You are on page 1of 70

КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

ВО ДЕБАРСКО-РЕКАНСКИОТ
РЕГИОН
Павлов
ко Н и ко л овски | Зоран
Дар
асимовска | ерасимова
Матеска
Дафина Гер | С н еж ан а Г
аџи Пецова
Цветанка Х

1
2
КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
ВО ДЕБАРСКО-РЕКАНСКИОТ
РЕГИОН
ран Павлов
ар ко Н и ко ловски | Зо
Д
асимовска | Герасимова
Матеска
Дафина Гер | С н еж ан а
аџи Пецова
Цветанка Х

Декември, 2018, Скопје

3
Издавач:
Министерство за култура на Република Македонија
Управа за заштита на културното наследство
За издавачот: д-р Елеонора Петрова-Митевска
Национален координатор на
Пилот проектот за локален развој на Дебар и Река:
м-р Снежана Герасимова-Матеска
Текстови:
Дафина Герасимовска
Дарко Николовски
Зоран Павлов
Цветанка Хаџи Пецова
Снежана Герасимова-Матеска
Лектура:
Александар Јорданоски
Превод на англиски јазик:
Орхидеја Зорова
Лектура на англискиот текст:
Табита Лонли-Коумбер
Фотографии:
Дафина Герасимовска
Константин Димитровски
Дарко Николовски
Зоран Павлов
Цветанка Хаџи Пецова
Франсоа Звардон
Владо Кипријановски
Снежана Герасимова-Матеска
Дизаjн и подготовка: Фросина Цонева Ивановиќ
Тираж: 700
Печати: Коста Абрас, Охрид

Публикацијата е финансиски поддржана


од Министерството за култура на Република Македонија

4
СОДРЖИНА

Предговор......................................................................................................4

Дафина Герасимовска
Археолошки локалитети во општините Дебар
и Маврово и Ростуша.............................................................................6

Дарко Николовски
Христијански сакрални споменици во општините
Дебар и Маврово и Ростуша........................................................... 13

Зоран Павлов
Типологија, карактеристики и значење
на османлиските споменици на
територијата од Дебар и Река......................................................... 27

Цветанка Хаџи Пецова


Историски и урбан развој на градот.......................................... 35

Снежана Герасимова Матеска


Традиционална рурална архитектура...................................... 47

Терминолошки речник...................................................................... 60

Користена литература........................................................................ 64

5
ПРЕДГОВОР

Пилот-проектот за локален развој на регионот Дебар и Река, реализиран од


страна на Министерство за култура - Управа за заштита на културното наслед-
ство, а во соработка со Советот на Европа како дел на Регионалната програма
за културното и природното наследство на Југоисточна Европа, има цел да за-
почне процес на локален развој во пилот-територијата кој се заснова на сора-
ботка и партиципација на сите национални и локални партнери во процесот
на унапредување на културното наследство во регионот од аспект на неговата
перспектива во одржливиот развој.

Во рамките на спроведувањето на Пилот-проектот за локален развој на реги-


нот Дебар и Река во 2013 година беше спроведена евиденција на културното
наследство на територијата од целиот регион. Реализацијата на оваа актив-
ност беше финансиски помогната од Советот на Европа и Министерството за
култура. Целта на евидентирањето на културното наследство е да им обезбеди
техничка поддршка на надлежните власти во нивните напори да го заштитат
културното наследство, да ги истражат и утврдат неговите вредности и улога
во долгорочните развојни политики.

Со теренските истражувања беше извршена идентификација на автентично


зачуваното недвижно културно наследство во рамките на населените места и
надвор од нив, неговата бројност, состојба и можност за негово интегрирање
во развојните планови на регионот.

Евиденцијата на недвижното културно наследство ја спроведоа три тима, во


состав: м-р Снежана Герасимова-Матеска, Билјана Кузманоска, д-р Дафи-
на Герасимовска, Валентино Димитровски, м-р Зоран Павлов, м-р Цветанка
Хаџи Пецова, Константин Димитровски, м-р Дарко Николовски, Газменд Цами
и Орхидеја Зорова.

6
Топографијата на теренот составена од планински предели со високи планин-
ски врвови на кои се вгнездени селата, тешката пристапност до нив поради
непостоење патишта, бујната вегетација карактеристична за летниот период
од годината и ненаселеноста на регионот, беа главните тешкотии со кои се
соочија тимовите при реализација на теренските активности. И покрај овие
тешкотии, беа посетени вкупно 58 села, градот Дебар и објектите во нивната
околина, како и неколку археолошки локалитети.

Најголем број од наследените објекти веќе не се во функција, а со нивното


целосно напуштање се придонесува за губење на богатото наследство и мож-
носта за негово користење во развојот на регионот. Овој процес на пропаѓање
на културното наследство условува изградба нови објекти за развојните по-
треби на регионот, што ќе создаде можност за деградација на наследениот
амбиент.

Генерален впечаток за селата е дека и покрај тоа што се сместени во исклучи-


телно живописен предел, наследениот амбиент во голема мера е дегра­диран.
Во текот на своето повеќевековно постоење претрпеле разни промени, за-
мена на нивната рурална структура со нови елементи со карактеристики на
времето на градењето, но сепак успеале до денес да опстојат и да ја задржат
својата историска слоевитост. Објектите, иако се во лоша физичка состојба, ги
имаат зачувано автентичните архитектонски карактеристики.

Во оваа публикација е презентирана зачуваната сакрална и профана архитек-


тура во селските населби и градот Дебар, која според своите вредности и ав-
тентична зачуваност е интересна за ревитализација и одржливо користење.

Регенерацијата на животот во споменичките објекти и нивниот третман како


економски добра кои продуцираат поголеми вредности од тие што се потреб-
ни за нивна ревитализација и трајно одржување се најдобар начин за нивно
зачувување. Создавањето стратегија за одржливо користење на културното
наследство ќе овозможи услови за запирање на миграцијата на населението
и депопулацијата на регионот, економски раст и солидна основа за негова
заштита.

Издавањето на оваа публикација е во рамките на одбележувањето на Ев-


ропската година на културното наследство 2018, кое Управата за заштита на
културното наследство го спроведува под слоганот „Нашето наследство - ев-
ропска вредност“.

7
АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИ
ВО ОПШТИНИТЕ ДЕБАР
И МАВРОВО И РОСТУША

Дебарскиот и реканскиот крај имаат богато историско минато. Овие предели


биле населени уште во предисторискиот период, на што укажуваат остатоци-
те од неолитска населба во месноста Музгалица кај село Селокуќи, Дебарско,
како и остатоците од железновременската населба и некропола во месноста
Јаворска Вода, западно од Лазарополе.

Археолошки наоди од хеленистичкиот период досега не се регистрирани.


На ретка населеност во овој регион укажуваат досегашните археолошки ре-
когносцирања на теренот. Населението претежно се занимавало со сточар-
ство, а живеело во малите планински села. Просторот што го опфаќаат општи-
ните Дебар и Маврово и Ростуша се наоѓал на границата меѓу македонската и
илирската држава, па како резултат на тоа племињата коишто ги населувале
овие простори често ги менувале своите господари. Кичевско-дебарскиот Ре-
гион бил населен со племето Пенести коешто во IV век пр. н.е. дошло од про-
сторот на западното течение на реката Црн Дрим.

Со експанзијата на Римската Империја овие простори влегле во нејзиниот со-


став. Во текот на различните временски периоди тие припаѓале во границите
на различни римски провинции. Така, на пример, од 148 год. пр. н.е. до доц-
ниот III век од н.е., овие простори припаднале во провинцијата Македонија,
во доцниот IV век во Епирус Нова, потоа во Праевалитана итн. За поинтен-
зивно живеење на овие простори укажуваат остатоците од населби, фортифи-
кации и некрополи од римскиот и доцноантичкиот период. Да ги споменеме
римските некрополи во месноста Ограѓе кај Кривци, Кошари кај Могорче и
Извор кај Џепиште, како и римската и доцноантичката некропола во Таранеш,
доцноантичката некропола кај Стара Црква, кај Селокуќи и доцноантичката
некропола во месноста Троја кај Спас, сите во Дебарско.

8
На устието кај Мала Река во Радика се издигале четири гранични кастели
и стражи кај Косоврасти, Могорче и Скудриње, коишто ги контролирале па-
тиштата од Дрим кон север по течението на Радика и кон исток по Мала Река.

Веќе во VI век се видливи трагите од словенското присуство во дебарскиот


крај. За загрозувањето на дебарскиот крај, како и на целата Македонија од
Словените нè известува Прокопиј. Словенската колонизација на дебарскиот
и реканскиот крај, како и на другите делови од Македонија била проследена
со етнички измени. Голем дел од разретченото ромеизирано и староседелско
население се повлекло во планинските предели или ги напуштило овие про-
стори, а дел се словенизирало.

Во текот на VII и VIII век дебарската област била земјоделска средина.

Појавата на денешните градови во овој регион се поврзува со средновековие-


то. Иако недостасуваат задоволителни теренски истражувања на овие просто-
ри, сепак пишаните извори нè известуваат дека средновековниот град Орахов-
ник (Раховник) го зафаќал северниот дел од денешниот град Дебар. Како град,
Дебар почесто се сретнува од почетокот на XI век, кога станал и епископско
седиште на Дебарската епархија во составот на Охидската архиепископија.

