You are on page 1of 7

Филозофски факултет-Скопје

Институт за психологија

Предмет: Социјална психологија 1

Приказ на статија
Stress, Affiliation, and Emotional Contagion Brooks B. Gump University of
Pittsburgh James A. Kulik University of California, San Diego

Изработил/ла:
Захарија Гелева бр. на индекс: 24610/18

Декември, 2020 година


Стрес, афилијација и емоционална зараза

Теоретската основа на истражувањето за страв и афилијација потекнува од


теоријата за социјална споредба на Фестингер. Шахтер го проширил поимот на
социјална споредба во домен на емоции, предлагајќи дека лицата кои се
соочуваат со некоја закана имаат зголемена потреба за дружење со другите,
особено кои се наоѓаат во исти ситуациски услови. Друг аспект кој се
разгледува во истражувањата се однесува на тоа како другите може да влијаат
врз емоционалните реакции поврзани со одредена ситуација. Цели на
истажувањата се прво да се тестира дали хипотезата за емоционална сличност
предвидува шеми на афилијација во заканувачка ситуација на лице в лице (face
to face). Да се детерминира дали опсервираните шеми на социјална зараза го
следат предвидувањето на социјална споредба, наспроти примитивната
социјална зараза. Конечно, да се разгледаат шеми на афективна размена кои се
појавуваат преку фацијалните експресии на испитаниците. Ова овозможува да
се разгледаат медијациските аспекти на афилијативно однесување.

Прво истражување
Метод: Испитаниците преку слушалки слушаат снимани инструкции кои се од
заканувачки или незаканувачки карактер. Тие веруваат дека учествуваат во ист
или различен експеримент со друг испитаник. Нивото на закана и ситуациската
сличност се манипулирани на меѓу-испитанички начин. Нивото на анксиозност
на учесниците е мерено и износот на време во кое испитаниците гледаат меѓу
себе, се смеат или се намуртуваат е забележано од видеоснимки во
експерименталната сесија.
Испитаници: Испитаници се 229 женски додипломски студенти кои
учествуваат во дијади. Дијадите се проверени за претходни меѓусебни средби,
се елиминираат и податоци од оние кои одбиле да учествуваат по високо-
заканувачката манипулација. Според тоа, конечниот прмерок се состои од 86
дијади и 83 испитаници кои учествуваат сами.
Постапка: Задачите во екпериментални услови се задаваат по случаен избор
пред да почне експериментот. По пристигнувањето на дијадите, испитаниците
седат на две близу поставени маси. Ова дава сигурност дека тие можат да ги
набљудуваат активностите едни на други. Испитаниците пред почетокот на

1
експериментот се замолени да потпишат формулар за дозвола во кој е опишан
експериментот. Образложено им е и правото за одбивање на учество и од нив
побарана е и дозвола за снимање.
Резултати и дискусија: Резултатите се покажуваат конзистенти со хипотезата
за емоционална сличност. Ситуација на физичка закана ја зголемува потребата
за афилијација лице в лице, особено со други за кои се верува дека се соочуваат
со истата ситуација. Пронајдена е и значајна поврзаност помеѓу фацијалните
експресии на испитаниците во дијадата. Има докази дека експресивната
мимикрија е поизразена кај испитаниците кои мислат дека се соочуваат со иста
ситуација, споредбено со условте на различна ситуација. Ова укажува на
конзистентност со предвидувањата за социјална споредба, дека сличните други
влијаат на нашите однесувања и чувства. Значајни се покажаа и доказите за
социјална зараза. Имено во истражувањето, во кое експериментално се
манипулираат заканата и ситуациската сличност, заразата не е одредена од ниту
еден од овие фактори. Резултатите ја подржуваат идејата за теоријата на
примитивна емоционална зараза, според која врз луѓето може да влијаат
расположенијата и емоциите на другите. Недостатокот на значајна умереност на
заканата или ситуациската сличност во истражувањето не може воспостави дека
овие фактори се небитни, и не може да ја оспори валидноста на перспективата
за социјална споредба.

Второ истражување
Во контраст со првото истражување, во ова истражување цел е да се
спроведат посилни тестирања за хипотезата на емоционална зараза при
директно контролирање на емоционалните реакции на здруженците на
испитаниците. Ова е постигнато со воведување на соработник здруженик во
дијадата, кој е посебно трениран да реагира на смирен или исплашен начин.
Зараза ќе се потврди според нивото на анксиозност на испитаникот во
присуство на вознемирен, наспроти смирен здруженик. Другата цел на
истражувањето е да се детерминира дали резултатите од првото истражување ќе
се повторат преку различна процедура.
Метод: Испитаниците веруваат дека учествуваат во ист или различен
експеримент со друг испитаник (соработник). Тие слушаат снимани инструкции
кои опишуваат заканувачка или незаканувачка задача. Додека испитаниците и

