You are on page 1of 15

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

„ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“


СВЕТИ НИКОЛЕ – БИТОЛА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ФАКУЛТЕТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА

СТУДИСКА ПРОГРАМА:

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ВОВЕД ВО ПСИХОЛОГИЈА


АНКСИОЗНОСТ И ДЕПРЕСИЈА

СТУДЕНТ: Бранкица Донева


БРОЈ НА ИНДЕКС: 1931014
МЕНТОР: ВАНГЕЛИЦА ГАВРИЛОВА

Свети Николе, 2019


ВОВЕД

Анксиозноста и Депресијата се две различни психолошки нарушувања што


споделуваат бројни квалитети и воедно имаат многу слична симптоматологија.
Анксиозност е чувство на општа возбуденост, нејасен страв без очигледен
надворешен повод, голем стрес и загриженост. Таа се манифестира преку повеќе
психички и физички симптоми кои се доживуваат како многу непријатни, а често се
јавува во комбинација со други болести, особено со депресијата. Според некои
истражувања, кај 10% од населението се јавува некоја форма на анксиозност. [1]
Депресијата е состојба на нерасположение и аверзија кон активност која
може да влијае врз мислите, однесувањето, чувствата и чувство на благосостојба
на една личност. Депресивните луѓе може да се чувствуваат тажни, вознемирени,
празни, безнадежни, загрижени, беспомошни, безвредни, виновни, раздразливи,
повредени или преморени. Тие можат да го изгубат интересот за активностите кои
некогаш им биле пријатни, го губат апетитот за јадење или се прејадуваат, имаат
проблем со концентрација, помнење на детали или донесување на одлуки, и може
да размислуваат или да се обидат да извршат самоубиство. Депресивното
расположение не е секогаш психичко нарушување. Исто така може да биде
нормална реакција на одредени животни настани, симптом на одредени
здравствени состојби, или пропратен ефект на некои лекови или медицински
третмани. Но, овде ќе го претставиме како еден вид на психолошко нарушување.
[2]1

1
1https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%BA%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%BE
%D1%81%D1%82
2https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BF
%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0_(%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BB
%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5)
2
Анксиозни растројства

Анксиозноста се дефинира како патолошка состојба која е одбележана со


чувство на страшливо исчекување придружено со соматски знаци кои упатуваат
на хиперактивност на Вегетативниот Нервен Систем. Се разликува од стравот кој
претставува одговор на одредена ситуација, односно е предизвикан од одредена
причина. Анксиозните растројства се едни од најчестите растројства во
психијатријата и предизвикуваат значително нарушување на психосоцијалното
функционирање на единката. Овие растројства се всушност поттиповите на
анксиозноста и овде се класифицирани и накратко објаснети во 3 групи:
1. Панично растројство;
2. Генерализирано анксиозно растројство;
3. Мешовито анксиозно и депресивно растројство.

Панично растројство -> се дефинира как специфична состојба на страв ка


е одредена со повторувачки, неочекувани панични напади кои се карактеризираат
со краткотрајно силно изразено страшливо исчекување придружено со соматски и
когнитивни симптоми. Паничниот страв не е предизвикан од некоја опасна
ситуација или од друга вистинска причина. Обично трае неколку минути, но се
случува да се продолжат и до неколку часа. Тие речиси секогаш се придружени со
палпитации, болки во градите, чувство на задушување, несвестици, потење,
гадење, тремор, чувство на дереализација и деперсонализација, страв од смрт и
полудување. Најчесто се јавуваат по неколку напади месечно.
Генерализирано анксиозно растројство -> се карактеризира со
интензивен, траен и неодреден страв во вид на загриженост, страшливо
исчекување, напнатост, чувство на блиска несреќа, деконцентрација, мускулна
напнатост, хиперактивност во ВНС, тешкотии при спиење. Овие симптоми се
јавуваат независно од одредени ситуации кои предизвикуваат и кои можат да го
објаснат овој страв и не се поврзани со други психички или соматски болести.
Мешано анксиозно и депресивно растројство -> ова е дијагностичка
категорија резервирана на состојба која се карактеризира со присуство на блага
анксиозност и депресивност, кои не се така особено нагласени за да се
издиференцираат во посебни дијагнози. Оваа состојба во својата дијагностичка
категорија ја вклучува и анксиозната депресија која се карактеризира со
неперзистентност и е блага по интензитет.[3]

