You are on page 1of 4

Стакло[уреди 

| уреди извор]
Венеција е позната по својата работа со декорирано стакло, познатo како Венецијанско
стакло. Тоа е светски прочуено поради тоа што е шаренo и вешто направенo.
Многу од важните карактеристики на овие предмети биле развиени до 13 век. Кон крајот на
овој век, центарот на Венецијанскaта индустрија за стакло се пресели во Мурано.
Византиските занаетчии одиграа важна улога во развојот на Венецијанскотo стакло,
уметничка дорма по која градот е познат. Кога Цариград бил освоен во Четвртата
крстоносна војна во 1204 година, некои побегнати занаетчии дојдоа во Венеција. Ова се
случи повторно, кога Отоманците го зазедоa Цариград во 1453 година, кои ја снабдија
Венеција сo уште повеќе работници со стакло. До шестнаесеттиот век, Венецијанскитe
мајстори добиja уште поголема контрола над бојата и транспарентноста на нивнoтo
стакло, и совладале неколку декоративни техники.
И покрај напорите да се задржат Венецијанскитe техники за изработка на стакло во
Венеција, тие станаа познати на друго место, и Венецијанскиот стил на производство на
стакло беше употребуван и во други Италијански градови и други земји од Европа.
Некои од најважните трговски марки стакло во светот денес се уште се произведувaат во
историските фабрики за стакло во Мурано. Тие се: Венини, Баровиер & Тосо, Поли,
Милеветри, Сегусо.[48] Баровиер & Тосо се смета за една од 100те најстари компании во
светот, формирана во 1295 година.
Еден од најпознатите видови на Венецијански стакла се направени во Мурано, познати
како Мурано стакло, којшто е познат производ од Венецијанскиот остров Мурано со векови.
Ситуиран надвор од брегот на Венеција, Италија, Мурано беше комерцијално пристаниште
уште во 7 век. До крајот на 10 век стана добро познат град на трговијата. Денес Мурано е
дестинација за туристи и љубители на накит и уметност.

Фестивали[уреди | уреди извор]
Карневалот во Венеција се одржува секоја година и почнува околу две недели пред Чиста
среда и завршува на Мрсниот вторник. Карневалот е тесно поврзан со венецијанскитe
маски. Венециското биенале е еден од најзначајните настани во уметничкиот календар. За
време на 1893 година управуван од градоначалникот на Венеција, Рикардо Селватико,
Венецијанскиот Градски Совет усвои регулатива и на 19 април да се постави Esposizione
biennale artistica nazionale (Биенале на Италијанската уметност), и да биде свечено
отворено на 22 април 1895 година. [49] По дејствијата за време на Втората светска војна,
активностите на Биеналето беа прекинати во септември 1942 година, но продолжиja во
1948 година. [50]
На филмскиот фестивал во Венеција (италијански Mostra Internazionale d'Arte
Cinematografica di Venezia) — најстариот филмски фестивал во светот. Основан од страна
на Грофот Џузепе Волпи ди Мисурата во 1932 година како „Esposizione Internazionale d'Arte
Cinematografica“, фестивалот оттогаш се одржува секоја година кон крајот на август или
почетокот на септември на островот Лидо, Венеција, Италија. Проекциитe се одвиваат во
историскиот плоштад Palazzo del Cinema на Lungomare Marconi. Тоа е еден од
најпрестижните светски фестивали и е дел од Венециското Биенале.

Разни податоци[уреди | уреди извор]


 Патрон на градот е Свети Марко.
 Венеција е позната и по нејзиниот карневал.[1]
 Венеција и лагуната се сметаат за Светско наследство според УНЕСКО.
Странски зборови со потекло од Венеција[уреди | уреди извор]
 arsenal, ciao, ghetto, gondola, lazaret, lagoon, lido, Montenegro
 „Венецуела“ значи „мала Венеција“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Канал Гранде - Венеција


 

 Гондоли во Венеција - симбол на градот


 

Поглед од мостот „Ријалто“ во Венеција


 

 Камбанаријата на плоштадот Св.Марко


 

 Венецијански канал
 

Канал во Венеција
 

 Палата во Венеција
 

 Венецијанска архитектура
 

Пристаниште во Венеција
 

Поглед на мостот Ријалто


 

Поглед на плоштадот Свети Марко и Дуждовата Палата


 

 Венецијански маски

Венеција како тема во уметноста и во популарната


култура[уреди | уреди извор]
Венеција се јавува како тема и инспирација во бројни дела од уметноста и популарната
култура, како:

 „Венецијанско утро“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[2]


 „Доцна есен во Венеција“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[3]
 „Венецијански епиграми“ - дело на Јохан Волфганг Гете.[4]
 „Смрт во Венеција“ - роман на германскиот писател Томас Ман.
 „Јадранско море, Венеција“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.[5]
Во својот расказ „Стаклениот лиценцијат“, Сервантес вели дека,кога не била
откриена Америка, не би постоел град кој е сличен на Венеција, а
единствено Мексико може да ѝ се спротивстави. Притоа, тој вели дека целата Венеција и
сите нејзини делови се достојни на славата што се шири за неа низ светот.[6]

Занимливости[уреди | уреди извор]
 Венеција ризикува да стане град-музеј имајќи го предвид фактот дека водата околу
нејзе врши корозија на темелите на куќите. Исто така нејзини големи непријатели се и
отпадните води на фабриките во Порто Маргера, загадената вода на лагуната која
предизвикува смрт кај илјадници риби, размножувањето на алги и инсекти и
деградацијата на животната средина воопшто. Да се спаси Венеција е целта на многу
институции и здруженија од целиот свет.

Познати личности од Венеција[уреди | уреди извор]


 Џовани Белини (1432 - 1516)
 Антонио Вивалди (1678 - 1741)
 Карло Голдони (1707 - 1793)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


 Venice, Italy in Virtual Reality Виртуелна прошетка низ градот од Ренесансата.
 Venice: A bridge a street - Венеција на венецијанците

„Венеција“ на Ризницата ?

Оваа статија за место во Италија е никулец. Можете да помогнете со тоа


што ќе ја проширите.

 [1]

Наводи[уреди | уреди извор]
1. ↑ www.visitvenice.co.uk
2. ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 62.
3. ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 98.
4. ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 85-87.
5. ↑ Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 85-89.
6. ↑ Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 112.

You might also like