You are on page 1of 81

See discussions, stats, and author profiles for this publication at: https://www.researchgate.

net/publication/303342628

прирачник за психолошки работилници организирани од Психолошката


лабораторија при ИСППИ

Book · January 2015

CITATIONS READS

0 1,771

2 authors:

Marijana Markovik Eleonora Serafimovska


Ss. Cyril and Methodius University in Skopje Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
31 PUBLICATIONS   26 CITATIONS    32 PUBLICATIONS   27 CITATIONS   

SEE PROFILE SEE PROFILE

Some of the authors of this publication are also working on these related projects:

Media Psychology View project

Capacity building for providing psychological interventions and resilience of professional staff in Transit Centers to refugees and migrant children. View project

All content following this page was uploaded by Marijana Markovik on 19 May 2016.

The user has requested enhancement of the downloaded file.


Прирачник за психолошките работилници организирани од
Психолошката лабораторија при
Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Aвтори: Елеонора Серафимовска и Маријана Марковиќ


Постои само еден дел од вселената што сигурно можеме да го
смениме, а тоа смe ние самите.

Олдос Хаксли
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 1

ПРИРАЧНИК ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА
ЛИЧНИОТ И ПРОФЕСИОНАЛНИОТ СЕЛФ

Лична карта на психолошката лабораторија

Психолошката лабораторија е формирана во 2006 година, во рамките на последипломската настава на Институтот


за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје.
Психолошката лабораторија спроведува обуки за стекнување техники и вештини од доменот на применетата
психологија.
Психолошката лабораторија спроведува истражувања од доменот на социјалната, политичката психологија,
психологијата на моралот, психологијата на комуницирањето, психологијата на медиумите.
Психолошката лабораторија нуди индивидуална психотерапија и психолошко советување, како и биофидбек
(стекнување на свесна контрола над телесните процеси преку примена на инструменти).
2 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Рецензенти:
Д-р сци Татјана Зорчец
Д-р Симона Палчевска
Издавач: Симболико ДООЕЛ, Скопје
Јазична редакција: М-р Дејан Василевски
Компјутерска подготовка и илустреации: Зоран Кардула

Формат 21 х 21

Насловот е: Прирачник за унапредување на личниот и професионалниот селф


Поднаслов: Прирачник за психолошките работилници организирани од
психолошката лабораторија ри Институтот за социолошки и политичко-правни
истражувања
Печат: ПОЛИЕСТЕРДЕЈ, Рајко Жинзифов, 50 Скопје

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје
159.9.072.4(035)
СЕРАФИМОВСКА, Елеонора
Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката
лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни
истражувања, Скопје / Елеонора Серафимовска и Маријана Марковиќ. -
Скопје : Симболико, 2015. - 80 стр. : илустр. ; 21x21 см
Библиографија: стр. 77
ISBN 978-608-65762-0-2
1. Марковиќ, Маријана [автор]
а) Психолошки тестирања - Работилници - Прирачници
COBISS.MK-ID 98705674
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 3

Вовед

Теориско-методолошката основа на овие работилници ја сочинуваат психолошките истражувања на


метакогнитивните појави: свест за сопственото когнитивно функционирање, субјективните доживувања што
произлегуваат од некои промени или привремени тешкотии во психичкото функционирање и стратегиите на следење
и управување со сопствената когниција и сопственото однесување.

Појдовна рамка на оваа серија работилници е интеракционистичкото гледиште за природата на човековиот развој.
Се смета дека преку активностите се овозможува стекнување чувство за компетентност и способност за артикулација
и обработка на важните внатрешни содржини.
Содржините што се искусени на работилниците овозможуваат унапредување на професионалниот селф и воедно
имаат тенденција да влијаат врз граѓанската свесност. Преку психолошките работилници се постигнува искуствено
учење што никако не може да се замени со читање литература што, на пример, кажува како да се решаваат
конфликтите или како се мотивираат поединците или што да направат поединците со своите емоции, како да се
задржи здравиот разум, да се биде креативен...
Целта на психолошките програми е преку размена во игровен контекст да се поттикне емоционална стабилност,
да се развијат оптимални стратегии за надминување на непријатните психички состојби, да се унапредат вештините
за надминување на непријатните психички состојби, да се унапредат вештините на самоизразување и меѓусебно
разбирање.
Овој прирачник е наменет за студентите кои се учесници во психолошките работилници, оние што се подготвени да
уживаат во убавината на себеспознавањето и свесноста за сопствената трансформација. Благодарение на нивните
забелешки, интересот, идеите и креативноста за време на работилниците, успеавме да му дадеме облик на овој
прирачник.
Прирачникот содржи десет работилници. Сите работилници имаат основна структура: воведна/и игра/и-главна
тема-завршна/и игра/и. Оваа композиција на работилници е резултат на искуствата преземени од други автори,
од сопственото искуство во улога на тренер во разни психолошки работилници за различни намени, како и од
сопствените обиди теориските концепти за формативната улога на социјалната интеракција за унапредување на
личниот развој да се преточат во серија на конкретни, практични активности.
Сите работилници што се опишани во овој прирачник беа предмет на работа во психолошките работилници и беа
обликувани во текот на тимската работа на водителите на работилниците како резултат на приемчивоста од страна на
учесниците. Методите и активностите што се користени во работилниците се главно адаптација на вежбите и
4 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

игрите научени на поголем број обуки, а некои од нив се плод на креативноста на тимот. Поголемиот број
работилници содржат елементи што можат да се применат на различни теми, а сите наведени вежби и игри можат да
се менуваат и да се приспособуваат.

Играта како основа


Игровниот контекст овозможува креирање можности за нови искуства, а околу новите искуства се организираат
нови сознанија што дејствуваат стимулирачки врз развојот на личноста. Главната идеја на психолошките
работилници е да се овозможи стекнување на чувството на компетентност при справувањето со низата внатрешни
искуства. Искуствата што членовите на групата ги доживуваат се автентични, секој член на свој начин ги поминува,
ги доживува и ги разбира активностите што се одвиваат во групата. Личните искуства се освестуваат преку
размената на емоциите и информациите со членовите во групата. Групната динамика е особено важна, па поради
тоа е неопходно создавање атмосфера на целосно почитување на секој член од групата. Доживеаното искуство
во групата се дообликува и се преработува, што овозможува стекнатата свесност за себе да се стави во нова
когнитивна рамка. Искуството што е автентично, освестено, прифатено, во процесот на размена збогатено и
доработено, станува нов феномен, нов когнитивен концепт.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 5

Од каде потребата за реализација на ваков вид работилници?


Едноставно: работилниците, поточно психолошките вежби, ги подобруваат вештините, техниките, знаењето
и ги менуваат ставовите на поединците.

Образованието не се состои од тоа колку сте запомниле или колку знаете.


Се состои од тоа да разликувате колку знаете, а колку не.
Анатол Франс
6 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Општи правила за водење на психолошки работилници

1. Сите членови седат во круг како витезите на кралот Артур


(седењето во круг овозможува еднаква позиција на секој член
во групата).

2. Создавање на пријатна атмосфера, неопходна за учесниците да


се чувствуваат безбедно и опуштено.

3. На почетокот на работата се објаснуваат правилата на


работилниците. Секоја група создава свои правила, но постојат
општи правила кон кои треба да се придржуваат сите групи
(секој да биде сослушан, секој член од групата треба да се
почитува и не смее да се дозволи потсмевање и навредување).
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 7

4. Основен предуслов за работа на секоја група е во групата да се создаде доверба помеѓу членовите.

5. Оптималниот број на учесници се движи од 10 до 15.

6. Ритам на работа: оптимално е работилниците да се одржуваат еднаш до двапати неделно.

7. Траење на работилниците: оптимално е една работилница да трае од час и половина до два часа.

8. Секоја работилница има своја структура. Работилницата ја сочинуваат три дела: воведен дел (дел за загревање и
воведување во планираните активности); главен дел (дел во кој се содржани планираните активности); и завршен
дел (интеграција на стекнатото искуство, затворање на почнатиот/те процес/и; во овој дел секој од членовите
треба да стане свесен за она што го научил, го добил за себе од таа работилница).
8 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Селекција на активностите што ќе бидат реализирани во текот


на една работилница

Селекцијата на соодветните активности се реализира преку давање одговор на следниве прашања:

1. Која е целта на работилницата? Што се сака да се постигне со неа?

2. Како одредена активност ќе помогне во реализирањето на целта?

3. Дали активноста е доволно соодветна за нивото на доверба во групата во овој период?

4. Дали активноста овозможува индивидуална експресија на членовите од групата?

5. Дали треба активноста да биде приспособена на возраста на членовите од групата? Доколку има потреба, на кој
начин може да се стори тоа?

6. Колку тренерот се чувствува подготвен за да ја реализира планираната активност?

7. Дали можат да се предвидат некои негативни последици од изведувањето на активноста?


Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 9

Елементи што ја овозможуваат позитивната клима во една група

1. Афирмација – Афирмација значи истакнување на


позитивните особини и способности.

2. Размена на искуства, информации – Размената на


чувства, идеи и ставови го намалува или целосно го исклучува
чувството на изолација. Преку размената учиме како да се
разбереме себеси и како да ги разбереме другите и со нив да
сочувствуваме.

3. Поддршка. Поддршката е главен елемент што овозможува


заемен ангажман и учество на сите членови од групата при
решавањето на проблемите.

4. Решавање проблеми. Искуството стекнато преку процесот


на решавање проблеми влијае врз јакнење на сигурноста во
себе и чувството на компетентност.

5. Уживај во животот! Забавата е дел од животот, таа ги


спасува луѓето од преплавеноста со проблемите.
10 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

01
Работилница:
Јас и другите

Оваа работилница содржи активности што влијаат врз себеспознанието. Основен елемент на себеспознанието е
свесноста – прво за себе (кој сум јас), а потоа за другите луѓе, настаните и околностите.

Цели на работилницата
• Запознавање
• Афирмација
• Свесност за себе
• Формулирање на групни правила
• Свесност за релациите помеѓу себе и другите
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 11

Елементи што се предмет на работилницата

Свесност

Што е свесностa?
Свесноста е постојан сознаен процес за нешто, за некого, за себе; спознание и сфаќање на нештото, околностите и
себеси во даден момент. Свесноста е состојба или способност за перципирање, чувствување и реагирање согласно
актуелните услови или настани.

Постојат три области на свесноста:


1. Свесност за надворешниот свет. Оваа свесност го претставува актуелниот сензорен контакт со објектите и
настаните во сегашноста. Таа ги дава одговорите на прашањата: што гледам, што слушам, што допирам, што
мирисам.

2. Свесност за внатрешниот свет. Оваа свесност го претставува актуелниот сензорен контакт со внатрешните
доживувања во сегашноста: што навистина чувствувам во внатрешната страна на мојата кожа – напнатост на
мускулите, физички манифестации на чувствата и емоциите, непријатност, задоволство итн.
Овие два вида свесност го опфаќаат сè она што може да се дознае со посредство на нашите сетила. Третиот вид
свесност е сосема поинаков. Оваа свесност е мојата свесност за сликите и предметите што не постојат тука и
сега, туку постојат во моите сеќавања, фантазии, имагинации...