3]3
Проф. д-р Георги Чадловски и соработници, „ПСИХИЈАТРИЈА“ Том 2, Просветно дело АД, Скопје, 2004
3
Споредба меѓу стравот и анксиозноста

Поимот анксиозност честопати се поистоветува со поимот страв. Но,


постојат разлики што произлегуваат од изворот на опасноста која се заканува да
го наруши телесниот, психичкиот и социјалниот интегритет на личноста и од
времетраењето. Се мисли дека стравот кај анксиозноста е рационален, бидејќи
објектот или појавата свесно се перцепираат и можат да се идентификуваат,
додека кај анксиозноста не постои свесно перцепиран објект или извор на
појавата што предизвикува опасност. Изворот на опасноста е во чувството на
очекувањето да се случи нешто непријатно. Но тоа може да произлегува и од
самата личност. Што се однесува до времетраењето кое ги прави различни
стравот и анксиозноста, се вели дека стравот реовно трае кратко и исчезнува во
моментот кога заплашениот ја совладува или ја избегнува опасноста.
Анксиозноста по правило е долготрајна и таа се повторува често, независно од
просторот и времето. Таа е една непријатна емоционална состојба, во која една
сегашна и континуирана силна желба или нагон изгледа веројатно дека ќе ја
промаши својата цел, тоа е фузија на страв со антипација на идно зло. Речиси
секој човек во одреден период од животот почувствувал непријатност, нервоза
или страв како нормална реакција на некоја стресна ситуација. Потиштеноста и
стравот секогаш постоеле и тие се важен дел на човековото постоење.
Нормалните стравови и повремената потиштеност ни помагаат да ги избегнеме
непријатните и опасни ситуации. Стравот секогаш е врзан за некој објект или
ситуација, додека анксиозноста е неодредено емоционално доживување. Во
анксиозноста она што е закана за личноста е помалку очигледно, па затоа го
нарекуваме и лебдечки страв. Кога стравовите и претераната загриженост ќе
почнат да доминираат и управуваат со нечиј живот, кога го нарушуваат семејниот,
друштвениот, професионалниот и социјалниот живот, тогаш веќе станува збор за
сериозно анксиозно пореметување.[4]

Симптоматологија на анксиозност

44
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%BA%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%BE
%D1%81%D1%82
4
Претераната вознемиреност и загриженост физиолошки, психолошки и
емоционално доведува до тешкотии кои го обземаат целото тело и целиот
организам. Симптомите на анксиозност се делат на когнитивни, емоционални,
бихејвиорални и телесни.

I. Когнитивни симптоми:
o Загриженост;
o Деконцентрација;
o Потешкотии со памтење;
o Негативни очекувања;
o Негативни мисли за себе, околната средина и моменталната ситуација;
o Потешкотии со меморијата;
o Когнитивна конфузија;
o Застрашувачки фантазии;

II. Емоционални симптоми:


o Немир;
o Неизвесност и постојано исчекување;
o Нервоза и напнатост;
o Присутност на различни стравови;
o Страв од губење на контрола;
o Деперсонализација;
o Раздразливост;

III. Бихејвиорални симптоми:


o Избегнување на ситуации и луѓе кои предизвикуваат анксиозност кај
личноста;
o Срамежливост, повлеченост и несигурност при социјални контакти;
o Слаба координација на движењата;
o Изразена активност или пасивност;

5
IV. Телесни симптоми:
o Респираторни -> чувство на гушење, недостаток на воздух и забрзано
дишење;
o Кардиоваскуларни -> тахикардија, палпитации, зголемен крвен притисок,
црвенило или бледило;
o Промена на кожата -> промени во температурата на кожата, зголемено
потење на дланките;
o Мускуларни -> тремор, мускулна тензија, грчеви во мускулите;
o Гастроинтестинални -> абдоминална болка, мачнина, гадење,
повраќање;
o Главоболка, вртоглавица, несвестица;
o Несоница и ноќни кошмари;
o Зачестено мокрење;
o Сува уста, кнедла во грлото;
o Пеперутки во стомакот;
o Ослабена сексуална желба;
o Треперење на целото тело.

