You are on page 1of 28

Проект по предметот

Истражување на родниот крај

КУЛТУРНИ
НАСТАНИ ВО
РОДНИОТ КРАЈ
ОРГАНИЗИРНИ ОД
МУЗЕЈОТ НА ГРАД
НЕГОТИНО
МУЗЕИТЕ ПРЕТСТАВУВААТ РИЗНИЦА НА КУЛТУРНОТО И
ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА.СОЗДАДЕНИ ВО ТЕКОТ НА
ПРАИСТОРИЈАТА,РАНОТО ХРИСТИЈАНСТВО,СРЕДОВЕКОВНИТЕ И
ПОДОЦНЕЖНИТЕ ЕПОХИ.ПРИТОА СЕ ОПФАТЕНИ ГОЛЕМ БРОЈ НА ПРЕДМЕТИ
И СПОМЕНИЦИ КОИ ПРИПАЃААТ НА РАЗЛИЧНИ ИСТОРИСКИ
ЕПОХИ.МУЗЕИТЕ СЕ МОСТОВИ КОИ ГИ ПОВРЗУВААТ ВО ПРОСТОРОТ И
ВРЕМЕТО.ДЕНЕС СЕКОЈ ЧОВЕК Е ОДГОВОРЕН ЗА ИДНИНАТА,СЕГАШНОСТА И
МИНАТОТО.МУЗЕИТЕ СЕ ДОСТАПНИ ЗА СЕКОЈЧОВЕК ДА ЗНАЕ ШТО
ВСУШНОСТ ТОА ЗНАЧИ.МУЗЕИТЕ СЕ МЕСТА КАДЕ СИТЕ СЕ
ДОБРЕДОЈДЕНИ.ТИЕ СЕ НАСОЧЕНИ КОН ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ И
ИНТЕРЕСИТЕ НА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ,ЗА ДА СЕ
ДОБИЈАТ ЕЛЕМЕНТАРНИ МУЗЕЈСКИ КУЛТУРИ И ДА СЕ РАЗВИЈАТ ЧУВСТВОТО
И ЧУВАЊЕТО И ВРЕДНУВАЊЕТО НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО.МУЗЕИТЕ
КОРИСТАТ РАЗНИ ЕДУКАТИВНИ МУЗЕЈСКИ ПОСТАВКИ И ИЗЛОЖБИ.
ИСТОРИЈА НА МУЗЕЈОТ НА ГРАД
НЕГОТИНО

This Photo by Unknown author is licensed under CC BY-SA.


Општинската Установа Музеј на град
Неготино е основана во 1978 година со
Одлука на Собранието на Општина
Неготино и е институција која делува во Првата изложба била организирана во
областа на културата. ОУ Музеј на град 1978 година и содржела материјали од
Неготино е културно, просветна и научна ликовното творештво на познатиот
установа, која преку систематско ликовен уметник Димче Протуѓер.
истражување, собирање, средување, Установата располага со изложбен
стручно и научно обработување и простор од 450 м2 за постојани музејски
проучување, заштита, чување, поставки и околу 100 м2 за повремени
1. Одделение за археологија;
објавување и презентирање на изложби. Во 2008 година е дограден дел
2. Одделение за историја;
музејскиот материјал, го шири од дополнителни 200 м2 со донација од
3. Одделение за етнологија;
образованието за културното наследство, Италијанската амбасада преку
4. Одделение за ликовна уметност;
трајно ги задоволува културните потреби фондацијата "Тиквешки вински пат" за
на работните луѓе и граѓаните и развој на вински туризам. Денес во овој
придонесува за унапредување на простор се наоѓа етнолошко-винската
стручната и научно-истражувачка работа поставка, а во долниот дел е сместен
и развој на културата, науката, Лапидариумот кој содржи дел од
образованието и други дејности. ОУ збирката на камена пластика на ОУ
Музеј на град Неготино е музеј од општ Музеј на град Неготино.
карактер, односно комплексен музеј во
кој работењето се организира преку
организациони единици – одделенија:
АРХЕОЛОШКО ОДДЕЛЕНИЕ

• Првите активности на ОУ Музеј на град Неготино од областа на археологијата се врзуваат