Во пределот на Река, имајќи ги предвид археолошките наоди, се чини дека


Словените биле првите што оформиле свои населби, но мора да се напомене
дека овој терен сè уште не е доволно истражен археолошки.

„Борче/Св.Пантелејмон“ кај Никифорово, манастирски комплекс


(од 5.-17 век), остатоци од првата фаза

9
Археолошкото наследство на просторот од општините Дебар и Маврово и Ро-
стуша има голема улога во развитокот на севкупната култура на овие про-
стори. Најчесто, по пат на рекогносцирања, во пределите на наведените
општини се евидентирани повеќе археолошки локалитети со остатоци од до-
цноантички фортификации, антички и средновековни населби и среднове-
ковни цркви. Исто така, регистрирани се бројни некрополи коишто самите по
себе не претставуваат значаен дел од архитектонското културно наследство,
но претставуваат извор на вредни артефакти, односно значајни уметнички
дела коишто ги прошируваат сознанијата за културното минато напластено
во текот на долгиот временски период. За жал, археолошките истражувања
се изведувани во минимални рамки, така што не може темелно да се согле-
даат вредностите на наследството од минатото од предисторискиот период до
средниот век. Најголем дел од археолошките остатоци
во наведените општини му припаѓаат на средновеков-
„Борче/Св.Пантелејмон“
ниот период. Станува збор за остатоци од цркви, насел- кај Никифорово, мана-
би и некрополи. стирски комплекс (5.-17
век), реконструкција на
последната фаза

СРЕДНОВЕКОВНИ
ЦРКВИ
Во Општината Маврово и Росту-
ша се евидентирани 14 архео-
лошки локалитети со остатоци
од средновековни цркви. Сите
објекти се наоѓаат во урнати-
ни. Кај некои од нив може да се
согледаат контурите на градби-
те, така што може да се заклучи
дека, главно, станува збор за ед-
нокорабни цркви.

Во Општината Дебар се евиден-


тирани 12 археолошки локалите-
ти со остатоци од средновековни
цркви. Од нив се видливи урнати-
ни од ѕидовите, а според зачува-
ните темели, исто така, се доаѓа
до заклучок дека во најголем дел
се работи за еднокорабни градби.

10
„Крст“ кај Ново Село,
Тоа се едноставни објекти со правоаголни, издолжени средновековна црква
основи со олтарна апсида во дното на наосот на источ- со некропола
ната страна, а најчесто немаат нартекс. Во поглед на
применетата конструкција во изградбата на среднове-
ковните објекти, може да се заклучи дека преовладуваат византиските влија-
нија.

При изградбата на овие објекти во употреба била масивната ѕидана конструк-


ција. Ѕидовите се доста дебели, изградени од кршен камен поврзан со варов
малтер. Најчесто објектите биле покриени со полуцилиндрични сводови, а
конхите на олтарните апсиди биле покриени со полукалоти. Сводовите и ка-
лотите обично биле градени од полесен материјал - камен бигор. Покривање-
то на сводните конструкции било со камени плочи или ќерамиди.

НАСЕЛБИ И ФОРТИФИКАЦИИ
На територијата од Општината Маврово и Ростуша засега се евидентирани 10
локалитети со остатоци од населби и фортификации. Станува збор за урнати-
ни, темели од објекти или само остатоци од градежен материјал, како кршен
камен, варов малтер и ќерамиди. Овие населби потекнуваат од средниот век,
освен гореспоменатата железновременска населба, откриена во месноста Ја-
ворска Вода кај Лазарополе, од којашто се среќаваат фрагменти од керамика
и куќен лепеж.

Поставени на доминантни позиции, фортификациите ги обезбедувале па-


тишта низ коишто се вршела трговија со останатите простори. За ова све-
дочи и фортификацијата Реџов Гроб, кај селото Сретково, која му припаѓа на
средновековниот период, подигната во близина на преминот Стража. Таа го
заштитувала планинскиот премин кон Кичево.

11
На територијата од Општина Дебар засега се евиденти-
рани седум локалитети со остатоци од населби, форти- „Вранска Краста“ кај
Могорче, доцноантичка
фикации, како и остатоци од еден средновековен пат. фортификација
Зачувани се ѕидови од фортификации од кршен камен
и варов малтер, темели од град-
би и остатоци од градежен мате-
ријал како и фрагменти од куќни
садови. Фортификациите Кале, кај
Горно Косоврасти, како и Вранска
Краста, кај Могорче, му припаѓаат
на доцноантичкиот период. Доцно-
античката форти­фикација Вранска
Краста има доминантна позиција
за да го штити патот што водел од
Дебар за Кичево. Ѕидините од кр-
шен камен врзан со варов малтер
се издигнуваат на ридот во близи-
на на устието кај реката Белешни-
ца во Мала Река. Во месноста За-
градишта - На Клак, кај селото Долно Косоврасти, се наоѓа средновековна
тврдина на возвишение со неправилна квадратна основа. Оваа тврдина го
штитела патот што минувал по долината на Радика. Остатоците од фортифи-
кациски градби и од средновековниот пат кај Долно Ко-
соврасти укажуваат на постоење развиена патна мрежа „Заградишта-На Клак
во текот на римскиот период, доцната антика како и низ кај Долно Косоврасти,
средновековна тврдина
средновековието.

За континуитетот на живеење во
дебарските простори говорат и
остатоците од населби. Населбата
кај месноста Параспур му припаѓа
на римското време, населбата кај
месноста Таранеш егзистирала
во текот на римскиот и доцно­
античкиот период, а останатите
населби егзистирале во текот на
средниот век.

Ваквото датирање на археолошки-


те локалитети укажува на интен-
зивно живеење и егзистирање на населените места во Дебарскиот Регион,
пред сè, во римскиот, доцноантичкиот и средновековниот период.

12
НЕКРОПОЛИ
Во Општината Маврово и Ростуша се евиденти-
Таранеш, с. Селокуќи, златна
рани 28 некрополи коишто потекнуваат од сред-
фибула, 3. - 4 век (преземено
ниот век. од Археолошка карта на
Република Македонија, Скопје,
На територијата од Општината Дебар се евиден- 1996, 123)
тирани 23 некрополи, од коишто три
потекнуваат од римско време, две се
доцноантички, некрополата во месно-
ста Таранеш кај Селокуќи била во упо-
треба низ римскиот и доцноантичкиот
период, некрополата кај Стара Црква,
Селокуќи потекнува од доцноантичкиот
период, а останатите 17 му припаѓаат на
средниот век.

Гробовите му припаѓаат на типот циста,


ориентирани во правец исток-запад и
не претставуваат монументални архи-
тектонски градби. И римските гробови
од типот на две води, со кремирање на
покојниците, не претставуваат градби
со посебно значење, меѓутоа, во не-
кои од нив се пронајдени предмети со
големо културно значење и уметнич-
ка вредност, како, на пример, во еден
гроб во месноста Таранеш кај Селокуќи,
Општина Дебар. Тука се пронајдени по-
веќе сребрени предмети, златна фибу-
ла, прибор за пишување, сребрена поз-
латена чинија, стаклена чаша дијатрета
(diatretum) од III-IV век, узоз од Colonia
Agrippina (Келн) и друго.

При градењето на две куќи во Дебар биле откопа- Таранеш, с. Селокуќи, стаклена
ни: во едната мермерна скулптура на римски граѓа- чаша „дијатрета“, 3. - 4 век,
(преземено од Археолошка
нин, а во другата депо со венецијански монети (XI карта на Република
век). Македонија, Скопје, 1996, 123)

13
На територијата од општините Дебар и Маврово и Ростуша, како регистрира-
но културно наследство се споменуваат само два локалитета од римскиот и
доцноантичкиот период, од коишто едниот претставува базилика од V-VI век,
што се простира под темелите и околу денешната црква Св. Пантелејмон во
с. Никифорово.

Дел од евидентираните градби денеска не постојат. Некои од нив се потопени


при градењето на хидроцентралите, дел од нив се уништени при изградбата
на подоцнежни градби, а остатоците од некои градби, за коишто се знае од
пишаните документи и од усните кажувања на локалното население, сè уште
почиваат под земјините пластови или под подоцнежните градби. Голем дел
од градбите, зачувани до темелите, би можеле делумно да бидат реконстру-
ирани и пренаменети за активности поврзани со туризмот, со што би придо-
неле во развитокот на општините. Конзервираните остатоци од античките и
среднов­ековните градби би значеле примамливи локации за љубителите на
културното минато, врз кое се темели развитокот на натамошната архитектура
и култура на просторот од општините Дебар и Маврово и Ростуша.

НАЈЗНАЧАЈНИ АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИ


Недоволната истраженост на археолошките локалитети во регионот оне-
возможува нивна подетална презентација, ниту, пак, категоризација според
нивното значење. Сепак, како позначајни може да се сметаат археолошки-
от локалитет Борче/Св. Пантелејмон кај Никифорово, кој претставува мана-
стирски комплекс кој егзистирал во периодот од V-XVII век и археолошкиот
локалит Таранеш кај Селокуќи, населба од римско и доцноантичко време од
чија некропола се извадени многу значајни наоди.

