You are on page 1of 3

во КОЧАНИ

МАРКО ПЕТРОВСКИ АНЕ АВРАМОВСКА


Кочани е град во источниот дел на Република Македонија. Најпознат споменик во овој
град е Споменикот на слободата кој е изграден на ридот Локубија.

Овој споменик се состои од неколку отворени ѕидни конструкции, на кои се исцртани


мозаици на Глигор Чемерски. Прогласен е за културно наследство на Македонија.

Споменикот е изграден во периодот од 1975-1977 година. Парични средства за негова


изградба биле обезбедени од жителите на Кочани.

Во 1981 г. споменикот бил целосно завршен, а на 28 ноември 1981 година, со голема


свеченост и присуство на граѓани, гости, уметници од културата, политичари и други, бил
предаден во употреба.

Овој споменик е посветен на историската борба на македонскиот народ за слобода од


Илинденскиот период, па до Народно Ослободителната Војна. Во споменикот се ставени
имињата на загинатите борци во од Кочани и Кочанско.

Покрај историската и уметничка вредност, споменикот се користи и како место, кое се


користело за различни свечености, театарски претстави и други собири.

1
Споменикот е прогласен за споменик на културата и како таков е влезен во регистарот
на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

You might also like