3. Свесност за активноста на фантазијата (имагинацијата). Оваа свесност ги вклучува сите ментални активности
што во овој момент се наоѓаат надвор од сегашната свесност за тековното искуство. Тие се: сите објаснувања,
размислувања, интерпретации, споредби, планирања, сеќавања на минатото, антиципации на иднината.
Оваа свесност не ја вклучува свесноста за дразбите што доаѓаат од надворешниот свет или, пак, од нашата
внатрешност.
12 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Што е јас?
Кој сум јас? Кои сме ние? Кои се оние другите? Ова се прашањата што себеси често си ги поставуваме во намерата
себеси да се определиме, дефинираме, разграничиме од другите, но воедно и да ја објасниме нашата релација со
другите. На прашањето Кој сум јас не може да се даде одговор без да дадеме одговор на прашањето Каде припаѓам јас,
поточно која е средината што ме опкружува, во кое време живеам, кои се другите околу мене и какви релации градам со
нив.

Дали јас имам свест за себе?


Индивидуата во исто време е и објект и субјект на спознание. Таа го спознава светот околу себе, но воедно, во тој процес
се спознава и себеси. Спознанието на себе е континуиран процес, а негов основен услов е свесноста за постоењето тука
и сега.

Афирмација

Стимулацијата на самопочитувањето во групните активности овозможува споделување со другите, таа овозможува


да се види доброто во другите. Јакнењето на самопочитувањето овозможува стимулирање на потребата да се
споделат емоциите, мислите, ставовите и воедно да се стекнат нови искуства. Свесноста за себе влијае врз
градење на позитивна слика за себе, што е еден од основните предуслови за превенирање на деструктивни
реакции на конфликти, како што се физичко или вербално насилство, смрзнување (отсуство на реакција) или
бегство (бегството може да биде физичко или ментално). Јакнењето на самопочитувањето влијае врз свесноста
за себе, за сопствените емоции, мисли, ставови и овозможува избор на дејства што се согласни со личносните
потреби и желби.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 13

Тек на работилницата:
1.Воведен дел
Име и беџ
Усвојување на групни правила
Свесност за тука и сега

2. Главен дел
Како расте дрвото
Персонализација на дрвото
Изготвување на заеднички хамер
Просторна ориентација „јас и другите“

3. Завршен дел

Воведни игри
Воведната, првата работилница, односно првите активности имаат цел воспоставување на условите за понатамошна
ефикасна работа на групата. На оваа работилница прво тимот се претставува себеси, како и начинот и темите на работа,
потоа членовите на групата се запознаваат меѓу себе и се воспоставуваат заеднички правила на работа. Најчесто се
почнува со играње игри со имиња.

Игри со име
Игрите со име се добри за работа со новоформирани групи, каде што членовите, делумно или воопшто, не се познаваат.
Игрите со име помагаат за помнење на имињата на членовите. Овие игри имаат афирмативен карактер.

Кога смислено се воведуваат афирмативни активности во групата, некои членови можат да се


почувствуваат непријатно. Ваквото чувство е разбирливо. Се разбира дека социјално наученото
однесување, што, пак, не поддржува отворена афирмација, влијае врз чувството на непријатност кога за
себе и за другите слушаме позитивни изјави.
14 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Определување на групни правила/знак


Пожелно е сeкоја група на почетокот од своето функционирање да се согласи околу групните правила што ќе важат за
секоја средба. Усвојувањето на групните правила создава клима на безбедност и доверба.

Вежби за свесност
Свесност за тука и сега – примена на принципот на водена фантазија. Освестувањето за себе во просторот и времето се
постигнува преку примена на насочена фантазија во која учесниците се водат преку фантазија низ процесот на доаѓање
на работилницата. Се прави реконструкција на сеќавањето за да се дојде до тука и сега, а своите сеќавања можат да ги
споделат со останатите членови во групата доколку сакаат.

Главен дел
Главниот дел го сочинуваат две целини:

Водена (насочувана) фантазија: Како расте дрвото – Членовите од групата се насочуваат


себеси и се водени да се доживеат како дрво што расте. Во текот на водената фантазија се
водат да поминат низ разни стадиуми во процесот на растење.
Откако завршува водената фантазија, секој го црта она што го доживеал и видел во својата
фантазија. Ја црта и средината во која се одвиваше растењето.
Следува споделување на сопствените доживувања, како се чувствувале, што размислувале,
за што станале свесни во текот на активноста... растењето.
Споделувањето е проследено со активно слушање, емпатија.
Овој дел од вежбата има афирмативна функција.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 15

Втората целина од вежбата со дрвото е насочена кон зголемување на свесноста за себе, свесност за
другите, сопствените способности, маани и доблести, зголемување на групната кохезија и стекнување
доверба во групата.
Откако дрвата се нацртани со сите елементи, учесниците добиваат задача да размислат и да дадат
одговор (во приложениот шаблон) за нивните: корени (животни влијанија), стебло (сопствениот идентитет),
гранки (интерперсонални релации), ливчиња (вештини и знаења), пупки (сопствените идеи и надежи),
цветови (сопствените специфики), како и трње (негативни карактеристики).

Наследство:

Кој сум јас:

Релации со други:
16 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Што сакам да стимулирам кај себе:

Позитивни карактеристики:

Вештини, способности, што сум постигнал/а:

Негативни карактеристики:
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 17

По завршувањето на оваа вежба, секој го залепува своето дрво на заеднички хамер. Откако хамерот е
готов следува споделување на доживувањето... како сега се чувствува дрвото опкружено со другите дрва...
Откако хамерот е готов, членовите од групата се повикуваат да го почувствуваат својот простор, просторот
што го делат со другите... и дали имаат потреба од проширување на просторот околу себе...
Оваа вежба е добра за освестување на сопствениот его-простор, релациите со другите, сопственото
просторно позиционирање.

Завршна активност: Врба: Оваа игра овозможува зајакнување на групната доверба, обично е корисна во процесот
на формирање на нови групи. Групата се дели по тројки. Еден член од тројката е врба и стои на средина помеѓу другите
два члена. Врбата се ниша, а другите два члена од тројката треба да ја чуваат и да ја придржуваат врбата, да биде сигурна
дека нема да падне.
18 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Добро е да погледнете…

Životna škola: čarobno drvo:


http://www.zivotna-skola.hr/carobno-drvo-projekt.html

-Johari Window:
http://www.usc.edu/hsc/ebnet/Cc/awareness/Johari%20windowexplain.pdf

-Шел Силверстејн. Делчето што недостасува: http://okno.mk/node/4297

-Тhe century of the Self:


http://topdocumentaryfilms.com/the-century-of-the-self/

-Шел Силверстејн. Добро дрво:


http://www.youtube.com/watch?v=rWNF9FqlTPk
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 19

02
Работилница:
Вештини за успешна
комуникација

Тема на работилницата: Вештини за успешна комуникација или „Дали шефот


може да биде жирафа?“
Што е комуникација?
Комуникацијата е процес на заемен однос помеѓу единките, при што врската помеѓу нив се реализира
преку употреба на знакови. Комуникацијата подразбира интеракција, односно – актуелно влијание на
однесувањето и влијанието што на поведението на некоја личност го врши друга личност. Влијанието
понекогаш е реципрочно, а понекогаш еднонасочно.
Во оваа работилница се работи според моделот на ненасилна комуникација создаден од Маршал Розенберг
. Овој модел е отелотворен во јазикот на две животни: јазикот на жирафата и јазикот на волкот. Според
Розенберг, сите ние од рана возраст се учиме да бидеме волци и да го говориме јазикот на волците. Тој јазик
доаѓа од главата и е рационален. Користејќи го тој јазик, ние вршиме ментална класификација на луѓето во
разни варијанти на категориите добро и лошо, погрешно или исправно. Ваквиот говор провоцира отпор, потреба
да се одбраниме, потреба да возвратиме. Жирафата говори од срцето – соопштува што се случува со неа,
како се чувствува без да им суди на другите. Говорот на жирафата е молба, а говорот на волкот е наредба.
Јазикот на жирафата е јазик на искреност. Почнува со перцепција, следува идентификација на сопствените
емоции, објаснува кои се причините што довеле до чувствата преку соопштување на сопствените потреби и
на крајот го соопштува своето барање. Жирафата секогаш зборува во прво лице еднина. Секогаш почнува
со јас. Волкот почнува со ти, проценува, просудува, дава наредби.

¹Маршал Розенберг (Marshall Rosenberg) е американски психолог и креатор на Ненасилната комуникација, комуникациски процес што им помага на луѓето да научат
како да разменуваат информации што се неопходни за разрешување на конфликтите. Тој е основач и директор на Центарот за ненасилна комуникација, меѓународна
непрофитна организација.
20 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Цели на работилницата:
√ Освестување на начинот на кој вообичаено комуницираме – со себе и со другите
√ Препознавање на елементите на успешна комуникација
√ Учење на моделот на жирафата и волкот

Тек на работилницата:

1. Воведен дел
• Игра со име: име + придавка
• Игра на преобразба: кога би бил (се наведува името на животното)... би бил... бидејќи...
• Опис на двете животни: волк и жирафа. Секој член од групата прво ги запишува сопствените асоцијации,
а потоа на заеднички хамер се запишуваат сите асоцијации за волкот и за жирафата.
• Расипан телефон. Еден член од групата добива порака и има задача да ја пренесе на членот на групата
лево од себе.
На заеднички хамер се запишуваат сите асоцијации на темата комуникација, а потоа се запишуваат
асоцијациите на темата ненасилна комуникација – воедно следат и асоцијации на темата насилна комуникација.
Групата се дели во подгрупи. Секоја подгрупа изработува хамер на темата комуникации. Потоа секоја
група бира член кој ќе го презентира сработеното.

2. Главен дел
Главен дел: групата се дели по парови, секој пар добива сценарио за кое треба да напише дијалог,
потоа да запише како го видел соговорникот, што почувствувал и кои биле неговите потреби. Секој пар
пред групата ја глуми ситуацијата. Се води дијалог помеѓу измислени ликови во ситуација на конфликт.
Се симулира конфликт во кој секој член од групата го проектира сопствениот начин на реагирање во
конфликтни ситуации.
Групата се дели по парови. Секој член од парот одлучува која улога ќе ја игра. Дијалогот го запишуваат,
а потоа го глумат пред групата.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 21

Покрај дијалогот, секој член од парот го запишува следново:


• Што помислил и што видел кај соговорникот.
• Што почувствувал.
• Каква потреба имал во ситуацијата.

Следува споделување на искуствата. Се прави анализа на дијалозите согласно моделот на Розенберг:


1. Перцепција (гледам, слушам, мирисам, допирам).
2. Емоции (чувства што се јавуваат кога се задоволени потребите, чувства што се јавуваат кога не се
задоволени потребите).
3. Потреби (соопштување на потребата).
4. Барања (што молам, што барам од другите).