14
ХРИСТИЈАНСКИ САКРАЛНИ
СПОМЕНИЦИ ВО ОПШТИНИТЕ
ДЕБАР И МАВРОВО И РОСТУША

Преродбенскиот дух кој провејувал во првата половина на XIX век во Македо-


нија бил потикнат со Одринскиот мир (1829) и Ѓулханскиот хатишериф (1838),
кога конечно е либерализирано градењето на христијанските храмови, што
резултирало со т.н „ренесанса“ во XIX век и почетокот на масовно градење на
големите трикорабни базиликални храмови. Творечката активност во Дебар-
ско-реканскиот Регион, од каде всушност потекнуваат и најзначајните гра-
дителско-зографски семејства во Македонија (родот Рензовци од Тресонче),
периодот на XIX век го одбележале со бројна активност, што резултирало со
изградба на големиот број сакрални објекти. Меѓу позначајните, секако, се
истакнува манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски, Св. апостоли Петар и
Павле во с. Тресонче, Св. Ѓорѓи во с. Лазарополе итн.

Манастирскиот комплекс Свети Јован Бигорски

15
Црква Светите Апостоли
Петар и Павле во с. Тресонче Црква Св. Ѓорѓи
во с. Лазарополе

16
Основните карактеристики кај овие христијански сакрални градби на терито-
риите од општините Дебар и Маврово и Ростуша во XIX век е изградбата на
големите трикорабни базиликални храмови или поскромните еднокорабни во
помалите селски средини. Внатрешната организираност на овие трикорабни
базилики се одликувале со доминација на наосот кој на исток, кон олтарниот
простор, бил преграден со монументална иконостасна преграда, а кон запад
се афирмира галерија на кат, со што се добива еден монолитен простор. Нар-
тексот добива изглед на предворје или отворен трем со портици кој неретко
се шират кон јужната и северната страна. Дел од храмовите биле засводени
со издигнат средишен кораб, додека страничните биле со рамни тавани. Друг
тип градби доминирале во манастирските комплекси каде се навраќало на
византискиот тип крстообразни цркви поврзани со атонските манастири. Овој
атонски тип акцентот го става на куполите каде во просторот на наосот се
изведува централно решение со максимален широк поткуполен распон (Би-
горски манастир).

Храмовите вообичаено биле фундирани на дабови греди кои биле меѓусеб-


но поврзани во темелен конструктивен систем. Црквите се градени од кршен
камен со употреба на скриени дрвени хоризонтални појасни греди. Аглите
на ѕидовите, прозорците и тамбурите се изработуваат од изделкан камен, а
завршните венци од профилиран камен - бигор. Црквите биле автентично по-
криени со камени плочи. Вратите и прозорците се изведуваат архитравно и
лачно. Подот во црквите бил изведуван со камени плочи во правилни форми
(квадратни и правоаголни). Внатрешната декорација на ѕидовите се состоела
од редовно живописање на куполите и тамбурите, а во одредени храмови и
целосно исликување на сите површини од ѕидовите.

Црква Св. Варвара во с. Рајчица крај Дебар

17
Деисис, црква Св. Варвара, с. Рајчица, почеток на XVII век

Покрај историските сведоштва/преданија за постари градби кои досегаат сè


до XI век (во Бигорскиот поменик, препишан од „старо на ново“ од јеромона-
хот Даниил во 1833 година, опстојувало преданието меѓу манастирското брат-
ство дека основачот на нивниот манастир е монахот Јован во 1020 година.)
најстар зачуван храм е малата еднокорабна црквичка Св. Варвара во с. Рајчи-
ца крај Дебар. Од делумно зачуваниот живопис во источниот дел на црквата
и ктиторскиот натпис дознаваме дека црквата е подигната во 1597 година од
страна на донаторите Овчина и В’лк . Од оваа црква потекнува епистилот со
проширениот Деисис и Царските двери кои припаѓаат на оригиналниот ико-
ностас од почетокот на XVII век.

Иконописни дела од последните две децениии на XVI и почетните две деце-


ниии на XVII век, дел чувани во манастирот Св. Ѓорѓи во с. Рајчица, се смета
дека се елементи од првиот бигорскиот иконостас. Имено, кон крајот на XVI,
при обновата на т.н. „јужна црква“ оформен е иконостас од кој се зачувани
престолните икони и царските двери сликани во духот на познатиот зограф
Онуфриј од Аргос или, пак, можеби од раката на неговиот син Никола. Подоц-
на овој иконостас претрпел дополнувања, во текот на почетните две децени-
ии на XVII век, при што се додадени Наддверието со недремано око, епистилот
со проширениот Деисис, иконите на Великите празници и Големиот иконоста-
сен крст итн.

Празнината во домашната продукција во Реканскиот Регион, која посебно се


огледа во уметничката дејност на крајот од XVII и XVIII век, делумно се по-

18
полнува со икони од работилници од епирски зографи поврзани, главно, со
два центри Јанина и Солун. Оваа „епирска маниристичка“ група се јавува со
поединечни икони за иконостасите во повеќе цркви во Дебарско-реканскиот
Регионот кои биле носени како нарачки или подароци од домашни трговци.
Нивни најпрепознатлив елемент е шаблонизираниот растителен орнамент
на бордурата, пополнување на ореолите со релјефен штуко орнамент или со
врежување на крукчиња итн. Цркви во кои се среќаават икони својствени на
оваа група се: Св. Варвара и Св. Атанасие во Рајчица, Св. Петар и Павле во
Тресонче, Воведение на Богородица во Росоки, Св. Ѓорѓи во Лазарополе, Св.
Богородица во Долно Мелничани, Св. Димитриј во (Татар) Елевци итн.

Иконостас во црква Успение на Богородица с. Гари

Една анонимна група зографи својствена со нивната симбиоза на традици-


оналниот и барокниот стилски израз, а поради своето значајно присуство во
западниот дел на Македонија се дефинира како Охридска пробарокна група.
Од нив се забележани поединечни престолни и празнични икони во црквите
Св. Ѓорѓи во Лазарополе, Св. Петка во Галичник, Воведение на Богородица
во Росоки, Успение на Богородица во Гари. Во Бигорскиот манастир од нив е

19
зачувана најбројна група икони, каде што освен на дел од колекцијата икони
за нивното творештво, се препишува и фрагментарно зачуваниот фрескожи-
вопис на јужниот ѕид во наосот.

Од крајот на XVIII век, од домашната сцена се јавува мијачкиот зограф Недел-


ко од Росоки (потпишан во 1770 година на иконата на Исус Христос од црквата
Св. Петка во Галичник). Негови икони се атрибуираат во Св. Ѓорѓи во Лазаро-
поле (Царките двери), Росоки (празнична икона Сретението), во ризницата на
Бигорскиот манастир (Св. Јован Претеча со житие)

Периодот на XIX век донел нов процут во Реканскиот Регион, и тоа во сите
сфери на уметничките активности преку градењето/обнови на сакрални хра-
мови, со сеоп­фатно декорирање на ѕидното сликарство, иконописот и рез-
бата. Во овој период на сеопшта активност, благодарејќи на агилните мана-
стирски старешини, се формирале и издигнале бројни домашни зографски
имиња кои славата на Дебарско-мијачката школа ја рашириле на целиот
Балкан. Во оваа активност предничи Бигорскиот манастир, каде што од по-
мениците се дознава за првиот игумен на манастирот, јеромонахот Илари-
он, родум од с. (Татар) Елевци во близина на Дебар, со неговото доаѓање во
1743 година. наишол на една „малка и
Св. Ѓорѓи Победоносец (1835 г.)
стара и мошне сиромашна“ црквичка и
во с. Рајчица крај Дебар
веднаш се зафатил за обнова на Бигор-
скиот манастир. Иларион бил заслужен
и за создавање на метохот во с. Рајчи-
ца, со што создал предуслови за еко-
номското и уметничкото заживување на
манастирот. Монахот Митрофан, родум
од с. Лазарополе, игуменувал во Бигор-
скиот манастир од 1796-1807 година,
а важел за еден од попродуктивните
игумени. Во негово време црквата се
преправила од мала во голема и нова,
а во 1800 година дал и да се наслика
големото кубе. Живописот на централ-
ната купола се припишува на корчански
зографи. Од втората половина на XVIII
век зачуван е оригинален живопис на
јужниот ѕид од малата постара црква, кој бил инкорпориран во јужниот ѕид
при проширувањето, односно подигањето на сегашната манастирска црква
посветена св. Јован Претеча.

20
Иконостас на Бигорскиот манастир

По неговата смрт во 1807 година, за наследник на Митрофан, доаѓа неговиот


современик, архимандритот Арсениј, родум од Галичник. Триесет и две
годишното успешно управување на игуменот Арсениј Бигорскиот манастир
го збогати со продолжување на декорирање на храмот, потоа на машката
трпезарија и потполна обнова на стариот конак. Изградил повеќе помошни
простории, стражарница, дворно место со чешми итн. Како што се грижел
за манастирот така го обновил и метохот (1832) и на негова иницијатива се
изградил храм посветен на Св. Ѓорѓи Победоносец (1835) во с. Рајчица крај
Дебар.

Зографот Михаил Анагност и неговиот син Димитар, во монаштво Даниил,


од селото Самарина во Епир, биле поканети од манастиркото братство да го
преземат живописувањето на машката трпезарија и сликањето на иконите
за новиот трикатен иконостас со 44 икони на него (1831-1833) . Со нив и
започнува традицијата да се исликуваат ктиторски портрети на духовните
првенци, иницирани од архимандритот Арсениј, а следено понатаму од
неговите наследници (архимандритот Арсениј, јеромонахот Теодосија итн.)