2
нивните здруженици во дијадата ја слушаат истата, или различна снимка, во
различни предодредени моменти соработникот се однесува на начин кој треба
да претстави смирена или вознемирена реакција. За да се одреди
афилијативното однесување, испитаникот и здруженикот се снимани со видео-
камера додека ги слушаат инструкциите. Исто така анскиозноста на
испитаниците се мери пред и по слушање на снимката.
Испитаници: Испитаниците вклучуваат 122 женски додипломски студенти по
психологија. Тие учествувале со сорабник здруженик, или сами. Превземени се
мерки за сигурност дека испитанците немале претходни средби со
соработницте. Не се вклучени податоците од оние кои одбиле да учествуваат по
заканата, или од технички проблеми при прибирање на податоците. Конечниот
примерок го сочинуваат 90 испитаници со здруженици во дијади и 24
испитаници кои учествуваат сами.
Постапка: Задачите во екперименталните услови се задавани по случаен избор
пред почетокот на експериментот. Испитаниците кои се поделени во услови на
слична ситуација, се замолени да чекаат пред лабораторијата додека не
пристигне другиот испитаник (соработник). По неговото пристигнување веднаш
тие се внесени во лабораторијата. Споредбено со ова, на испитаниците кои се
поделени во услови на различна ситуација им се поставува прашање, дали тие
пристигнале за истражувањето за валидација или истражувањето за атрибути
(лажно истражување). Потоа тие се замолени да чекаат во ходникот.
Соработникот кога пристигнува наведува дека присуствува во истажувањето за
атрибути, па заедно со испитаникот се внесени во лабораторијата. Оние
испитаници кои учествуваат сами, се веднаш внесени во лабораторијата по
пристигнување.
Резултати и дискусија: Добиените резултати покажуваат дека испитаниците
кои ја слушале ниско-заканувачката аудиоснимка, пријавиле понизок степен на
анксиозност, наспроти тие кои ја слушале високо-заканувачката снимка. Исто
така резултатите укажуваат дека смирените здруженици се перципирани како
помалку анксиозни, за разлика од оние кои делувале вознемирени. Оваа разлика
посебно е изразена во услови на различна ситуација. Во однос на
афилијативното однесување, резултатите покажуваат дека испитаниците кои
гледале во своите здруженици на почетокот од истражувањето, поминале
повеќе време гледајќи ги и за време на аудио-снимката. Задржувајќи се на тоа

3
што е предвидено од хипотезата за емоционална сличност, потребата за
афилијација е поизразена кај испитаниците во услови на висока закана со
здруженици кои се соочуваат со иста ситуација. Испитаниците кои изложуваат
повеќе позитивни изрази во почетокот на истражувањето, изложиле позитивни
изрази и за време на снимката. Според резултатите бихејвиоралната мимикрија
е поизразена во услови на висок ризик. Голем интерес има околу условите во
кои нивото на анксиозност на испитаниците варира во правец на прикажаните
емоции на здружениците. Откриено е дека испитаниците кои покажувале
повисока анксиозност на почетокот, биле повеќе анксиозни и по слушањето на
снимките, во присуство на здруженикот. Високо-заканувачката ситуација
произведува повисок степен на анксиозност кога испитаниците имаат
здруженик кој е вознемирен. Испитаниците кои се наоѓаат во високо-
заканувачка ситуација пројавуваат помал степен на анксиозност со здруженик
кој делува смирено. Како и во првото истражување, нема докази дека изразите
на испитаниците директно го посредуваат нивното ниво на анксиозност.

Општа дискусија
Афилијација и Хипотезата за емоционална сличност: Резултатите од двете
истражувања укажуваат дека афилијативното однесување, во однос на време
поминато гледајќи друго лице, се зголемува под закана. Ова особено важи
доколку веруваме дека тоа лице се соочува со истата ситуација. Треба да се
напомени дека овие истражувања покажуваат дека ефектот на закана за
афилијација е модериран од ситуациската сличност на здруженикот,
занемарувајќи ја неговата емоционална реакција. Афилијативното однесување
на едно лице се зголемува во функција на перцепцијата дека другиот се соочува
со истата ситуација. Оваа само по себе не значи дека здруженик со вакви
карактеристики поттикнува високи нивоа на афилијација. Сугерирано е и дека
резулатите од истражувањата може да се интерпретираат во однос на потребите
за когнитивна јасност за информации кои би ја намалиле несигурноста во однос
на опасноста или природата на ситуацијата.
Бихејвиорална Мимикрија: Двете истражувања пружат докази за
бихејвиорала мимикрија, особено истакната кај испитаници кои покажуваат
повеќе позитивни фацијални експресии кога здруженикот е трениран да се смее
почесто, наспроти да се мурти. Се аргументира дека внимавањето на

4
фацијалните експресии и расположенија на другите околу нас, во ситуации на
закана, е адаптивен процес, без разлика дали е иста или различна заканата. Од
истражувањата може да се заклучи дека заканата повеќе влијае на мимикријата,
наспроти сличноста на ситуацијата.
Емоционална Зараза: Според гледиштето на социјална споредба, заканата ја
зголемува тенденцијата емоциите на луѓето да се под влијание на емоциите на
другите, посебно тие кои се наоѓаат во иста ситуација. Ниту едно од овие
истражувања не води до докази дека ситуациската сличност е значајна. Се
претпоставува дека афилијацијата има варијабилен карактер, кога однесувањето
не е контролирано преку експеримент и варира во свој тек (природно). Во
второто истражување емоциите на здруженикот се јавуваат независно од тоа
што го правеле испитаниците, т.е. тие се неконтигентни. Исто така, не се
пронајдени значајни докази дека заразата се јавува преку механизми на
мимикрија. Теоријата на примитивна емоционална зараза предлага дека зараза
се појавува кога лицето го имитира однесувањето на другите преку аферентни
процеси. Таквото однесување може да влијае на расположението на лицето. Но
истражувањата не спроведуваат докази за поддршка на теоријата. Фацијалните
експресии се канал на невербална комуникација, затоа потребни се
дополнителни истражувања кои ќе ги земат предвид другите канали на
невербална комуникација.

You might also like