You are on page 1of 12

Социјални болести и социјалномедицински

аспекти на хроничните заболувања

Доц. Д-р Валентина Симоновска


Социјални болести
 Социјални болести – поврзување на разни демографски, културни,
социјално економски и др. фактори на околината со разликите кои
постојат во видот, честотата, ширењето и исчезнувањето на болестите
низ историјата, на различни територии и меѓу различни популациони
групи.
 Значењето на болестите е одредено со фрекфенцијата на јавување и
тежината на болестите.
 Етиолошката врска меѓу социјалните услови и болести може да биде на
4 начини: фаворизираат предиспозиција на болест, предизвикуваат
болест директно, овозможуваат пренесување на болест и дејствуваат на
текот на болестите.
 Карактеристики на социјалните болести – секоја болест има своја
социјална димензија, социјални болести се оние каде социјалните
фактори се од најголемо значање за нивно настанување
(мултикаузалност во настанувањето, се јавуваат незабележително, кај
сите возрасни групи, последиците се повеќестрани и нивното решавање
бара интеректорски пристап).
Достигнат опшествено - економски развој и социјaлните
болести
 Бидејќи социјалните фактори кои влијаат на здравјето се разликуваат
во различни средини или различни историски периоди и социјалните
болести кои се развиваат поради дејствување на тие фактори се
разликуваат:
 Неразвиени средини - низок национален доход до 1000 американски
долари - цревни заразни болест, ТБЦ, болести на недоволна исхрана.
 Средини во развој - интензивна урбаизација и миграција село-град-
нарушување на традицијата – нарушување на семејството и
меѓучовечките односи - неврози, повреди, алкохолизам зависности и
венерични болести и др.
 Развиени средини – подоло траење на просечниот животен век до и
над 80 год. - Јапонија, Австралија, Сингапур, Канада, Шведска,
Италија, Израел - хронични незаразни боести, работна неспособност,
КВБ, ДМ, болести на неправилна и прекумерна тежина, нарушување
на ментално здравје и малигни болести.
Социјално медицински аспекти на хроничните болести
 Заразните болести се предизвикани од патогени микроорганизми, се пренесуваат од
инфицирани. Незаразните болести се должат на дегенеративни, генетски, фактори
од средината и животните навики.
 Експанзија на хроничните заболувања - намалување на смртноста од заразните
болести, промена на начинот на живот, трауматизмот – индетификација на ризикот
и превенција.
 Оптовареност со хронични состојби-голем товар за поединецот, семејството и
опшествето- директен трошок-% за здравство од бруто домашен производ –
иниректни негативните ефекти од болест. Фактори на ризик и предизвикувачи на
хронични состојби-Евансови критериуми
 Хронични манифестации на заразните болести- се повеќе има инфекции како
предизвикувачи на хронични незаразни болести, хепатит Б и Ц, предизвикувач на
цироза и рак на црн дроб, ХПВ предизвикува карцином на грло на матка.
 Основни принципи на контрола на хроничните болести (унапредување на здравјето,
спречување и сузбивање, детекција и рана дијагностика, лекување и
рехабилитација, здравтено воспитување, континуирана едукација на здравствените
работници идр.).
Социјално медицински аспекти на кардиоваскуларните
болсти
 Кардиоваскуларните болести, а посебно исхемичните болести и
церебралните апоплексии се водечка причина за смрт, за 2010 год. Во
структурата на причините за смрт во РСМ, КВБ се застапени со
околу 58% или 11000 лица умираат од овие заболувања.
 Фактори кои влијаат на појавата на овие заболувања имаат различно
потекло : конгенитални аномалии, прележана ревматска треска,
прележана дифтерија или тифус, фокални инфекции на тонзили,
синуси и заби.
 Фактори од надворешната средина: адаптација на нова средина,
раководни работни места, исхрана, недоволна физичка активност,
пушење, алкохол, покачен крвен притисок.
 Превенција од кардиоваскуларни болести (унапредување на видот и
начинот на исхраната, откажување од пушење, зголемена физичка
активност, намалување на психосоцијалните фактори).
Социјалномедицински аспекти на малигните болести
 Малигните болести со процентуална застапеност од 20%, заедно со КВБ со
50% во стуктурата на морталитетот се водечка причина за смрт во
развиените земји, но во земјите во развој.
 Годишна преваленца на малигните болести во светот изнесува 14 милиони
заболени, а од нив 5 милиони умираат.
 Во РСМ малигните болести се на второ место на морталитетната листа.
 Фактори кои влијаат на појавата на малигните неоплазми (пушење,
исхрана, преканцерозни лезии, загадена животна средина, професионална
експозиција, наследни фактори, инфективни агенси).
 Превенција на малигните болести (примарна превенција-процес на
здравствено воспитување, секундарна превенција-рано откривање на
болести-скрининг, терциерна превенција - минимизирање на последиците
од постоењето на заболувањето - повеќето од 65% од заболените од
малигни болести преживуваат пет и повеќе години.
 Поддршка од околината и квалитетен живот со постоење на болеста
Социјалномедицински аспекти на повредите и насилството
 Несреќа е настан кој резултира или може да резултира со повреда.
Несреќа е етиолошки феномен, додека повредата претставува последица
за здравјето.
 Повреда претставува физичко оштетување на човечкиот организам како
резултат на ненадејно и кратко изложување на организмот на енергија, со
интензитет над нивото на физиолошка толеранција.
 Траума е локално нарушување на интергитетот на т-вото под влијание на
надворешни агенси(намерни и ненамерни).
 Сообраќајна несреќа е која било несреќа со моторно возило што се
случила на јавен пат или сообраќајница.
 Транспортна несреќа е несреќа во која е вклучено средство што
првенствено наменето или во тоа време првенствено користено за превоз
на луѓе или стоки од едно на друго место.
 Насилство е намерно користење физичка сила или моќ, заканувачка или
реална, против себе, друго лице, група или заедница, чија последица е
повреда, смрт, психолошка повреда, нарушен развој или некој вид загуба.
Етиологија и ризик фактори на повредите
 Повредите се акутни, физички состојби, како резултат на преносот на
енергија врз човекот. Енергијата може да биде : механичка, радијација,
термичка, електрична, хемиска, интоксирачка или ментално растројувачка
супстанција. Акутноста на експозицијата е она што ја диференцира
повредата од болест (акутна инхалација на чад-повреда, хронични
оштетувања од олово или чад од цигари –не е повреда).
 Во епидемиолошкиот модел за трауматската повреда агенсот на повредата
е енергијата, домаќин е повреденото лице, вектор е лицето што
употребува сила или средство со кое се врши трансвер на енергија или се
спречува таков трансвер и средина – ситуација или услови во кои
повредата настанува.
 ,,Спектар на повреди,, е алатка за анализа на повредата-изложеност-
настан-повреда-неспособност-смрт.
 Видови и класификација : според намерата и причината-намерни,
ненамерни и со неодредена намера; според местото- повреди во домот,
сообраќајот, на работа, на јавни места.
Глобален јавноздравствен проблем и состојбите во РСМ
 Социјално медицинскиот аспект на повредите произлегуваат од
нивната: масовност, динамика на јавување, морталитет, морбидитет,
инвалидитет, вулнерабилни категории, социјални и медицински
последици и можност за превенција.
 Проблемот на повредите исориски занемарен бидејќи повредите се
сметани како несреќи или случајни настани- случајни неизбежни
инциденти.
 Денес, повредите се превентабилни, безбеденосни појаси, специјални
седишта за деца, оградување на водените површини, огноотпорна
облека, детекторите за чад, заедно со рана едукација= ефикасни мерки
за превенција.
 Во 2004 год. умреле повеќе од5,7 милиони луѓе, што претставува 9,8 %
од вкупиот морталитет. Според СЗО во 2020 год. 8,4 милиони луѓе ќе
умрат како последица на повреди.
 За секој смртен случај предизвикан од повреди во РМ постојат многу
повеќе повреди што завршуваат со хоспитализација, лекување во
ургентен центар или ПЗЗ. СДР од несреќи во РМ 6,27/100000 ж. Во
2010 год.
Социјалномедицински аспекти на болестите на зависност