веднаш по неговото основање. Првите никулци од областа на археологијата датираат од 1979
година, кога се склучува првиот договор за рекогносцирање и изработка на Археолошка карта
на општина Неготино, потпишан од Киро Андонов, тогашен претстедател на ОСИЗ за култура
на општина Неготино и Драги Тозија, директор на Републичкиот завод за заштита на
спомениците. Во наредните неколку години се до 1989 се прават програми за превентивна
заштита и интервенција на повеќе археолошки локалитети во општина Неготино и тоа од
страна на археологот д-р Живоин Винчиќ.
АРХЕОЛОШКО ОДДЕЛЕНИЕ
• Од самото формирање на музејот па се до 1989 година, археолошката збирка на предмети се
создава и зголемува најмногу со површинско откривање на предмети како и со откривање и
подарување на археолошки предмети изработени од керамика, метал и камени надгробни
плочи, кои што поединци од општината случајно ги наоѓаат при обавување на земјоделските
работи а најчесто при орање на нивите.Почнувајќи од деведесеттите години од минатиот XX
век првите археолошки ископувања ги работи кустос-советник археолог Киро Ангеловски,
вработен и директор на општинската установа Музеј на град Неготино, кога започнува и
зголемувањето на археолошкиот фонд на предмети кои што датираат од праисторијата и
антиката. Неговата активност на полето на археологијата е значајна за музејот и трае се до
неговото пензионирање во 2011 година.
АРХЕОЛОШКО ОДДЕЛЕНИЕ

• Археолошки ископувања на локалитетите во општина Неготино се раководени и од други


стручни лица-археолози од соодветни институции и професори од Филозофскиот Факултет,
кои предаваат на катедрата за aрхеологија при универзитетот "Св.Кирил и Методи" од
Скопје. Познати археолошки локалитети во општина Неготино се: "Мали дол"-с.Тремник,
"Градиште-Антигонеа"-Неготино, "Чаир Рид"-с.Тремник, "Орманков гроб"- с.Тремник,
"Градиште"-с.Војшанци, "Попот"-с.Прждево, "Градот"-с.Горни Дисан, "Бела земја"-
с.Пепелиште, "Трнче-Стреа"-с.Пепелиште и други помали локалитети.
•ЗЛАТНИОТ НАОД ОД "ОРМАНКОВ ГРОБ" С.ТРЕМНИК

Еден од екслузивните археолошки наоди пронајдени со археолошко истражување под раководство на стручен
тим од ОУ Музеј на град Неготино, од 2008 година на локалитетот "Орманков гроб" с.Тремник, е златниот наод
кој потекнува од античкиот период од IV – III век п.н.е. 
Се претпоставува дека припаѓал на истакнат војник-офицер по потекло Пајон од Антигонеа, кој сигурно бил во
војската на Александар Македонски додека војувал во Азија, и по враќањето го носи сиот овој златен накит, со
кој потоа бил погребан.Овој златен наод се чуваше во ОУ Музеј на град Неготино од 2008 г. до јуни 2014 г., кога
потоа по барање на Министерството за култура на РМ беа дадени на реверс во Н.У. Археолошки музеј во Скопје
за времетраење од 5 години Денес тие се изложени во Н.У. Археолошки музеј во Скопје пред пошироката
домашна и меѓународна јавност.
АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ "ГРАДИШТЕ –
АНТИГОНЕА", НЕГОТИНО
• Археолошкиот локалитет "Градиште-Антигонеа"- Неготино се наоѓа на северниот влез на
градот Неготино, на висок рид, со стратешка позиција која доминира во Неготинската
котлина. Археолошките истражувања во изминатите четириесетина години покажале дека
зарамнетото плато на ридот било населено во континуитет од праисторијата (железно време),
па се до римскиот период, кога населението постепено почнува да се сели кон просторот на
кој денес се наоѓа градот Неготино. 
•ЕТНОЛОШКО ОДДЕЛЕНИЕ
Во досегашниот развој ова одделение покажува особен интерес кон
истражувањето, проучувањето, собирањето и презентирањето на богатото
културно наследство од неготинскиот регион. Во етнолошкиот оддел е
претставена материјалната и духовната култура на населбите во Општина
Неготино и градот Неготино, преку многубројни народни носии, предмети
кои се користеле во домаќинството и земјоделската култура застапена во
овој регион кои што датираат од почетокот 18 па се до крајот на 20 век.
Тука спаѓаат, од кои дел се изложени, разни ѓумови, тепсии, котлиња,
ѓумчиња, роден, софра, сорчиња, лејка, врчви, стомни, аван, триножни
столчиња, машина за шиење, ќилими, ткаеници и многу други етнолошки
предмети. Тие се изработени од текстил, дрво, керамика, метал, бакар,
стакло.
•Историското одделение

