You are on page 1of 2

Афторитарна личност

Авторитарноста подразбира двојно однесување, со подаништво кон авторитетите и насилство


кон подчинетите. Личностите со авторитарен карактер се слепо послушни кон авторитетите,
додека се сурови и презирни кон подчинетите. Теодор Адорно го илустрира ова со
"феноменот на положбата на велосипедистот". Авторитарната психоструктура игра важна
улога во формирањето на патолошки општествени односи.

Ерих Фром воведе поимот авторитарност во теоријата, поврзувајќи го со фашизмот.


Авторитарниот карактер се поврзува со секоја недемократска идеологија, каде поединецот се
подредува на колективот. Тоа резултира во загуба на особеност и самобитност на поединецот.

Семејството, преку авторитарното воспитување, игра кључна улога во формирањето на


авторитарни личности. Ова вклучува подчинување на децата кон строги авторитети и креира
антидемократска атмосфера. Овие деца, како возрасни, стануваат податливи за манипулација
и развиваат агресија кон маргинализирани групи.

Семејството не е единствениот кривец за авторитарните личности. Тоа репродуцира


постоечките општествени односи и може биде неприлагодено. Вилхелм Рајх го поврзува
авторитарниот карактер со таткото во семејството, кој се превзема како претставник на
авторитетот.

Процесот на репродукција на капиталистичките односи во семејството допринесува за


формирање на лојални граѓани кон авторитарните држави. Ова креира девијации и појави
каде што човекот е негиран во својата суштина, формирајќи "ропска душа" во семејството.

Како да се препознае авторитарната личност?

Видовме дека авторитарната личност се одликува со антидемократичност, како и поданички


однос кон оние што ѝ се надредени, а се однесува насилно, дрско и со омраза кон слабите и
немоќните. Теодор Адорно укажа на варијаблите преку кои се изразува таквиот
антидемократски и авторитарен карактер во делото „Авторитарна личност“, градејќи низа
психометриски истражувања и испитувања за својата позната Ф скала (Ф-фашизам како
најекстремен израз на антидемократската идеологија). Заклучил дека личностите кај кои силно
се изразени авторитарните црти на личноста, значително се поподложни кон прифаќање
идеолошки образец каков што е фашизмиот. Адорно дефинираше девет варијабли преку кои е
препознаен дотичниот образец на однесувањето и антидемократската настроеност, што го
потврди и со тврдењата на испитаниците кои им одговараат на овие варијабли.

1. Конвенционализам. Круто согласување со конвенционалните вредности на средната класа


(тврдење: „Покорноста и почитувањето на авторитетите се најважната доблест која треба да ја
усвои детето“);

2. Авторитарно потчинување. Покорен, некритичен став кон идеализираниот авторитет од


сопствената група (тврдење: „Она што најмногу ѝ е потребно на оваа земја повеќе од законите
и политичките програми се неколку храбри и лојални водачи во кои народот може да има
доверба“);
3. Авторитарна агресија. Склоност да се трага по луѓе кои ги нарушуваат конвенционалните
вредности за да бидат осудени, отфрлени и казнети (тврдење: „Навредувањето на нашата чест
треба секогаш да биде казнето“);

4. Анти-интрацепција. Спротивставување на субјективното, имагинативното и милосрдното;


емотивна затапеност (тврдење: „Кога личноста има проблеми или грижи, за неа е најдобро да
не мисли на тоа, туку да се позанимава со поведри нешта“);

5. Празоверие и стереотипија. Верување во мистични детерминанти на нечија судбина;


склоност кон размислување во рамки на сурови категории (тврдење: „Секој мора да верува во
некаква натприродна сила и потполно треба да се покорува на нејзината моќ“);

6. Моќ и „цврстина“. Преокупираност со димензијата доминација-покорност, сила-слабост,


водач-следбеник; идентификување со моќни личности; претерано истакнување на силата и
цврстината (тврдење: „Луѓето можат да бидат поделени во две различни класи: слаби и
силни“);

7. Деструктивност и цинизам. Генерално непријателство; понижување на човечкото (тврдење:


„Каква и да е човечката природа, секогаш ќе има војни и конфликти“);

8. Проективност. Предубедување дека во светот се случуваат разуздани и опасни нешта;


проекција на несвесните емоционални пориви кон надворешноста (тврдење: „Повеќето луѓе
не сфаќаат дека со голем дел од нашиот живот управуваат заговори кои тајно ги смислиле
политичарите“);

9. Секс. Претерано интересирање за сексуална настраност (тврдење: „Хомосексуалците не се


ништо друго туку изопаченици и заслужуваат да бидат строго казнети“).

Со својата Ф скала Адорно се обиде да ги утврди „оддавачите“ на тенденциите кои лежат


релативно длабоко во самата личност и кои создаваат диспозиција за спонтано (во соодветна
прилика) да се изразат фашистичките идеи или да се потпадне под нивно влијание. Таквата
личност впрочем би била валиден претставник на политичката ориентација од
антидемократски тип. Тоа значело дека заземањето извесни (политички) ставови зависело од
особините на личноста кои некој ги поседува. Истражувањето требало да покаже дека на
одредени особини на личноста е заснована подготвеноста за прифаќање антидемократски
ставови. Од приемчивоста на поединецот за антидемократски тенденции зависи и можноста
за реализација на антидемократските идеи, ставови, сфаќања и ширење таква пропаганда.

https://okno.mk/node/85473

You might also like