Завршен дел: Што добив за себе од оваа работилница


• Секој црта ранче во кое запишува што добил за себе од работилницата кое ќе си го понесе дома.
• Сложувалка: Ликот на жирафата се сече на делчиња и групата ја прави целината.
22 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Приказ на моделот на ненасилна комуникација

Модел на искрено изразување (јазикот на жирафата):


1. Опис на настаните и однесувањата што се перципираат. Процените треба да бидат одвоени од перцепцијата.
2. Соопштување на сопствените емоции.
3. Соопштување на желбите што ги предизвикале емоциите.
4. Што јас сакам.

Кога јас ќе видам, слушнам,


кога ќе помислам...
Почнувам да се чувствувам...
Затоа што би сакала...
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 23

Модел на закани, критики, процени, барања (јазикот на волкот)

1. Се соопштуваат личните процени


2. Се критикуваат другите, се напаѓаат
3. На другите им се наредува што треба да прават
4. Од луѓето се очекува да бидат послушни

Ти си... (себичен, примитивен,


грижлив, ме искористуваш...)
Затоа што се чувствувам...
(запоставено, отфрлено,
бедно, излажано...)
Сакам ти да бидеш...

Добро е да погледнете…

Маrshal Rosenberg, Nenasilna¬ komunikacija. J¬ezik života.pdf¬


http://www.centar-za-mir.hr/uploads/dokumenti/knjige/Nenasil-
na_komunikacija_finalna2.pdf
24 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

03
Работилница:
Емоции

Секој може да се разлути – тоа е лесно. Но, да се налутиш на вистинската личност, во вистинското
време, во вистинската мера, поради вистинска причина и на вистински начин – тоа не е лесно.
АРИСТОТЕЛ, Никомахова етика

Зборот емоција претставува термин околу чиешто точно значење психолозите и филозофите се спорат
повеќе од еден век. Дефиницијата за емоциите во психолошкиот речник е следната: Зборот емоција потекнува од
латинскиот јазик, а има значење на движење, односно има преносно значење и упатува дека личноста е во некакво движење.
Овој термин упатува на состојби и процеси. Емоциите се проследени со телесни промени, но и со промени во видливото
поведение, со општа насоченост кон внатрешната или надворешната динамика, кон нешто или од нешто што ја предизвикало
емоцијата (Крстиќ, Д. Психолошки речник, 1991). Постојат стотина емоции, заедно со нивните хибриди,
варијации, мутации и нијанси. Се разбира, емоциите се многу попрефинети од зборовите со кои се опишуваат.
Во суштината, сите емоции се нагон на дејствување, моментални планови за очувување на
животот што ни ги наменила еволуцијата. Коренот на зборот емоција е motere, латински глагол со
значење „да се движиш“, со дополнителен префикс „е“ што означува „да се движиш напред“, што
навестува дека тенденцијата за дејствување е природна на секоја емоција. Емоциите доведуваат
до акција и тоа е најочигледно кога ги набљудуваме животните или децата, но единствено во
животинскиот свет, само кај „цивилизираните“ возрасни единки често наидуваме на големо
отстапување: емоциите – вкоренетите импулси за дејствување – се раздвоени од очекуваните реакции.
Стручните лица ја нагласуваат надмоќта на срцето над умот во важните моменти што
ги покажуваат всушност вистинските причини поради кои еволуцијата им ја припишала
суштинската улога токму на емоциите во човековата психа. Нашите емоции, велат тие, нè
упатуваат на соочување со неприликите и задачите премногу важни за да се препуштат на
интелектот – опасност, болна загуба, истрајување кон целта и покрај пречките, врзување за
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 25

сопружникот, основање семејство. Секоја емоција овозможува посебна подготвеност за дејствување; секоја
нè насочува во правец што е солидно насочен за да се совладаат постојаните предизвици во човечкиот
живот. Бидејќи овие вечни ситуации се повторувале во текот на еволуцијата, вредноста на опстанокот на
нашата емоционална содржина е потврдена со вградување во нашите нерви како вродено автоматско
стремење на човечкиот ум.
Погледот на човековата природа што ја занемарува моќта на емоциите е навистина кратковид. Името
homo sapiens, мислечки вид, погрешно е протолкувано поради новото разбирање и гледање на нештата
што науката сега ги признава во нашите животи. Како што сите знаеме од искуството, кога се доаѓа до
донесување одлуки и дејствување, чувствата целосно учествуваат, дури и почесто од мислите. Сме отишле
премногу далеку во нагласување на вредностите и значењата на чисто рационалниот ум – што се мери со
IQ, во човечкиот живот. Во секој случај, интелигенцијата за ништо не служи ако откажат емоциите.
26 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Цели на работилницата:
• Свесност за нашите разновидни ментални состојби
• Свесност за емоциите како нагони за дејствување
• Сфаќање за поврзаноста на мислата со емоцијата
• Можност и моќ на трансформирањето на негативните мисли во позитивни и менување на емоциите врзани за мислите

Тек на работилницата:
Воведен дел
Креирање на заеднички предмет

„Ние можеме да имаме емоции за нешто што сме го измислиле и реално не постои!“
Упатството за оваа воведна работилница е во насока на креирање на заеднички, реално непостоечки
предмет. Секој учесник придодава некое одредено надворешно видливо својство, а потоа тој предмет се
набљудува и се идентификуваат естетските чувства што ги предизвикува. Свесноста за емоциите кон штотуку
креираниот и реално непостоечки предмет е цел на оваа воведна работилница.

Брза емоцио-графија
„Да видиме кои емоции ги знаеме“
Во оваа игра се зададени неколку букви на кои треба да почнуваат зборовите што означуваат пријатни
и непријатни, односно позитивни и негативни емоции. Времето на пишување е лимитирано, што значи
провоцирање на добро научените и најчесто доживуваните емоции. Свесноста за богатството на емоции, како и
тешкотијата при одделување на емоциите од одредени состојби и реакции, е цел на оваа игра во воведниот дел.

Речник на емоции
„Ова е нашиот рачник со кој комуницираме ние“
Од емоциите запишани во играта брза емоцио-графија се составува речник на емоции на целата група.
Се делат на генерално позитивни и негативни. Се пишуваат и реакциите што ги предизвикуваат, како и
боите со кои најчесто се асоцирани одредени емоции.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 27

Круг на чувства
„Со кои емоции се дружев изминатава недела“
Секој учесник има упатство: во еден круг, што го претставува неговиот емотивен живот во изминатата
седмица, да означи колкав дел (колку простор) на која емоција отпаѓа и која боја обично е асоцирана со
одредената емоција. Освестувањето на емоцијата/емоциите што доминирале изминатата седмица и колоритноста на
расположението се главна цел на оваа игра.
28 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Движења и смрзнувања
„Како изгледаме и како се движиме кога чувствуваме одредени емоции“
Половина од групата се движи во просторот и притоа рефлектира одредени емоции.

Во одреден момент движењата се смрзнуваат и


секој останува така како што бил. Другата половина
учесници ги гледаат смрзнатите лица и ги менуваат
гримасите доколку сметаат дека лицата на смрзнатите
учесници не ги покажуваат соодветно емоциите за кои
велат дека ги покажуваат.

Гледањето и препознавањето на емоцијата кај


другиот се главна цел на оваа последна игра од
воведниот дел.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 29

Главен дел:

Ловење мисли
„Мислите и чувствата одат рака под рака“
Оваа водена фантазија почнува со доаѓање во една просторија каде што мислите можат слободно да
шетаат во просторијата, а учесниците имаат специјална направа за нивно ловење. Се обидуваат да фатат
колку што е можно повеќе мисли... По завршувањето на фантазијата сите учесници ги запишуваат мислите
што ги „фатиле“, па потоа се обидуваат да ги „видат“ и емоциите што ги предизвикуваат мислите што
успеале да ги фатат. Целта на оваа водена фантазија е увидот во сопствените мисли и емоциите што одат заедно со тие
мисли; сфаќањето дека одредена мисла предизвикува одредена/и емоција/емоции.

Преформулирање и трансформирање на мислите


„Позитивни мисли – позитивни чувства“
Мислите предизвикуваат чувства, а лошите мисли можат да предизвикаат стресни чувства. Ние можеме
да гледаме на ист настан на различни начини. Еден е оптимистичкиот начин, а другиот е песимистички. Се
работи за дебатата стара со векови: Дали гледаме во полуполна или полупразна чаша со вода.

Постои можност за учење начини за гледање на проблемите од правилна перспектива и за


преформулирање на лошите мисли. Имено, ако ние сами ги создаваме своите мисли, а одредени лоши
мисли предизвикуваат негативни емоции, тогаш сигурно дека ние можеме и да ги преформулираме лошите
мисли во позитивни, што, пак, ќе предизвикуваат позитивни емоции. А тие се императив за здраво живеење.

Завршен дел:
Среќен попис
„Ајде да запишам сè што ме прави среќен/среќна“
Во завршниот дел на оваа работилница е играта во која учесниците
продуцираат и запишуваат колку што е можно повеќе нешта што ги
прават среќни. Овој среќен попис може да се дополнува и да се
продолжува секојдневно.
30 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 31

04
Работилница:
Конфликти...

Природата на конфликтите
Конфликтот е нормален и неопходен дел на сите
здрави односи, релации. Впрочем, не може да се
очекува две лица да се согласуваат постојано за сè.
Затоа, учењето како да се справуваме со конфликтот, а
не негово избегнување – е од клучно значење.
Кога конфликтот е погрешно менаџиран, може да
им наштети дури и на долготрајните и внимателно
градени релации. Но, кога конфликтот е разрешен на
позитивен начин, тој дава можност за раст, во крајна
линија – зајакнување на врската, релацијата меѓу две
лица. Со учење вештини потребни за успешно решавање
конфликти се јакне самодовербата и се инвестира во
силни, напредни и растечки лични и професионални
односи и релации.

Разбирање на конфликтот во релациите

Конфликтот произлегува од разликите.


32 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Тоа се случува кога луѓето не се согласуваат околу нивните вредности, мотиви, перцепции, идеи или
желби. Понекогаш овие разлики изгледаат тривијално, но кога конфликтот предизвикува силни чувства,
тогаш во суштината на проблемот е некоја длабока лична потреба: потреба да се биде безбеден и сигурен,
потреба да се биде почитуван и ценет или потреба за поголема блискост и интимност.

Конфликтите произлегуваат од различните


потреби
Секој има потреба да се чувствува разбран, негуван
и со поддршка, но начините на кои овие потреби се
задоволени варираат во голема мера. Различните потреби
за чувствување удобност и безбедност ги создаваат,
креираат некои од најтешките предизвици во нашите лични
и професионални односи.
Во личните односи, недостатокот на разбирање за
различните потреби може да резултира со меѓусебно
оддалечување или прекин на релацијата. Во конфликтите
на работното место, различните потреби често се во срцето
на жестоки спорови.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 33

Кога ќе може да се признае легитимитетот на конфликтните потреби и да се стане подготвен за нивно


испитување во средина на внимателно (сочувствително) разбирање, се отвораат патишта за креативно
решавање на проблемите, градење тимови и подобрување на односите.

