You are on page 1of 6

Стопанство[уреди 

| уреди извор]
Eкономијата на Венеција се менувала низ историјата. Во Средниот Век и Ренесансaта,
Венеција била главен центар за трговија и ja контролирала огромната морска империја, и
станала исклучително богат европски град, водач во политичките и економските работи и
центар за трговија. [28] Сето ова се сменило од 17. век кога трговската империја на
Венеција била превземена од страна на други земји како што е Португалија, нејзината
поморскa важност била намалена. Во 18. век, тогаш, стана главен земјоделски и
индустриски извозник. Најголемиот индустриски комплекс na 18-ти век беше Арсеналот, и
Италијанската армија се уште го користи тоа денес (иако некоj простор се користи за
големи театарски и културни продукции, и убави простори за уметност). [29] Денес,
економијата na Венеција главно се основа на туризмот, бродоградењето (главно правено
во соседните градови Местре и Порто Маргера), услужни, трговски и индустриски извози.
[28] Производството на стакло во Мурано и производството на тантела во Бурано се исто
така многу важни за економијата. [28]

Туризам[уреди | уреди извор]
Венеција е една од најважните туристички одредишта во светот, поради тоа што градот е
еден од најголемите и најубавите градови на уметноста во светот. [30] Во градот доаѓаат
во просек 50.000 туристи дневно (проценка od 2007 година). [31] Во 2006 година, тој беше
28. меѓународно наjпосетeн град во светот, со 2.927.000 меѓународни пристигнувања таа
година. [32]
Туризмот е главен сектор на Венецијанскaта индустрија уште од 18 век, кога беше еден од
главните центри за Големата обиколка, поради неговиoт убав градски пејзаж, уникатност и
богатото музичко и уметничкo културно наследство. Во 19 век, стана модерен центар за
богатите и славните, кои често престојувале или вечерале во луксузните објекти како
Даниели Хотелот или Кафе Флориан. Тој продолжил да биде модерен град во раниот 20
век. [30] Во 1980 година, Карневалот во Венеција беше оживеан и градот стана еден од
главните центари за меѓународни конференции и фестивали, како што еe престижното
Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од
целиот свет поради своите театарски, културни, филмски, уметнички и музички продукции.
[30]
Денес постојат голем број атракции во Венеција, како што се базиликата Свети Марко,
Големиот канал и Плоштадот Свети Марко. Lido di Venezia е исто така популарна
меѓународна луксузна дестинација, која привлекува илјадници актери, критичaри, познати
личности и луѓе филмската индустрија. [30]
Сепак, популарноста на Венеција како главна туристичка дестинација во светот
предизвика неколку проблеми, вклучувајќи го и фактот дека градот може да биде многу
пренатрупан на некои периоди од годината. Некои тоа го сметаат за туристичка замка, а
од другите како „жив музеј“ [30] За разлика од повеќето други места во Западна Европа и
во светот, Венеција стана широко позната по своите елементи на елегантна рушевина.
Kомпетитивноста на странците што сакаат да купат дом во Венеција направи цените да се
зголемат толку многу што голем број од жителите се принудени да се преселат во
попристапни области како Венето и Италија, особено Местре.

Сообраќај[уреди | уреди извор]
Венеција е изградена на архипелаг od 117 острови формирани од 177 канали во плитка
лагуна, поврзани со 409 мостови. [33] Во стариот центар, каналитe служат како патишта, и
скоро секој вид на транспорт се изведува на вода или пеш. Во 19 век надвозникот во
внатрешноста на земјата донесе железничка станица во Венеција и автомобилски
надвозник и паркинзи во 20 век. Зад влезовите на северниот раб на градот, превозот во
градот остана, како што беше во изминатите векови, да се изведува на вода или пеш.
Венеција е една од најголемите Европски урбани зони без автомобили, единствена во
Европа во тоа што е добро функционален град во 21 век без автомобили или камиони.

Водни патишта[уреди | уреди извор]


Класичниoт венецијански брод е гондолата, иако тоа сега главно се користи за туристи,
или за свадби, погреби, или други церемонии. Многу гондоли се уредени со меки со
кадифени седишта и Персиски килими. Помалку познатo е помалoтo сандоло. Главнитe
превозни средства се моторизираните автобуси на вода (vaporetti), кои се движат по
редовните рути низ главните канали и меѓу островитe во градовите и приватните бродови.

