You are on page 1of 12

Универзитет Св.

Кирил и Методиј
Филозофски Факултет
Институт за психологија

Семинарска работа
по Вовед во психологија

Тема:
Агресивност и агресивно однесување.
Теории на агресивно однесување

Кандидат: Ментор:
Мартина Самболец проф. д-р. Елена Ачковска Лешковска

Скопје, декември,
2009

0
Содржина:

1. Вовед_______________________________________________________2.
2.Теории на агресивно однесување________________________________ 3.
3. Видови на агресивно однесување________________________________6.
4. Агресивноста како религиознa девијациja__________________________8.
5. Агресија како сексуална девијација_______________________________9.
6. Заклучок____________________________________________________10.
7. Користена литература_________________________________________11.

1
Вовед

Агресија е доста интересен феномен и сложена појава. Иако станува


збор за една од најважните особини на човековото однесување,
психологијата се до првата светска војна слабо се занимавала со
агресивноста. Како и другите дисциплини, така и психологијата била
неспремна за предвидување и разбирање на агресијата. Агресивноста и
антисоцијалното однесување во современото општество стануваат се
поголем проблем. Во светот расте бројот на извршени криминални дела,
напаѓања, убиства и слично. Останува прашањето: „Што е агресивност?“ и
„Како да се ослободиме?“. Агресија претставува било каков облик на
однесување кое се карактеризира со комуникација и контакт со други луѓе и
објекти насилно, со цел да се повреди одредена личност или предмет.
Причините за агресивно однесување се многу сложени. Како најчести
фактори, околности, наведени се семејството, неуспехот во училиштето,
половите разлики, возраста и субкултурата. Бидејќи проблемот на
насилство, тешко се контролира, важно е да се идентификуваат
потенцијалните рани форми на однесување и да се спречи развојот со текот
на времето, за да се избегне стабилизирање на агресијата и зајакнување на
нејзиниот интензитет. Училиштата во соработка со родителите многу можат
да помогнат во намалување на проблемот со агресијата, но да се реши
проблемот успешно, потребно е да работат на пошироките социјални
прашања - односи и квалитетот на животот на луѓето воопшто.
Различни психолози и филозофи различно ја дефинираат
агресивноста. За тоа постојат повеќе теории на агресивноста.

2
Теории на агресивно однесување

Големиот број на истражувања на агресивното однесување


резултира со голем број различни теории т.е. сфаќања и толкувања на
феноменот на агресија.

1) Инстинктивистички теории: претставниците на оваа теорија,


агресивното однесување го сметаат за последица на инстинктот како
иницијатор. Во организмот постои еден вроден извор, кој постојано
произведува агресивни импулси. Ваквите импулси мора да се искажат во
однесувањето на овој или оној начин, во спротивно истите доведуваат до
душевни пречки.
Значајни струи:
 Психоаналитичката: според Фројд, човековото однесување го
одредуваат инстинкти на: живот (Ерос) и смрт (Танатос). Овие две
спротивставени инстинкти, се во постојана битка за превласт, како
и човековото однесување е последица на таа борба. Делувањето
на Танатос предизвикува нагон за самоуништување, а влијанието
на Ерос е причина за агресија насочена кон другите. Голем
недостаток на Фројдовата теорија за агресија е тоа што нејзината
точност не може да се потврди со научно докажани факти.
 Неопсихоаналитичка: не се прифаќа Фројдовиот концепт за
нагонот на смртта, но се нагласува биолошкиот детерминизам на
инстинктот, кој претставува мотиватор на агресивното
однесување.
 Етиолошка: Лоренц верува дека агресијата е вроден
потенцијал. Агресивноста ја објаснува со акумулација и
наталожување на енергијата во нервните центри, што доведува до
експлозија, без разлика на надворешните фактори.

3
 Фромова теорија: смета дека секое агрсивно однесување има за
цел да му нанесе штета некому и со тоа агрсивноста ја дели на
бенигна и малигна. Benigna agresivnost е вродена и претставува
одбранбена реакција нужна за опстанок на единката, додека
малигната не е вродена, биолошки е штетна и за напаѓачот и за
жртвата и претставува желба за уништување, а не одбрана од
надворешна опасност.

