You are on page 1of 3

СОУ „ГИМНАЗИЈА ЈОСИП БРОЗ ТИТО“– БИТОЛА

КОТОР

Котор е приморски град во црна Гора, кој се наоѓа на почетокот на заливот Бока Которска,
а поради своите културни и природни знаменитости, убавата архитектура и природа,
градот се наоѓа на листата заштитени културни и природни реткости на UNESCO.

За тоа кога е градот


основан нема сигурни и
прецизни податоци, но
според археолошките
истражувања, областа
околу градот била
населена уште со
грчката колонизација
во првиот милениум пред нашата ера, а потоа илирите ја зазеле оваа територија. Најголем
подем во античкиот период има во времето на Римската империја. Во средниот век
територијата на Бока Которска, а и самиот град
биле под власта на голем број на балкански
владетели, почнувајќи од Византија, па царот
Самоил, српските кралеви од династијата
Немањиќ, преку Венецијанската република,
која оставила силен печат на градот, тоа
особено се гледа во архитектурата и градбите,
кои се под венециско влијание. Во ова време
името на градот било Катаро (Cattaro). Кратко
време и Османлиите владееле со градот, а потоа
и Австрија, за во почетокот на XIX век, градот
да биде освоен од војските на Наполеон
Бонапарта. Со одлуките на Виенскиот конгрес

1
Иљо Трајковски
СОУ „ГИМНАЗИЈА ЈОСИП БРОЗ ТИТО“– БИТОЛА

од 1815 година, повторно е вратен под австриска власт на Хабзбуршката династија се до


1918 година.

Во состав на Црна Гора влегува по Првата светска војна и


тој е еден од најзначајните градови во државата.
Близината на Дубровник, но и Јадранското море,
отсекогаш го правеле центар на трговијата. Денес тој е
значаен туристички центар на јужниот дел од Јадранот, со
околу 23000 жители.

Најзначајните споменици од културата се Которската


тврдина која го штитела градот низ вековите, стариот
град со многу тесни медитерански улици, како и повеќе
цркви, од кои се истакнуваат црквата Свети Трифун и
црквата Свети Никола.

Влезната врата во стариот град

Црквата Свети Трифун и црквата Свети Никола во стариот град во Котор.

Користена литература:

https://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%82%D0%BE%D1%80

2
Иљо Трајковски
СОУ „ГИМНАЗИЈА ЈОСИП БРОЗ ТИТО“– БИТОЛА

https://en.wikipedia.org/wiki/Kotor

3
Иљо Трајковски

You might also like