Желбата на архимандритот Арсениј Бигорскиот манастир да се здобие и


со посебно убав иконостас се огледа во неговото ангажирање на врвните
тогашни мајстори на резбата - тајфата на Петре Филипович-Гарката од село
Гари. Петре Филипович-Гарката, брат му Марко, потоа Макариј Фрчковски од
Галичник, Аврам Дичов и неговите синови Васил и Филип од родот Филиповци
од село Осој во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвно
уметничко копаничарско дело од пошироки размери. Воедно биле изработени
и архиерејски трон и игуменски стол.

Јеромонахот Јоаким, родум од с. Бибан, Дебарско, ги продолжува заложбите


на Арсениј, и како негов наследник од 1840 до 1862, покренува иницијативи за

21
доградба на манастирот и неговиот метох со црквата Св. Ѓорѓи во с. Рајчица.
На негова покана во 1840 година повторно се ангажирани Михаил Анагност
и Даниил за изработка на иконите на иконостасот и живописување на кубето
од црквата во с. Рајчица . Михаил претходно, во 1838 година, ги изработува
престолните икони за црквата Св. архангел Михаил во с. Требиште. Подоцна,
од 1848 до 1852 година, работата на живописување на храмот во Рајчица ја
продолжува Дичо Зограф од с. Тресонче, како и на портретите во машката
трпезарија во Бигорскиот манастир. (Портретот на Мелетиј - дебарски
митрополит (1849), портрет на јеромонахот Теодосиј и игуменот Јоаким (1868).

Поглед кон централнат купола, црква Св. Ѓорѓи во с. Лазарополе

Зографот Антониј, активен во периодот меѓу 1810 и 1841 година, главно, во


Дебарко-кичевската епархија изработил повеќе иконописни дела во Би-
горскиот манастир (и две фрескоикони Христос и Богородица на западните
столпци во наосот во Бигорскиот манастир, околу 1814 година), потоа икони
за црквите Воведение на Богородица во Долно Мелничани 1816 година, Св.
Врачи во Горно Мелничани, Св. Димитриј во (Татар) Елевци, Св. Ахил во село
Требишта.

Во време на игуменот Харитон, во 1866, насликана е помалата купола во Би-


горскиот манастир, посветена на св. Јован Претеча од страна на непознат зо-

22
граф, а зографот Васил Гиновски од село Галичник, во 1871 година, на покана
на архимандритот Михаил ја прави последната интервенција на храмот со жи-
вописување на западната фасада во тремот .

Кон Бигорскиот манастир, како главен духовен, воедно, и уметнички центар


на регионот, се придружува црквата Св. Ѓорѓи во Лазарополе благодарение
на видниот ктитор Ѓурчин Кокалески со своето монументално здание и ви-
сок иконостас, каде што се ангажирани неколку значајни зографски имиња
во неговата декорација. Михаил Анагност работел на дел од иконите за ико-
ностасот, но и на ѕидното сликарство (Страшниот суд, 1837 година), а по несо-
гласувањата со селаните работата ја продолжил Дичо Зограф. На трикатниот
иконостас со разнородни икони од повеќе фази (XVII-XX век) учествувале и
зографот Георгиос (1835/6), потоа зограф Димитар Молеров од Банско (1849),
Дичо Зограф (1843) итн. .

Дичо Зограф своите први знаења ги стекнал кај Михаил Анагност од Самари-
на, што му овозможило, учејќи од еден од најопитните зографи на своето вре-
ме, да стекне вештина и искуство што ќе му овозможи во иднина да прерас-
не во една од најзначајните и најпродуктивните домашни зографски фигури
на преродбенскиот период во Реканскиот Регион, чија слава ќе се прошири
на целиот Балкан (две илјади икони и повеќе фрескоансамбли). По негови-
те стапки ќе продолжат, пред сè, неговиот син Аврам Дичов, а повремено и
Спиридон. Во неговата работилница учеле, а подоцна и со него соработувале
други зографи надвор од неговото семејство, како што е Петре Дебранец, не-
гов соселанец од Тресонче.

Црква Св Ахил во с. Требиште

23
Поглед кон куполата црква Св Ахил во с.Требиште

Дичо Зограф (1819-1873)


во речиси сите позначајни
храмови во регионот бил
ангажиран во изработка
на ѕидното сликарство и
на иконописот, меѓу кои се
црквата Воведение Бого-
родичино во село Росоки,
каде што од ктиторскиот
натпис испишан над јужни-
от влез од страна на Дичо
Зограф ја забележал годи-
ната 1835, кога се создал
Црква Св. Илија во с. Селце храмот, а во 1850 година
таванот. Престолните ико-
ни на Дичо Зограф се дела од неговата рана фаза на творештво и се негови
први позначајни остварувања (1844-45). Црквата Вознесение на Св. Илија во
с. Селце е подигната веројатно во средината на XIX век, а живописана во 1864
година од страна на тајфата на Дичо Зограф. Иконо­стасот и иконите се слика-
ни во периодот од 1864 до 1868 година од страна на Дичо Зограф. Во селото
Гари црквата Успение Богородичино е подигната во 1856 година, а живописна
во 1866 година. Автор на живописот е Дичо Зограф, неговиот син Аврам и

24
Црква Свети Никола во с.Тресонче

ученикот Петре Јованович. За црквата Св. Богородица, село Сенце, иконите


за иконостасот ги изработил Дичо Зограф во 1855 година. Дичо Зограф ра-
ботел во повеќе наврати во повеќето храмови во Реканскиот Регион, како на
изработката на ѕидното сликарство или, пак, за потребите на пополнувањето
на иконописниот материјал на иконостасите: Бигорскиот манастир (1849), Св.
Ѓорѓи во Лазарополе (1841), Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица (1848//52), Во-
ведение на Богородица во Росоки, Св. апостоли Петар и Павле во Тресонче
(1845/49) , Св Ахил во Требиште (1849/50), Св. Богородица во Дебар (1965/6),
Св. Илија во Селце (1864), Св. Димитрија во Волковија (1852), Успение на Бо-
городица во Јанче, Св. Никола во Кичиница (1849/50), Св. Никола во Долно
Косоврасти, Св. Димитриј во (Татар) Елевци итн.

Аврам Дичов еден од неговите синови и најверен соработник учествувал во


дел од овие зафати заедно со татко му (Св. Богородица во Дебар, 1872, црк-
вата Успение Богородичино во Гари, Св. Петка во Дебар, Долна Маала), а по-
доцна и самостојно (Св. Никола во с. Тресонче, 1873 година). Спиридон, исто
така син на Дичо, работел заедно со татко му на изработката на живописот во
Св. апостоли Петар и Павле во Тресонче) .

Домашната уметничка продукција на Реканскиот Регион ја надополнуваат


бројни домашни зографи. Фрескоживописот од 1873 година во црквата Св.
Богородица во Дебар е дело на зографот Кочо Крстев од с. Лазарополе, доде-
ка дел од престолни икони се од раката на Никола Крстич од Лазaрополе во
1872 г. На иконостасот во црквата Св. Петка (долна маала) во Дебар има икони
од Крсте Николов од Лазарополе. Втората црква посветена на св. Петка во
Дебар е позиционирана на т.н. Велигденска Ливада во горниот дел на градот
во близина на катедралниот храм Св. Богородица . Според датумот врежан на

25
чесната трпеза од 1693 година се претпоставува дека е година кога е подигнат
храмот. Иконите на иконостасот се дело на зографот Зафир Анѓелкович од
1923 година се споменува на иконата Богородица со Христос во 1928 година
и живописецот Ѓ. Доневич од с. Гари. Живопис е зачуван во сводот на нартек-
сот и на сводот во олтарот веријатно дело на сигнираниот живописец од 1928
година. Над селото Рајчица егзистира и црквата посветена на св. Атанасие
(1868). Живопис од 1875 година е зачуван само во олтарниот простор и на за-
падниот ѕид, а е дело на зографите Добре Доичин и Крсте Колов од Лазаропо-
ле. Во непосредна близина на Дебар, во идиличен планински предел во село-
то (Татар) Елевци егзистира црквата Св. Димитрија (1873). Дел од престолните
икони од иконостасот се од рацете на Димитрија Андонов од село Гари 1899
година. Црквата Св. Ѓорѓи во селото Осој, според натписот над јужниот влез
од внатрешна страна, автор на живописот во сводот и олтарот е Исаија Џиков
од селото Осој во 1887 година, додека на емпоријата на галерија во западниот
дел од наосот забележена е годината 1872, веројатно дело на друг зограф по-
опитен од Џиков. На иконостасната конструкција е забележана годината 1882,
додека на престоните икони Џиков ги запишал годините на изработка на ико-
ните 1885-86 . Во селото Гари, во црквата Успение Богородичино, иконата по-
светена на св. Параскева ја има изработено Ефтим Спасев од село Гари во

Црква Св.Ѓорѓи во с. Осој

26
1893 година. Во црквата Св. Никола во Беличица (1885) престолните икони од
иконостасот во црквата ги насликал крушевскиот зограф Никола Михаилов
во 1888 година и дел зографот Крсто Аврамов од с. Тресонче во 1896 година.
Црквата Св. Петар и Павле е изградена 1930, а е живописана во 1931 година
од страна на ликовниот уметник Лазар Личеноски. За црквата Св. Петка, село
Галичник (1809?) иконите ги изработиле Неделко од село Росоки во 1770 го-
дина и Христо Макрович, Космија Макариов во 1868 и друг непознат зограф во
1879 година. Во црквата Св. Пантелејмон, село Никифорово, (1867, а обновена
1923 година), зограф на иконите од иконостасот е Русе Крстиќ (иконописац
Русе Крстић из Нистрово срез Галички, 3 јули 1926 година). За црквата Св.
Богородица, село Сенце, икони за иконостасот изработил непознат зограф во
1841 година, Дичо Зограф (1855) и Теодисија Костиќ од Лазарополе во 1930.

