You are on page 1of 6

Влијанието на информатика во медицинска пракса

Денес ,во овој свет во кој живееме постојано се среќаваме со


зборот информатика кој не опкружува постојано со неговата
примена во различнио области на науките како што се
медицината,економијата,индустријата,образованието и сл.
Поточно кажано денеска речиси и не постои област во која
информатиката не се применува.
Влијанието на информатиката во медицинската пракса
зема голем замав според добрите можности што ги нуди како
ресурси,уреди и методи потребни за
оптимизирање,чување,пребарување,статистика и сл.
Работите што ги нуди информатика не ги вклучува само
компјутерите туку и клиничките упатства, медицинска
терминологија и информатички-комуникациски систем
oдносно се однесува на областите како што се клиничка
нега,стоматологија,фармација, терапија и јавно здравство.
Предностите се забележуваат кај голем број пациенти преку
информациската револуција кои имаат поголеми понудени
можности поточно ја зголемуваат контролата над
сопствената евиденција.Заедницата на информатика во
медицината постојано расте и се развива и изнудува
различни и постојани решенија.
Матичните лекари ги исфрлаат хартиените рецепти за
хроничните болни и се воведуваат електронски рецепти каде
што се применува информатиката.Исто така преку мој термин
електронски се закажуваат упати на пациентите,за полесно
да ги обавуваат своите прегледи кај кој лекар сакаат.
Исто така и во центарот за дијабетес електронски се
регистрираат дијабетичарите,се издава електронски рецепти
за нивната терапија,електронски се закажуваат и прегледите.
Во секоја болничка установа електронски се врши Rtg
закажувања за соодвени прегледи во глобала информатиката
е присутна во секоја гранка на медицината.Исто така
статистиката во медицината се дел од информатиката.

Колку заболени до која болест со бројчена статистика е дел


од информатиката.Растот или падот на некоја болест исто
така,сега се сведува електронски.Патронажна служба исто
така имаме колку хронични болни имаме во еден
квартал,цела година која се сведува се сведува електронски.
Во медицината информатиката зема голем дел бидејќи
информатиката ни ги отвара мрежите во
здравството,поврзани со еден систем,и работите ни се многу
полесни и поедноставни.
Електронските дневници се применуваат во секоја гранка од
медицината,каде што се работи со
пациентите.Лабараторијата исто така ја употребуваат
информатиката,сите апарати електронски ги даваат
резултатите , a потоа специјалистите ги одредуваат
резултатите.
Медицинската информатика,теориска настава,медицински
податоци,информации и знаења,медицински
одлучувања,медицински здравствени информациони
центри,електронска-медицинска
документација.Класификацијата на номенклатурата
истражувањe,генерирање на медицински информации.
Студија на случаеви електронска здравствена документација,
примери,користење еволуција,истражување,пронаоѓање,
пренесување и генерирање на медицинските податоци,
информација и знаења.Избор на терапија,воспоставување на
приоритет.Индетификацијата на информационалниот
процес,структурата на податоци,класифицирање на
номенклатурата,стандардизацијата тајност и безбедност.
Медицинската информатика е и медицинската технологија
која се користи во медицинската работа,бидејќи учествува во
процесот на формално медицинско одлучување,било да се
работи во процес на поставување на дијагноза,избор на
лечење,раководење на терапијата ,пратење на болен или
превенција на болест.
По својата суштина медицинската информатика е и
експериментална наука,која се карактеризира со низа на
поставени прашања поради која се осмислуваат и
дизајнираат експерименти,изведувања на анализи и
добиените резултати се користат за поставување на нови
прашања и нови експерименти во медицинската
информатика,има за цел трагање за нови знаења,а примена
во пракса,за користење на овие знаења во практични работи.
Медицинската информатика користи наука за компјутери или
наука за компјутери или наука за принципи на која се
засноваат компјутерите,било да се работи за развој на
хардвер,софтвер или теориски концепти и резултати.
За потребата потребата на медицинската информатика
развиен е и посебен програмски јазик MUMPS,со широка и
долготрајна примена во медицината и специјализираните
медицински терминали.
Медицинската информатика или здравствена информатика е
наука која изучува законитости создавање,пренос,обработка
и користење на информации,податоци во цел на решавње на
медицински проблеми.
Медицинската информатика постана доволно софистицирана
да управува со голема количина на податоци.Во 1960 год
медицинската информатика е стандардизована и прифатена
како базична медицинска наука,се препознава по користење
на претходните искуства и резултати во цел структурирање и
кодовање на објективни и субјективни медицински наоди.
Имаме електронски картон на секој пациент без кој е
незамислива медицинската информатика.
Медицинската информатика е и експериментална наука која
се карактеризира со низа поставени прашања,се изведуваат
анализи,а добиените резултати се користат за поставување
на нови прашања и нови експерименти.
Базичните истражувања во медицинската информатика
имаат за цел да трагаат за нови знаења кои ќе се
применуваат во пракса,за користење нови знаења во
практични цели.
Значајот на медицинската информатика со нејзина помош
може :
-поефикасно,поверливо,економично да се истражува по
медицинските информации
-полесно и попрецизно да се истражува во биомедицинските
науки
Поради тоа информационите технологии спагаат
компјутерите,телекомуникациска технологија,важно средство
за медицинска информатика без која,во сегашниот облик не
би можела да опстане.
Клиничката информатика се занимава со користење на
информации во здравствената заштита од лекарите.
Во 1949 година Gustav Wager ја основал првата
професионална организација во Германија.
Во почетните именувања за здравствените информации тука
вклучуваат компјутери,компјутерска медицина,медицинска
автоматска обработка на податоци,медицински софтвер
инженеринг,медицинска компјутерска технологија.
Закон за медина и информатика се занимава со правни
принципи кои се развивааат и понекогаш се комплексни.Се
однесуваат на приватноста,етиката,оперативните прашања
кои постојано се јавуваат.
Медицинската информатика,каква е денес ја знаеме,се
појавила како компјутерска технологија и постанала доволно
софистицирана да управува со голема количина на податоци.
Во 1960 година медицинската информатика е
стандардизована и прифатена како базична медицинска
наука.Која се по аналогија со други базични науки,се
препознава по користење на претходните искуства и
резултати во цел на структурирање и кодовање а објективни
и субјективни медицински анализи за понатамошна употреба.
Основни фукнции на здравствениот информационен систем
се:
-збир на медицински и административни податоци
-памтење и меморирање и чување на медицински записи
-комуникација и интеграција
-надзор
-претрага на иформации
-анализа на податоци
-подршка на одлучувања
-едукација(стекнувања на нови знаења и вештини).
Од сето ова може да заклучиме дека влијанието на
информатиката е многу значајно во медицината.

You might also like