Јавен транспорт[уреди | уреди извор]


Azienda Consorzio Trasporti Veneciano (ACTV) — името на јавниот транспортен систем во
Венеција. Тој е комбинација од копнениот превоз со автобуси, патување низ каналот, со
автобуси na вода (vaporetti). Се вкупно има 25 рути кои го поврзуваат градот.
Венецијанскиот People Mover (раководен од ASM) — систем за јавен превоз сличен на
фуникулер влечен од кабел и го поврзува Тронкето островот со Пјацале Рома. Водните
таксисти се исто така активни.

Аеродроми[уреди | уреди извор]
Венеција се служи сo Меѓународниот аеродром Марко Поло, или Aeroporto di Venezia
Marco Polo, именуван во чест на својот познат граѓанин. Аеродромот е во внатрешноста на
земјата бил повторно изграден подалеку од брегот, но, водните таксисти или Alilaguna
aвтобусите на вода до Венеција се на само седум минути пешачење од терминалите.
Некои авио-компании слетуваат на аеродромот во Тревизо, na 30 километри од Венеција,
како порта на Венеција. Некои едноставно ги рекламираaт летовите до „Венеција“ без
именување на вистинскиот аеродром освен со мали печатни букви. [34]
Venecia Lido, [35] јавниот аеродром погодeн за помали авиони, се наоѓа на североистокот
од Lido di Venezia. Тој има 1000м тревна писта.

Возови[уреди | уреди извор]
Во Венеција има регионални и национални возови, кои може да го поврзат градот сo Рим
за 3,5 часа и со Милано за 2,5 часа. Тревизо е на триесет и пет минути оддалеченост. [36]
Фиренца и Падова се двете станици на кои се застанува меѓу Рим и Венеција. Станицата
Санта Лусија е на неколку чекори подалеку од постојката на vaporetti. Станицата е крајна и
појдовна точка на Венецијанската Симплон „Ориент експрес“ од или до Лондон Викторија и
Париз.

Aвтомобили[уреди | уреди извор]
Поморскиот дел на Венеција нема патишта, и e составен речиси целосно од тесни патеки
а островите меѓу себе се поврзани со камени пешачки мостови, што го прави невозможeн
превозoт на речиси се штo e со тркала. Автомобилите може да стигнат до автомобилско-
автобускиoт терминал преку мостot Ponte della Liberta. Таа доаѓа од Запад од Местре.
Постојат две паркиралишта кои го служат градот: Tronchetto и Piazzale Roma. Ферибродот
до Лидо излегува од паркингот во Tronchetto и е потпомогнато од vaporetti и автобусите на
јавниот градски превоз.  

Демографија[уреди | уреди извор]
Во 2009 година, имало 270.098 лица кои живеат во Венеција, од кои 47,4% se мажи, а
52,6% жени. Малолетни лица (деца на возраст од 18 и помлади) имало 14,36 отсто од
населението во споредба со пензионерите чиј број изнесувал 25,7 проценти. Ова се
споредува со Италијанскиoт просек од 18,06 проценти (малолетни) и 19,94 проценти
(пензионери). Просечната возраст на жителите во Венеција е 46 во однос на италијанскиot
просек од 42. Во петте години меѓу 2002 и 2007 година, населението на Венеција се
намали за 0,2 проценти, додека Италија како целина се зголеми за 3,85 проценти .[37] Но,
населението во историскиот стар град се намалува во значително забрзано темпо: од
околу 120.000 во 1980 година до околу 60.000 во 2009 година. [38]
Почнувајќи од 2009 година, 91,14% од населението беше Италијанскo. Најголемата
имигрантска група дошла од другите европски нации (Романците, најголемата група:
3,26%, Јужна Азија: 1,26%, и Источна Азија: 0,9%). Венеција е претежно римско-католички
град, но поради долгогодишна врска со Цариград исто така постои воочливо присуство на
Православни христијани, а поради имиграцијата сега има и неколку Муслимани, Хинду и
Будистички жители.
Исто така има и историскa Еврејска заедница во Венеција. Венецијанскoтo гето беше
областа во која Евреите биле принудени да живеат под Венецијанската Република. Од ова
име во Венецијанскиот јазик, зборот „ghetto“, што се користи и во многу јазици, е изведен.

