You are on page 1of 7

ТЕМА: РЕСТИТУЦИЈА

Внимателно прочитајте ги двата примера и воочете ги разликите.

Пример бр. 1
Во селското училиште имаше само еден шестар што го користеа сите
настваници кога им беше потребен и затоа многу внимателно се чуваше. Се
случи, на одморот, пред часот по математика во 6 одд. Шестарот да го скрши
Бојан. Сите беа во исчекување што ќе се случи кога ќе дојде наставникот, бидејќи
знаеја дека тоа е единствениот шестар.
Дојде наставникот по математика и кога го забележа скршениот шестар почна да
вика, да се кара, да прашува кој го направил тоа. Бојан сам се јави . Трепереше
од страв.Наставникот му рече да си оди дома и да дојде со родител за да се
плати штетата, и да му се изреше казна на Бојан.
Бојан со насолзени очи го напушти часот и со тешки чекори се упати дома да
повика еден родител. Дојде мајка му, бидејќи татко му беше на работа.
Наставникот почна да вика дека нејзиниот син е невоспитан, дека е неранимајко и
дека треба да ја платат штетата за да може училиштето да набави ново учебно
помагало ( шестар)... а за Бојан ќе следи соодветна казна-намалување на
поведението.

Пример 2:
Во селското училиште имаше само еден шестар што го користеа сите настваници
кога им беше потребен и затоа многу внимателно се чуваше. Се случи, на
одморот, пред часот по математика во 6 одд. Шестарот да го скрши Бојан. Сите
беа во исчекување што ќе се случи кога ќе дојде наставникот, бидејќи знаеја дека
тоа е единствениот шестар.
Дојде наставникот по математика. Го погледна шестарот, го погледна Бојан, кој
трепереше од страв. „Ништо Бојан, се случило‘‘ му рече. „Најди начин како да ја
поправиш грешката‘‘. Бојан,но и другите деца останаа вчудоневидени, како да не
може да поверуваат во зборовите на наставникот. Очекуваше казна, обвинување
и сл. Но, наместо тоа доби можност , шанса да ја поправи грешката. Си отиде
дома трчајќи, носејќи го шестарот во рака.
Сакаше што побрго да го поправи, а со тоа и да си ја поправи грешката. Му
помогна татко му. Лепеа заедно, составуваа делови и на крај го поправија.
На задоволството на Бојан му немаше крај. Во понеделникот горд отиде во
училиштето носејќи го шестароткој повторно беше во употреба.

Задачи:
1.Внимателно прочитајте ги и направете анализа на двата примери. Иста случка,
различно однесување од страна на наставникот. Како влиаје првиот, а како влиаје
вториот начин на однесување кај учениците?Во вториот случај наставникот
применил СТРАТЕГИЈА ШТО СЕ ВИКА РЕСТИТУЦИЈА ( на латински RESTITUTIO
што значи надомест, надокнада на нешто). Од типологијата на анставници ( кои
ви ги предавав на час: казнувач, обвинувач, набљудувач, пријател и водител),
водителот се служи со зборовите „сите грешат, најди начин д аја поправиш
грешката‘‘.
Прочитајте ја темата за реституција од учебникот на стр. 109 -119 и
внимателно проучете ги примерите : Скинато копче и Снежни топки.

Реституцијата ги има следниве КАРАКТЕРИСТИКИ:


1) Треба да се вложи труд да се поправи грешката, што значи дека
реституцијата не значи извинување ( во случајот Бојан го поправил
скршениот шестар, лепејќи го заедно со татко му)
2) ) грешката се поправа во полето каде е направена
3) 3) нема обвинување на сторителот нагрешката, нема навреда, критика и
обвинување
4) Мала е веројатноста дека грешката ќе се повтори.
5) Кај возрасните ( родители, наставници, кои с ејавуваат во улога на планери
или помагатели) нема нерасположение.
6) Се зајакнува личноста која погрешила.

2) Напишете сопствен пример каде ќе применте реституција и притоа


изведете ги нејзините карактеристики погоре објаснети.
3) Напишете краток есеј од 1-2 стр. По што се разликува реситуцијата од
казната.
4) за тие што го имаат учебникот одговорете ги тематските вежби на стр. 128,
129, 130, 131132, и 133.
1.Анализа на двата примери:
Двата примери се исти со различна примена на техника за решавање на настанатиот
проблем, едниот со помош на реституција, а другиот со казна. Не можам да кажам со
помош на казна, затоа што казната не може да биде решение на настанатиот проблем, т.е.
на направената грешка од страна на Бојан. Нема што многу да се размислува во однос кој
начин е подобар, се разбира дека тоа е примената на реституцијата.

Можам да се задржам на Бојан. Како тој се чувствува во првиот, а како во вториот случај?
Никој не би сакал да биде на местото на Бојан како во првиот пример, никој од нас не би
сакал да биде искаран пред целото одделение, наставникот да му вика и уште да биде
полошо наставникот да се развика на родителот, да го навреди неговото дете, а со тоа и
самиот родител.

Во никој случај не можеме да го применуваме првиот пример, тоа не е добро ни за Бојан,


ни за неговите другарчиња, ниту за родителите, но исто така не е добро ниту за
наставникот.

Во секоја настаната грешка, треба да најдеме решение со помош на современата техника


реституција, како случајот во вториот пример, со што сите би биле задоволни, а ученикот
кој ја направил грешката нема да се чувствува навреден, во овој случај Бојан.
2.Напишете сопствен пример каде ќе примените реституција и притоа
изведете ги нејзините карактеристики погоре објаснети.

