You are on page 1of 6

Адолесценција, Репродуктивно здравје и

Сексуално преносливи инфекции

Изработка:

Ѓоре Гаќев

Димитар Димов

Мартин Дончев

Тоше Костадинов

Дарко Брзаков
Адолесценција:
 Адолесценција — преодна фаза на физички и психолошки развој кој генерално се
случува во периодот на пубертет кон законската зрелост
(полнолетство).Адолесценција е вообичаено,се поврзува со тинејџерските години,но
нејзините физички, психолошки или културни манифестации можат да започнат
порано и да завршат подоцна. На пример, пубертетот типично почнува за време на
преадолесценцијата, особено кај женските.Физичкиот развој (особено кај машките), и
когнитивниот развој може да се продолжи и во раните дваесетти години. Така
возраста обезбедува само груб знак за адолесценцијата, а научниците сметаат дека е
тешко да се согласат за прецизна дефиниција на адолесценцијата.
Репродуктивно здравје:
 Во рамките на дефиницијата за здравје на Светската здравствена
организација според којашто здравјето е дефинирано како состојба на целосна
физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или
деформитет, репродуктивното здравје или сексуалното здравје/хигиена обрнува
внимание на репродуктивните процеси, функции и на репродуктивниот систем во сите
фази од животот. Според тоа, под репродуктивно здравје се подразбира дека луѓето
можат да имаат одговорен, задоволувачки и побезбеден сексуален живот и дека се
способни да се размножуваат и притоа ја имаат слободата да одлучат дали, кога и колку
често. Под ова се подразбира дека мажите и жените имаат право да бидат информирани
и да имаат пристап до безбедни, ефективни, достапни и прифатливи методи за
контрола на раѓањето по сопствен избор, како и правото на пристап до соодветни
здравствени услуги коишто ќе им овозможат безбедна бременост и породување на
жените и ќе им ја дадат на двојките можноста да имаат здраво новороденче.
Сексуално преносливи инфекции:
 Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се пренесуваат преку незаштитен
вагинален, анален и орален секс.
 Но, исто така и при генитален контакт на кожата на здраво лице со кожата на
заразено лице.
 Причинители на СПИ се бактерии, вируси и паразити. Некои од СПИ кои се
предизвикани од бактерии можат да се лечат, но оние чии причинители се вируси,
остануваат во телото, а со лечење само се ублажуваат симптомите и инфекциите.
 Како можеш да ги избегнеш СПИ?
 Одложување на моментот кога ќе постанеш сексуално активен/а;
 Помал број на партнери – помал ризик за инфекција;
 Со правилно и редовно користење на кондом, иако ни кондомот не дава 100 %
заштита.
 Хепатитис
 Хепатитис Б и Ц се вируси кои се пренесуваат преку незаштитен сексуален
однос и контакт со заразени игли. Тие го напаѓаат црниот дроб и можат да
предизвикаат тешко оштетување и рак.
 Симптоми: и мажите и жените имаат симптоми слични на грипот, мачнина,
повраќање, дијареа, болки во стомакот, губење на телесната тежина,
жолтица, свраб.
 Повеќето од инфицираните со Хепатитис  Б ќе развијат антитела и ќе се
изборат со вирусот, но само 20% од инфицираните со Хепатитис Ц ќе
успеат да се изборат со овој вирус. Кај 80% вирусот останува во телото и
прави тешко оштетување на црниот дроб, па и рак.
 Превенција: вакцините за хепатитис Б се ефикасни, но не постои вакцина
за Хепатитис Ц.
 Лекување: единствен третман на акутниот хепатитис е одмор и здрава
храна. Докторот ќе каже колку долго е потребно да се мирува. Некогаш се
потребни и неколку месеци за нормализирање на состојбата.
 Гонореја
 Причинител: бактерија
 Симптоми:  Кај мажите се појавува болка при мокрење, секрет од пенисот и
болка во тестисите. Кај жените зголемен вагинален секрет или промена во
секретот, болки во карлицата и болки при мокрење.
 Сепак, околу 10% од мажите и 50% од жените немаат симптоми.
 Компликации: кај  жените може да предизвика воспаление на матката,
јајоводите и други репродуктивни органи, вонматерична бременост и
стерилитет.
 Кај мажите предизвикува воспаление на тестисите, простатата и може да
предизвика стерилитет.
 Лекување: Оваа инфекција се лекува со антибиотици.

You might also like