You are on page 1of 25

ЕМОЦИИ

ТЕАТАРОТ Е ЕДЕН ВИД ПСИХОЛОШКА ЛАБАРАТОРИЈА ВО КОЈА СЕ


ОЖИВУВААТ ВИСТИНСКИТЕ ПРИНЦИПИ ОД ИНТЕРПЕРСОНАЛНИТЕ
ОДНОСИ НА РЕАЛНИОТ ЖИВОТ. И ТУКА, КАКО И ВО ЖИВОТОТ,
ДОМИНИРААТ ЕМОЦИИТЕ.
ПОИМ ЗА ЕМОЦИИ
Емоциите се психички процеси кои го одразуваат
индивидуалниот однос на поединецот кон
предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот
однос кон самиот себе си, кон сопствените постапки и
доживувања.
Емоциите се збир на комплексни случувања во
човековиот организам, кои ги опфаќаат
емоционалното доживување, емоционалното
однесување и сложените физиолошки реакции на
организмот.

Емоциите се интимни, субјективни и несвесни –


т.е. тешки за теориски определби и
дефинирање.
РАЗВОЈ НА ЕМОЦИИТЕ И ФАКТОРИ ОД КОИ
ЗАВИСИ РАЗВОЈОТ

Развојот на емоциите зависи од влијанието на трите основни


фактори:
наследство
созревање
социјализација

Ако се следи развојот на емоциите низ животните циклуси,


се забележува дека секој период од животната возраст се
карактеризира со одредни особености во однос на
емоционалниот живот.
Развој на емоции
НОВОРОДЕНО – емоционалната состојба се следи преку
експресијата на мимичната мускулатура и вокализациите.
 Од раѓање до трет месец – пријатност и непријатност
 Шести месец – гнев, одвартност и страв
 Осми месец – сепарациона анксиозност
 Десети месец – гордост и љубов, љубомора и радост

ВТОРА ГОДИНА – Се јавуваат некои помешани емоции, можни се


одредени кризи. До крај на втора година детето почнува да чувствува:
 Помешана засраменост, завист, гордост и кривица
Развој на емоции
ПРЕТШКОЛСКА ВОЗРАСТ– период кога детето почнува
да ги сваќа односите меѓу природата на емоциите и
однесувањето. Доминира Едипов комплекс.
Минувањата низ овој период носат позитивни афекти,
стравувања и лутење.
ШКОЛСКА ВОЗРАСТ– Детето веќе ги доживува емоциите на возрасните – искусува тага,
депримираност и инхибираност од социјалните и културните норми според кои треба да се
однесува.

АДОЛЕСЦЕНЦИЈА – Емоциите добиваат на интензитет, па затоа тоа е период на можни кризи,


афективни растројства и анксиозност.
ЕМОЦИИ И ЧУВСТВА
Помите емоции и чувства најчесто се
употребуваат како синоними, но
сепак се прави разлика меѓу нив.
Емоциите се потесно поврзани со
биолошкото во човекот, а
чувствата со неговата социјална
природа, самото нивно заедничко
постоење укажува на единството
на биолошката и социјалната
природа на човекот.
ПРИМАРНИ ЕМОЦИИ

СТРАВ
РАДОСТ
ГНЕВ
ТАГА

ЕМОЦИИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА СЕТИЛНА ДРАЗБА

БОЛКА
ОДВРАТНОСТ
НЕЗАДОВОЛСТВО
ЗАДОВОЛСТВО
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЕМОЦИИ СПОРЕД НАСОЧЕНОСТ
Емоции кои се однесуваат на самооцена:
 ЧУВСТВО НА УСПЕХ И НЕУСПЕХ
 ГОРДОСТ И СРАМ
 ВИНА И КАЕЊЕ
 ЧУВСТВО НА САМОСВЕСТ