Со оглед на тоа дека секоја личност е различна, типот, бројот, интензитетот,


траењето и зачестеноста на симптомите се разликува кај секоја личност. На
пример, кај една личност може да се јават само неколку благи симптоми, додека
кај друга личност може да се јават голем број од симптомите со висок интензитет.
Најголем број од симптомите слично се манифестираат кај мажи и жени, но сепак
постојат одредени разлики. Една од нив е поврзана со лачењето на хормонот на
стрес во крвотокот со кој анксиозноста го припрема телото за одбранбена
реакција. Затоа, анксиозноста почесто се јавува кај жени.
Со оглед на тоа дека хормоните на стресот можат многу да влијаат врз другите
хормони во организмот, кај жените можат да се јават многу симптоми и чувства
истовремено, особено кога симптомите на анксиозност ќе се поврзат со
симптомите поврзани со менструалниот циклус, бременоста или менопаузата.
Ако кај една личност се присутни поголем дел од симптомите на анксиозноста
подолго од шест месеци, најверојатно таа личност страда од анксиозно
пореметување. Возрасните со ова нарушување често се загрижени за
секојдневниот живот, за одговорностите на работното место, финансиите,
здравјето на своите најблиски и се мачат со катастрофични мисли за своите

6
блиски. Анксиозната личност е целата облеана со неодреден, ирационален страв
со кој се парализира во своето функционирање, а се јавува и чувство на немоќ. [5]

Дијагноза и терапија

- Критериуми за дијагноза
o Ексцесивна анксиозност (постојана загриженост во рок од најмалку шест
месеци);
o Анксиозноста и преголемата загриженост се проследени со немир,
чувство дека личноста е на раб на пропаст, тешкотии во
концентрацијата, иритабилност, агитираност, нарушено спиење;
o Од физичките симптоми се потребни најмалку од 3 до 6 – стегање на
мускулатурата, грчеви или крампи, трнење, главоболка, тешкотии со
голтање и дишење, тахикардија, препотување;
o Не се работи за некоја друга органска болест или коморбидитет;
o Сите овие тегоби се присутни секојдневно и влијаат на функционалната
способност на единката и нејзината работоспособност. [6]

- Поставување на дијагноза
Дијагнозата на анксиозност се поставува врз основа на клиничката слика,
односно симптомите кои заболената личност ги искажува или ги доживува и
покажува во секојдневниот живот. Во предвид се земаат сите облици на
анксиозните пореметувања и детално се набљудуваат симптомите кои мораат да
бидат присутни најмалку 5 до 6 месеци како би се поставила дијагноза за
анксиозност.
Од голема помош може да бидат и психолошките проценки, односно
психолошките тестови за анксиозност кои ги спроведуваат психолосите, и кои
можат да му помогнат на докторот да ја следи анксиозноста кај пациентот. [7]

Лекување
Во однос на терапијата најдобри резултати се постигнуваат со комбинирано
користење на медикаменти од групата на антидересивна когнитивна
бихејвиорална терапија. Лекувањето секако треба да го спроведува стручен тим
составен од психолог и психијатар. Се советува учење на некоја од
релаксациските техники, промена на животните навики и стил, повеќе физичка
5]5
https://www.krenizdravo.rtl.hr/zdravlje/mentalno_zdravlje/anksioznost-simptomi-lijecenje-po-cemu-je-
prepoznati-i-kako-je-lijeciti
7
активност, прошетки во природа. Ако состојбата не се излекува на тој начин, таа
се продлабочува во други состојби, односно може да се појават панични напади,
депресивен синдром, опсесивно компулсивно нарушување, развивање на
зависност од психоактивни супстаци и сл.[6]
Штетни последици од Анксиозноста

Долготрајното влијание на анксиозноста може да доведе до пореметување


на психичкото и физичкото здравје и до невообичаени несакани ефекти кои
штетно влијаат врз здравјето.
1. Нарушена визуелна перцепција -> појава на халуцинации. Некои гледаат
темни дамки како им се појавуваат пред очите. Други зборуваат за темна
фигура која ги плаши. Ако некоја личност постојано е под стрес, може да
доживее проблеми со идентификување на просторот, висината и
големината на предметите, особено за време на тешки напади на
анксиозност. Ова обично се случува во попладневните часови, кога
концентрацијата опаѓа.
2. Појава на гасови и надуеност -> метеоризмот е еден од неудобните и
непријатни проблеми со кои човекот може да се соочи. Тоа е и еден од
страничните ефекти на анксиозноста. Овој проблем често е придружен од
проблеми со варење и тешкотии во дишењето.
3. Хормонални проблеми -> од анксиозност најмногу страда ендокриниот
систем, кој е одговорен за работата на жлездите кои произведуваат
хормони во телото. Сигналите за проблемите кои доаѓаат во мозокот под
стрес и анксиозност може да му пречат на нервниот систем, а очигледно и
на лачењето на хормоните.
4. Кожен осип -> многу често, анксиозноста предизвикува појава на акни на
лицето. Овој проблем исчезнува кога се надминува стресот.
5. Губење на косата -> анксиозноста се одразува и на надворешниот изглед и
иако губењето на коса не е типичен симптом, сепак е уште еден можен
редок пропратен ефект од оваа состојба.
6. Проблеми со спиењето и други необични реакции -> тешко заспивање и
нарушен сон се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, како
физички така и психички. Анксиозноста е цврсто поврзана со инсомнијата,
загубата на сонот и ноќните кошмари. Од неа се јавуваат и ненадејните
напади на ирационален страв, кои може да се јават во текот на ноќта.

