You are on page 1of 15

Гранки(дисциплини) на психологијата

 Постојат голем број посебни гранки на психологијата (над


50 до крајот на 20-тиот век).
 Секоја гранка разгледува прашања и проблеми од различна
перспектива.
 Сите тие имаат заедничка цел: проучување и објаснување
на однесувањето и менталните појави и примена на
сознанијата во практиката.
Гранки на психологијата (АПА)

 општа психологија  историја на психологијата


 експериментална психологија  психофармакологија
 психологија на уметноста
 физиолошка психологија
 психологија на жената
 компаративна психологија
 психологија на религијата
 развојна психологија  психологија на здравјето
 психологија на личноста  психологија на семејството
 социјална психологија  клиничка невропсихологија
 клиничка психологија  психологија на медиумите
 психолошко советување  форензичка психологија
 индустриска и организациска психологија  психологија на лезбејството и хомосексуалноста
 психологија на мирот
 едукативна психологија
 психологија на вежбањето и спортот
 училишна психологија
 воена психологија
Поделба на главните гранки на психологијата

 Теоретски

 Применети
 Изградување систем на знаења за различни
аспекти на психичкиот живот. (општа,
физиолошка, развојна, социјална психологија,
психологија на личноста итн).
Оваа поделба е релативна затоа што во рамките на теоретските дисциплини се разгледува и можноста за
 Примена на научните сознанија во
практична примена на сознанијата, а благодарение на применетите психолошки дисциплини се унапредува
теоретското сфаќање за психичките појави.
секојдневниот живот и работата на човекот
заради подобрување на квалитетот на
живеењето. (педагошка, клиничка, воена,
здравствена, организациска и психологија на
трудот, психологија на спортот итн).
Општа психологија
(Генерална, систематска)
 Ги проучува основните
психички функции на
нормален возрасен човек.

 Мислење, учење, помнење,


заборавање, емоции,
интелигенција, мотивација.

 Взаемниот однос и
зависноста меѓу овие
процеси и особини и нивната
зависност од физиолошките
процеси и социјалните
услови.

 Пристапот кон психичкиот


живот е аналитички и
систематски.
Развојна психологија
 Го проучува целокупниот
онтогенетски развој на
психичкиот живот на
човекот(физички,
емотивен, когнитивен
социјален).

 Се дели на психологија на
детството, адолесценција,
зрела доба и психологија
на стареење (трета доба).

 Ги истражува факторите
кои влијаат на психичкиот
развој на личноста.
Физиолошка психологија

 Ги истражува органските основи на


однесувањето и на психичките појави.

 Сетила, нервен и ендокрин систем и


организмот во целина.

 Влијание на психотропни супстанци и


хормоните врз когнитивните и
афективните процеси.

 Истражувањата се вршат со помош на


електрични, хируршки и хемиски
манипулации на мозокот.

.
Психологија на личноста

 Ја проучува личноста како


целосен систем, како склоп на
карактеристики кои го
одредуваат однесувањето.

 Ги опфаќа структурата,
динамиката и развојот на
личноста. Развојот на
личноста покажува дека таа
не е дадена еднаш за
секогаш, туку може да се
менува.

 Се занимава со истражување
на факторите кои ја
обликуваат личноста, како и
со развивање инструменти за
мерење одредени особини.
Психометрија
 Психометријата е теориска
дисциплина втемелена во
статистиката.

 Ги проучува правилата и
принципите на мерење на
психичките појави.

 Се занимава со изработка,
стандардизација и евалуација на
тестовите и другите психолошки
мерни инструменти.

 Психолошките тестови се
користат за дијагностицирање на
психички состојби и особини и за
предвидување на однесувањето
на луѓето.
Компаративна психологија
 Се занимава со проучување
на однесувањето на
животните.

 Преку истражување на
однесувањето за животните
се придонесува за
разбирање на човечкото
однесување, како и за
филогенетскиот континуитет
во психичкиот развој.

 Напредокот на психолошката
наука во голема мерка
зависи од спроведувањето
експериментални
истражувања со животни.
Социјална психологија
 Го проучува однесувањето на
поединецот и на групата во
социјалната средина, како и
влијанието на социјалните
фактори врз психичките
фукнции.

 Социјализација на единката,
формирање и развој на
социјалните мотиви,
формирање и менување на
ставовите, предрасуди,
конформизам, интерперсонална
привлечност, водство, групна
динамика итн.

.
Педагошка (Едукативна) психологија

 Применета психолошка
дисциплина која се занимава со
решавање на психолошките
проблеми и унапредување на
воспитно-образовниот процес.

 Истражува ефикасни наставни


методи, посебно оние кои го
поттикнуваат учењето и
мотивацијта.

 Стремеж кон оптимален развој


на способностите и личноста на
ученикот, создавање позитивна
училишна атмосфера.
Психологија на трудот и организациите
(Индустриска психологија)
 Го проучува однесувањето на
луѓето на работното место и се
занимава со психолошките
проблеми на поединецот поврзани
со работната организација и
вработените.

 Индивидуална и групна динамика,


организацијата на работните
задачи, селекција на кандидати,
зголемување на продуктивноста и
задоволството од работата итн.

 Применува психолошки
инструменти и методи за
истражување на психичките појави
кај работниците во организациите.
Клиничка психологија
 Се занимава со
истражување, превенција,
дијагноза и третман на
неприлагодено и аберантно
доживување и однесување.

 Дескрипција и класификација
на неприлагоденото
однесување и доживување.

 Предвидување и следење на
ефектот на фармаколошките
и психотерапевтските
третмани.
Во рамките на кои психолошки дисциплини се
истражуваат наведените проблеми:

1. Дали долгорочната употреба на хероин влијае


на дефицитот во вербалната меморија?
2. Како влијаат различните воспитни стилови на
родителите врз асертивноста на адолесцентите?
3. Дали постои поврзаност помеѓу стресот на
работното место и задоволството од работата?
4. Како влијае анксиозноста за време на
испрашувањето на училишниот успех на
учениците?
5. Какви се ставовите кон хомосексуалноста кај
студенти кои се подготвуваат за помагателни
професии?
Формулирај еден истражувачки проблем во рамките на
следните психолошки дисциплини:

 Клиничка психологија
 Спортска психологија
 Психологија на личноста
 Општа психологија
 Компаративна психологија

You might also like