Емоции кои се однесуваат на други луѓе

ЉУБОВ
ЉУБОМОРА

ЗАВИСТ ОМРАЗА
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЕМОЦИИ ПО ИНТЕНЗИТЕТ
 Афекти – се краткотрајни интензивни емоционални состојби кои се
јавуваат наеднаш, имаат бурен тек и ги следат силни
телесни/физиолошки промени. Примери на афект се: бес, паничен
страв, интензивна омраза, но и претерана радост.
 Расположенија – се чувства кои спротивно на афектот имаат послаб
интензитет, но подолго траење. Тие им даваат емоционален тон на
сите наши доживувања. Расположението често го предизвикува некој
настан кој предизвикал пријатност или непријатност, кој со ослабен
интензитет долго трае
 Страсти – се чувства кои ја одразуваат емоционалната врзаност на
едно лице кон друго лице, појава или предмет. Нивните основни
карактеристики се: силен интензитет и долго траење со што се
разликуваат од претходните емоции. Пр. Страст кон наука, уметност,
алкохол
 Сентименти – претставуваат стекната и сложена диспозиција на
емоционално реагирање во врска со некое лице или некој предмет (на
пример, љубов, патриотизам) .
ПРИМАРНИ ЕМОЦИИ
СТРАВ

Стравот се јавува како реакција на ситуацијата, која се


оценува како опасна. Човекот чувствува напнатост,
беспомошност, но и бегство од ситуацијата која го
загрозува. Извор на страв се и ситуациите кои се нејасни и
потенцијално опасни (лифт, шума). Во состојба на страв
доаѓа до забрзано дишење, зголемен крвен притисок,
пречки во говорот, ширење на зениците итн. Тој е важен
мотив во однесувањето на луѓето.
ГНЕВ
Гневот и други на него слични емоции
настануваат како реакција на
спречувањето на задоволување на некоја
важна човекова потреба. Расположението
се движи од лутина до безумен гнев.
Чувството на гнев зависи и од тоа како
човекот ја доживува пречката и од
неговиот темперамент. Гневот и бесот се
манифестираат импулсивно, а
однесувањето е агресивно.
РАДОСТ

Радоста се јавува во
ситуации кога сме
задоволни, кога сме ја
постигнале поставената
цел. Радоста е поголема
колку целта е поважна.
ТАГА

Се јавува како реакција на губење на


нешто што ни било многу значајно
или што многу сме го сакале.
Тагата е секогаш непријатна емоција
и се јавуа со раличен интензитет –
од благо нерасположение, до
длабока и долготрајна депресија.
Оваа емоција се јавува подоцна од
другите примарни емоции.
ИЗРАЗУВАЊЕ НА ЕМОЦИИ И ВИДОВИ НА
ЕМОЦИОНАЛЕН ИЗРАЗ

Емоциите кај човекот надворешно се


манифестираат на повеќе начини:

 во изразот на лицето (мимики);


 движењата на телото; и
 промените во гласот.
РАСТРОЈСТВА НА
ЕМОЦИИ

НЕ МОЖЕШ ДА ГИ СОПРЕШ БРАНОВИТЕ, НО МОЖЕШ ДА НАУЧИШ ДА


СУРФАШ.
Растројства на емоции
КВАНТИТАТИВНИ РАСТРОЈСТВА
КВАНТИТАТИВНИ РАСТРОЈСТВА
КВАНТИТАТИВНИ РАСТРОЈСТВА
КВАНТИТАТИВНИ РАСТРОЈСТВА
КВАНТИТАТИВНИ РАСТРОЈСТВА
КВАЛИТАТИВНИ РАСТРОЈСТВА НА ЕМОЦИИ
ЕМОЦИОНАЛНО ЗАПОСТАВУВАЊЕ И
ЗЛОУПОТРЕБА

ДЕТЕ КОЕ СО СВОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ ВЕ ОТФРЛА, Е ДЕТЕ НА КОЕ, ПРЕД


СЕ, МУ ТРЕБА ЉУБОВ И ПОВРЗУВАЊЕ.
ЕМОЦИОНАЛНО ЗАПОСТАВУВАЊЕ И ЗЛОУПОТРЕБА

Емоционално запоставување е континуирано неуспевање на


луѓето да обезбедат адекватна поддршка, внимание и
приврзаност.

Емоционална злоупотреба е хроничен образец на


однесување како:
 Потценување
 Навредување
 Исмејување
ЕМОЦИОНАЛНО ЗАПОСТАВУВАЊЕ И ЗЛОУПОТРЕБА
Емоционалната злоупотреба го нарушува емоционалниот развој кај
човекот и неговото чувство за сопствена вредност.

You might also like