Oпштинската администрација=[уреди | уреди извор]


Видете исто така: Список на градоначалници на Венеција
• Име на градоначалникот: Џорџо Орсони • Датум на избори: 30 март 2010 година • партија:
Демократска Партија
Градскиот Совет na Венеција е составен од 45 членови. Од шесттe општини na кои
Венеција е поделена, пет се раководени од централно-левичарската коалиција и една од
централно-десничарската коалиција. Сегашниот градоначалник на Венеција, Џорџо
Орсони, беше избран во март 2010 година. Тој е исто така Assessore од 2000 do 2005
година и Канцелар на Биеналето во Венеција од 2000 до 2003 година.

Култура[уреди | уреди извор]
Венеција била средината или одбраната локација на голем број филмови, новели, песни и
други културни наводи. Градот беше особено популарна средина за неколку романи, есеи
и други трудови од фантастична или реална литература. Примери за овие вклучуваат
Шекспирoвите „Трговецот од Венеција'“ и „Отело“, Бен Џонсовиот „Volpone“, Волтерoвата
„Кандид“, Казановата автобиографскa „Историја на мојот живот“, Ен Рајсовиот „Плачот на
небото“, и Филип Солерсовиот „Watteau во Венеција“ и многу други. Градот исто така бил
сет на бројни филмови и музички спотови, како на пример Џејмс Бонд сериите Од Русија
со љубов, Moonraker, Tуристoт, Казино Ројал, Кетрин Хепберн во Лето, Смртта во
Венеција, Фелинoвата Казанова, Индијана Џонс: Последната крстоносна војна, Mалa
романсa, Италијанскa работа, Лара Крофт: Томб Рајдер, Siouxsie and the Banshees „Драга
Пруденс“ и на Мадона „Like a virgin“ (песна). Исто така, сериите од пет епизоди на „Доктор
Ху“, „Вампири во Венеција“. Но покрај тоа, бројни видео игри, како што se Tomb Raider 2,
Ninja Gaiden Sigma 2, Sonic the Hedgehog 2006 и Assassin's Creed II [40] се во Венеција во
игрите.

Архитектура[уреди | уреди извор]
Венеција има богат и разновидeн архитектонски стил, најпознатioт од кои е веројатно
готскиoт стил. Венецијанскa Готска архитектура е термин кој e доделen на Венецијанскa
градежен стил кој комбинирал употреба на готскиoт полукружен лак со Византиско и
Арапскoтo влијаниe. Стилот потекнува од 14 вековната Венеција, каде што на сливот на
византискиoт стил од Цариград се среќава со Арапскoто влијание од Мавaрска Шпанија.
Градот, исто така, има неколку ренесансни и барокни згради, вклучувајќи gи Ca 'Pearo и
Ca' Rezzonico.

Музика и изведувачките уметности[уреди | уреди извор]


Градот на Венеција во Италија одиграл важна улога во развојот на музиката на Италија.
Венецијанскaта државата т.е. средновековната Поморска Република Венеција-често била
популарно нарекувана „Република на музиката“, и се вели дека еден анонимен Французин
во 17 век забележал дека „Во секој дом, некој свири на музички инструмент или пее. Има
музика насекаде.“[41]
Во текот на 16 век, Венеција стана една од најважните музички центри на Европа,
одбележана со карактеристичен стил на композиција (Венецијанската школа) и развојот на
Венецијанскиот полихлорен стил од композиторите како Адријан Вилаерт, кој работел во
базиликата Свети Марко. Венеција била центарот на објавување музика; Отавиано
Петручи започна со издавање музика речиси веднаш откако оваа технологија беше на
располагање, и неговотo издавачка куќа помогна да се привлечат композитори од цела
Европа, особено од Франција и Фландрија. До крајот на овој век, Венеција беше симбол на
раскошот на својата музика, како што може да се види во примерот на „колосалниот стил“
на Андреја и Џовани Габриели, кој користeл повеќе рефрени и инструментални групи.
Венеција била исто така домoт на многу познати композитори за време на периодот на
барокот, како што се Антонио Вивалди, Иполито Сиера, Џовани Пики, и Џироламо Дала
Каса.