6]6
http://www.remedika.com.mk/anksioznosta-treba-da-se-tretira-navreme/
7https://www.krenizdravo.rtl.hr/zdravlje/mentalno_zdravlje/anksioznost-simptomi-lijecenje-po-cemu-je-
prepoznati-i-kako-je-lijeciti
8
Симптомите често се придружени со мускулен напор во рацете, вилицата и
други делови од телото. [8]

Депресивно расположение

Изразот депресивно расположение се однесува на негативното афективно


возбудување, различно опишано како очајно, жалосно, вознемирено или
анксиозно. Овие описи се стремат кон минимизирање на болната емоција,
типично доживеана како полоша од најсилната физичка болка. Според тоа,
депресивното расположение има соматски квалитет кој е неописливо екстремно
болен. Дури и кога не е сериозно, депресивното патење е квалитативно различно
од неговите невротични еквиваленти, земајќи ја формата на неоснована
анксиозност со сериозен внатрешен немир и мачење. Самоубиството може да
претставува обид да се најде ослободување од таквото немилосрдно психичо
мачење и смртта може да се доживее како утешителна.
Пациентите со послаба форма на болеста типично забележана во услови на
примарна нега негираат дека доживуваат жалосни расположенија и наместо тоа
се жалат на физичка агонија од главоболка, епигастрична болка, прекордијален
стрес и сл, во отсуство на каков било доказ на дијагностицирана физича болест.
Ова претставува маскирана депресија.

Депресивни растројства
-Главно депресивно растројство -> Ова депресивно растројство најчесто
се дијагностицира. Лицето со главно депресивно растројство станува многу
нерасположено и не ужива во животот. Тој/таа губи концентрација и енергија, а се
јавува и нарушување на јадењето и сонот. Исто така, честа е појавата на чувство
на вина. Чувствата на безнадежност и очај може да го наведат лицето да
размислува за самоубиство. Главното депресивно растројство може да се појави
без да постои некоја очигледна причина и тоа може да се јави кај луѓе кои добро
се соочуваат со животот, кои се добри во она што го работат и среќни во
семејството и друштвените односи со други луѓе. Појавата на растројството исто
така може да ја предизвика некој потресен настан со кој лицето не може да се
соочи. Кога симптомите на главното депресивно растројство се проретчуваат и се
поблаги, меѓутоа траат многу долго (повеќе од две години), веќе станува збор за
дистимично растроство.
8]8
https://puls24.mk/anksioznost-6-stetni-posledici-od-ovaa-sostojba/
9
-Биполарно растројство на расположението -> Лицето кое боледува од
биполарно растројство на расположението (претходно познато како манична
депресија) има депресивни епизоди наизменично со манични периоди кои
вклучуваат занесеност, хиперактивност, раздразливост, зголемена брзина на
говорот и непромисленост. Во посериозни случаи, кај лицето се јавуваат делузии.
-Адаптивно нарушување со депресивно расположение -> Лицата со
оваа болест реагираат на стресни случки во нивниот живот, на пример,
раскинување на блиска врска или губење на служба, меѓутоа на многу побурен
начин отколку што е вообичаено. Чувствата на депресија се многу силни и
вклучуваат вознемиреност, недоволно спиење и промени во апетитот. Колку долго
ќе траат симптомите е различно и тие може да траат од неколку недели до
неколку години. Лицата кои боледуваат од овој вид на депресија, често треба да
се лекуваат, за да им се помогне да најдат начин за да се соочат со случката и да
ги контролираат симптомите и своите постапки.