Карактеристики
Конфликтот е повеќе од едно несогласување. Тоа е ситуација во која една страна или двете страни
гледаат закана (без разлика дали заканата е реална или не).
Конфликтите продолжуваат да се собираат кога се игнорирани. Бидејќи конфликтите вклучуваат
перципирани закани за нашата благосостојба и за нашиот опстанок, тие остануваат со нас сè додека не се
соочиме и ги решиме.
Ние одговараме, реагираме на конфликтите врз основа на нашата перцепција на ситуацијата, а не врз
основа на објективен увид во фактите... Нашите перцепции, пак, настанале под влијание на нашите животни
искуства, културата, вредностите, верувањата...
Конфликтите предизвикуваат силни емоции. Поединците кои не се задоволни со сопствените чувства или,
пак, не можат да си ги менаџираат нив во време на стрес, нема да бидат во можност да го решат конфликтот
успешно.
Конфликтите се можност за раст. Кога поединците можат да го решат конфликтот во одредена врска,
тоа ја гради довербата. Оттаму, поединци можат да се чувствуваат сигурно, знаејќи дека нивната врска
може да опстане соочувајќи се со предизвици и несогласувања.

МЕНАЏИРАЊЕ НА КОНФЛИКТИТЕ
Нездрави одговори на конфликти
• Неспособност да се препознае и да се одговори на она што му е
важно на друго лице;
• Експлозивни, лути, штетни реакции;
• „Повлекувањето“ на љубовта, што резултира со отфрлање,
изолација, посрамување и страв од напуштање;
• Неспособност за компромис или неспособност да се види другата
страна, очекување на лоши резултати.
34 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Здрави одговори на конфликти


• Капацитет да се препознае и да се одговори на нешта што се
важни за другите лица;
• Мирна, недефанзивна реакција, полна со почитување;
• Подготвеност да се прости и да се заборави и да се надмине
конфликтот без задржување на лутината и бесот во себе;
• Способност да се бара компромис и да се избегнува казнување;
• Верување дека соочувањето со конфликтот е најдоброто за двете
страни.

Цели на работилницата:
• Свесност за конфликтна ситуација
• Свесност за природата на конфликтите
• Доживување на конфликтна ситуација и начини на реагирање во неа
• Сфаќање за саботерите на разрешувањето на конфликтите
• Свесно барање на вистинските причини за конфликтот и можностите за позитивно разрешување

Тек на работилницата:
Воведен дел
Соочување со конфликтна ситуација
„Велам А, правам Б!“

Упатството за оваа воведна работилница е да се каже (усно) едно дејство, а да се покаже (со тело, со
раце, движење) друго дејство, сосем независно од првото.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 35

Начини на реагирање во нејасни ситуации


„Цртаме заеднички цртеж“
Во оваа игра се формираат парови (или, пак, група од
тројца доколку бројот на групата е непарен) и секој член
од групата самостојно добива задача да нацрта нешто.
Секој пар има само еден лист хартија на кој треба да го
нацрта она што му е зададено. Зборувањето за време на
цртањето не е дозволено. По завршувањето на цртањето
секој пар кажува и покажува што нацртале двете лица,
што се случувало додека цртале и што чувствувале додека
цртале.

Природата на конфликтите
„Што знам за конфликтите“
Групата се дели на три помали групи и секоја група има
задача да работи на една тема. Првата група има задача
да работи на тоа Што се конфликти, втората група на темата
Како настануваат конфликтите и третата група на темата Какви
видови конфликти постојат. Секоја група прави презентација
на сработеното пред сите учесници.
36 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Главен дел:
Разрешување на конфликтната ситуација
„Како да ја освоиме и да ја одбраниме тврдината“
Учесниците во работилницата се делат на две групи, една група што ја брани тврдината, а друга група
што ја освојува тврдината. Секоја група си добива инструкции за тоа кои се целите на нивното дејствување и
колку време имаат да ја освојат/одбранат тврдината. Целото дејство се стопира во еден одреден временски
период, а потоа сите учесници од двете групи кажуваат како се однесувале во ситуацијата, кои им биле
намерите, што чувствувале за време на играњето на играта, како го оценуваат своето однесување.

Препознавање на саботерите на решавањето на конфликтите


„Дали сум желка, кадифено мече, ајкула или камелеон“
Откако учесниците во работилницата ќе ги сознаат карактеристиките на различните саботери на
решавањето на конфликтите, се повторуваат сцени од играта со тврдината со цел појасно да се препознаат
разните негативни улоги во конфликтните ситуации.

Завршен дел:

?
Позитивното лице во конфликтните ситуации
„Ајде да го пронајдеме петтото животно“
Во завршниот дел на оваа работилница е играта во која учесниците се
обидуваат да пронајдат кои би биле позитивните реакции во конфликтната
ситуација и да го препознаат позитивниот лик во конфликтите.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 37

05
Работилница:
Мотивација

Што е мотивација?
Основна карактеристика на сите живи суштества е нивната активност. Процесот на придвижување кон
активност поради исполнување на определени цели, насочување на активноста на определени објекти и
регулирање на начинот на кој ќе постапиме се нарекува мотивација. Внатрешните фактори што нè тераат кон
активност, што ја насочуваат и со неа управуваат – поради остварување на определени цели, се нарекуваат
мотиви. Мотивите се органски и психолошки фактори што ја придвижуваат или ја насочуваат активноста.
Извор на мотивите се потребите. Под потреба се подразбира недостиг на нешто во организмот, на пример
недостиг на некои хранливи материи.
Во случај кога потребите нема да бидат задоволени говориме за фрустрација.
Во случај кога имаме судир на различни мотиви говориме за конфликт на мотиви.

Како може да се стимулира мотивацијата?


Често се случува да не сме свесни која е нашата автентична потреба, едноставно не сме во можност
да ја препознаеме. На пример, може да се случи да јадеме кога сме жедни. Првиот чекор е освестување
на сопствените потреби, следниот чекор е определување на целта што ќе ја задоволи потребата, а целиот
процес треба да биде заокружен со адекватно поведение, поведение што ќе нè донесе до целта.
Во случај кога потребите не ни се задоволени можеме да почувствуваме агресија, анксиозност, да
преминуваме кон користење на одбранбени механизми. Овие се негативните ефекти од незадоволувањето на
потребите. Позитивните ефекти се вложување напор што ќе овозможи развивање на сопствените способности,
што, пак, ќе доведе до целта и до задоволување на потребата. Значи, задоволувањето на потребите е процес
во кој ние интензивно и постојано се менуваме, наоѓајќи креативни решенија за осмислување и доаѓање
до целта. Имагинацијата на остварувањето на желбите нè доведува и до реално задоволување на реалните
потреби. Само преку освестување на потребите, јасно согледување на целта, поставување на стратегијата за
доаѓање до целта, вложување труд и доследност се доаѓа и до задоволување на потребата.
38 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Цели на работилницата:
Освестување на своите потреби, мотиви, јасно поставување на целите и осмислување на стратегиите за
доаѓање до целта.

Тек на работилницата:
Воведен дел
Прва вежба: „Мило ми е што те гледам“

Секој член од групата се движи низ просторот. Кога


ќе сретне член од групата, застанува, се поздравува
и кажува: Мило ми е што те гледам.

Втора вежба: Игра со имиња – Моето име во облак – Секој член од групата го пишува своето име во
воздух. Откако името ќе биде запишано во воздух, се зема во раце и му се праќаат афирмативни пораки:
зборови, галење, нишкање...
Напишаните имиња во воздух се разменуваат во групата, на имињата-балони им се праќаат афирмативни
пораки (збор, прегрнување, галење, нишкање...). На крајот од играта секој учесник си го добива назад
своето име. Го разгледува и кажува како сега му изгледа неговото балон-име.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 39

Трета вежба: Добра вила – насочена фантазија. По пат на насочена фантазија членовите од групата се
водат до фаза на релаксација, а потоа се насочуваат да ја најдат својата добра вила. Добрата вила е оној дел
од нашата подличност што е афирмативен, што дава поддршка, стимулира и безусловно прифаќа.

Четврта вежба: Насочената фантазија добра вила е вовед во следната активност, а тоа е креирањето на
волшебната машина што ги исполнува сите желби.
Добрата вила соопштува кој е делот од волшебната машина што, споен со другите делови, може да ја
создаде машината во целост. Секој член од групата замислува по еден дел од машината, го црта, го сече и
сите делови заедно се составуваат. Задачата на учесниците е да креираат машина за исполнување желби
и воедно да најдат начин како да ја активираат.

Откако овој дел е завршен, секој на лист хартија ги запишува своите желби ги става во машината и ја
активира. Сите желби се собираат на едно место, а потоа секој член од групата влече по една желба и го
пишува одговорот од другата страна на листот (ако ја извлече својата желба ја враќа назад).
На крајот на играта искуствата се споделуваат.
40 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Главна игра
Работа на приказна: Среќа
Групата се води низ приказната што е инспирирана од книгата Среќа. Принципот на водење низ приказната е
следниот:

Групата се воведува во приказната... Еднаш одамна во


едно кралство си живеел еден волшебник кој ги поставил
витезите пред една задача...
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 41

...Кој витез ќе ја изврши


задачата, ќе му се исполнат
сите желби. Само двајца
витези одлучиле да одат во
волшебната шума: белиот и
црниот витез...
Задачата за витезите
била, од Волшебната шума
да донесат детелина со
четири листа...

Во текот на приказната се прават паузи – се смрзнува дејството. За време на паузите членовите од групата
треба да го најдат вистинскиот одговор за да може да продолжи приказната. Во текот на приказната членовите
на групата се сретнуваат со шумските господари, но и со демоните (демоните треба сами да ги препознаат). Во
приказната има четири господари на шумата:

Гномот, господар на Земјата, господар на сè она што се


случува на неа...
42 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

...Кралицата на водите, господарка на сите води во шумата...

...Господарот на дрвјата и...

...Господарот на ветерот.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 43

Со секој точен одговор групата добива по еден камен на


мудроста. Сами треба да ги откријат камењата и да ги именуваат.

На крајот на приказната групата треба да добие четири камења на мудроста и да посочи кои демони ги
откриле.

Учесниците имаат задача да ги препознаат демоните, а тогаш


кога ќе се појават и да ги именуваат. Некои од имињата на
демоните се: сомнеж, откажување, арогантност, мрзливост...

На крајот на работилницата учесниците треба да станат свесни дека сами ја создаваат својата среќа,
дека можностите постојат, а дали тие ќе бидат искористени зависи од индивидуалните акти.