Од овој сумарен преглед на интензивните уметнички текови во дебарско-ре-


канскиот крај, во кои суштествуваат 39 православни сакрални храмови,
општата оцена за христијанските сакрални градби во регионот на општините
Дебар и Маврово и Ростуша е проблемот со негрижата за споменичното на-
следство од неколку главни причини. Покрај запуштеноста и негрижата или,
пак, нестручните активности преземени од црковните одбори врз градбите
кои го имаат истиот негативен ефект во правец на нарушување на автентич-
носта, црквите и манастирите се на постојан удар на кражби на движното кул-
турно наследство (иконите и делови од резбаниот црковен моблијар), пред
сè, поради неповратниот процес на иселување на христијанското население
од овој регион, кои беа главен фактор за безбедноста на овие споменични
добра. Кон ова се надоплнува слабата институционална грижа на имателот
(Македонската православна црква) и институциите задолжени за заштита на
културното наследство, вклучително и локалната власт во делот на нивните
надлежности.

27
28
ТИПОЛОГИЈА, КАРАКТЕРИСТИКИ
И ЗНАЧЕЊЕ НА ОСМАНЛИСКИТЕ
СПОМЕНИЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА
ОД ДЕБАР И РЕКА

Градбата на oсманлиски објекти на територијата од Дебар и Река започнува


со потпаѓањето под oсманлиска власт, во втората половина на XV век. Осман-
лиските градителски традиции пренесени на ова подрачје се отсликуваат во
големиот број подигнати градби од профан и сакрален карактер кои требало
да ги задоволат потребите на населението. Покрај големиот број куќи, осман-
лиските градителски активности создале и архитектонски дела дотогаш непо-
знати за домашното градителство. Биле подигнати џамии, текии и турбиња во
согласност со исламските потреби за верско изразување, но и амами, анови
и сл., кои по својата функционална и социјална димензија биле користени од
целото население без разлика на нивната нерска определба. Но бројноста на
овие градби како резултат на современата урбана експанзија постепено се
намалува и до денес се сочувани само мал број - неколку џамии, два амами,
една термална бања, една текија, турбе и сл.

Присуството на карактеристичните османлиски објекти ја надополнува сев-


купната амбиентална слоевитост не само на градот Дебар како средиште, туку
и на целиот регион на Дебар и Река. Во градењето на џамиите (изградени во
втората половина на XV век и преправани во првата половина на XX век) до-
минираат чисти и прецизни форми како одраз на локалното градителство, со
скромни архитектонски и декоративни вредности. Белезите на традиционал-
ната локална архитектура присутни кај османлиските градби само ја потврду-
ваат умешноста на локалните градителски тајфи препознаена и искористена
од градителите на овие објекти.

На територијата од Дебар и Река сè уште опстојуваат примери и дела од градител-


скиот опус од oсманлискиот период. Сапак, како најзначајни ги издвојуваме тие

29
Бајрам бегова џамија, градби кои биле подигнати во градот Дебар,
поглед од запад кој непосредно по освојувањето од страна на
Османлиите бил населен од турски колони-
сти кои формираат градска населба во која
го внесуваат својот начин на живот и култура.

Џамиите, како најкарактеристичен тип


градби од oсманлискиот период, говорат
за едноставност на архитектонската фор-
ма и за објекти чиј архитектонски израз е
преточен, главно, во правоаголна форма
прекриен со pokriv на четири води и отво-
рен трем носен на дрвени столбови. Меѓу
неколкуте џамии во Дебар (Бајрам бегова
џамија и Будулец џамија –подигнати во XIX
век), како типичен преставник ја издвоју-
ваме Хунќар џамија во Дебар, подигната
во Х.872/М.1467, како задужбина на фати-
хот - султан Мехмед-хан (1451-1481). Иако
во изминатиот период (1938/39 година) се
направени одредени обнови и измени, се-
пак џамијата ги има зачувано сите белези
на архитектурата од класичниот период
Будулец џамија, поглед од север на османлиското градителство. Тремот, кој
денес е од затворен тип, ги има зачувано
елементите кои говорат за неговиот прво-
битен изгледи форма – отворен трем. Во
енетриерот доминираат едноставно изра-
ботените михраб, минбар и рамен дрвена
таван, во чиј централен дел е присутна рез-
барена розета, често користена и при де-
корирањето на ентериерите на профаните
градби. Поради употребата на необработен
камен и тула како градежен материјал, фа-
садите на џамиите најчесто се малтериса-
ни. Посебно внимание при подигањето на
џамиите е посветено на градбата на мина-
рето кое го дава вертикалниот акцент на
џамијата. Покрај едноставно изведените
(кај џамиите градени во селата), во Дебар

30
Хунќар џамија, поглед од север Михраб и минбар во внатрешноста
на Хунќар џамија

Турбе во дворот на Хунќар џамија Изглед на тремот на Хунќар


џамија од запад

доминираат високи и витки минариња, што претставува карактеристика на


џамиите на Балканот.

За значењето кое било давано во подигањето на одреден вид објекти говори


и турбето во непосредна близина на Хунќар џамија во Дебар, каде до совр-
шенство е изведена обработката на профилираните елементи изделкани во
камен. Според стилските карактеристики – турбе од отворен тип, со осума-
голна основа над која се подигаат осум полигонални столба поврзани со по-
лукружни лаци, со голема веројатност можеме да констатираме дека тоа е по-

31
дигнато кон крајот на XVIII или во почетокот на XIX век, а според надгробниот
нишан кој се наоѓа во турбето можеме да претпоставиме дека тоа е подигнато
за Садик-паша во Х.1210/М.1795-96 година. Архитектонските и декоративни
карактеристики го поврзуваат ова турбе со турбето на Каплан-паша во Тира-
на (Албанија) кое е подигнато во истиот период (1820 година) и ги поседува
истите стилско-архитектонски карактеристики што говори за една заедничка
градителска схема присутна во овој дел од Балканскиот Полуостров. Турбето
во Дебар е единствено турбе од овој вид зачувано во Македонија.

„Нов амам“ Курни во внатрешноста на „Новиот амам“

Амамите претставуваат интересни архитектонски објекти од класичниот ос-


манлискиот период, и едни од ретките зачувани со својата автентична гра-
дежна форма (каде како материјал за градба е користен каменот), објекти со
висок процент на изворна зачуваност. Тие претставуваат значајно култур-
но-историско сведоштво за начинот на живот во одреден период, што има ре-
левантно значење од гледна точка на историјата и културата, особено поради
нивната функција, архитектура, изворните материјали и техника на градба. Со
својата архитектонска концепираност амамите претставуваат значаен белег
на градската култура, а во минатото играле важна улога во социјалното здру-
жување на населението.

Единствените градби од овој вид се зачувани во градот Дебар. Следејќи ја


нивната архитектонска форма, амамите во Дебар припаѓаат на типот единеч-
ни амами. Во нивната внатрешност се распоредени по неколку халвети по-
криени со куполи поставени на низок тамбур и покриени со оловен лим. Како
материјал за градба на објектите се користени камен и тула што ја истакнува

32
„Стар амам“ Остатоци од халветите во „Стариот амам“

живописноста на објектите. Зачуваните амами во Дебар се подигнати во XVI


век, со обнова во текот на XIX век направени на „Новиот амам“. Главните ка-
рактеристики на овој вид објекти сè уште ги имаат зачувано обележјата на
османлиското градителство. Покрај архитектонското значење, посебно обе-
лежје на амамитеим дава и применетата декоративна обработка на камена-
та пластика која е во комбинација на геометриски форми, особено видлива
во обработка на курните (лавабоа) и фонтаната (шадрван). Во Новиот амам
во Дебар во сводот на тамбурот од шадрван салата (која е урната и денес не
постои) била присутна и сликана декорација со богато колоритни флорални
и геометриски мотиви, што говори за естетскиот пристап во уредаување на
амбиентот.

Иако во урнатини, Стариот амам во Дебар (познат и како Амамот на Муста-


фа-паша) е подигнат во XVI век и преставува значајно културно-историско
сведоштво за начинот на живот во Дебар во тој период. Со своите масивни
ѕидови, куполи од камен и тула тој е еден од ретките објекти кој ја има зачу-

Бања, с.Бањиште Изглед на куполата во просторијата


за капење во Бања, с.Бањиште

33
Кадири текија, стара состојба

вано својата автентична градежна форма и естетика. Како таков, со неговата


ревитализација може да преставува културно средиште не само во градот Де-
бар туку и во регионот.

