You are on page 1of 8

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ во Скопје


Факултет за ликовни уметности

Семинарски труд

по предметната програма
методика по ликовно образование
[курс: 7]

Анализа на детски цртежи

изработил:
Ислами Ерзана
педагошки оддел
инд. бр. 1630
предметен наставник:
Фехим Хусковиќ

Скопје

декември 2019
АНАЛИЗА НА ДЕТСКИ ЦРТЕЖИ
Децата нејчесто не се во можност да го изразат тоа што го чувствуваат со
зборови. Цртањето е најдобар начин да се дознае што мислат и доживуваат.
Цртежот е слободен и спонтан начин на изразување. Истовремено тој им помага
да се развијат, созреат и да го осознаат светот околу нив. Детските цртежи често ги
користат педагозите и психолозите како начин на воочување и осознавање на
одреден проблем со кој тоа се соочува, неговите стравови, допаѓања и надевања.
Детските уметнички дела овозможуваат подобро запознавање на нивната
психофизичка зрелост, емоционална состојба, менталниот капацитет и односот
спрема околината.

Не постои куќа со мали деца во која родителите со гордост да не ги истакнуваат


цртежите на своите деца. Тие цртежи не се само смешни, непропорционални
фигури, тие се обид за комуникација на детето. Кога децата цртаат тие внимателно
си ги одбираат боите кои ќе ги користат, големината на објектите кои ги цртаат и
сл. Сето тоа може вас како родител да ви даде повеќе информација за вашето дете.
Потребно е само да знаете како да ги анализирате цртежите, а ние ќе ви дадеме
неколку совети како да го направите тоа.

Цртањето децата го доживауваат како задоволство и релаксација. Речиси да


нема дете кое несака да црта. Детето не го црта она што не го сака. Дури и ако црта
убаво, непријатните нешта нема да ги нацрта, образложувајќи дека не знае како да
ги нацрта.

Кога имаат избор, децата внимателно си ги избираат алатките за да направат


уникатна уметничка слика. Тој избор е резултат на нивното расположение и
индивидуалност.

1. Избор на хартија. Изборот на големината на хартијата за сликање е добар


индикатор за тоа каква позиција сака детето да заземи во реалниот живот.
Колку е поголема хартијата за цртање која ќе ја избере детето, толку повеќе
тоа сака да се истакнува во животот. Ако детето избира мала хартија за да ги
отслика своите мисли и чувства, тоа значи дека има добра концентрација.
2. Избор на молив или боици. Кога детето избира широки, тапи моливи
или боици за цртање, тоа значи дека е решително, а кога избира убаво
наострени моливи, тоа има потешкотии да се изрази и да застане зад своите
ставови.
Анализата на цртежите на детето треба да биде направена од
специјалист кога:

 Во боењето детето излегува многу надвор од линиите во кои е предвидено


да бои.
 Ако цртежите се премногу темни.
 Ако цртежите се премногу мали и се концентрирани во мал простор.
 Ако еден ист цртеж детето повторува да го црта во текот на подолг период
(еден месец).
 Ако одредени делови од фигурите секогаш недостигаат.

Што значат боите на цртежите?


- Црна и виолетова користат децата кои сакаат да преземаат иницијатива и кои
се сигурни во себе, но често пати имаат нереални желби.
- Сина боја сакаат дечињата кои се грижливи и уживаат кога се во друштво.
- Црвената боја посебно ја користат децата кои се љубопитни и не сакаат да
пропуштат ништо важно.
- Розовата искажува потреба за љубов и почит.
- Зелената е симбол на децата кои сакаат да бидат поинакви, кои си ја сакаат
личната слобода, кои се уметнички души и многу интелигентни.
- Жолтата ја одразува интелигенцијата и веселата, топла природа на детето.

Како е позициониран цртежот на хартијата?


- Ако цртежот е на левата страна, детето е приврзано за мајката и минатото.
- Ако цртежот е на десната страна, детето е поблиско со таткото и чувствува
потреба да комуницира и да се интересира за иднината.
- Детето кое крупно ги црта предметите и ги позиционира на средината на
хартијата е сигурно во себе и цврсто стои на земја.
- Детето кое црта ситни работи по страните и аглите на листот изразува
несигурност и неспособност да се носи со проблемите.
Карактеристични цртежи кои веднаш го откриваат детето
Импулсивно дете: Големи луѓе, без врат и асиметрија на екстремитетите.
Загрижено дете: Облаци, дожд, птици кои летаат, луѓе без очи.
Срамежливо дете: Мали луѓе, без нос или уста и раце припиени за телото.
Луто дете: Големи дланки и заби, долги раце, вкрстени очи.
Несигурно дете: Чудовишта, мали глави, без раце, косо нацртани.