Завршна игра:
Пролетен дожд
44 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

06
Работилница:
Менаџирање на стресот

Што е стрес?
Стресот е убиец. Убиец на позитивното расположение, убавиот изглед и доброто здравје. Никој не го
посакува во својот живот, а сепак секојдневно сме принудени да се соочуваме со него (Martha, 1980).

Што е стрес тешко е да се дефинира, бидејќи тој е субјективен феномен што се разликува од човек до човек.
Нештата што се стресни за определени поединци, за други се извор на задоволство. Реакциите на стрес се исто
така различни. Постојат бројни физички и психички реакции на организмот што се резултат на влијанието на
различните стресогени фактори.
Стресот во психологијата се дефинира како „состојба на телесна или психичка напнатост, што резултира од
фактори што имаат тенденција да ја менуваат постојната рамнотежа на човекот“. Стресот е неизбежен ефект
на живеењето и е особено сложен феномен во модерното општество. Изразеното и континуираното влијание и
подложноста на стресот се ефектуираат во симптоми на различни коронарни и срцеви заболувања, психосоматски
нарушувања и други ментални и психички проблеми. Третманот, обично, се состои од комбинација на советување
или психотерапија и медикаменти (Diana, 2001).
Стресот денес може да се прифати како феномен што произлегува од секојдневието – тој интегрира сили
од надворешниот свет што влијаат врз поединецот, а тој, пак, на различни начини реагира на нив. Оттука, сите
живи суштества се во постојана размена со нивната околина на најмалку две рамништа: (а) размена со својата
физичка околина, (б) размена со својата општествена или социјална околина, или опкружување. Во таа смисла,
можат да се постават два генерални типа на извори на стрес, а тоа се: природната и физичката околина и
човечкиот фактор.
Првиот тип (околината) ја вклучува физичката средина, вклучувајќи ги работното место, местото на живеење,
јавните места, јавниот простор, физичките услови за живеење и работење, климатските услови, физичките
особености на средината и низа други поврзани фактори и услови. Внатрешните фактори ја покажуваат способноста
на нашето тело да одговори и да се справи со надворешниот стрес и со различни стресо-поттикнувачки фактори.
Внатрешните фактори што влијаат врз нашата способност во таа смисла се: исхраната, целокупното здравје и
физичките предиспозиции, емоционалната состојба, факторите на спиење и одмор итн. (Allen, 1999)
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 45

Стресот сам по себе нема вредносна конотација. Тој може да биде позитивен и негативен зависно од
личноста и од начинот како таа реагира на настанот. Реалноста е неутрална, ние и даваме и придодаваме
значење. Позитивен стрес се сите случувања што даваат возбудливост на животот и активираат поголемо
ниво на нашата енергија. Натпреварувањето е стрес. Иако можеме да уживаме во тоа, силните чувства што
нè поттикнуваат на некои високоенергетски активности се стрес. Стресот може да нè поттикне на активност,
на помоќно доживување на животот. Љубовта и вљубеноста се стресни. Животот е стресен. Недоволно
стрес може да го направи животот здодевен. Може да нè успие. Негативен стрес е сè она што предизвикува
алармантна реакција на нашиот организам, реакција „бори се или бегај“ и активација на симпатичкиот
нервен систем. Стресните случувања предизвикуваат силни емоции, придружени со одредени физички и
физиолошки одговори.
Тие се контролирани од симпатичкиот нервен систем, нервно ткиво чијашто функција е да го подготви
организмот за случај на опасност, за борба или за бегство. Овој типичен образец на одговор настанал во
дамнешните времиња кога човештвото било соочено со бројни физички опасности. Иако опасностите со
кои се сретнува современиот човек се многу поретко од физичка природа, нашето тело реагира како да се.
Телесните реакции на стрес се следниве: Зениците се шират за да пропуштат повеќе светлина, потењето се
зголемува, смалувајќи ја можноста од повреда на кожата. Крвните садови поблиску до кожата се собираат
за да ја смалат можноста на крвавење при евентуална повреда, а мозокот и мускулите се шират за да
го зголемат дотокот на кислород. Срцето бие посилно, а крвниот притисок се подига. Нормално, кога ќе
завршат стресните случувања, луѓето се смируваат, особено ако можеле да направат нешто да излезат на
крај со таа опасност (Susan, 2001).
Да побегнат од опасноста или да се изборат со неа. Но, ако не се во состојба, доаѓа до акумулација на
стресниот одговор и можно оштетување на здравјето. Стресот не може да се елиминира и не треба целосно
да го елиминираме. Можат да се смалат изворите на негативен стрес. Можеме подобро да се организираме,
појасно и на време да ги дефинираме целите и менаџментот и така да избегнеме стрес што произлегува
од хаотичноста, преоптовареноста и несигурноста. Можеме да научиме како подобро да излеземе на крај
со стресот. Да го употребиме во наша полза кога дејствува мотивирачки на нас и да ги смалиме и да ги
отстраниме вишокот и негативните ефекти на стресот.
46 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Цели на работилницата:
Идентификување на стресогените фактори
Идентификување на реакциите на стрес
Совладување техники што помагаат во
надминување на стресот

Тек на работилницата:
Воведен дел
Игра: Кога би бил суперхерој. Секој член од групата си
бира свој суперхерој и своја суперсила. Оваа игра е со цел
имагинативно задоволување на она што ни е потребно за
опстојување во светот полн со стресови.

2. Главен дел
I Идентификување, освестување на нивото на стрес, стресорите
и телесните манифестации предизвикани од состојбите на стрес
Секој член од групата го пополнува прашалникот што мери
ниво на согорување на работното место.
Секој член од групата добива инструкција да дојде во контакт
со себе и со помош на цртеж да впише на што МОЖЕ и на што НЕ
МОЖЕ да влијае за да се намали нивото на стрес.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 47

Вториот чекор од процесот на освестување на


изложеноста на стресорите е идентификување и
впишување на сите потенцијални стресори.

Во следната фаза, членовите добиваат


инструкција да го впишат она што е користено
или може да се користи во состојба на стрес, а се
покажало како успешно.

Следниот чекор е идентификување и бележење


на местата каде се чувствува стресот, каде почнува,
каков интензитет има, кои симптоми ги има.
48 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

На крајот се цртаат себеси со цел илустративно


да покажат колку им тежи товарот предизвикан од
стресорите..

II Справување со стресот
Во овој дел во работилницата се испробуваат неколку ефикасни начини за справување со стресот, се разбира
приспособени за работа во група, и се бележат краткотрајни ефекти од нив:
А) Вежби за тело (кратки јога-вежби) што можат да се практикуваат и на работното место за кратко и моментално
опуштање.
Б) Практикување на хуморот во секојдневниот живот (гледање на хумористични, смешни содржини).
В) Слушање музика за ДНК-активација и слушање музика за релаксација.
Г) Креативни начини за справување со стрес (гледање неколку видеоклипови за креативно справување со
стрес).

3. Завршен дел
Пишување и размена на сопствените креативни начини на
секојдневно справување со стресот....

Добро е да погледнете...
http://www.stress.org/?AIS=b17f7b1132720120f256802cd318388c
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 49

07
Работилница:
Критично мислење

Ајнштајн рекол: Јас не сум попаметен од другите, јас само повеќе размислувам!

Една од важните цели на образованието е, или би требало да биде, развивање на мислењето. Всушност,
добро совладано умеење за размислување претставува квалитет што подоцна во животот значи и повеќе
од бројните научени факти. Се наведуваат многу облици на мислење: логичко, креативно, конвергентно,
дивергентно итн. Овде станува збор за критичко мислење, за кое, денес, веќе постојат многу програми за
негово развивање.
Критичкото мислење може и треба да се користи во сите можни ситуации што подразбираат обработка
на информации, решавање проблеми, донесување одлуки, учење. Тоа ни овозможува да се дистанцираме
од сопствените убедувања и предрасуди и да дојдеме до добро засновани и логички заклучоци за тоа во што
да веруваме и што да правиме. Тоа се заснова на рационални аргументи, на критериуми, тоа се коригира
себеси и чувствително е на контекст.
Овој контекст опфаќа сè: од индивидуален, социјален, културен, па сè до контекст што е одреден со областа,
чијшто дел е дадениот предмет на размислување. Уште една важна карактеристика на критичкото мислење е
неговата заснованост на проценување, на вреднување, според логички и контекстуални критериуми. Критичкото
мислење подразбира и дека сме свесни за тој сопствен процес на размислување, сознавање, заклучување.
50 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Тоа важи и за мотивите и емоциите што се интегрален дел на мислењето, но таа лична нота во овој тип
на мислење мораме да ја држиме под контрола. Меѓу другото, тоа го правиме и по пат на децентрација –
способност иста работа да согледаме од различни агли, да ги препознаеме и да ги уважиме туѓите точки
на гледање на нештата, како и да земеме предвид постоење на различни видови контекст. Критичкото
мислење се заснова на согледување и разбирање на релации (важно-неважно, општо-посебно, причина-
последица, цел-средство, дел-целина...), изведување и засновување на судовите (на индуктивно, дедуктивно
и аналитичко заклучување), докажување и демантирање (препознавање и продуцирање аргументи и
контрааргументи, процена на релевантноста и силата на различните видови аргументи) и разликување
на природата на сознајните категории (на пример, разликување на фактите од толкувањата, тезите од
аргументите, тезите од илустрациите и објаснувањата, претпоставките од доказите).
Како пример на изразување на критичкото мислење можеме да го земеме процесот на вреднување на
информациите. Во главните точки, тој се состои од:

- Критички однос кон изворот на информации;


- Препознавање на значењето на смислата;
- Согледување и вреднување на различните позиции;
- Откривање на противречностите, неконзистентностите, недоследностите;
- Анализа на аргументите и контрааргументите во изворот;
- Препознавање и уважување на улогата на контекстот во перципирањето;
- Градење на личен однос кон изворот на информациите.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 51

Работна дефиниција за критичкото мислење од Мајкл Скривен и Ричард Пол (Michael


Scriven and Richard Paul)
Критичкото мислење е интелектуално „дисциплиниран“ процес на активно и вешто концептуализирање,
анализирање, синтетизирање и/или евалуација на информациите собрани од (или „произведени“ со)
набљудување, искуство, размислување, расудување или комуникација.
Во својата примарна форма се базира на универзалните вредности што ги надминуваат предметните
поделби: јасност, точност, прецизност, конзистентност, релевантност, добри причини, длабочина, ширина
и праведност. Тоа подразбира испитување на оние структури или елементи на мислата имплицитни во
сите расудувања: цел, проблем или прашање-во-прашање, претпоставки, концепти, емпириска основа;
размислување што води кон заклучоци, импликации и последици, забелешки од алтернативни гледишта и
референтна рамка.
Критичко размислување – во насока да биде адекватно во различни предмети, теми и цели – е вклучено во
семејството на испреплетени начини на размислување, меѓу кои: научното размислување, математичкото
размислување, историското размислување, антрополошкото размислување, економското размислување,
моралното размислување и филозофското мислење.
Критичко размислување може да се гледа како две компоненти:
1. Збир на вештини за обработка и генерирање информации и верувања;
2. Навика, врз основа на интелектуална посветеност, за користење на овие вештини за раководење со
однесувањето.
52 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Критичкото мислење варира во зависност од мотивација што е во неговата основа. Кога е втемелено на
себични мотиви, тоа е често манифестирано во вешти манипулации на идеи во служба на сопствената или
на нечија/и група/и, личен интерес. Како такво, тоа обично е со интелектуални недостатоци, иако би можело
да биде прагматично успешно. Кога е втемелено на фер, чесност и интелектуален интегритет, тоа обично е
од повисок ред на интелектуалност.