2) Теории кои агресивноста ја објаснуваат како реакција на


одредена ситуација: Се случуваат во средината на 20 век под влијание на
бихевиоризмот.
 Ф-А Агресија: Теорија на агресивноста како последица од
фрустрацијата (Dollard, Doob, Милер). Според теоријата на
фрустрации, агресивното однесување почива врз агресивни
импулси, кои се создаваат преку т.н. фрустрации. Најпрво се
подразбира само пречката на некоја целно насочена активност, а
подоцна овој поим се проширил на сите аверзивни, непријатни
случувања (напади, малтретирања, откажувања итн.). Во секој
случај, потребата од агресија за разлика од теоријата на нагони се
создава, не од самата себе, туку реактивно.
 Необихевиористичка: Ф-А модификациона хипотеза, се смета
дека ФА не е директна врска (Berkowitz).
3) Теории на агресивноста како научено однесување:
Припадниците на овие групи веруваат дека агресивното однесување во
целост е научено однесување. Покажано е дека агресивно однесување
може да дојде и во отсуство на претходна емоционални промени во телото,
односно може да претставува научено однесување. Исто така, е утврдено
дека такво однесување може да се научи и на основа на посматрање на
однесувањето на другите. Затоа, набљудувањето на однесувањето нa
другите луѓе може да предизвика појава на таквото однесување од страна
на посматрачот.

4
4) Когнитивна теорија: Денес во психологијата најприфатени се
когнитивните теории кои се надоврзуваат на ситуациските и социјалните
теории на агресивноста. Стравот е најчестиот одговор на емоционалната,
ментална или физичка опасност, а заедничка реакција на стравот е бегство
или агресија. Што ќе се избере зависи од интелектуалните процеси во
комбинација со емоции (Dodge & Huesman). Според нив, понекогаш доаѓа
до агресивност поради релативната депривација, т.е. лажна перцепција
дека индивидуата или групата има и добива помалку од колку што
заслужува, помалку од она што го очекува или помалку од она што го имаат
сличните на неа, луѓе. Оваа теорија е прифатена, бидејќи е докажана.

5) Биолошки теории: Претставниците на оваа теорија ја објаснуваат


агресивноста како резултат на функционирање на одредени биолошко-
физиолошки структури и промени во организмот (Hook). Може да биде под
влијание на генетиката, на мозочната активност и одредени хормони и
невротрансмитери. Освен тоа на агресивноста делуваат и некои опојни
средства, како алкохол, дрога и тн.

5
Видови на агресивност

Постојат неколку различни критериуми според кои се дели


агресивното однесување, како на пример: причините за таквото
однесување, начинот на однесувањето, целта и резултатите од
однесувањето и така натаму. Манифестационите облици се многу различни
и тргаат од обично задиркување, изигрување, игнорирање, до тешки
телесни повреди, убиства и самоубиства.
 Физичка/Вербална: се разликуваат во начинот на изразување

 Манифестна агресивност:
а) примарна -непосреден физички напад
б) секундарна -израз на страв, настанат од долготрајна
фрустрација

 Латентна агресивност: зависи од нервниот состав, но од


средината зависи дали ќе се појави во однесувањето на личноста
или не.

 Тиха агресивност: одбивност

 Автоагресивност:
а) Самоповредување -некои се самоповредуваат
бидејќи болката им претставува задоволство
б) Проба за самоубиство –најчесто претставува
повик за помош, казнување на себе и другите, игра,
бегање од неподносливата и болна реалност,
уценување на околината и други. Се врши со земање
на преголема доза лекови, сечење на вените со остри
предмети, скокање од вискои места, бесење итн.

6
 Хетероагресивност: насочена е кон другите и се карактеризира
со: плукање, пцуење, гризање, удирање, мачење, крадење, бегање,
насилство и убивање

 Емоционална агресивност: се нанесува штета или повреда на


друга личност, а мотивирана е од силно емоционално возбудување

 Инструментална агресивност: кога примарната цел не е


повредување на некој друг, туку доаѓање до некаква цел

 „Преместена“ агресивност: насочена е на недолжни објекти, а


не на самиот изор на фрустрација. Настанува кога поради различни
причини, кога не се осудуваме да го нападнеме самиот извор или тој
не е ни е достапен

 Реактивна агресивност: отсутност на провокацијата

 Адаптивна агресивност: настанува поради постојана изложеност


на насилство и агресија во околината на детето

 Неадаптивна агресивност: се појавува во рано доба, а нејзиниот


интензитет со време се повеќе се зголемува

7
Агресивноста како религиознa девијациja

Односот помеѓу животот и смртта, создавањето и уништувањето се


традиционални религиозни догми, со соодветни објаснувања.
Психолошките објаснувања на агресија извршиле директна врска со
моделите на верската догма. Во кругот на рускиот персонализам (Berđajev
i dr.) разработена е osnovnа форма po која se прекинува врската со онаа
страна, психологијата го продолжува односот со конкретното. „Папството“
во било каква форма (религиозна, теолошка, секуларна држава) е прототип
на тоталитарен однос, чиј внатрешен карактер мора да води кон омразата и
агресивноста.