Богатството од природни ресурси овозможило во дебарскиот крај покрај град-


ските бањи да бидат подигнати и термални бањи со посебни специфики и
начин на употреба кои ги одвојуваат од градски бањи. Такви се термалните
бањи во с. Баниште, кои претставуваат спој на природното богатство кое го

Џамија во с.Спас Џамија во Ростуше

34
Кадири текија, пред уривање

поседува селото и интензивната градителска активност што се развивала во


дебарскиот крај кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Бањите во селото ги
споменува во својот патoпис и Јохан Хан, кој во 1863 година на своето пату-
вање по сливот на реките Дрим и Вардар, престојувал во Дебар. Станува збор
за два функционално неповрзани објекти со различен архитектонски стил и
веројатно приближен период на градење. Во објектите сè уште се зачувани
базените за капење со термална вода. Тоа што им дава посебност на објек-
тите е што тие поседуваат исклучителна автентична и амбиентална вредност,
односно тие преставуваат единствен пример на термално лекувалиште со
елементи и архитектонски решенија карактеристични за османлиското гра-
дителство во Македонија. Градени со добро обработени камени квадри, со
прецизно изработени ниши во внатрешноста и функционалноста на просто-
рот, бањите во Баниште преставуваат дострел во архитектонското изразување
во градбата на овој вид објекти. Како сопственик и добротвор на овие објекти

35
на зачуваниот натпис на арапски јазик се споменува Oruk Zade (семејно име)
Haci Muhyiddin Ilhami, син на Сулејман, и годината Х.1213/М.1798/99, кога тие
биле подигнати.

Текиите како верски објект во кој се вршеле обредите на дервишките тари-


кати не се разликуваат со свои специфики во однос на градителската схе-
ма. Дервишите, каков што е случајот и со текијата во Дебар, како седиште
на текијата честопати ги избираат и куќите чии простории се присособени за
верските потреби. Куќата во Дебар во која беше сместена Кадири текијата,
преставуваше типичен преставник на дебарската градска куќа. Во една од
просториите на катот беа изведени слепа купола и михраб и во неа се вр-
шеа верските обреди на дервишите од Кадири тарикатот. Иако во овој регион
нема зачувано друга текија, според архитектонските карактеристики не може
да стане збор издвојување на посебна стилска група или форма на текиите.

Богатата градителската активност на Османлиите е видлива и кај неколку за-


чувани (или во урнатини) објекти, главно, џамии сместени во живописните
предели на селата во регионот на Дебар и Река. И кај овие градби е присутна
тенденцијата за приближување до вредностите на монументалните градби од
престолнината, но со нагласено локално чувство и умешност во градењето.
Џамиите во Ростуше, во селата Спас и Хаме сè уште ја имаат зачувано својата
едноставност без пренагласување на монументалноста, но приспособување
на верските потреби на локалното селско население. Мали по димензии, тие
и покрај обновите во изминатиот период може да се истакнат со својата ав-
тентичност од периодот на нивното подигање.

Поради своите историски, културни, архитектонски, уметнички и социјални


вредности, Хунќар џамија со турбето, двата амами, термалните бањи во с. Ба-
ниште се заштитени со Закон и преставуваат значајно културно наследство
подигнато во османлискиот период со зачувани автентични вредности и со-
држини. Недоволната грижа, пак, доведува до целосно губење на значајни
алки во градителскиот и историски континуитет, што доведува до осиромашу-
вање на стекнатите вредности од минатото. Таков е случајот со Кадири текија-
та која денес не постои.

36
ИСТОРИСКИ И УРБАН
РАЗВОЈ НА ГРАДОТ

Градот Дебар е сместен на југоисточниот дел на Дебарската Котлина, во


близина на реката Радика, обиколен од повеќе страни со планинските венци
на Кораб, Дешат и Бистра.

Повеќевековното постоење на населеното место Дебар, кое за првпат се


спомeнува под сегашното име Дебар во повелбата на цар Василиј Втори
(1018-1025), укажува дека градот има историски и локациски континуитет во
неговoто егзистирање, независно од историските и општествените промени,
при што трагите од минатото се присутни во современиот град преку неговите
репрезенти - градителското наследство.

Во XV век (1449) Дебар потпаѓа под турска власт, а непосредно по нивното


доаѓање градската населба станала важен крстопат за проширената
територија на Османлиската Империја. Комуникациските и економските врски
придонеле градот да се развие во познат трговско-занаетчиски центар, при
што се формирала чаршијата и се изградиле значајни објекти од профаната и
сакралната архитектура (од јавен и приватен карактер).

Во пишаните извори XIX век на територијата од Република Македонија се


карактеризира со брзи промени и засилен развој на градовите, а градот
Дебар во овој временски период бележел се поголем напредок од аспект на
еден урбан и архитектонски развој.

Постојната урбана структура на градот Дебар е поделена на повеќе станбени


зони, или т.н маала, кои претставуваат групации, просторно организирани и
распространети на целокупното градско подрачје. Прво и најстаро маало е
Варош Маалото, кое го зафаќа северниот дел од градот и претставува јадро

37
околу кое подоцна се развивале и формирале другите станбени маала: Хунќар,
Вакуф Маало, Бајрам-бег Маало, Тикварце, Долно Маало, Кодра Маало,
Ковач и други. Куќите за живеење се централен елемент кои го сочинуваат
изградениот градски простор, но секое маало имало и објекти за услужни
дејности, објекти од верски карактер за религиозните и функционалните
потреби на граѓаните (црква, џамија, амам), чешми со вода за пиење. Во
архитектонско-урбанистичката структура на градот посебно се истакнуваат
муслиманските катни куќи - лоцирани на големи парцели со челни фасади
ориентирани кон широки дворови оградени со камени ѕидови, додека
христијанското население претежно се населувало на косината на ридот -
со изградени куќи покрај улицата, најчесто во низа со останатите куќи и со
ориентираност кон улицата, при што партиципирале во дефинирањето на тој
сегмент од уличниот фронт и просторниот амбиент.

Во просторната организација на градот чаршијата била формирана со строго


линеарна форма по должината на главната градска сообраќајница која го
дели градот на два дела и воедно претставува оска кон која гравитираат
улиците од маалата. Уличната мрежа во маалата ја сочинуваат тесни помали
улички – „маалски сокаци“ кои комуницираат со поголемите улици, кои, пак,
се влеваат во чаршијата.

Kуќа на ул. Братство Единство бр.31


Симетричен тип на куќа со централно поставен затворен
чардак, детаљ на централен чардак - експониран елемент
од основниот волумен на куќата

38
Kуќа на ул. ЈНА бр. 33 (попозната како куќа
на Гани Граждани)- резбана и сликана таваница

Развојот на профаната станбена архитектура во периодот на нејзиниот


највисок креативен момент, заснован на претходно создадените историско-
економски услови и на постојните климатско-топографски карактеристики,
при крајот на XVIII и особено во почетокот на XIX век го формираат основниот
белег на куќата за живеење во градот Дебар. Токму во овој период се созда-
ваат можности за градежна активност и интензивирање на индивидуалните
градби, а при просторно-волуменско конципирање на куќите, особено
од аспект во широчината на творечката активност, покрај традицијата на
градењето, пресудно влијание имало и искуството што го носат со себе
мајсторските тајфи и ѕидари од познатата Дебарска градителска школа, кои
имале големо влијание на развојот, не само на локалната архитектура туку и
пошироко на Балканот.

Покрај извонредните архитектонски остварувања и применетите констру­


ктивни системи и градежни техники во сферата на градителството,
македонските мајстори од Дебарската школа негувале и уметнички занаети -
копаничарство и зографство. Посебен акцент им се придавал на декорирањето

39
на ентериерите на дебарските (муслимански) куќи, притоа, приспособувајќи се
кон вкусот на нарачателот, мајсторите придонесувале во завршниот естетски
израз на куќата, кој воедно сведочел како важен показател за имотната
состојба на семејството.

АРХИТЕКТОНСКО-УМЕТНИЧКИ
КАРАКТЕРИСТИКИ НА КУЌИТЕ ВО ДEBAР
Сликата која го дефинира затекнатото архитектонско наследство во Дебар
денес е различна во однос на некогашната, од аспект на губење и значајни
промени на карактеристиките и својствата. Врз основа на зачуваниот фонд од
традиционални куќи со архитектонско-уметнички специфики кои учествуваат
во сегашната урбана слика на градот, може во значителна мерка да се
регистрираат упо­тре­бените архитектонски сред­ства, декорација, при­ме­не­ти
мате­ри­јали, градежно-кон­стру­ктивна тех­ни­ка, композиција.

Применетиот градежно - констру­


Kуќа на ул. Петар Поповски бр. 57 (9)
внатрешен простор- сликана ѕидна
ктивен систем кај дебарските
декорација куќи се состои од мешовит систем
на конструкција-комбинација на
масивни носиви ѕидови од камен
и дрвена бондручна конструкција.
Каменот како основен градежен
материјал е употребен за целосно
градење на масивните ѕидови
во приземјето, додека неговата
застапеност на погорните катови
најчесто била на северниот ѕид,
за разлика од бондручната дрвена
конструкција која се применувала
кај ѕидовите на катот - редовно
на предната-фронтална страна.
Ѕидовите во бондручен систем се
состојат од дрвен скелет оформен
од столбови распоредени на одредено растојание со исполна од плитар и
малтерисани.

Човековиот начин на живот, религиозните сфаќања, како и културата на


живеење влијаат и во концепцијата и во организацијата на внатрешниот
простор на куќите во Дебар. Според решението на хоризонталниот план,

40
дебарските куќи можат да се групираат во два основни типа: со симетричен и
неправилен (асиметричен) план на основата.

