You are on page 1of 1

Предмет: етика;

Наставна единица: заразни болести;


Кратка верзија на наставната лекција:
Важен дел од етиката на здравјето претставува здраствената етика која се занимава
со човековото однесување и заразните болести. Заразни болести се нарекуваат поради
можноста болеста на одреден начин да се пренесува од човек на човек (најчесто преку
плунката, низ воздухот, преку сексуални односи итн) Заразните болести настануваат
поради повеќе видови на микроорганизми (бактерии, вируси,, бацили-невидливи со голо
око) кои влегуваат во нашето тело и го инфицираат т.е. го пореметуваат нормалното
работење и предизвикуваат негативни последици на организмот. Овие микроорганизми
најчесто паразитираат во организмот т.е. се хранат и размножуваат , а со тоа ја вложуваат
работата на самиот организам. Постојат илјадници видови на бактерии за коишто
човековиот организам има создадено имунитет, но, постојат доста и за кои нема, и тие
претставуваат сериозна опасност за неговотo здравје.

Живееме во период кога на човештвото му се случува пандемија. Кога се надеваме


на моќта на медицината и нејзината способност да го реши проблемот. Но, успешното
надминување на оваа заразна болест во многу зависи и од нашиот однос кон неа.
Начинот на пренесување не прави и нас одговорни во борбата со вирусот. Свесноста
за вирусот, сериозниот пристап кон проблемот и грижливоста се најважни етички
вредности при оваа борба. Лекомисленоста и несериозноста може дополнително да ги
влошат работите. Поради начинот на пренесување мора особено да ја истакнуваме и
одговорноста кон другите. Особено ако сме се веќе здобиле со болеста. Тогаш особено е
значајно, совесно и одоговорно да се однесуваме кон другите се со цел да не ги
заразиме. 

За дома :

- Прочитајте и протолкувајте ги мислите на страна 183!


- Прверете си ги знаењата за многуте наведени заразни блести на страница 184!-
За оние за коишто немате доволно информации, поистражете на интернет!  
- Одговорете си ги прашањата од лекцијата!

You might also like