-Постнатална депресија -> Таканаречените ,,baby blues’’ влијаат на скоро


половина од сите нови мајки. Тие се чувствуваат малку депресивни, вознемирени,
напнати или болни и може да имаат проблеми со спиењето иако поголем дел од
времето се уморни. Овој вид на депресија може да трае само неколку часа или
дена и потоа да исчезне. Меѓутоа, кај околу 10% од мајките ова чувство на тага се
развива во сериозно растројство, односно во вистинска постнатална депресија.
На мајките кои боледуваат од оваа болест им станува се потешко да се соочуваат
со барањата во секојдневниот живот. Тие може да чувствуваат вознемиреност,
страв, малодушност, тага и преголем умор. Некои мајки може да имаат напади на
паника или да бидат напнати и нервозни. Може да дојде до појава на промени во
апетитот и спиењето. Сериозна, меѓутоа ретка форма на постнатална депресија е
постнаталната психоза. Жената не може да се соочува со секојдневниот живот и
може да биде растроена во начинот на кој размислува и се однесува. Неопходно е
и за мајката и за детето, постнаталната депресија да се лекува. За тоа постојат
многу ефикасни терапии.

-Мешано анксиозно-депресивно растројство -> Симптомите на


депресијата и анксиозноста честопати се преклопуваат. Понекогаш не можезе да
ги издвоиме симптомите на депресијата и тие на анксиозноста како доминантни,
па тогаш говориме за мешано анксиозно-депресивно растројство. Анксиозните
растројства можат да постојат паралелно со депресијата и тогаш станува збор за
коморбидитет на депресијата и анксиозноста. Симптомите на анксиозноста
типично им претходат на депресивните симптои. Иако во поглед на

10
дијагностицирањето постои дистинкција меѓу овие две нарушувања, сепак во
поглед на психофармакотерапијата изборот на лекови и при депресивните и при
анксиозните растројства паѓа на групата на лекови наречени антидепресиви. [9]

Причини за депресија

1. Настани во животот -> Настаните во животот кои може да предизвикаат


депресивно расположение вклучуваат породување, менопауза, финансиски
тешкотии, проблеми на работно место, загуба на некој близок и сл.
Трауматизирачките настани кои се случиле во детството можат да
предизвикаат депресија. Иако траума од детството и особено детска
сексуална злоупотреба не секогаш се фактор за депресија, може да
создадат психолошки патишта кои можат да доведат до депресија.

2. Медицински третмани -> Одредени лекови се познати по предизвикувањето


на депресивно расположение кај значителен број пациенти.

3. Непсихијатриски болести -> Депресивното расположение може да биде


резултат на голем број заразни болести, невролошки болести и
физиолошки проблеми вклучувајќи ги хипоандрогената Адисонова болест,
Лајмска болест, мултиплекс склероза, хронична болка, дијабетес, рак, ноќна
апнеа и сл.

4. Психијатриски синдроми -> Голем број од психијатриските синдроми се


одликуваат со депресивно расположение како главен симптом.
Нарушувањата на расположението се група на нарушувања кои се сметаат
за основни пореметувања на расположението. Тие го вклучуваат
најголемото депресивно нарушување, каде едно лице е во депресивно
расположение најмалку две недели со губење на интерес за сите
активности; дистимија, состојба на хронично депресивно расположение и
сл.

5. Употреба на дроги -> Долгата употреба на дроги може да предизвика


сериозна депресија.[10]10

9]9
Сеопфатен учебник по Психијатрија на Каплан и Садок, Том 1, Табернакул, 2012
11
Симптоматологија на депресијата
- Потешкотии во концентрација, помнење и донесување одлуки;
- Премор и намалено ниво на енергија;
- Чувство на вина, безвредност, беспомошност;
- Чувство на безнадежност, песимизам;
- Несоница или претерано спиење;
- Иритабилност и неспокој;
- Загубен интерес за активности кои претходно носеле задоволство;
- Чувство како да нема причина за живот;
- Прејадување или целосно губење на апетитот;
- Хронични болки, главоболки, грчеви;
- Дигестивни проблеми;
- Постојана тага, вознемиреност;
- Чувство на празнина;
- Мисли за самоубиство, обид за самоубиство.[11]11