Куќа на ул. Петар Поповски бр. 57 (9)

Куќите со симетрично конципирана основа се слободно стоечки објекти,


изградени на П + 1 или П + 2 ката, со правоаголна форма и геометриска
правилност во групирањето на просториите и нивната просторна организација
на одделните нивоа, која се отсликува и јасно истакнува и на самата фасада.
Една од естетските карактеристики за фасадното обликување на овој тип
куќи е централно поставениот чардак, кој учествува во компонирањето
на фронталниот изглед на фасадата, со прозорци одвоени меѓу себе, со
симетрија и ритам во однос на целата архитектонска композиција. Токму
заради експонираната положба на централниот елемент - тремот и двата
затворени чардаци ја нагласуваат симетријата и ја збогатуваат просторната
пластика на главната фасада ориентирана кон внатрешниот двор.

Ваква правилна геометризирана форма на чардакот кај симетричниот тип куќи,


речиси на идентичен начин, или како варијантно решение, се повторува кај
дебарските куќи (како на пример кај куќите на улиците: „Петре Поповски“ бр. 9;

41
„ЈНА“ бр. 33, „ЈНА“ бр. 59; „Братство Единство“ бр. 31, „Црн Дрим“ бр. 26, потоа
куќите на ул „ЈНА“ бр. 35, ул. „29 Ноември“ бр. 9; ул. „Лиман Каба“ бр. 53 и др.).

Куќите со асиметрични решенија на основитеимаат посложена организација


на просторот, одредена од различната поставеност на просториите во однос
на чардакот, како и конфигурацијата на теренот. Начинот на диспозиција на
чардакот во просторната организација на дебарската куќа формира различни
решенија на неправилни форми на основите („Г“ форми, подолжен чардак,
како и комбинација на положбата на чардакот и различни форми по нивоа).
Во случај кога чардакот има фронтална позиција, тој, покрај неговата основна
фун­кци­онална карактеристика - комуникација и поврзување, исто­времено
обединува по­веќе функции, а поделбата на просторот е постигната пре­ку
денивелација на подот. Изди­гнатите делови се наречени шанишан и служат
за одмор/спиење преку летото. (како пр. се куќите на ул: „Здравко Чочковски“
бр. 226; ул. „Лиман Каба“ бр. 13 и бр. 22, потоа куќа на ул. „Црн Дрим“ бр. 32 и
др.). Куќата на ул. „Здравко Чочковски“ бр. 226 е карактеристичен пример на
дебарска куќа со асиметрично решение на основата, со простран чардак и ис-
клучително богата внатрешна декорација, е еден од ретко зачуваните културни
добра од градителското наследство на османлиската станбена архитектура од
XIX век во Република Македонија.

Куќа на ул. Здравко Чочковски бр. 12 (226), југоисточен изглед

42
Куќа на ул. Здравко Чочковски бр. 12 (226),
внатрешен изглед, репрезентативна гостинска соба
со богата резбана и сликана декорација

Куќа на ул. Петар


Поповски бр. 57 (9)
детаљ на дрвен долап

Куќа на ул. Здравко Чочковски бр. 12 (226),


чардак – дрвени таваници

43
Куќа на на ул. Петар Поповски бр. 57 (9)
ентериер - детаљ на декоративна
резбана розета од таваница

Куќа на ул. Здравко Чочковски


бр. 12 (226),
внатрешен изглед- гостинска
соба, куполна таваница со
декорација ја истакнува богатата
градителска и уметничка
традиција во дебарскиот крај

Куќа на ул. Лиман Каба


бр.53 – источен изглед

44
Вградената покуќнина во дебарската куќа има посебно значење во внатрешната
организација и естетското оформување на ентериерите. Карактеристичен
елемент присутен во секоја соба на муслиманските куќи е амамџикот, и тој е во
рамките на вградената опрема. Амамџикот најчесто е поставен покрај влезната
партија, формирајќи една целина функционално групирана од архитектонско-
декоративни елементи: огниште (камин), полукружна ниша и серген, а на ѕидо-
вите од собите може да има и ниши - долапи.

За постигнување на што поголема репрезентативност на ентериерните


простори на дебарските куќи, особено во гостинските одаи, се применува богата
обработка со резба на дрвените елементи и сликана декорација (на ѕидните
површини, полихромна обработка на елементите на вградениот мебел, како и
каминот), кои најчесто се присутни во куќите на муслиманското население.

Забележително место во општата слика на ентериерите во дебарските


соби заземаат таваните кои се состојат од два основни дела: декоративна

Куќа на улицa ЈНА 35


–источен изглед

Куќа на ул, ЈНА бр.61-


источен изглед /централен
тип на чардак

45
Куќа на ул. ЈНА бр. 33
(попозната како куќа на Гани Граждани)
Југоисточен изглед

рамка, која го следи периметарот на таванот и т.н. огледало - површината


на таванот. Големи уметнички вредности наоѓаме особено кај таваните кои
се компонирани од кавадратни полиња со декоративни лајсни и триаголно
оформени резбани елементи во аглите. Редовно, во централниот дел на
таванот има појава на декоративно обработена розета.

Многу ретко во дебарските куќи се сретнува обработка на таваните во вид на


кубе. Ваквите тавани спаѓаат во типот на сложени композициони решенија,
а според својата декоративна обработка вклучуваат обработка во малтер и
боена декорација во комбинација со резбани елементи во дрво.

46
СОСТОЈБА НА ЗАЧУВАНОСТ
Архитектонското наследство, преку своите репрезенти од минатото - кои
сè уште опстојуваат во архитектонско-урбаната структура на градот Дебар,
претставуваат издвоени и на некој начин сегментирани делови кои постојат
вон контекстот на сегашната состојба.
Врз основа на теренските истражувања, констатирана е различна физичка
состојба и степен на зачуваност кај куќите од традиционалната урбана
архитектура, кои во текот на нивното повеќедецениско егзистирање биле
подложни на разни промени од нередовна грижа или од дополнителни
несоодветни интервенциии, како и негативното влијание од надворешни
фактори, при што тие во голема мера ги изгубиле трагите на својата првобитна
автентичност и препознатливост.

Регистрираната деградација на непосредната околина на културните добра


со појавата на новоизградени објекти кои се наоѓаат во непосреден контакт
со автентично зачуваните градби продолжува. Имено, современите објекти
не покажуваат должно внимание и респект кон наследените вредностни
квалитети на историската архитектура, што се манифестира со прекумерно
зголемување на висината и нивна доминација, неусогласување на
архитектонските елементи/детали, материјали и бои. Исто така, вметнувањето
на новите објекти се одвива без почитување на вредностите на историскиот
амбиент, со што во денешни услови е нарушен континуитетот и интегритетот
на уличните фронтови во кои регистрираме очигледен конфликт меѓу старите
и новоизградени објекти.

Евидентно е влошувањето на физичката состојба и деградација на вградените


материјали кај куќите кои подолг период се напуштени, без редовно
одржување и грижа (куќите на ул. „Петре Поповски“ бр. 9, ул. „Црн Дрим“ бр.
28, ул. „Павле Џиковски“ бр. 30, како и куќата на ул. „Таша Мартиновска“ бр.
32, куќа на ул. „ЈНА“ бр. 61, куќа на агол на ул. „1 Мај“ и „ЈНА“, куќа на ул. „29
Ноември“ бр. 9 и многу други).

Многу позагрижувачки и воедно алармантен е фактот дека списокот на објекти


кои трајно ги изгубиле своите специфични архитектонско-стилски особености
(заради различни надворешни и др. фактори), се проширува. Покрај куќите на
ул „Лиман Каба“ бр. 13, ул. „Црн Дрим“ бр. 32, ул. „Амди Леши“ бр.17, потоа
куќата на ул. „Лиман Каба“ бр. 22 (стар бр. 37), за жал, статусот на заштитено
недвижно добро трајно ќе го изгуби и куќата на ул. „ЈНА“ бр. 33, која се наоѓа
во урнатини и нема материјални остатоци на нејзината историска локација.

47
48
ТРАДИЦИОНАЛНА РУРАЛНА
АРХИТЕКТУРА

Развојот на селата во дебарско-реканскиот крај зависел од повеќе фактори,


природни и општествени. Основна структура на населбата се маалата, нај-
често формирани од првите семејства кои го населиле просторот на кое се
формирало селото. Во турските пописни дефтери од XV век се споменува по-
стоењето на голем број села кои егзистираат до денешни дни. Покрај непре-
кинатиот континуитет на постоење, почнувајќи од преттурскиот период, голем
број села не ја задржале првобитната локација. Селата поставени во близина
на патните правци поради честите напади ја менувале својата местоположба
на побезбедни и за живот подобри локации.

Сите села во Река се од планински, збиен тип, додека во дебарскиот крај има
и рамничарски села од збиен или полузбиен тип. Расположени во пазувите
на планините, засолнети од силни ветрови, опкружени со богати пасишта, во
селата имало можност да се развие сточарството, како единствена стопанска
гранка која им овозможувала опстанок на жителите.

