You are on page 1of 8

Семинарска работа по предметот Медицинска етика

Тема: Лекарска грешка

Скопје, 2019
Содржина

Вовед.......................................................................................3
Главен дел...............................................................................4
Историјат...................................................................................................................4
Зошто настанува лекарската грешка......................................................................5
Заклучок..................................................................................7
Користена литература............................................................8
Вовед
Лекарска грешка претставува постапка на лекарот спротивна на правилата на медицинската
наука или непочитување на правилата кои го сочинуваат медицинскиот стандард(правила до кои
мора да се придржуваат сите лекари). Лекарската грешка иако традиционално се поврзува со
постапките на лекарот и неговата правна одговорност, има пошироки импликации затоа што се
однесува на постапките на било кој здравствен работник кој учествува во лекувањето на
пациентот. Од една страна тоа е затоа што јавноста во принцип смета дека само лекарот е
одговорен за пациентот(па така и за неговото влошување на здравјето), а од друга страна што и
судските процеси најчесто се водени против лекари. Одговорноста на лекарот спрема пациентот
во однос на неговото физичко и ментално здравје како и социјална благосостојба, може да се
набљудува тространо: професионално, правно и морално. Професионалната или стручната
страна се проценува според стандардите пропишани во медицинската струка, што подразбира да
е лекарот со однесување складно на еден разумен и внимателен стручњак. Моралната
одговорност произлегува од неговите професионални обврски совесно и одговорно да ја
извршува должноста поради која и стапил во однос со пациентот. И третата, правна страна се
заснова на договорот и се однесува на пружањето лекарски услуги, во склад со прописите, а
според постапките и процедурите на лекување кои ги одредила медицинската наука, пракса и
етичка норма.
Главен дел
• Историјат

Лекарската грешка е поврзана со дијагнозата и лечењето и е стара колку и самата медицина, а


одговорноста на здравствените работници исто така постои колку самата професија.
Во минатото кога лекарот се сметал за шаман, волшебник од кого зависел животот и опстанокот,
одговорноста за смртта на болните била целосно негова и немало разлика меѓу умисла,
немарност или случајност. Првите пишани сознанија за несовесното лечење датираат уште од
Старото Вавилонско царство кои својот полн развиток го достигнуваат во времето на Хамураби
кога е донесен првиот пишан закон-Хамурабиевиот во кој се регулирани хонорарите за
хирурзите што лечеле, но и нивни тешки казни при неуспех.
За да го подобрат квалитетот на лекувањето и да го намалат бројот на грешки Вавилонците
вовеле основни принципи на медицината како што се дијагноза, прогноза, физикален преглед,
рецепти. Освен тоа, Дијагностичкиот прирачник од тоа време ги воведува методите, терапиите и
етиологијата и користењето на емпиризмот, логиката и рационалноста во дијагнозата,
прогнозата и терапијата.
Сознанијата за несовесното лечење постоеле и во времето на Хипократ кога на лекарите им биле
познати можните несакани дејства на лечењето. Во 11тиот на 5тата книга за епидемиите, покрај
Хипократ пишувале и други луѓе и тука стои: ,,да се помогне, но без повреда“. Овој израз го
инспирира Гален да ја изрече познатата латинска изрека Primum non nocere.
Во Стариот Рим постоела одговорност на лекарот за смрт на пациент под услов таа да настанала
како последица на стручна грешка, бидејќи Старите Римјани сметале дека неумешноста е
еднаква на немарноста. Поимот лекарска грешка во Римското право бил широк и опфаќал:
неискуство, невнимателност и неукажување на медицинска помош.
Во раното Христијанство, неуспешното лекување било казнувано со смрт и кофискација на
имотот на лекарот. Во царска Русија, во рускиот Казнен закон од 1885 година, за очигледни и
озбилни лекарски пропусти во лекувањето било пропишано забрана на лекарот да се занимава
со лекарската пракса во иднина, а за смрт на болниот и предизвикување на значајни оштетувања
на неговото здравје- казната е црквено покајување.
Стручната лекарска грешка, како проблем во медицината за прв пат во литературата се појавува
во 19 век кога во породилиштата низ Европа владеела породилна треска. Пренесувањето на
патогени бактерии од салите за обдукција во болничките породиишта по грешка го вршеле
лекарите кои не ја менувале својата облека и не ги миеле рацете, што довело довисок морталитет
на трудниците кои заболеле од породилна сепса. Игнасио Фелипе за прв пат ја воведува
дезинфекцијата и со тоа спасува безброј животи, а ги намалува и лекарските грешки.

• Зошто настанува лекарската грешка ?