Историското одделение при општинската установа Музеј на


град Неготино – Неготино е оформено уште со основањето на
установата во 1978 година, и ги следи настаните поврзани за
историјата на градот, потпирајќи се на историските податоци за
општина Неготино низ вековите , постепено се зголемува со
бројот на историскиот материјал собиран по пат на подарување,
откуп и теренски истражувања. 
тручната и научно-истражувачката работа во историското
одделние е поставена врз основа на следниве начела:
прибавување, истражување, средување, стручно и научно
обработување историски музејски материјал и музејски
предмети; евидентирање музејски материјал и музејски
предмети во музејските книги и нивно чување и заштита;
објавување и презентирање музејски материјал и музејски
предмети преку организирање постојани и повремени изложби,
предавања, семинари, прикажување филмови и други форми на
дејствување; научно-истражувачката дејност се реализира преку
истражувачки проекти, со организирање научни собири и
научни конференции, предавања, промоции на книги, издавачка
•ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЛИКОВНА
УМЕТНОСТ

Во текот на своето работење ОУ Музеј на


Во текот на изминатиот период ОУ Музеј град Неготино има валоризирано збирка
на град Неготино има организирано на ликовни дела, а во наредниот период
околу 300 ликовни изложби на ликовни музејот ќе продолжи со ваквата
уметници од Неготино, на уметници од активност на организирање на ликовни
Република Македонија, од просторот на изложби и со збогатување на збирката на
поранешна Југославија и од странство. ликовни дела од реномирани уметници
преку откуп на истите.
ИЗЛОЖБИ • Археолошка
• Нумизматика
ВО МУЗЕЈОТ • Лапидариум
НА ГРАД • Етнолошка
НЕГОТИНО • Историска
АРХЕОЛОШКА ИЗЛОЖБА

• Во археолошката постојана изложба се изложени артефакти кои што се пронајдени од


археолошките ископувања од локалитети што се наоѓаат на територијата на општина
Неготино. Археолошките предмети што се изложени во постојаната археолошка поставка се
групирани, претставени по хронологија и го опфаќаат предисторискот период, античкиот и
средновековниот период. Од изложените археолошки предмети посебно се издвојуваат
предметите изработени од керамика кои се истакнуваат по формите (разни чинии, бокали,
грниња, кантаровидни садови, питоси), начинот на украсување со сликање, врежување и сл.,
како и разновидните антропоморфни и зооморфни претстави во форма на фигурини.
НУМИЗМАТИКА

• Во витрината што се наоѓа во средишниот простор на археолошката поставка се изложени монети од нумизматичката
збирка на ОУ Музеј на град Неготино кои датираат од античкиот и средновековниот период. Нумизматичката збирка, во
Музеј на град Неготино формирана e 2004 година и таа денес е дел од постојаната археолошка поставка. Целта на
нејзиното формирање е да го зачува културното наследство во доменот на монетарната размена, во поширокиот регион на
Општина Неготино. Составена е од 250 монети од кои поголемиот дел се бронза, а останатите се бакарни, сребрени и
неколку златни монети. Нејзината содржина во неколку тематски и хронолошки целини ни ја претставува циркулацијата
на монетите на подрачјето на Општина Неготино како дел од монетарниот систем во средновардарскиот регион во
антиката и среден век, односно од 4 век п.н.е. до 14 век н.е.
• Ваквата континуирана присутност на монетите на просторот во долг временски период зборува за развиен паричен систем
во регионот. Ова секако се должи на развиеното стопанство условено од добрата местоположба на општината на античката
патна сообраќајница по вардарската долина, по која се одвиваат значајните трговски врски и се чувствуваат струењата на
културните вредности и достигнувања на другите културни центри (цивилизираниот свет).
ЛАПИДАРИУМ