 Зависноста е силна, повремено нарушена желба или потреба за земање на


супстанции или лекови, алкохол или цигари. Зависноста може да биде
психичка и физичка и толеранција.
 Според злоупотребата на супстанцијата која предизвикува зависност
постои: експериментално користење, регуларно користење, користење кое
станува преокупација, зависност- кога супстанцијата ја контролира
личноста.
 Различни опшества различно ги третираат дрогите и лековите пр. Европа и
Америка, алкохол и тутун-опшествено прифатени средства, додека во земји
на Среден Исток алкохолот е забранет, а канабисот не.
 Злоуботребата на алкохолот во САД се дефинира како несоодветна
употреба на алкохол.
 Штетната употрба на алкохолот е една од водечките ризици по здравјето во
светот. Тој е каузален фактор кај повеќе од 60 видови на болести и повреди
и резултира со приближно 2,5 милиони смртни случаи годишно.
Зависност од нелегални дроги и превенција на употреба и
нарушување од употреба на дрога

 Зависност од нелегални дроги и нарушување од употребата на дрога му


пречат на здравото нормално функционирање на организмот.
 Класификација на дрогите: канабоиди- се добиваат од цветови од коноп,
депресанти- барбитурати и бензодијазепинни, дисоцијативни анестетици-
кетамин и декстрометорфан, халуциногени- искривена перцепција,
деривати на опиум- аналгезија, смирување и еуфорија. Стимуланси-
коакаин, амфетамин-будност и еуфорија, инхаланти и др.
 Во Европа 78 милиони возрасни лица од 15-64 год. пробале марихуана во
својот живот, екстази пробале 11 милиони Европјани
 Во РСМ во 2010 год. Меѓу 11000 и 15000 лица на возраст од 15-64 год.
употребувале екстази, а опијати односно хероин 7000-10000.
Тутун, влијание на здравјето, контрола и превенција
1. Луѓето почнуваат да пушат од неколку причини- атрибут на зрелост.
2. Првичните ефекти од користењето на тутун се ублажувачки и
смирувачки а потоа настанува зависност.
3. Товар од пушење-прекумерна смртност и економски трошоци
4. Тосичност на чадот од тутунот
5. Заболувања асоцирани со употреба на тутун- КВБ, малигни болести,
респираторни болести, гастроинтестинални заболувања,
интраутерино влијание на плодот.
6. Последици од пасивно пушење- чадот издишан од пушачот и
станичниот чад од запалениот крај на цигарата. Чадот содржи повеќе
од 4000 хемикалии.
7. Мерки на превенција:з дравствено воспитување, забрана за
рекламирање на цигари, прописи и забрана за пушење на јавни места,
забрана за продажба на малолетни деца.

You might also like