You are on page 1of 2

Тинторето

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тинторето (италиански: Jacopo Robusti Tintoretto;


роден како Јакопо Робусти;[1] Венеција крај на Тинторето
септември или на почеток од октомври 1518
година[2]  – Венеција, 31 мај 1594), италијански
сликар, еден од најистакнатите претставници од
венецијанската школа и последниот голем
уметник од италијанската ренесанса. Неговите
современици се восхитувале и ја критикувале
брзината со која сликал и на дотогаш невидената
умешност во користење на сликарската четка. За
неговата енергичност во сликарството го добил
прекарот Il Furioso („Бесниот“). Изврши големо
влијание врз подоцнежните поколенија, особено
врз импресионистите.[3],[4]

Живот и дело
Детаљ од автопортрет
Роден(а) Јакопо Комин
Детство 1518
Венеција, Венецијанска
Тинторето е роден во Венеција во 1518 година.
Република
Неговиот татко, Батиста, бил бојаџија на текстил
(итал: tintore); и оттаму неговиот син го добил Починал(а) 31 мај 1594
прекарот Тинторето, „малиот бојаџија“ или Венеција, Венецијанска
„детето на бојаџијата“. [5] Познато е дека Република
Тинторето имал барем еден брат, по име Правец ренесанса
Доменико, иако неверодостоен извор од 17 век
наведува дека имал 22 браќа и сестри.[6] Се смета
дека неговото семејството потекнува од Бреша, во Ломбардија, тогаш дел од Република Венеција.
Други студии за потеклото на семејството водат до тосканскиот град Лука.

За детството на Тинторето се знае многу малку. Според неговите биографи Карло Ридолфи (1642)
и Марко Бошини (1660), Тинторето формално се подучувал само во студиото на Тицијан, кој
налутено го отпуштил по само неколку дена - поради љубомора затоа што бил многу
перспективен ученик (според Ридолфи) или поради лична нетрпеливост (според Бошини).[7]
Оттогаш, меѓу нив имало несрдечен однос, и покрај континуираното восхитување на Тинторето
кон Тицијан. Тицијан, од своја страна, отворено го омаловажувал Тинторето и неговите
приврзаници.[8]

Неговите биографи пишуваат дека живеел многу скромно. Неговиот секојдневен живот воопшто
не наликувал на бучниот и раскошен живот на неговиот постар современик Тицијан или на
неговиот пријател Веронезе. Заедно со своето семејство, зел скромен стан во Венеција, кој самиот
го насликал.

Први дела

Тинторето често бил во


друштво на младиот
сликар Андреа
Скијавоне, кој бил четири
години помлад од него.
Опсада на Азола (1544–45),
Тинторето бесплатно му
Национален музеј, Познањ
помагал со
фрескосликарство, а
најчесто работел без да
добие надомест.[9] Првите две мурални слики на Тинторето -
направени, како и другите, речиси без надомест - се смета
дека се Валтазаровата гозба и Борба на коњици. И двете
слики исчезнале, како и сите негови фрески. Првото негово
дело кое привлекло поголемо внимание бил групен портрет
на кој Тинторето е насликан со неговиот брат кој свири на Автопортрет како млад човек,
гитара; и ова дело е изгубено. Потоа нацртал слика со ок. 1548
историска тематика, која Тицијан искрено ја пофалил.[10]

Наводи
1. According to historian Stefania Mason, the discovery and publication in 2004 of a "fanciful
account" in a letter of 1678 to a Spanish art collector from his agent in Venice is responsible
for a misconception that Jacopo's surname was Comin. "Robusti is the name that appears in
his tax declarations" and other official documents. Echols 2018, pp. 39–40, 227.
2. Bernari and de Vecchi 1970, p. 83.
3. „Tintoretto“. Архивирано од изворникот на 2021-01-30. Посетено на 2021-02-04.
4. Tintoretto (https://www.ancient.eu/Tintoretto/)
5. Echols 2018, p. 39.
6. Echols 2018, pp. 38–40.
7. Echols 2018, p. 85.
8. Echols 2018, pp. 18, 85.
9. Nichols, Tom. Tintoretto. Tradition and Identity. Reaktion Books, 1999, pp. 103 and 241ff.
10. Rossetti 1911.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја
проширите (https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A2%D0%B8%D0%BD%D
1%82%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BE&action=edit).

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Тинторето&oldid=4973333“

You might also like