You are on page 1of 2

Големи градови во Северна и Јужна

Америка

Jужна Америка: САН ПАУЛО


Сан Пауло е најголем град во Бразил, заедно со Токио, Сеул, Мексико и Њујорк е
меѓу петте најголеми метро региони во светот. Градот е престолнина на државата
Сан Пауло, најнаселената Бразилска држава. Исто така е и најбогатиот град во
Бразил. Името на португалски значи Св. Павле.
Градот има доста обележја. Имигрантскиот дом има пречекано милиони
имигранти кои дошле во Бразил кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.
Со проценето население од 11,1 милиони на површина од 1523 км2, Сан Пауло е
најнаселен град на јужната полутопка.
Како што е општо познато во цел Бразил се зборува португалски, но поради
големиот број емигранти од апенинскиот полуостров, португалскиот на Сан Пауло
има доста италијански зборови.
Италијанските дијалекти се имаат измешано со локалниот акцент на Сан Пауло;
некои јазичари тврдат дека дијалектот на Сан Пауло се има родено во Мока,
предградио основано во 20 век од луѓе претежно од Неапол, Јужнна Италија.
Други јазици зборувани во градот се меѓу Азијските заедници: Во предградието
Либерџаџе живее наголемата Јапонска заедница надвор од Јапонија. Луѓе со
кинеско и корејско потекло сè уште го зборуваат јазикот на своите предци. Сепак
поголемиот број од родените во Бразил генерации зборуваат само португалски.
Северна Америка: ОТАВА
Отава е главен град на Канада и четврта по големина градска општина во земјата.
Градот се наоѓа во Рамнината Отава по којашто и го добил името. Градот се наоѓа
во источниот дел на канадската провинција Онтарио. Низ градот тече Реката Отава
којашто ги дели провинциите Онтарио и Квебек. Во Отава живеат околу 850.000
жители,а со поблиската околина во Отава живеат околу 1,17 милиони жители.
Градот зафаќа површина од 2,77 милиони км2.
Пртвите населби на европските иселеници на територијата на денешниот град
Отава се населиле предводени од Филемон Рајт околу 1800. Рајт видел дека преку
реката можно е да се врши пренос на стоката до Монтреал. Па тој сметал дека е
добро таму да се простира градска населба. Во развиената населба масовно
населување предизвикале Ирците,а во градот се населиле и француски Канаѓани.
Населението во градот најмногу пораснало кога бил заврешен Каналот Ридо од
страна на Колонел Џон Бај во 1832 година.
За главен град на Канада градот е назначен на 31 декември 1857 година кога
британската кралица Викторија сакала британската провинција Канада да добие
главен град, а потоа таа самата го избрала градот Отава кој брзо се развивал.
Денес Отава е значаен културен центар на Канада со високоразвиена дрвна
индустрија.
Во Отава климата е студена континентална со топли лета и студени зими.
Највисоката температура е измерена лете во 1986 и 2001 г. изнесува 37,8 °C,а
најниската на 29 декември 1933, со -38,9 °C со што Отава е град со трета најниска
температура измерена во светот по Улан Батор во Монголија и Москва во Русија.

You might also like