Лекување на депресијата
Честопати депресијата не може да се препознае и не се лекува. За
различни видови на депресија потребни се различни видови на лекување. Тоа
мора да вклучува работи како што се физичко вежбање за спречување и
лекување на депресија во блага форма, до психолошко лекување и лекување со
лекови за посериозни видови на депресија.
Видови на психолошко лекување -> Психолошките терапии ги лекуваат
проблемите кои посебно влијаат на луѓе со депресија, на пример, промена на
негативен начин на размислување или решавање на проблеми при односи со
други луѓе. Терапијата на ментално однесување помага да се поправи
негативниот начин на размислување. Когнитивната бихејвиорална терапија е
структуирана програма според која се препознава дека начинот на кој луѓето
размислуваат влијае на тоа како тие се чувствуваат. Терапија на меѓучовечки
10]10
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BF
%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0_(%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BB
%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5)
11]11
http://psihoterapevt.mk/%D0%B4%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-
%D0%B8-%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82/
12
односи е структуирана програма која посебно се фокусира на подобрувањето на
односите со други луѓе. Психолошките терапии може да помогнат за: да се
изменат негативните мисли и чувства, да го поттикнат лицето да се инволвира со
активности, да го забрзат опоравувањето, да спречат повторна појава на
депресијата. Од лекови се користат антидепресиви. [12]12

ЗАКЛУЧОК

Она што ни предизвикува страв, го доживуваме како опасност или се


чувствуваме нрвозни, несигурни и загрижени околу очекувањето дека нешто ќе
тргне наопаку со еден збор може да се нарече анксиозност.
Секој од нас во одреден момент од животот се чувствува анксиозно. Тоа може да
се случи поради чувство дека немаме контрола над ситуацијата, кога мора да
донесеме важна одлука, да направиме големи промени во нашиот живот, мора да
се претставиме себе си на поинаков начин или кога сме доживеале некое
трауматско искуство. Личноста која страда од анксиозност има постојано
предчувство дека нешто лошо ќе се случи. Анксиозноста создава силна
вознемиреност која обично не може да се контролира со вообичаените обиди за
смирување.
Во случај кога анксиозноста станува многу силна и сериозна, може да доведе до
панични напади кои се карактеризираат со силен и изненаден страв, срцеви
палпитации, потење, вртоглавици, ужасен страв и сл.
Чувството на тага е нормална реакција на некоја загуба или предизвикана
душевна болка. Меѓутоа, кога тагата ја преплавува личноста и опстојува многу
долг период, може да го доведе животот во целосен застој и дисфункционалност.
Борбата со симптомите на депресиа може да ја исцеди животната енергија и да
направи личноста да се чувствува тажна, безнадежна и сама. Секој од нас во
даден момент од животот почувствувал потешкотии.
Многу од нас се почувствувале заглавени, депресивни и анксиозни. Понекогаш
болката со која се соочуваме е премногу голема за да може да се справиме со
неа. Сепак, кога чувствата на интензивна тага, безнадежност и безвредност траат
со месеци, многу е веројатно дека се соочуваме со повеќе од обична тага. [13]13

12]12
https://das.bluestaronline.com.au/api/BEYONDBLUE/document?token=BL/0531
13]13
http://psihoterapevt.mk/%D0%B4%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-
%D0%B8-%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82/
13
СОДРЖИНА

ВОВЕД.......................................................................................................................................................2
Анксиозни растројства...........................................................................................................................3
Споредба меѓу стравот и анксиозноста.............................................................................................4
Симптоматологија на анксиозност......................................................................................................5
Дијагноза и терапија...............................................................................................................................7
Лекување..................................................................................................................................................7
Штетни последици од Анксиозноста........................................................................................................8
Депресивно расположение...................................................................................................................9
Депресивни растројства........................................................................................................................9
Причини за депресија..........................................................................................................................11
Симптоматологија на депресијата....................................................................................................12
Лекување на депресијата....................................................................................................................12
ЗАКЛУЧОК..............................................................................................................................................13

14
Користена литература

 Георги Чадловски – Психијатрија, Том 2, Просветно дело АД, Скопје, 2004

 Сеопфатен учебник по Психијатрија на Каплан и Садок, Том 1, Табернакул,


2012

 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%BA%D1%81%D0%B8%D0%BE
%D0%B7%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82

 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BF
%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0_(%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF
%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5)

 https://www.krenizdravo.rtl.hr/zdravlje/mentalno_zdravlje/anksioznost-simptomi-lijecenje-po-
cemu-je-prepoznati-i-kako-je-lijeciti

 http://www.remedika.com.mk/anksioznosta-treba-da-se-tretira-navreme/

 https://puls24.mk/anksioznost-6-stetni-posledici-od-ovaa-sostojba/

 http://psihoterapevt.mk/%D0%B4%D0%B5%D0%BF
%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D0%B0%D0%BD%D0%BA
%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82/

 https://das.bluestaronline.com.au/api/BEYONDBLUE/document?token=BL/0531

15

You might also like