Специфичната лекарска професија многу пати е изложена на предвидени(или непредвидени)


ризици, особено во дијагностиката, терапијата или прогнозата на болестите.
Неегзактноста на медицинската наука која потекнува од сеуште недоволно развиени
дијагностичко и тераписки процедури доведува до можност за чести медицински грешки
направени ненамерно и не со умисла.
Последиците и компликациите во текот на лекувањето на болните и дополнителното
влошување на здравствената состојба кои се директна последица на ненамерниот лош
дијагностичко-тераписки процес на лекарот се нарекуваат лекарска грешка.
Тоа всушност претставува стручна заблуда, но без елементи на несовесност. Поимот стручна
заблуда се преведува како ненамерна грешка, бидејќи лекарот сакал да направи се најдобро за
пациентот, но сепак во текот на интервенцијата западнал во заблуда дека оперативниот зафат или
интервенцијата треба да биде таква каква што ја извел, што на крајот се открива дека не е
вистинскиот и правилниот избор, или пак поради атипичната клиничка слика тој превземал
некои тераписки интервенции кои ја влошиле состојбата на болниот. Во текот на процесот
лекарот постапувал совесно, се грижел за пациентот со сите свои знаења и умеења, но и покрај
тоа болеста земала друга еволуција која довела до компликации или инфаустни последици.
Но до лекарска грешка може да дојде и ако лекарот не земе целосна анамнеза, површно го
прегледа болниот, ако постојат објективни тешкотии во тераписката процедура, недоволен или
слаб конзилијарен преглед.
Лекарската грешка може да настане и како резултат на развојот и непредвидливоста на
медицината, модерните лекови и инвазивните тераписки процедути, а тука се и претпоставките
и сознанијата на конвенционалната медицина во врска со природата на болестите и човечкиот
организам. Склоноста на организмот, но и специфичноста на некое пореметување, негови
компликации, реакции на одредена терапија, доведуваат да болеста во организмот од
необјасниви причини предизвика последица која медицината не е во состојба да ја предвиди и
победи. Тука треба да се споменат и противречностите на досегашните знаења и истражувања и
болестите кои се јавуваат кај луѓето а за кои медицината сеуште го нема пронајдено лекот, што
доведуваат до појава на грешки кај лекарите кои често пати ги лекуваат симптомите на одредени
болести, а не причинителот само затоа што многу од тие медицински прашања и проблеми(рак,
некои кожни болести, шизофренија, наследни болести) не се решени и ден денес.
Ако се утврди дека постои стручна заблуда без елементи на несовесност тогаш не постои
кривично-правна одговорност на лекарот.
Лекувањето на одреден пациент ќе се прогласи криминален акт, ако лекарот:
 не пријави насилна смрт или тешка телесна повреда;
 изврши хируршка интервенција која ги менува папиларните линии на прстите или
личниот опис на пациентот;
 го фалсификува времето на раѓање или умирање;
 ги менува фактите;
 издава лажна или фалсификувана лекарска документација, лекарски уверенија.

Лекарските грешки во однос на причините што довеле до нив, деонтолошки се делат на:
 организациони,
 дијагностичко-метадолошки,
 тераписко-тактични,
 немарност и непретпазливост,
 претчувствителност на организмот на болниот на лекови или на други тераписки и
дијагностички процедури.
Заклучок

Да се биде дел од лекарска професија и лекарската фела е навистина чест и задоволство.


Според мене ниту една професија не може да го предизвика она чувство на задоволство и
исполнетост како што е професијата лекар после добро извршена работа и спасен нечив живот.
Но не секогаш е така сјајно и не секогаш можеме да го спасиме секој што ќе дојде кај нас.
Нормално, ќе има многу ситуации во кои работите се надвор од наша контрола и кога лекарската
грешка или малпрактис е неизбежна, иако нашата намера била секогаш да помогнеме. Сепак,
многу случаеви би можеле и да се превенираат, а тоа ќе се направи доколку здравственото лице
совесно работи, е доволно стручно, постојано учи, се надоградува и е во тек со сите новитети во
неговото поле од интерес, е претпазлив, одлучлив, но и храбар. Потребна е добра комуникација
со пациентите, искуство, но и да не постои срам и страв да се побара помош од некој поискусен
од нас.

Користена литература
1. Бошковски Карпош, Медицинска етика и деонтологија ОЗ Дизајн, Скопје
2007
2. https://www.abpla.org/what-is-malpractice
3. https://www.hg.org/legal-articles/common-types-of-medical-malpractice-31330
4. https://www.abclawcenters.com/resources/medical-malpractice-overview/
5.

You might also like