Детски цртеж на кој е нацртана куќа, го преставува неговото семејство. Доколку


нацртаната куќа ги има сите елементи (кров, прозор, врата) детето во семејството
се чувствува безбедно и заштитено. Куќата го преставува и односот на детето со
мајката, а таткото најчесто е преставен преку цртање на сонце. Доколу сонцето е
мало или скриено зад облаци, на детето најверојатно му недостига време
поминато со неговиот татко. Детето своето семејство го црта на тој начин што
најпрво ја црта најважната личност за него, одосно личноста со која поминува
најмногу време и ја чувствува најблиска,на левата страна од цртежот. Доколку
изсостави некој член од семејството, тоа не значи дека тој член не го сака, туку
дека најверојатно или му е луто или е љубоморно. Засилувањето на некои делови
на телото може да значи проблеми во комуникацијата со таа личност. Доколку пак
се нацрта себе си но без одреден дел од телото веројатно сака да се заштити од
нешто. Важно е како детето ги црта стапалата, нозете и обувките на нозете.
Нивното изоставување може да значи недоволна доверба во личностите кои ги
црта, или одредено чувство на несигурност поврано со нив. Премногу сенчање на
цртежот може да укаже на чувство на анксиозност.
сл.1

Цртеж направено од страна на 4 годишно дете. Според првата гледна точка


имаме еден весел цртеж. Детето го прикажал своето семејтво на убав весел начин.

Прво ги имаме сите членови на семејтсвото, од каде гледаме кај сите имаме
насмеани лице што значи станува збор за среќна фамилија. Цртежот го имаме и
на лева и на десна страна, што значи детето е поврзано и со мајка и и со татко му
исто. Тој крупно ги цртал предметите и ги позиционирал на средината на
хартијата што значи е сигурно во себе и цврсто стои на земја. Исто така според тоа
што сликал големи луѓе, без врат и асиметрија на екстремитетите, покажува дека е
импулсивно дете. Нацртаната куќа ги има сите елементи (кров, прозор, врата)
детето во семејството се чувствува безбедно и заштитено, исто така и сонцето не е
пола или скриено што значи детето не му недостига време поминато со неговиот
татко.
сл.2

Еден неедноставен цртеж што не го гледаме често, нацртан од страна на 5


годишно дете. Цртежот е целосен негативен што значи нешто влијаел лошо на
психологијата на детето што го доведел до вакво изразување.
Како што рековме најлесен начин на изразување на децата е цртежот но тие не
го користуваат ова само за да творат и да се пофалат со тоа туку некои и
подлабоко, изразувајќи ги целосно чуствата во цртежот.
Претераната употреба на црвената боја искажува знак на вознемиреност и
агресија но исто и на љубопитност.
Црна и виолетова користел за да покаже дека сака да презема иницијатива и
дека е сигурен во себе, но често пати може да се и нереални желби, како што е на
цртежот. Во цртежот имаме една сцена на убисто која е премногу за психологијата
на едно 5 годишно дете, ни останува да мислиме дали нешто така има видено во
живо или е сведок на големо насилтво, или влијание од медиумите, но што и да е
во ова ситуација и наставникот и родителите треба да реагираат.
сл.3

Необичен цртеж кој не му припаѓа на нормално дете, често од анализите на


овие цртежи наставникот и педагогот можат да разбират дека нешто не е во ред и
што не е, и дека тоа не треба да се остави, треба да се консултира со родителот,
освен тоа треба да се гледа и на специалисти.
Проблемот на цртежот веќе не се боите, линиите, предметите, најголем
проблем е дека тие не се претставувани како што треба, правилно, туку во цртежот
прво гледаме скриено сонце, пол нацртан, на лева страна на горниот дел, што
значи на детето најверојатно му недостига време поминато со неговиот татко. Но
тоа што е необично е начинот на кој ги насликал виножитото и тоа под него што
не е толку јасно дали е куќа или нешто друго. Но тоа што е сигурно и се знае е дека
пропорционално не се во ред и дека со детето нешто не е во ред, најдобар избор е
разговарање со специалист за да се дознае каде стои проблемот.
Уметноста на децата разликува неколку фази:

1. Фаза чкртање – на возраст од една и пол година, детето открива дека гребење
или притискање може да остави трајни белези. Ова е почеток на цртежот.
Чкртањето е одредена функционална сцена која им служи во развојот на
моторните вештини – унапредување на диференцијација во движење, движење
подоцна во писмена форма, и цртање. Детето црта она со што се емотивно
поврзани.

2 На сцената се симболи – различните елементи се комбинираат, кои подоцна


добиваат име. Оваа фаза може да доведе до фиксација за одредени шеми -да се
создаде шаблони за одредени предмети.  Цртеж на глава со нозете меѓу првите
симболи покажуваат луѓе.

2. Наивен реализам – Детето не го црта она што го гледа, туку тоа што тој го знае.

3. Визуелен реализам – со визуелен или критичкиот реализам дете постигнува


нова форма на конструирање на цртежи. Тогаш се јавуваат слики кои се
планираат, предметите се во правилен сооднос еден на друг. Со околу единаесет
години развивање на чувство на перспектива, однос и мерка.

You might also like