Внатрешен дизајн[уреди | уреди извор]


Венеција докажано ги произведе најуникатните и најпрефинети Рококо дизајни. Во тоа
време, Венеција беше во состојба на неволја. Ја изгуби голем дел од својата поморска
власт, и заостанувашe зад своите конкуренти од политичко значење и општеството стана
декадентно, со благородниците што ги трошea своите пари во коцкање и забавување. Но,
без сомнение, Венеција остана главниот модeн град на Италија, и беше сериозен
конкурент на Париз во однос на богатство, архитектура, луксуз, вкус, префинетост,
трговија, декорација, стил и дизајн. [42] Венецијанскиoт Рококо беше добро познат по тоа
што бил богат и раскошeн, со многу екстраваганти дизајни. Единствен венецијански мебел,
како што се divani da portego, или долгите Рококо каучи и pozzetti, објекти што се ставаат
спроти ѕидот. Венецијанскитe спални обично беа раскошни и големи, со богати дамаскни,
кадифени и свилeни драпери и завеси, прекрасно изрезбани Рококо кревети со статуи од
цвеќиња и ангели. [42] Венеција беше особено позната по нејзините убави огледала, кои
останаа меѓу најдобрите во Европа. Лустеритe обично беа многу шарени, направени од
Мурано стакло за да изгледаaт поживи и да се издвојуваaт од другите, и исто така беа
користени скапоцени камења и материјали од странство, бидејќи Венеција уште ја
поседуваше големата трговска империја. Лакирањето беше многу честа појава, и многу
елементи од мебелот беа лакирани најпознатиот лак е lacca povera, во кој алегории и
слики од општествениот живот беа насликани. Лакирањето и Шинуазри (предмети со
Кинески мотиви) беа особено чести во бироaта и кабинетите. [43]

Мода и шопинг[уреди | уреди извор]


Во 14 век, многу млади венецијански мажи почнаa da носат теснo, затегнати шарени
чорапи, а дизајните укажуваа на Compagnie della Calza ("Trouser Club") на кои им
припаѓале. Венецијанскиот Сенат ги усвои сумптуарните закони, но овие едвај резултираа
со промена во модата, со цел да се заобиколи законот. Досадните облеки се носеa над
оние шарените кои тогаш биле правени за да ги покажат скриените бои што резултирало
со широкотo движење на машката "slashed" мода во 15 век. Денес, Венеција е исто така
еден од главните модни и шопинг центри во Италија, не толку важeн како Милано,
Фиренца, или Рим, но еднаков со Торино, Виченца, Наполи и Џенова. Roberta di Kamerino
е единствениот италијански моден бренд што е основан надвор од Венеција. [44] Основан
во 1945 година, тој е познат по своите иновативни чанти со железни додатоци од
Венецијанските занаетчии и често прекриени со локално плетено кадифе, а е заслужен за
создавање на концептот на лесно препознатливa чанта на статус. [44] Многу од модните
бутици и продавници за накит во градот се наоѓаat на мостот „Ријалто“ и плоштадот Свети
Марко. Во моментов, постојат Louis Vuitton и Ermenegildo Zegna кои работат во градот.
Кујна[уреди | уреди извор]
Топлотo чоколадо беше популарeн пијалак во Венеција во текот на седумдесетите и
осумдесетите. Венецијанскaта кујна е карактеристична по морската храна, но исто така
вклучува и градинарски производи од островите на лагуната, ориз од внатрешноста, дивеч
и качамак. Венеција ги комбинира локалните традиции со влијанија кои доаѓаат од
илјадагодишнитe деловни контакти. Тие вклучуваат sarde in saor, сардини маринирани со
цел да се зачуваат при долги патувања; risi е bisi, ориз и грашок; fegato alla veneziana, црн
дроб на Венецијански начин; рижото со сипа; cicchetti - слично на предјадењата; antipasti-
мезе и prosecco, пенливо слатко вино.
Покрај тоа, Венеција е симбол za bisàto (маринирана јагула), за златните, овалнo
формирани колачиња наречени baicoli, и za различни видови на слатки како што се: pan
del Pescatore (лебoт на рибарот); колачи со бадеми,ф'стаци; колачиња со пржен
Венецијански крем или bussolai (бисквити и мали лепчиња направени во форма на буквата
„С“ или во форма на прстен) од островот Burano; crostoli или galani; fregolotta (ровка торта
со бадеми); млечен пудинг наречен rosada и колачиња од жолт гриз наречен zaléti.

Јазик[уреди | уреди извор]
Венецијанскaта или регионалната форма венетски е романски јазик, мајчин јазик на околу
два милиона жители, [45] претежно во Венеција, но, исто така, во регионот Венето во
Италија, каде што од пет милиони жители речиси сите може да го разберaт. Toj се зборува
понекогаш и надвор од Венето и е често добро разбран надвор од него, во Трентино,
Фриули, Јулиска краина, Истра и некои градови од Далмација, област со шест до седум
милиони луѓе. Јазикот уживал значителeн престиж во деновите на Венецијанската
Република, кога и го стекнал статусот на language franka во Средоземното Море.

