја клетка организирана во
ткиво, органи организирани во органски системи кои го сочинуваат
човековиот организам. Тие се манифестираат заедно со
индивидуалните карактеристики на лицето, како што се: годините,
полот, етничката припадност, родовиот интендитет, сексуална
ориентација, нивото на стрес и професијата.

 Во директна врска со нив се и навиките на иднвидуата, односно


исхраната, телесната тежина, нивото на физичка активност, одморот и
сонот, личната хигиена и консумирањето на токсични супстанци
( алкохол, тутун и сл.)

  Покрај тоа, постојат егзогени фактори, кои се групираат според


потекло, и тоа на фактори од : социјалната, економската,
општествената и физичката средина.
 Здрав стил на живот има индивидуа која има :
- урамнотежена исхрана богата со зеленчук и
овошје
- прифатена е и почитувана во средината во
која живее
- адекватна телесна тежина за височината и
возраста
- практикува редовна физичка активност
- одржува лична хигиена
- не конзумира алкохол и тутун
- работи на одржување на позитивна
атмосфера, хармонија и задоволство при
работа
- има соответен и топол дом
- достапност при социјални и здравствени
услуги
Табела која
укажува на
динамичката
рамнотежа врз
онснова на
системите
кои влијаат
врз здравјето
на човековиот
организам
 Јакнење на здравјето т.е подобрување на
здравствениот потенцијал се постигнува со
подобрување на нивото на здравствените
капацитети и нивната достапност, како и
намалување на здравствените ризици.
Во нормални услови, кога поединецот е
прилагоден на средината во која живее и тааа не
создава ризици, динамичката рамнотежа е
постигната, и тогаш доминира ЗДРАВЈЕТО

Во услови кога се менува внатрешната и


надворешната средина, рамнотежата е згрозена и
доаѓа до промени кај човекот кои доведуваат или
до подобра адаптација на единката или пак до
појава на негативното, спротивното, а тоа е БОЛЕСТ.
ПОИМ ЗА БОЛЕСТ
Болест - дефинирање, класификација и фактори
 Болест или на латински morbus претставува нарушување на
нормалните односи на еден организам
( структурни или функционални ) кое го отежнува неговото
функционирање.
Таа е всушност реакција на организмот на надворешни или
внатрешни штетни фактори и се јавува кога не е можно
приспособување на промените од надворешната или
внатрешната средина. Се манифестира со појава на одредени
знаци и симптоми, иако остра граница меѓу болеста и здравјето
не постои.
Самиот збор болест лингвистички се поврзува со коренот
болка, која е еден од субјективните симптоми на најголем број
на болести. Со дефинирање и класифицирање на болестите се
занимава гранката од медицината наречена нозологија.
Постојат најразлични поделби на болестите :

 Пoделба според времетраење


 Поделба според локализација
 Поделбата на болестите може да биде според:

Причинителот, патогенетскиот механизам, симптомите, органот кој го


засегаат, начинот на ширење, популацијата кај која најчесто заболува и
слично.

За таа цел е општоприфатена Меѓународна класификација на болестите


– МКБ.

Првата МКБ се јавува во 1893 год., а со создавањето на СЗО, во 1946


год., МКБ станува една од задачите на организацијата.

Со Меѓународна класификација на болестите се дефинираат и се


класифицираат болестите, нарушувањата, повредите и останатите
здравствени состојби.
Тоа овозможува собраните податоци да се анализираат и споредуваат, а
од заклучоците се градат меѓународни стратегии за здравството.

Во моментов е актуелна десеттата МКБ.


Нова верзија на МКБ 11 е донесена на седумдесет и второто Светско
здравствено собрание, во мај 2019, и земјите членки ќе известуваат
според оваа класификација од 1 јануари 2022 година.
Во табелатата
е прикажана
меѓународната
класификација
на болестите
 Низ историјата луѓето се обидувале да одговорат на
прашањето како и зошто настанува болеста ????

Уште примитивните народи верувале дека болеста е


предизвикана од лоши духови – демонска теорија или казна
за гревовите на луѓето, смислена од боговите.

Хронолошки, во античкиот период следува хуморалната


теорија, а потоа пневматската теорија“. Етиолошката
концепција за појава на болестите доминира по
бактериолошките откритија на Роберт Кох и Луј Пастер во
XIX век.

Денес доминира мислењето дека за појава и развој на


одредено заболување најчесто влијаат многубројни,
разнообразни фактори кои ја нарушуваат динамичката
рамнотежа.
 Факторите што влијаат за појава на болеста се нарекуваат
агенси или причинители.
Тие можат да бидат материи, супстанци, елементи, чие
присуство или отсуство, односно зголемување или
намалување, доведува до појава на болест.

Науката која се занимава со проучување на причините кои


влијаат за појава на болест се нарекува етиологија.

Ефектот на причинителот зависи од неговата природа,


јачина и начинот на дејствување.
Така, на пример, ако на нашиот организам дејствува
опасна бактерија (високо патогена и вирулентна)
поголема е веројатноста да настане болест со тешка
клиничка слика.

Наједноставен епидемиолошки модел кој ја објаснува


појавата на болеста, без оглед на етиологијата, е
еколошкиот тријас на Гордон

Него го сочинуваат три групи фактори:


агенс, домаќин и средина, кои се меѓусебно поврзани и
урамнотежени.
Секое нарушување на рамнотежата резултира со
намалување или зголемување на појава на болеста.
 Агенсот е фактор чие присуство или отсуство е
одговорно за почетокот на болеста.

Тој може да биде од механичка, хемиска, физичка,


нутритивна или од непозната природа.

Една болест може да биде предизвикана од еден или


повеќе агенси.

Врз појавата на болеста влијаат фактори од средината,


а тоа се природни агенси од физичката и биолошката
средина и агенси од социјалната средина.
Физичката средина ја сочинуваат земјата, водата,
воздухот, сончевата енергија, радијацијата, но и
физичката средина што ја создава човекот, како што се:
објекти, машини, патишта итн.
 Така, фактори од физичката средина се:
висока и ниска температура, јонизирачко зрачење, струење
на воздух, висок и низок воздушен притисок, електрична
струја, бучава, вибрации, електромагнетно зрачење и слично.

 Биолошката средина претставува збир на фактори кои се дел


од растителниот и животинскиот свет.
Тука се вбројуваат: бактерии, вируси, габи, паразити,
протозои, хелминити (црви) и слично.

Сите овие во определени услови можат да предизвикаат


болест.
На социјалната средина и припаѓаат факторите кои
потекнуваат од општественото опкружување на човекот.
Наследните фактори се всушност генетски потенцијал на
човекот домаќин, кои заедно со конституцијата” влијаат врз
појава или диспозиција (склоност) кон одредени болести.
 Природната отпорност на организмот кон одредени
болести се резистенција, а стекната имунитет !!!
 Секоја болест има начин на кој започнува, тек и крај, а
тој процес се нарекува тек на болеста.

 Настанувањето на болеста е резултат од комбинација


на горенаведените фактори кои доведуваат до
нарушување на адаптацијата и динамичката
рамнотежа.
Првата фаза се нарекува препатогенеза на болеста –
кога човекот е здрав, а со компензаторните
механизми на приспособување и одбрана спречува да
се појави болеста.
Во втората фаза на патогенеза е нарушена рамнотежа,
започнува патолошки процес се јавува болеста.

You might also like