Кога завршил часот по физичко и учениците тргнале да одат во училницата, Михаил ја


шутнал топката толку силно што ја погодил корпата за отпадоци пред училиштето. Но,
корпата се скршила, а ѓубрето било расфрлено наоколу. Михаил засрамен од тоа што го
направил и штетата што ја причинил, се вратил плачејќи во училницата. Наставникот
видел што се случи и кога видел дека Михаил плачејќи се враќа во училницата, најпрво го
прашал што му е, а потоа му рекол: - Немој да се секираш, секому може тоа да му се
случи, оваа грешка не беше намерна. За секоја грешка постои можност да се поправи.
Михаил останал зачуден бидејќи наставнкот не му викал, туку му рекол да ја поправи
својата грешка. Михаил му рекол на наствникот дека ќе ги собере расфрлените отпадоци,
ќе ја зеде корпата дома и ќе ја донесе наредниот ден. Кога си отидол дома, заедно со
неговиот поголем брат успеале да ја залепат корпата каде што била скршена и утредента
Михаил ја вратил во училиштето поправена.

Карактеристики на реституцијата во примерот:

1) Во случајот, задоволувачка надокнада на оштетениот (соберени се отпадоците и


залепена е корпата)
2) Михаил, кој ја направил грешката вложил труд истата да ја поправи
3) МАла е веројатноста дека грешката ќе се повтори (Михаил нема повеќе да шутира
со топката после часот)
4) Се зајакнува личноста која погрепила (во овој случај Михаил)
5) Отсуствува критика, навреда и обвинувања
6) Нема чувство на нерасположение (кај наставникот)
3.Напишете краток есеј од 1-2 стр. По што се разликува реституцијата од
казната.

Секојдневно во животот се среќаваме со ситуации во кои детето ќе погреши, било тоа да е


во училиште или дома. Секојдневно децата можат да направат грешки, но, се разбира дека
грешките можат да му се случат секому. Затоа е потребно внимателно да постапуваме со
децата кога тие ќе направат грешка, да бидеме многу претпазливи кога грешката ќе се
случи, да знаеме да реагираме во однос на ситуацијата и да најдеме начин и решение како
полесно детето да ја поправи грешката. Честопати може да се случи да избрзаме во
нашите одлуки за решение на грешката која е направена од страна на ученикот/детето. Но,
да се обидеме во сите ситуации да постапиме најправедно. Постојат два начини како би
можеле да реагираме кога грешката ќе биде направена: да одредиме казна на детето или
пак да ја примениме современата воспитна техника реституција.

Реституцијата претставува современа воспитна техника, таа е една од најдобрите техники


за решавање на тешкотиите и проблемите со кои се соочуваат наставниците.
Реституцијата претставува поправка, надомест, обновување.. Сите овие зборови ни
покажуваат дека реституцијата е решение за направениот проблем, поправање на
грешката. Па, според ова зошто да ги казнуваме учениците кога можеме да најдеме
подобро решение за настаната ситуација.

Што би можела да кажам за казната? Секако дека има многу што да се каже, но дали има
нешто позитивно да се извлече од дадената и добиена казна? Дали можеме да најдеме
нешто со што би рекле дека казната е подобро решение од реституцијата? Се разбира дека
не. Казната всушност претставува избрзано, неприлагодено решение за даден проблем или
грешка. Викањето, карањето кои се одраз на казната се само еден неубав начин за
воспоставување контакт со учениците при даден проблем за настаната грешка.

Реституцијата како техника има свои карактеристики, со кои можеме да направиме една
паралела помеѓу реституција и казна:

- Оштетениот добива соодветна компензација(надомест) од страна на оној којшто ја


причинил или направил грешката – со ова карактеристика можеме да видиме дека
што и да се случи, каква грешка и да се направи, оштетениот секако добива
надомест за она што би го изгубил при реализирање на грешката. А доколку
примениме казна, оштетениот не добива никаков надомест од страна на оној
којшто ја причинил или предизвикал грешката.
- Потребно е да се вложи труд и време да се поправи грешката од страна на оној кој
ја направил – би можеле да видиме дека оној кој ја направил грешката ќе најде
време и ќе се потруди повеќе за да успее да ја надомести направената грешка. А
што би било ако примениме казна? Ништо! Апсолутно ништо! Затоа што оној кој ја
направил казната нема да се потруди да ја поправи грешката.
- Мала е веројатноста грешката да се поправи – да, затоа што кога ќе се потруди да ја
поправи грешката и да го надомести направеното, ќе сфати дека всушност тоа што
го направил не било добро. За разлика во примена на казна – само се издржува
казната и голема е веројатноста дека ќе се повтори, затоа што не го знае
задоволството што се добива по поправената грешка
- Грешката се поправа во полето каде што е направена – сторителот ќе ја поправи
грешката таму кај што ја направил, на оној кому му ја предизвикал, додека казната
може да се изврши и на друго место
- Ја зајакнува личноста, а не навредува и понижува – детето кога ќе се обиде да ја
поправи направената грешка и кога ќе го направи тоа и ќе разбере дека тоа е
доброто, а не грешката, се мотивира за понатаму да не ја прави истата грешка.
- Нема критикување, обвинување и лутина – за разлика во примена на казната тоа се
всушност главните одлики
- Нема чувство на нерасположение – после поправената грешка се јавува само
чувство на расположение и задоволство,
- Се подобрува комуникацијата – помеѓу сторителот и оштетениот, а при примена на
казна може да се прекине целосно комуникацијата.

You might also like