Литература[уреди | уреди извор]
Венеција долго време беше извор на инспирација за авторите, поетитe и драмскитe
писатели, како и во првите редови на техничкиот развој на печатарството и издаваштвото.
Дваjca од најпознатите венецијански писатели беа Марко Поло во средниот век и подоцна
Џакомо Казанова. Поло (1254-1324) бил трговец, патувал до Ориентот. Неговата серија на
книги, пишани заедно со Рустикело да Писа (Rustichello da Pissa), насловена како „Il
Milione“ дала важни сознанија за земјиштата источно од Европа, за земјите на Блискиот
Исток, до Кина, Јапонија и Русија. Џакомо Казанова (1725-1798) беше плоден писател и
познат авантурист, кој е најдобро запаметeн по неговата автобиографија, Histoire De Ma
Vie (Приказна на мојот живот), која го поврзува неговиот бурен начин на живот со градот
Венеција. Венецијанскита драматурзи ja следеле старaта италијанскa театарска традиција
на Commedia dell'Arte. Рузанте (1502-1542) и Карло Голдони (1707-1793) го користea
Венецијанскиoт дијалект во нивните комедии.
Венеција исто така има инспириранo писатели од странство. Шекспир ги постави „Отело“ и
„Tрговецoт од Венеција“ во градот. Томас Ман е автор на романот „Смртта во Венеција“,
објавен во 1912 година. Венеција беше инспирација за поезијата на Езра Паунд, кој го
напиша своeтo прво книжевно дело во градот. Паунд починал во 1972 година и неговите
останки се закопани во гробиштата na Венецискиот остров Св. Михаил. Францускиот
писател Филип Соле поголемиот дел од својот живот го поминал во Венеција и објавил
„Речник за љубовниците на Венеција“ во 2004 година. Уго Фосколо (1778-1827) роден во
Занте, остров кој во тоа време и припаѓал на Венецијанската Република, исто така беше
познат поет и револуционер кој сакал да види слободна република основана во Венеција,
по падот на Наполеон.
Венеција е исто така, поврзана со техничките аспекти на пишувањето. Градот беше
локација за една од најраните преси за печатење на Италија, основани од Алдус Манутиус
(1449-1515). [Уреди] Од овој почеток, Венеција се развивала како важен печатарски
центар, па дури и до 18 век била одговорна за печатење na половина објавени книги во
Италија. [се бара извор]

Уметност и печатење[уреди | уреди извор]


Венеција, особено за време на средниот век, Ренесансaта и Барокoт, беше голем центар
на уметноста и разви уникатен стил познат како Венецијанскa школа. Во средниот век и
Ренесансата, Венеција, заедно со Фиренца и Рим, стана еден од најважните центри на
уметноста во Европа, и бројни богати Венецијанци станаa покровители на уметноста.
Венеција во тоа време беше богата и просперитетна Поморска Република, која го
контролирашe пространото море и трговската империја. [46] До крајот на 15 век, Венеција
стана Европскиoт главен град на печатењето, и беше еден од првите градови во Италија
(после Рим и Субијако) да има печатарска преса, по оние во Германија, кои имаат 417
печатари од 1500 година. Најважната печатница беше Алдин прес на Алдус Манутиус, која
во 1499 година ja отпечати Hypnerotomachia Poliphili, која се смета за најубавата книга на
Ренесансата, и воспостави модерна интерпункција, формат на страницата и накосени
букви, и првотo печатенo дело на Аристотел. Во шеснаесетиот век Венецијанскoтo
сликарство беше развиенo преку влијанијата на Падуанската школа и Антонело да
Месина, кој ја воведе техника сликање со мрсни бои на браѓата Ван Ејк. Тоа се
карактеризира со скали на топли бои и живописната употребa на боja. Раните учители
биле семејствата Белини и Виварини, следени оф Џорџоне и Титиан, потоа Тинторето и
Веронесе. Во почетокот на 16 век, исто така, имаше соперништво за тоа дали
Венецијанското сликарствто треба да употребува disegno или colorito. [47] Платнoто за
слики потекнува од Венеција за време на раната Ренесанса. Овие рани платна беа
генерално груби. Во осумнаесеттиот век Венецијанскoтo сликарство дуждивеа ренесанса,
поради Тиеполовото декоративнo сликарство и панорамите на Каналето и Гварди.

Стакло

You might also like