You are on page 1of 3

ТЕХНИКИ НА ВОСПОСТАВУВАЊЕ КОНТРОЛА ВО УЧИЛНИЦАТА

КАКО ДА СЕ ЗАДРЖИ ВНИМАНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ?

Секој наставник сака да работи со ученици кои ‚‚се послушни‘‘, односно кои
внимаваат.Меѓутоа, што се случува кога учениците ќе ја изгубат концентрацијата,
или ќе бидат веќе зморени од наставата? Како да се продолжи?

1) НЕВЕРБАЛЕН СИГНАЛ
Ова најчесто може да биде звучен сигнал ( свирче) или пак музика за која
уениците и наставникто треба да се договорат и заедно да ја изберат. Кога
децата ќе ја слушнат таа музика, да знаат дека треба да се смират.Или, кога ќе
го слушнат свирчето на анставникот исто така треба да постапат.
Исто така, наставникот може своето столче да го премести на другата страна
на училницата, што ќе значи дека кога секогаш тоа ќе го направи, учениците ќе
треба да се смират.

2) ТЕХНИКА „ПРИДРУЖЕТЕ МИ СЕ‘‘


Наставникот почнува да аплаудира со рацете, првин потивко, па с`е посилно и им
вика на учениците да му се придружат во ракоплескањето. Сите заедно
ракоплескаат, неколку скунди, а потоа се стишуваат. Оваа техника ги „разбудува‘‘
учениците.

3)ТЕХНИКА ЗАСПАНИ ЛАВОВИ


Оваа техника е посебно погодна за помалите деца ( прво, второ одд.).
Кога наставникот ќе воочи дека децата веќе го изгубиле внимението, треба да ги
праша дали сакаат да играат една игра која се вика Заспани животни, на пример,
можат да имитираат заспани лавови. Наставникот бара од децата да легнат со
глава на клупата, да ги стават рацете под главата и да се преправаат дека спијат
цврсто како лавови. Секако дека оваа техника ќе им биде многу поинтересна,
отколку постојано да ги опоменуваме и да викаме дека треба да престанат да
зборуваат и дека треба да се смират.
3) ТЕХНИКА ДА БИДАТ НАСТАВНИЦИ
Оваа техника подразбира наставникот да повика некој ученик да биде наставник
наместо него, анастваникот да седне на неговото место. Наставникот може да му
даде слобода на ученикот да ги смири учениците. Ова ќе ги заинтересира како
нивното другарче ќе се снајде во улога на настваник
4) ТЕХНИКА КАЖИ ШТО ТИ ПРЕЧИ
Оваа техника претпоствува д анправиме 4-5 ливчиеа и на секое ливче да
напишеме по некоја порака од типот. Кога ќе прочиташ, почни да зборуваш,
ил почни да пееш, или почни да се шеташ низ училница, или почни да се
вртш назад и д аму зборуваш на другарчето...
Поделете ги ливчињата на неколку деца . Секое дете треба да се однесува
според прочитаното. За тоа врме вие предавајте лекција, односно мирно
објаснувајте им нешто. Се разбира дека ќе настане голема мешаница во
училницата, бидејќи некој ќе зборува на глас, друг ќе пее, трет ќе се шета
низ училницата, четврт ќе се врти назад и ќе зборува со друграчето позади.
Сетоа тоа ќе им пречи на учениците. За момент прекинете го часот и кажете
им сега секој од нив да напише што најмногу му пречи за да ја следи
непречено наставата. Учениците ќе ги напишат сите тие работи кои
претходно можеби и смаите ги правеле. На тој начин ќе сфатат дека треба
да бидат концентрирани, а некогаш и смаите ќе се опоменуваат дека не
треба нешто да прават.

5) ТЕХНИКА ЛЕСНА ФИСКУЛТУРА


Во оваа техника може да се употреби познатата игра „Ден-ноќ‘‘, односно
клекни-стани, или лесно истегнување, вртење со глава, „берење јаболка ‘‘, и
др. лесни физички вежби кои ќе ги расположат децата и ќе го повратат нивното
внимание.

6) ТЕХНИКА НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДУХ


Кога учениците ќе ја изгубат концентрацијата на одреден час, наставникот е тој
кој што треба да смисли техника со која би можела да им го задржи
вниманието. Техниката натпреварувачки дух може да се примени кога
наставникот ќе увиди дека учениците се изморени и полу заспани. Тој на
таблата исцртува шара со 9 полиња. Учениците ги дели на неколку групи.
Наставникот во едно поле црта знак Х, а една група се договара во кое поле да
стави знак О. Кој прв ќе пополни три полиња редоследно со еден ист знак е
победник. Првиот пат секоја група игра против наставникот, а понатаму на
другите часови кога ќе изгубат концентрација играат една група против друга.
Резултатот може да остане изедначен и учениците да продолжат со играта на
одморот.
Изработила: Теодора Стојоска 11517

You might also like