Критичкото мислење од кој било вид не е универзално кај кој било поединец; секој е предмет на епизоди
на недисциплинирана или нерационална мисла. Затоа, неговиот квалитет е прашање на степен и зависи,
меѓу другото, од квалитетот и длабочината на искуството во даден домен на размислување или во однос на
одредена класа на прашања. Никој не е критички мислител универзално за сè, туку во одреден степен, за
одредени теми, со одредени тенденции кон самоизмама. Заради оваа причина, развојот на вештините за
критичко мислење – е доживотен потфат.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 53

Цели на работилницата:
• Обиди за дистанцирање од сопствените убедувања и предрасуди
• Обиди за отвореност за рационални аргументи, усвојување критериуми што значат
самокоригирање и чувствителност на контекст (индивидуален, социјален и културен)
• Развој на способност за согледување на туѓите ставови, мисли, идеи
• Свесност за сопственото критичко мислење и процесот на донесување и менување одлуки

Тек на работилницата:
Воведен дел:
Дистанцирање од себеси и обиди да се препознаат желбите на другиот
„Кога би бил X би сакал...“
Секој се обидува да замисли што другиот до него би сакал... (Каде би сакал да оди на одмор, што да прави
дома...)

Главен дел:

Реконструкција на приказната за Црвенкапа


„Дали волкот е виновен?“

Оваа работилница е реконструкција на


добропознатата приказна за Црвенкапа. Секој
учесник игра една од улогите во приказната и се
брани себеси со валидни аргументи. На крајот,
судот треба да пресуди кој е виновникот и со колкав
процент на убеденост го донесува судот!
54 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Критичко читање вести


„Средба Груевки-Црвенковски“
Групата се дели на два дела и секоја група чита прилог од дневните весници. Се прави анализа на изнесените
аргументи, тенденции на авторот и контекстот.

Завршен дел:
Критичкото мислење бара постојана будност и постојано преиспитување на информациите што допираат
до нас, како и проверка на изворите на информациите. Постојаното преиспитување на информациите може да
биде збунувачко и исцрпувачко, а истовремено со себе да повлече несигурност во сопствените судови. Со цел
учесниците од групата да дојдат во контакт со сопствената сигурност се употребува насочена фантазија.
Учесниците преку воведна релаксација се доведуваат до состојба да го почувствуваат интензитетот на хаосот
од информации, настани... што доаѓаат од надворешниот свет, и мирот и спокојот што можат да произлезат од
сопствениот внатрешен свет...

Добро е да се види...
http://herebedragonsmovie.com/hd.php
http://www.youtube.com/watch?v=6OLPL5p0fM
И... цртаниот филм... Ко је сместио црвенкапици
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 55

08
Работилница:
Креативност

Креативноста е ментален процес што вклучува создавање на нови идеи, поими или решенија на проблеми
или нови поврзувања од веќе постоечките идеи или поими.
Од научна гледна точка, се смета дека производите на креативните мисли (понекогаш именувани како
дивергентни мисли), содржат оригиналност и применливост. Алтернативното и секојдневното размислување
за поимот креативност се едноставни – создавање на нешто ново.
Иако интуитивно сметана за едноставен феномен – всушност креативноста е многу сложена. Не како
поголем број феномени во науката, не постојат единствено и авторитативно гледиште или дефиниција на
креативноста. И не како поголем број феномени во психологијата, не постои стандардизирана техника за
мерење на креативноста.
Иако обично поврзана со уметноста и книжевноста, таа е единствен дел на иновативноста и изумот, па
оттаму и важен дел на економијата, градежништвото, индустрискиот дизајн, науката и инженерството.
Креативноста често се припишувала на чудото, на когнитивните процеси, на општествената околина, на
личносните црти и случајноста. Поврзувана е со гените, менталните нарушувања и хуморот. Некои сметаат
56 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

дека тоа е особина со која се раѓаме; останатите, помногубројните, тврдат дека можеме да ја научиме со
користење на едноставни техники. Значи, креативноста не е случаен дар даден на среќни поединци. Тоа е
вештина што се вежба и се развива како секоја друга. Важно е да се разбере дека, како и за сите вештини,
потребно е да се вложат време, истрајност и интерес.

Доколку обрнеме внимание, ќе забележиме дека вашиот тек на мислите следи одредени автоматизми,
упаѓа во слични обрасци зависно од темата за која размислувате. Тоа се навики, невролошки зајакнати
начини на функционирање овозможени со чести повторувања. За да ја развиеме креативноста, мораме да
вложуваме свесен труд да го навикнеме својот мозок да тежнее и кон посложен начин на функционирање
– размислување надвор од рамките, надвор од автоматизмот, создавање на нови и непознати мисли, често
преку поврзување на дотогаш неповрзани идеи и информации.
Ова звучи малку како парадокс, бидејќи настојуваме да создадеме автоматизирана навика за да
избегнеме автоматизирана навика во размислувањата. Тоа можеби никогаш нема да може да се оствари
во целост. Можеби подобро е да се опише како создавање навики за обрнување на свесно внимание на
своите мисли и нивно спонтано насочување во неочекувани насоки, поврзување информации што не би
ги поврзале рутински. Таа способност никогаш нема да стане целосно рутинска – за создавање на новото
потребна е одредена доза на свесност и активно учествување во процесот – но можеме да го извежбаме
нашиот ум да го прави тоа многу полесно, побрзо и поефикасно. Кратко кажано, не можеме да создадеме
навика автоматски да создаваме нови идеи, но можеме да создадеме навика автоматски да ги насочуваме
своите мисли кон нови идеи.
Освен навики за насочување мисли, за вистинската креативност потребно е и знаење, познавање детали
за областа во која сакаме да бидеме креативни. Една едноставна дефиниција гласи: Нова идеја е поврзување
на старите информации за нов начин. За да можеме да ги поврзуваме информациите, мораме прво да ги
имаме – значи, мораме да имаме знаења за подрачјето за кое сакаме да бидеме креативни. Очигледно е
нереално да очекуваме, на пример, од музичар да биде креативен во машинството или обратно. Искрено
зборувајќи, некои особено вредни креативни остварувања настанале со поврзување на целосно различни
подрачја, како што Бах ја поврзал мелодијата со математиката. Но, во тој случај авторите имале знаења и
занимања и за двете подрачја, не ги одбрале случајно.
За креативноста, денес, потребно е дури и многу знаење, со оглед на брзината со која во денешно време
се генерираат идеите и информациите и количеството на постоечките идеи и информации. За да се собира
ова знаење, потребни се време, мотивација и интерес. Најкреативни ќе бидеме во области за кои често
мислиме, со кои уживаме да се занимаваме, во кои „собирањето“ знаење не е обврска, туку задоволство.
За развој на секоја вештина, пресудни се мотивацијата, интересот и уживањето во процесот. Ако правиме
нешто само поради резултатите за кои се надеваме (како диетите за слабеење), а притоа процесот ни е
неинтересен, па дури и одбивен, само уште една обврска – нашата концентрација ќе биде многу помала,
полесно ќе најдеме оправдување за да се избегне вежбата, а ќе се инвестира само онолку време колку
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 57

што мораме или успеваме да се натераме. Затоа, клучен елемент за успех е да се најдат начини на кои
вежбањето на креативноста може да биде пријатно и забавно само по себе.

Хуморот може да биде еден од тие начини. Хуморот е тесно поврзан со креативноста, бидејќи е втемелен
на истовремено и смислени, разумни и апсурдни, неочекувани пресврти во размислувањето. Смешен пресврт
во реченицата бара способност на мозокот да мисли на повеќе нивоа и тоа често многу брзо: изјавата мора
да има значење за соговорникот, понекогаш и скриено значење или повеќе значења, а истовремено да биде
неочекувана и по малку апсурдна. Исклучително креативните луѓе често се духовити и обратно.
Креативноста бара да бидеме подготвени на многу грешки (погрешни обиди) пред да постигнеме успех,
на истражување насоки што често ќе се покажат „залудни“, на создавање на бројни идеи од кои само мал
број ќе бидат употребливи.
Ако почнеме да ги вежбаме креативноста и создавањето на нови идеи, ќе можеме лесно да го забележиме
тоа кај себе. Потребно е да обрнеме внимание на своите чувства во врска со своите идеи и очекувања
поврзани со успехот, начинот на кој евалуираме и ги отфрламе своите идеи, како и на чувствата што ги
имаме ако не успееме да создадеме нова идеја со посакуваната брзина и посакуваниот квалитет.
Отфрлање на идеите е уште една последица на потребата да бидеме совршени и најдобри. Најголем број
луѓе автоматски ќе ги отфрли сите идеи што не изгледаат баш импресивно, речиси и пред навистина малку
да размислат за нив. Кога ќе си дозволиме да прифатиме идеја што не е најблескава и малку да размислиме
за тоа како можеме да ги отстраниме нејзините недостатоци, често таа идеја може да се покаже како
патоказ кон подобро решение.
58 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Другата причина за отфрлање на идеите е недовербата во своите можности и способности. По правило,


луѓето имаат квалитетни идеи понекогаш, идеи што имаат голем потенцијал. Но, поголемиот број луѓе не ги
следат тие идеи поради стравовите, недовербата во себе или недостигот на потенцијал за учење и работа.
Тука обично се оправдуваме со идеите како што се: Премногу има работа, Престар сум за тоа, Немам време,
Немам пари, Тоа не е моја област и слично дури и кога се работи за идеи што би можеле значително да ни
го сменат животот на подобро. Ако го забележиме тоа кај себеси, потребно е да задржиме барем малку
подолго на идејата и да размислиме како наведените бариери би можеле да се разрешат или барем за да
можеме да го искористиме тој дел од идејата. Можеби притоа ќе добиеме и некоја нова идеја!
За креативност, освен свесно внимание, потребна е и свест за сопствените внатрешни процеси, за
да можат да се согледаат и да се преведат во зборови колку што е можно подобро. Креативноста не е
рационален процес. Рационално се почнува, давајќи му на нашиот ум важни информации и намера за
создавање на нови идеи, но тоа ретко е доволно. Значајни идеи најчесто се јавуваат во форма на ненадејни
увиди, познатите „аха-ефекти“, на кои, сепак, им претходи период на потсвесна обработка на информации.
До „аха-ефект“ полесно ќе се дојде во моменти во кои сме во поблиски контакти со својот внатрешен свет,
со чувствата и потсвеста. Оттаму, често читаме анегдоти како добро познатите луѓе барале инспирација во
различни ритуали, што пред сè би ги релаксирале и би им го пренасочувале вниманието од рационалната
мисла. Така, некои луѓе ќе речат дека нивните најдобри идеи доаѓаат во текот на прошетките, додека се
опуштаат во бањата, додека медитираат, непосредно пред или по спиење или дури и во сон.
Накратко, основата на креативното размислување е излегување надвор од нашите вообичаени
мислени текови и истражување на невообичаени асоцијации и идеи. Притоа, еден од клучните елементи е
прифаќање на идеите и асоцијациите што не ни се чинат веднаш реалистични или логички. Тоа би можеле
да го наречеме меѓу-идеја. Затоа, дозволуваме да се движиме од тоа да создаваме нови мислени текови во
насока на анализирање и подобрување на меѓу-идеите, што на крајот можеби ќе водат во целосно поинакво,
но квалитативно решение.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 59