• Лапидариумот кој е дел од музејската збирка камена


пластика, поседува еден обликовен збир на податоци и
сознанија со што има информативна, воспитно образовна,
културна и научна функција. Со презентираните предмети
во археолошката поставка заедно со Лапидариумот во
дворот на ОУ Музеј на град Неготино се претставува
животот на населението од предисторијата преку антиката
до средновековието кое што предизвикува голема
заинтересираност и љубопитност кај посетителите.
ПОСТОЈАНА ЕТНОЛОШКА ПОСТАВКА

• Етнолошката поставка е сконцентрирана на површина од околу 200 м2 во ОУ Музеј на град


Неготино и ја претставува материјалната и духовната култура на населбите во Општина Неготино
и градот Неготино, преку многубројни народни носии, предмети кои се користеле во
домаќинството и земјоделската култура застапена во овој регион. Во оваа поставка се изложени
предмети кои датираат од почетокот на 18 век па се до крајот на 20 век.Предметите се изработени
од метал, дрво, керамика, текстил и стакло. Изложени се околу 220 предмети и поставката содржи
разни ѓумови, тепсии, тави, котли, макази, инки, саан, маслари, пирустија, дрмоњ, решето и други
метални предмети кои служеле за конзумирње, чување и готвење на храна во нив, како и пегла на
жар, ќумбе, срп, сор, сафи, бералка за афион, режалка за афион и др. 
ПОСТОЈАНА ЕТНОЛОШКА ПОСТАВКА

• Од предметите изработени од дрво изложени се: бутим, букар, софра, триножно столче, крлак,
р‘жање, вител, гребла, каче, каленици, танор-штица за леб, соларник, буриња, каци, матарка,
ковчег, фурка, токмак, самар, пиралка (лопатка), плетена кошница, роден, вретена, крлак,
лејка и др. Керамичките предмети кои што се изложени во етнолошката поставка главно се
користеле како покуќнински предмети. Во нив чувале вода, вино, млеко, урда, туршија, маст,
џимиринки, и др. Во оваа група спаѓаат: стомни, бардаци, грниња, врчви и
подница.Традиционалната женска народна носија, накитот заедно со традиционалната
текстилна покуќнина како ќилими, перници, торби и сл., се исто така изложени во поставката.
ПОСТОЈАНА ИСТОРИСКА ИЗЛОЖБА
• Историското одделение при општинската установа Музеј на град Неготино – Неготино е оформено уште со
основањето на установата во 1978 година, и ги следи настаните поврзани за историјата на градот, потпирајќи се на
историските податоци за општина Неготино низ вековите , постепено се зголемува со бројот на историскиот
материјал собиран по пат на подарување, откуп и теренски истражувања. Првата музејска поставка поставена во
музејот е историската со која што се поставени темелите на институционализираната музејска дејност во Неготино и
неготинско. Историското одделение го претставува и проучува периодот од формирањето и основањето на градот
Неготино почнувајќи од 1800 година, периодот за време на Илинденското востание, Балканската војна, Прва и Втора
светска војна.

• Стручната и научно-истражувачката работа во историското одделние е поставена врз основа на следниве начела:
прибавување, истражување, средување, стручно и научно обработување историски музејски материјал и музејски
предмети; евидентирање музејски материјал и музејски предмети во музејските книги и нивно чување и заштита;
објавување и презентирање музејски материјал и музејски предмети преку организирање постојани и повремени
изложби, предавања, семинари, прикажување филмови и други форми на дејствување; научно-истражувачката дејност
се реализира преку истражувачки проекти, со организирање научни собири и научни конференции, предавања,
промоции на книги, издавачка дејност и сл. Целиот период е претставен преку фотографии, текстови, мапи, оружје.
ПРОЕКТ ЗА КУЛТУРНИ НАСТАНИ ВО РОДНИОТ КРАЈ
ОРГАНИЗИРАНИ ОД МУЗЕЈОТ НА ГРАД НЕГОТИНО
• Проектот го подготвија:
• Мануела Јорданова
• Кристина Јованова
• Лука Миовски
• Љупче Ставров
• Илија Минов
• Користена литература http://www.muzejnegotino.mk/

You might also like