Во малку поинаква смисла, ваквата гледна точка претставува Јунг: на


неговата основна ориентација во животот поединецот или ќе бараат
трансцендентна врска и ќе ја зачува слободата на дејствување, или ќе се
соочува со тешки бетонски односи на определување, резултатот е
постојано чувство на закана и опасност и др. Исто така, во протестантска
традиција, слична теза развил Норман Браун, но сега во однос на
класичната психоанализа. Со отстранување на папството како
посредништво помеѓу Бога и луѓето, се ослободува огромна творечка
енергија, за разлика од силата за уништување. Само кога овој услов е
исполнет и задоволен, можно е да се стремиме слободно и без посредници
кон највисоките вредности, како израз на своето битие и другите тоа да не
го гледаат на пречка или закана. Не е во прашање формалната припадност
кон некоја од христијанските религии, туку концептот на индивидуалната
свест, кој, навистина, во сегашните услови, зависи од догматска
дефиниција.

8
Агресија како сексуална девијација

Еден од психоаналитичките различни толкувања на агресија е во


контроверзната "еротичка" психоанализа (според Wilhelm Reich).
Објаснување на масовната психологија: фашизмот и национал-
социјализмот, со својата индивидуална и институционализирана агресија,
дадени се како посебен облик на перверзија на сексуалниот нагон, што е
последица на масовнаа сексуална фрустрација (особено за работничката
класа, чии права за "слободна оргазам" се ограничени). Ниедна права
револуција не може да се оствари, пред да се направи сексуална
револуција со широко демократизирано "право на оргазам", со кое се
спречува, или барем отежнува, можната психолошка инвестиција во
тоталитарен дух, и институционализираното насилство како замена за
непотрошената сексуална енергија. Подоцна, објаснувањата со
манипулација на сексуалната енергија се прошириле и на левата
идеологија, што е историска грешка и се гледа како последица на
неспособноста на демократизација сексуалниот нагон да го замени со
историска цел.

9
Заклучок

Карактеристиките на личноста, семејните прилики, неуспесите на


училиште, начинот на поминување на слободното време, друштвото,
односите со врсниците, супкултурата, животната околина и останатите
општествени околноси –сите тие се фактори кои чинат потенцијални
влијанија на општествено-неприфатливото насилничко однесување, а токму
таа сложеност на причините на агресивното однесување ни покажува колку
е тешко да се откие тој проблем на насилството, да се конролира, па и
излечи. Важно е рано да се откријат потенцијалните облици на пореметено
однесување и правилно и сензибилно да се однесува спрема нив, посебно
од страна на родителите и учителите на детето во најмлада возраст.
Училиштата со своите воспитни постапки може многу да влијае на
однесувањето на детето, во оттргнување на порастот на агресивноста и на
создавање на посакувани педагошко-психолошка клима за здрав развој на
индивидуата. Давање важност и можност за избор на содржината која ќе ги
задоволи интересите на учениците ќе придонесе да се намали агресивното
однесување кон себе, другите и предметите. За да се трансформира
негативната енергија, во позитивна, потребно е да се собере целокупното
друштво и во такво опкружување да се работи на воспоставување на
рамнотежа и трпение во соодносите. Сето тоа би требало да биде
пропратено со согласност од родителите или возрасните, бидејќи нема
решавање на проблеми со агресивноста, без одговори на цела низа
прашања за квалитетен живот, и нормални личности во општеството.
Наставниците треба да го прошират своето знаење за причините
и последици на агресивно однесување на студентите поради незнаење, тоа
може да биде причината за нивната неподготвеност да се делува во тешки
ситуации во соодветни педагошки метод. Треба да се зголеми
самоконтролата, да се препознаат првите знаци на емоции, кои ќе се случат
надвор од нормалните граници и да се најде сила во себе да делуваат, кога
е потребно и на умот и срцето и животно искуство.

10
Користена литература:
1. Мурџева-Шкариќ, Олга. ПРИЧИНИ ЗА АГРСИВНОСТ. Скопје:1984
2. Младеновски, Ѓорѓе. Петковска, Антониела. Саркањац, Бранислав.
Трајковски, Ило. ТЕОРИИ НА НЕНАСИЛСТВО. Скопје: Библиотека
„МИР“, 1999
3. Lorencer, Alfred. TEORIJA SOCIJALIZACIJE. Nolit Beograd, 1984
4. Psihologijski rječnik,uredio: B. Petz; Prosvjeta, Zagreb 1992.g.
5. Opća enciklopedija Jugoslavenskog leksikografskog zavoda, sv. 1, Zagreb
1977.g.
6. Интернет:

 http://www.dadalos.org
 http://www.blogoye.org

11

You might also like