Цели на работилницата:
• Обиди за дефиксација и обиди за замена на поимите
• Продуцирање на разни идеи, дивергентност
• Наоѓање на креативни решенија преку сложувалки
• Асоцијации и продуцирање сторија (нов продукт) од разни
неповрзани асоцијации
• Креативна сопствена афирмација
• „Умни мапи“ од оригиналното MIND MAPING, креативна
техника за брзо учење и помнење

Тек на работилницата:
Воведен дел:
Кога рибата би се викала жаба
„Ние можеме да измислиме нов јазик и повторно да се разбираме лесно!“
Упатството за оваа воведна работилница е во насока на продуцирање реченици во кои некои поими се
заменети со други. Секој учесник треба да состави реченица во која најмалку еден збор е заменет со друг,
а другите учесници треба да го откријат тоа. Оваа лесна вежба е воведен дел во областа на креативноста и
е со цел дефиксација и обиди за замена на веќе востановени поими.
60 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Brain storming – Бура на идеи


„Да видиме кој може да измисли повеќе употреби на предметот“
Учесниците се делат на групи. Во оваа игра е зададен еден поим и секоја група продуцира колку што
е можно повеќе употреби на некој предмет. За продуцирање на иста употреба се добива еден поен, а
за продуцирање на употреба што никој ја нема – два поена. Времето на пишување е лимитирано, што
значи провоцирање идеи во одреден временски период. Пуштањето на мислата, продуцирањето идеи,
согледувањето на разните можности се цел на оваа игра во воведниот дел.

Сложувалки
„Размисли што би можело да биде...“
Зададени се десет проблемски ситуации, а секој учесник треба да се обиде да го најде најдоброто можно
решение. Согледувањето на можноста да се најдат разни решенија на еден ист проблем е главна цел на оваа игра.

Главен дел:
Асоцирај и продуцирај
„Нова креација од стари познати работи“

Секој учесник има задача за пет минути да напише колку што е можно повеќе асоцијации на еден поим.
Потоа, секој индивидуално треба да напише поврзана целина, сторија во која ќе бидат употребени сите
продуцирани асоцијации. Употреба на нови асоцијации е дозволена, но не е дозволено испуштање на некој
поим или на некоја асоцијација. Целта на оваа игра е увидот во можноста за креирање на нови работи, целини од веќе
постоечки, стари, познати поими... а со тоа и дефиксација и продукција на нови креативни нешта.

Листа на асоцијации на зборот врата: излез, провев, светлина, гости, ѕвонче, клуч, брава, патики/чевли,
чергиче, дрво, боја, детска игра, топка, влегување, чукнување, домашно милениче/куче, глас
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 61

Текст во кој се содржани наведените асоцијации:

Ветровитиот град
На излезот од ветровитиот град живееше семејството на Тит Галиус Литогенус. Во неговата
куќа светлината влегуваше од сите четири страни, а провевот ги лелееше пердињата на
прозорците. Однадвор се слушаше џагорот на детската игра. Со ѕвончињата си играа малите
девојчиња, а момчињата со топките. Наеднаш некој чукна на вратата, тогаш Гај со тивок
глас рече: „Идат гости!“ Но, тоа не беа обични гости. Тој стана, ги облече чевлите што имаа
непрепознатлива боја и и рече на жена му да го постели чергичето и ги зема клучевите од
бравата на надворешната врата. Ја отвори вратата и го виде своето куче како се радува, а
подолу во дворот покрај дрвото го виде својот дамнешен пријател Максимилијан со своето
семејство.

Дрво на афирмац
ија
„Јас со илјада м
ожности“
Секој испитани
к треба да си
нацрта сопствен го
ото дрво на афир
Оваа задача им мација.
а цел продуцир
исклучително ање на
позитивни со
карактеристики пс твени
и нивно запи
во пределот на шување
коренот, стебло
гранките. Оваа то или
игра треба да пр
за креативна и, идонесе
пред сè, позитивн
презентација и кр а селф-
еација.
62 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Завршен дел:
Умни мапи – MIND MAPING
„Мозокот работи на принцип на асоцијации – не линеарно!“
Оваа завршна работилница има две основни цели:
• Мапирање на мозокот за одреден поим;
• Поттикнување и размислување за одредена тема за магистерски труд.
Учесниците во работилницата прават мапа на својата основна идеја и се обидуваат целата мапа да ја
направат смислена целина. Освен креативен тренинг, оваа работилница има и практична цел – разработка
на темата за магистерски труд.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 63

Добро е да се види...

http://www.youtube.com/watch?v=pSNckq3b_6g
http://www.youtube.com/watch?v=RF4selVH7S4&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=KWWR2ljHicA&feature=related
http://on.net.mk/video/razno/litar-i-pol-svetlina
http://www.toolkitforthinking.com/creative-thinking/mind-mapping?gclid=CPSnpPz9qKsCFQMYzQodDXZE1Q
http://www.mindmapinspiration.com/
64 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

09
Работилница:
Морално расудување
Морална компетентност

• Што е морално расудување?

Моралното расудување е процес на донесување суд за сопственото однесување и однесувањето на


другите. Моралното расудување зависи од три компоненти: когниција (спознание), емоции и однесување.
Во текот на психичкиот развој единките поминуваат низ три стадиуми (Piaget и Kohlberg):
Стадиум „0“ – Предморално поведение;
Стадиум „1“ – Претконвенционален морал – на овој стадиум се води грижа за тоа дали поведението ќе
биде наградено или казнето. Постапките се ориентирани кон избегнување казна, а стекнување награда;
Стадиум „2“ – Конвенционален морал – на ова ниво од моралното расудување постои ориентација кон
тоа како средината ќе го оцени однесувањето;
Стадиум „3“ – Постконвенционален морал.

Вредностите се оценуваат независно од авторитетите и се базираат на автономниот морал: настапува


усогласување на личноста со заедничките стандарди, права и должности.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 65

• Дали моралното расудување може да се стимулира

Моралното расудување може да се стимулира, и тоа преку стимулирање на критичкото мислење и


емотивната зрелост.

• Што е морална дилема?


Моралната дилема е животна ситуација каде што најмалку два морални принципа доаѓаат во судир.
Најчесто, во моралните дилеми има еден актер кој донесува одлука како ќе постапи. Се суди исправноста
на неговата одлука.а

Цели на работилницата:
1. Стимулирање на моралната компетентност, односно на способноста да се дејствува согласно усвоените
идеи и морални принципи што се усвоени од средината како позитивни, дури и во ситуации кога се наоѓаме
под притисокот на факторите како што се: мислењето на мнозинството, предрасуди, агресивни авторитети
или дури мрзливост и лошо расположение.
2. Запознавање со техниката што овозможува стимулирање на морална компетентност.
3. Размислување во категориите за и против.
66 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Тек на работилницата:
1. Воведен дел
• Игра со име: Кога на себеси би си бил кум би си го дал следново име _________.
Секој член од групата кажува како би сакал да се вика сега доколку може да си го промени името. Се
води кратка дискусија во групата на тема: Дали и понатаму ќе останеме исти?... Дискусија околу приказната
со името. Приказната за името е поврзана со личната животна приказна и личниот животен скрипт.

• Како да го поправиме светот во кој живееме?


Освестување на сопствените перцепции за непосредното животно опкружување и за светот таков каков што
е надвор од нашиот непосреден животен простор. Истакнување на социјалниот контекст, но и освестувањето
на сопствените потенцијали за создавање на подобро место на живеење за себеси и за другите.
Цел на оваа активност е секој член од групата да дојде до сопствениот потенцијал за промени – да стане
свесен што може да промени кај себе и да стекне свесност дека, менувајќи се себеси, го менува светот околу
себе.
Секој член од групата добива лист што изгледа вака: На местото означено со 1 се запишува
како се доживува светот. Местото означено
со 2 дијагонално е поделено на две половини.
Во едната се впишува што е она што е добро
во светот, а во втората целина, што е лошо во
светот. Во полето означено со 3 се забележува
како се доживува сопственото непосредно
опкружување. Полето 4 е поделено дијагонално.
Во едната половина се запишува што е она
што не ми се допаѓа во моето непосредно
опкружување, а во второто што ми се допаѓа.
Во центарот, таму каде што е обележено со
5, се впишува што е она што јас можам да
го направам за да го подобрам светот во кој
живеам. Ова поле е особено важно, па затоа од
членовите на групата се бара да се насочат кон
реални стратегии и постапки што можат да ги
применат наместо да се повикуваат на добри
вили и волшебни стапчиња.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 67

1. Главен дел:
Дискусија за морални дилеми (според моделот за стимулирање на морална компетентност даден од
Георг Линд). За оваа цел беа употребени двете дилеми што се содржани во инструментот Тест за морално
судење (тест што мери морална компетентност): дилемата на работниците и дилемата на лекарот.

Процедура:
- Дилемата се претставува пред групата. Групата се прашува дали ја разбрала моралната дилема. Се
поставуваат следниве прашања: За што се зборува тука? Зошто е тешко да се реши проблемот? Зошто
личноста постапила така?
- Членовите на групата гласаат – дали главниот лик од моралната дилема постапил правилно?
- Членовите на групата се делат според гласовите. Се формира една група што гласале „за“ и друга група
што гласале „против“. Секоја група има задача да ги запише аргументите што ќе бидат во прилог на нивниот
став. (Кои се причините што те наведоа да донесеш таква одлука?) Секоја група потоа треба да избере лице
кое ќе ги соопштува аргументите.
Дискусија: Двете групи се во позиција да ги преиспитуваат аргументите на спротивната група. Водителот
на групата ги објаснува основните правила и принципи:
1. Членовите од групата не смеат да се навредуваат. Секој човек треба да се почитува, можат да се
напаѓаат аргументите, но не и личноста.
2. Членовите од групата не смеат да навредуваат лица, институции или некакви групи што се надвор од
училницата.
3. Секој член има право да зборува слободно и отворено за она што размислува и има право да ги
коментира аргументите дадени од другите членови на групата.
4. Секој има право да го задржи своето мислење. Никој не смее да биде присилуван д-а зборува доколку не
сака.
Во текот на дискусијата на табла се запишуваат аргументите на секоја група. На крајот од дискусијата се
прави анализа на процесот низ кој помина групата. Се споделува искуството.
Завршна игра: Шпалир на добри пораки. Групата се дели на половина, сите застануваат еден наспроти
друг. Еден по еден минуваат низ шпалирот. Додека еден член поминува низ шпалирот, другите му кажуваат
убави пораки.
Цел на оваа активност е афирмација.
68 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

09
Работилница:
Интеграција на
знаењето
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 69

Интеграцијата на знаењата е процес на синтетизирање на повеќе сознајни модели во заеднички модел.


