You are on page 1of 2

Бразил

Граници и големина.Бразил ги опфаќа централните и источните


делови на Јужна Америка.Зафаќа површина од 8.547.400 км2.Се граничи
со девет држави и една независна територија.Главен град на Бразил е
Бразилија.
Природни карактеристики.Централните и јужните делови на
Бразил ја сочинуваат Бразилската Висорамнина,а на север се простира
Амазонската Низина.Климата на северозапад е екваторска и влажна,а во
јужните и југоисточните делови таа е суптропска.Главни реки се
Амазон,Сан Франциско и Парана.Амазонската низина е покриена со
тропски шуми наречени селваси, а на висорамнините и рамнините на југ
се среќаваат тревни области наречени кампоси.
Население.Бразил има околу 207.000.000 жители и главно го
сочинуваат доселеници од Европа,претежно Португалци.Повеке од 95% од
населението од Бразилците се местици,мулати и замбоси кои припаѓаат
на христијанската религија.Населението главно е сконцентрирано во
крајбрежните делови на Атлантскиот Океан каде се наоѓаат и најголемите
градови како :Ресифе,Сао Паоло,Рио де Жанеиро,Салвадор,Порту Алегре и
др.Најголем град е Сао Паоло.Бразил е поделен на 26 сојузни држави.
Стопанство.Според стопанскиот развој, Бразил е индустриска и
аграрна земја и спаѓа помеѓу 10 најразвиени земји во светот.Од рудните
богатства има железо,манган,боксит,нафта и друго.Според тоа развиена е
металургија,машинска,дрвна индустрија,прехранбена,текстилна и
други.Голем дел од населението се занимава со земјоделство.Најмногу се
одгледуваат какао,кафе,шекерна трска и друго,а во јужните делови
успеваат лимони,портокали,мандарини,градинарски, житни култури од
кои најмногу пченица и пченка.Од сточарските гранки најмногу се
одгледуваат говеда,овци и свињи.
Аргентина
Природни одлики.Аргентина се наоѓа во јужните делови на Јужна
Америка.На север се граничи со Боливија и Парагвај,североисток со
Бразил,исток со Уругвај и Атлантскиот Океан,а на запад се граничи со
Чиле.Зафаќа површина од 2.777.410 км2.Главен град е Буенос
Аирес.Голем дел од територијата на Аргентина е покриена со рамница
како што е Гран Чако на север,Лаплатската низина и Патагонија на југ.На
запад се издигнуваат Андите.Климата во Аргентина е планинска на
Андите,суптропска во низината Гран Чако,во Лаплатската низина е
умерено континентална, а на југ во Патагонија и Огнена Земја има
континентална клима.Најзначајни реки во Аргентина се Парана,и Уругвај.
Население.Населението во Аргентина го сочинуват главно
доселеници од Европа,а најмногу Шпанци. Има околу 40 милиони
жители.Густината на населеноста и најголема во Лаплатската низина,а
поголеми градови се Буенос Аирес,Кордоба и Росарио.
Стопанство.Аргентина е индустриско-аграрна земја.Најголем дел
од населението се занимава со земјоделство и со сточарство.Главни
житни култури се пченица и пченка,а од индустриските култури се
одгледуваат лен,сончоглед,памук,тутун,шекерна трска,чај,винова лоза и
други.Од сточарски гранки се развиени говедарство и овчарство,а од
индустриски гранки:прехранбена,,индустрија за кожа и текстилна
индустрија.Располага со нафта,земен гас,железна
руда,уран,волфрам,олово,цинк и други. Развиени се
металургија,машинска,електроиндустрија,хемиска и други.

You might also like