You are on page 1of 8

Македонски археолошки

наоѓалишта
Вовед
-Археолошката наука,со средствата за ископување и обработка,ни ги открила
остатоците на материјалната култура.
-Според имињата на локалитетите се наречени двете неолитски
микрокултури-Анзабегово-Вршник и Велушко-Породинска.
-За праисторијата во Македонија сведочат многубројните наоѓалишта со
разновидни обични,но,исто така,и необични материјални остатоци-траги на
културата создавана од разни популации и народи на овие простори во текот
на повеќе од шест милениуми.Со обработката на одделни предмети на
материјалната и духовната култура,со нивно поврзување и толкување,се
отвора простор за извесни хронолошки и културни определувања,со што би
се разјасниле одделните праисториски слоеви и пошироко-на Балканот и во
Југоисточна Европа.
Неолит
-Археолошките наоѓалишта на територијата на Македонија сведочат за
постоењето материјална и уметничка култура почнувајќи од
помладиот палеолит.Во времето на неолитот(од крајот на VI до
средината на IV милениум пред н.е.) постоеле дрвени куќи и колиби
кои имале правоаголни основи,со повеќе простории,некои од нив
обоени и декорирани
-Најзначајни наоѓалишта на керамика се лоцирани во Анзабегово во
Овчеполието и Баргала кај Штип.
-Претставата на Големата мајка од Маџари, со културната содржани
божествените функции има посебно значење во контекст на Балканот.
Времето на металот
Преселбата на индоевропските племиња се случува во најстарата фаза на
бронзеното време(од 2600 до 1200 година пред н.е.),чии траги наоѓаме на
локалитетите во Пелагонија,Скопско Кале,Црковни Ливади крај Струга.
-Од железното време(од околу 1200 до 400 година пред н.е.) се пронајдени
материјали во гробови и некрополи,посебно сликана керамика(керамички
садови од Живојно крај Битола).Во тоа време биле развиени
металопреработувачките занаети и оттука богати наоди на
накит,гривни,фибули итн.
-Доцното железно време(меѓу 600 и 400 година пред н.е.) се совпаѓа со крајот
на архајското и класичното време на Грција.Во Македонија настанале
општествени и економски промени што опфаќаат јакнење на домашната
аристрократија.
-Во Требениште крај Охрид,се откриени 12 владетелски гробови со
богати наоди на разни предмети од злато,сребро,бронза и други
материјали: тоа се шлемови(со “грчко-илирска” форма),украси и др.
-Требенишката култура,благодарение на магистралната патна линија
на идната Виа Егнатиа,го почуствувала влијанието на архајската
култура на егејскиот басен,со одделни коринтски,јонски и египетско-
критски влијанија.
-Златните маски се многу ретки примероци,земајќи ги предвив
малите откритија во Беранци крај Битола и посебно во Синдес крај
Солун
-Изработката на требенишките златни маски е мотивирана од
религиозните сфаќања за задгробниот живот и потребата на
населението.Маските имаат крупни “слепи” очи,со дебели
“цртани” веѓи.
-Во Тетово е откриена цврсто изградената дворјанска гробница во
кој се најдени делови на разни бронзени предмети.Највпечатлив
наод е,секако,таканаречената Тетовска Менада,мала бронзена
статуетка што се наоѓала на еден бронзен кратер.
-Со елинизацијата на материјалната култура,во втората половина
на IV век пред н.е. Завршува праисторијата во Македонија.

You might also like