Во споредба со интеграцијата на информации, што вклучува спојување информации со различни шеми
и модели, интеграцијата на знаењата се фокусира повеќе на синтетизирање на разбирањата на одредена
тема од различни перспективи.
Исто така, интеграцијата на знаењата се дефинира како процес на инкорпорирање на нови информации
во тело на постоечките знаења со интердисциплинарен пристап. Овој процес вклучува одредување како
комуницираат новите информации и постоечкото знаење, како треба да се модифицира постоечкото
знаење за да се приспособи на новите информации и како новите информации треба да се менуваат во
однос на постоечките знаења.

Цели на работилницата
Сублимирање на сите претходни работилници
Истакнување на највпечатливите моменти од досегашното заедничко работење
Правење на заеднички рекапитулар и негово ликовно презентирање
Давање фидбек од сите учесници и од едукаторите
Евалуација на работата на психолошките работилници од повеќе аспекти

Тек на работилницата
- Насочена фантазија за влез во „собата на психолошките работилници“
- Правење на заеднички хамер од сите работилници
- Пополнување прашалник за ефикасноста на психолошките работилници
- Давање фидбек од досега сработеното и доживеаното
- Делење сертификати
- Поздравување
70 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

X Работилница: Интеграција на знаењето

Краток опис на сите работилници


Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 71

Евалуација
Психолошката лабораторија од студиската 2010/2011 почна со реализација на психолошките
работилници за студентите запишани на последипломските студии при ИСППИ, со цел развивање
на личниот и професионалниот селф преку развој на критичкото и креативното мислење. Досега
се реализирани седум циклуси од овие работилници, при што еден циклус опфаќа серија од десет
работилници опишани погоре.
Посетата на психолошките работилници не е задолжителна и на крајот на десеттата работилница
секој учесник добива сертификат за учество на конкретните работилници.
Креаторите и изведувачите на психолошките работилници спроведуваат континуирана
евалуација на програмата и на активностите од повеќе аспекти. Следува краток приказ на
резултатите од одговорите на учесниците во работилниците.
Освен пријатни и релаксирачки, учесниците средбите ги оценуваат и како смирувачки,
мотивирачки, поучни, понатаму и исполнети со позитивна енергија и позитивни мисли, друштвени,
креативни.
Сите учесници во работилниците ги препорачале работилниците на други студенти, еден дел
од нив одговориле дека ги препорачале многупати, буквално по секоја помината работилница.
Работилниците ги исполнуваат очекувањата на учесниците. Некои од учесниците дополнително
се изјасниле дека работилниците ги надминале нивните очекувања особено од аспект на
професионалниот пристап на обучувачите.
Сите учесници одговориле дека во целост се задоволни со водењето на работилниците од
страна на едукаторите.
Сите учесници беа прашани кое е нивното најважно искуство од психолошките работилници, а
следуваат дел од одговорите:
72 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Дека луѓето ги гледаме преку очила што секој си ги става на себе.


Да го ислушам другиот пред да донесам некој заклучок и некое решение.
Да имаме повеќе трпение и толеранција, да давам љубов. Какви ни се мислите таков ни е животот.
Од секоја работилница излегов со нови искуства што се надевам дека ќе ми помогнат многу во животот.
Секогаш да се ислуша другиот, да не се напаѓаат луѓето, туку аргументите.
Секогаш излегував опуштена од работилниците. Повеќето од игрите ги запомнив и ги применувам во
секојдневниот живот.
Успеав да се опуштам пред други луѓе.
Работилниците беа најпозитивниот и најпродуктивниот чекор во моето досегашно образование.
Дека сепак има многу драги, нови луѓе.
Ме натераа да размислувам за работи за кои досега не сум обрнувала внимание.
Научив поотворено и подлабоко да ги разгледувам пречките во животот.
Најважното искуство ми е СРЕЌАВАЊЕТО СО СЕБЕ.
Позитивноста и смиреноста што сакам засекогаш да ги задржам во себе.
Гледање на сè она што нè оптоварува, ама од друг агол.
Психолошките работилници нè потсетија на некои базични работи во животот, на нешта што можат да ни
помогнат да станеме подобри луѓе.
Нови пријателства, по секоја средба многу позитивна енергија до следната средба.
Запознав прекрасни луѓе и успеав да го забележам најпозитивното во сите нив и на себе да гледам на
поинаков попозитивен начин.
Многу ми помогнаа да решам некои свои дилеми и проблеми.
Луѓето сакаат да работат на сопствениот раст и развој.
Добив нови идеи за решенија на различни ситуации.
Тоа што сега можам да ги контролирам мислите и емоциите, можам правилно да расудувам за некои работи.
Дружењето со нови луѓе и размената на позитивна енергија.
Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 73

Користена литература

Russell, Ј. The Essentials of Compassionate Communication http://www.listeningway.com/cctutorial-1.html


Rosenberg, M. (1983) А model for nonviolent communication. New society publisher
Mind mapping. com. (2012) http://www.mindmapping.com/
Игњатовић-Савић, Н. (1993) Чувари осмеха 1. Психолошке радионице за подстицање развоја деце (а и
одраслих). Институт за психологију филозофског факултета у Београду. Београд
Ковач-Церовић, и други (1993) Игром до спознаје: приручник за радионице за децу од 7 до 14 година.
Београд: Центар за антиратну акцију: Уједињене нације, Висок комесаријат за избеглице (Београд:
Публикум)
Džon, S. (1997) Moć svesnosti. Esotherija
Goleman, D. (1997) Emocionalna inteligencija. Zagreb: Mozaik knjiga
Lind, G. (2008). The meaning and measurement of moral judgment competence. A dual-aspect model.
Lind, G. (2011). Moral education: Building on ideals and fostering competencies. Contemporary Issues in
Education, 2, 1, 45-49
Lind, G. (2008). Teaching students to speak up and to listen to others: Cultivating moral democratic competencies.
In: D. E. Lund & P. R. Carr, eds., Doing democracy and social justice in education: Political literacy for all students,
pp. 185-220. New York: Peter lang Publishing
Oaklender, V. Prozori u svet naše dece. Nolit: Beograd
Vukosavljević, N. ()NENASILJE? Priručnik za treninge iz nenasilne razrade konflikata za rad sa odraslima Centar
za nenasilnu akciju – Sarajevo www.nenasilje.org
Natalija i Dariusz Domin (2009) Životna Škola http://www.zivotna-skola.hr/carobno-drvo-projekt.html
Silverstejn, [. (2004) Dobro drvo. Beograd: Vulkan izdavaštvo. Johari Window. Wikipedia
74 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Од авторите:

„Најдобар показател за успешноста на програмата беше однесувањето на


учесниците. Со оглед на тоа што љубопитно и со радост беа во исчекување на почетокот
на работилниците, со оглед на тоа што уживаа додека цртаа и со внимание и почит
се слушаа меѓусебно и со целосна предаденост се нурнуваа во себеспознанието...
програмата ја исполни својата цел, ги отвори прозорците кон себе и кон другите“.

Ова не е крај, туку нов почеток...


Доц. д-р Елеонора Серафимовска и Доц. д-р Маријана Марковиќ 75

Елеонора Серафимовска, родена на 02.07.1971 година во Скопје, работи во Институтот


за социолошки и политичко-правни истражувања од 1996 година. Во 1995 година ги завршува
студиите по психологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а со степен магистер по
психолошки науки се здобива во 2006 година на истиот факултет. Магистерскиот труд е од
областа на социјалната и политичката психологија. Во 2007 година го пријавува својот докторски
труд на ИСППИ, на постдипломските студии по комуникации, и успешно го одбранува во 2010
година, со што се здоби со степен – доктор по комуникациски науки. Докторскиот труд е од
областа на рецепциските студии, студиите за истражување на публиката, социјалната психологија
и политичката комуникација.
Истражувачкиот интерес на д-р Елеонора Серафимовска е во областа на комуникациите со
фокус на масовните комуникации, политичката и социјалната психологија, а како резултат на тоа
е учеството во над 30 домашни и меѓународни проекти и учеството на повеќе од десет научни
конференции во странство. Автор е на над 30 стручни и научни трудови објавени во домашни
списанија или презентирани на меѓународните конференции. Теми на трудовите се социјалните
ставови и психолошките димензии на граѓаните на РМ.
Во 2006 година е еден од основачите на Психолошката лабораторија при постдипломските
студии на ИСППИ, а една од основните цели и задачи на лабораторијата е дополнително
усовршување на студентите запишани во вториот и третиот циклус при студиите на ИСППИ.
76 Прирачник за психолошките работилници организирани од Психолошката лабораторија при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје

Маријана Марковиќ работи во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања


од 1998 година. Претходно има работено како професор по психологија, а има работено и на
повеќе проекти од доменот на психо-интервентни програми, како и програми за стимулирање
на детскиот развој.
Во 1992 година ги завршува студиите по психологија, а со степен магистер по психолошки
науки се стекнува во 2002 година при Институтот за психологија при Филозофскиот факултет
во Скопје. Дипломскиот труд е од областа на психологијата во економската пропаганда,
додека магистерскиот труд е од доменот на развојната психологија, психологијата на моралот
и политичката психологија. Во 2008 година го пријавува докторскиот труд на ИСППИ, на
постдипломските студии по комуникации. Докторскиот труд е од доменот на политичката
култура, политичката психологија и психологијата на личност. Успешно ја одбранува докторската
теза во 2010 година. Во 2004 година се стекнува со сертификат од гешталт-психотерапија при
Советувалиштето за хумана соработка.
Теорискиот и истражувачкиот интерес на Маријана Марковиќ е во областа на развојната
психологија, гешталт-психотерапијата, психологијата на моралот, политичката психологија,
психологијата на комуникации, масовните комуникации и сл. Како резултат на тој интерес е
учеството на голем број домашни и меѓународни проекти, учество на домашни и меѓународни
конференции, како и објавени трудови во домашни и меѓународни списанија.
Во 2006 година е еден од основачите на Психолошката лабораторија при постдипломските
студии на ИСППИ, чиишто основни цел и задача се усовршување на студентите запишани на
вториот и третиот циклус од студиите.
View publication stats

You might also like