Пластичниот терен, особено во регионот Река, кој од планината стрмно се


спушта кон коритата на реките или полето, наметнал создавање рурална
структура што максимално го користи просторот и можностите на локација-
та. Густината на изграденост и косината на теренот условуваат комуникација-
та меѓу објектите да биде со тесни, стрмни и искривени патеки. Поголеми-
те сокаци имаат неправилна линија на движење која ги следи изохипсите
и конфигурацијата на теренот. Теренските услови и поделбата на парцелата
со растот на семејството придонеле кон големата неправилност во формата
на парцелите. По површина парцелите се мали и на нив најчесто е поставен
само станбениот објект додека стопанските објекти се изградени на перифе-
ријата од селото. Поради големата збиеност на селата, ретко останувал про-
стор за дворно место пред влезот на каќата. Наследената рурална матрица и

49
зачуваната архитектура во најголем дел потекнуваат од XIX век и почетокот на
XX век.

Селата Јанче, Галичник и Гари и покрај измените, претставуваат зачувани


целини со традиционална архитектура. Вгнездени високо на планините, ам-
фитеатрално поставени кон долините на реките, тие сè уште даваат препо-
знатлива слика на традиционално реканско село.

Карактеристиките и посебноста на реканските куќи не се резултат само на


регионалната затвореност, тие произлегуваат и од климатските услови на ре-
гионот, локалните топографски карактеристики, нагласената употреба на ло-
кален градежен материјал - камен и дрво, како и општествените и економски
услови на времето во кое настанале.

Уникатноста во поставувањето на куќата на локацијата, доследноста во нејзи-


ната ориентација кон слободните видици и сончевите страни, функционално-
ста на изградениот простор, стандардизацијата на внатрешното уредување,
усогласеноста на просторните волумени и едноставната разиграност на ѕид-
ните платна, се општите особини на куќите од Реканскиот Регион.

До втората половина на XIX век во целиот рекански крај куќата била скром-
на по големина. Приземјето било од камена ѕидарија, катот со видлив дрвен
скелет, покривот покриен со слама. Ѕидовите од камен имаат густа мрежа од
хоризонтални греди - „кушаци“. Поединечен пример од овој тип куќа беше
зaчуван до крајот на XX век.
Гари, панорама

50
Амфитеатрална поставеност
на куќите во Тресонче
Куќи-кули целосно изградени
од камен во Кичиница

51
Во сите горнорекански села едновремено постојат високи куќи „кули“ и при-
земни „’ржаници“. И едните и другите ги отсликуваат социјалните контрасти
во регионот во текот на XIX и почетокот на XX век.

Реканската куќа е од камен кој има влијание и на конструктивното решение и


на архитектонското обликување на куќата. Употребениот камен имал и деко-
ративна улога, бил грижливо обработен на фасадите кои останувале немал-
терисани, делкан за ќошињата на ѕидовите, за рамките на портите и прозор-
ците, за внатрешните камини и оџаци. Не помала конструктивна улога има
и дрвото, меѓутоа, неговите видливи делови не се декоративно обработени.

Приземјето на куќата е од камени ѕидови дебели до 80 cm. Иако однадвор


масивна, внатре куќата е со бондручна дрвена конструкција употребена за
преградните ѕидови.
Предниот дел од нај- Куќа во Гари со ѕидови од „багдатија”
горниот кат со чардакот
и гостинската одаја ре-
довно е од дрвена бон-
дручна конструкција,
формирана од верти-
кални столбови опшие-
ни однадвор и однатре
со хоризонтални шти-
ци, плет од гранки или
хоризонтални летвич-
ки, додека просторот
меѓу нив е исполнет
со смеса од кал и сено
(Тресонче), кал и пе-
сок (Битуше) или само
со песок (Галичник), но
најчесто исполната е
од камен и кал. Надво-
решните ѕидови околу
„куќата“ и економските
простории се од камен.
Како финална надво-
решна обработка на
фасадата на катовите
се употрбува малтерот

52
во пониските планински села (Јанче) или ветрикално исковани штици (Га-
личник, Битуше). Меѓукатните конструкции се од дрвени греди, а подовите
од штици или набиена земја. Дрвената покривна конструкција како завршен
покривен материјал има камени плочи или шиндра, додека постарите типови
куќи биле покриени со слама ’ржаница.

Ѕидната камена структура во приземјето која кај куќите во Горна Река продол-
жува и на горните катови, во Долна Река преминува во лесна дрвена бондруч-
на конструкција. Лесните ѕидови од „багдатија“, малите ненагласени еркерни
испусти на катовите и длабоките стреи, се основни елементи во формирање-
то на фасадниот израз. Оформувањето на фасадите спонтано произлегува од

Куќа во Сенце, покриена Куќа-кула во Бродец,


со шиндра детаљ на доксат

Куќа во Гари со аголен чардак, затворен со дрвени капаци

53
внатрешната организација на просторот, со отсуство на второстепена деко-
рација. Во селата лоцирани во Мала Река честопати фасадата останувала не-
малтерисана со видливи хоризонтално исковани летвички (Гари, Могорче).

Куќата во реканскиот крај е од затворен тип, со просторна организација која


содржи голем број варијантни решенија. Најзастапен тип е куќата кула, наста-
ната како резултат од потребата за одбрана. Најубавиот пример на куќа кула
е зачувана во Бродец. Монументалноста на камениот кубус, декоративната
обработка на каменот на аглите и на камените портали на влезовите, како и
штуко декорацијата на доксатите, му даваат посебно место на овој објект меѓу
зачуваните куќи кули.

Просторниот развој на куќата се движел во вертикала поради косината на те-


ренот. Чардакот, карактеристичен елемент за македонската традиционална
архитектура, е затворен. Единствено во Гари се среќаваат отворени чардаци
кои се затвораат со дрвени капаци.

Според просторната организација и местоположбата на чардакот се среќава-


ат неколку типови куќи, и тоа:

Братска куќа во Гари

54
Галички куќи, вклопени во стрмнината на теренот

Јанче, посебна варијанта на куќа кула во Долна Река

55
- затворен тип куќа со чардак поставен во еден агол од основата;
- осно-симетрична организација на просторот со средишно поставен
чардак;
- затворен чардак поставен по целата должина на основата;
- братска куќа, која претставува две сосема поделени просторни
целини.
Реканската куќа во приземјето ги содржи економските и помошните просто-
рии. Основата на куќата е со правоаголна форма освен во збиено изградените
простори, каде што формата на основата се приспособува кон теренот и по-
стојната организација на надворешниот простор. На катовите се просториите
за живеење на семејството. Просторната организација на катовите најчесто
го следи распоредот во приземјето, макар што има и исклучоци каде што си-
метричниот распоред на приземјето е следен со асиметрична организација
на просторот од катовите или обратно.

Галичката куќа има свои посебности во организацијата и оформувањето на


просторот за живеење. Големиот габарит изграден од кршен или приделкан
камен е разбиена со поставување чардак по целата должина на катот, чиј пре-
ден ѕид е од бондрук опшиен со штици. Поради конфигурацијата на теренот
секое ниво има директен влез од терен. Влезните камени портали се деко-
рирани и на нив се изгравирани иницијалите на сопственикот и годината на
градење.

Во долнореканските села, како што е Јанче, постои посебна варијанта на куќа


кула. Куќата во Јанче е со разиграни форми. Над масивниот камен сутерен
и приземје се издига катот од лесна бондручна конструкција малтерисана
или опшиена со штици. Еркерните испусти се потпрени на дрвени заоблени
косници, а малтерисаните површини на аглите имаат дрвени опшиви.

Куќите во малореканските села, иако претставуваат дела на мијачките гради-


тели, имаат различни карактеристики во различни села. Постојат бројни ре-
шенија на просторната организација што не дозволува одредување на строго
дефинирани типови куќи.

Куќите во рамничарскиот дел на Дебарскиот Регион, во недостаток на дрво и


камен, во долните партии биле ѕидани од кршен камен, а на катот се употре-
бувал плитар, локално изработен, нивелиран со хоризонтални кушаци. Дури
и ако се употребела бондручна конструкција, таа била со исполна од плитар.

Постарите куќи во дебарските села биле ниски едноделни приземни објекти,


покриени со ’ржаница или камени плочи. Подоцна изградените куќи се со
приземје изградено од кршен камен и кат од плитар (во рамничарските села)

56
Куќа во Присојница покриена со камени плочи

Чешма Упија во Галичник

57
или бондручна конструкција (во планинските села). Честопати катот е еркерно
исфрлен над приземјето. Куќите најчесто се осно-симетрично решени со цен-
трално поставен трем во приземјето и чардак на катот еркерно исфрлен над
тремот, но постојат и асиметрични решенија со аголен чардак. На едниот крај
од чардакот е сместен амбарот за жито. Како резултат на продорот на меди-
теранската клима по долината на Црн Дрим, тремот и чардакот се отворени.

Внатрешните ѕидови, како и ѕидовите на катот се ѕидани од плитар или плет


малтерисани со кал. Во планинските села надворешните ѕидови на катот се
изведени од штички со исполна од кал. Покривот е од дрвена четириводна
конструкција покриен со камени плочи, или во најголем број случаи со ќера-
миди. Едноставната содржина и
Амбар поставен во аголот на просторна појава на куќите во
чардакот во Требиште селата од Дебарското Поле ја
прави оваа архитектура сосема
различна од реканската.

Во некои села сè уште постојат


селските чешми, иако најчесто
во куќите е воведен водовод.

Освен станбените куќи во сто-


панскиот двор, се наоѓале и
помошни стопански објекти ко-
ишто заземаат значајно место
во градителското наследство и
играат важна улога во стопаски-
от живот на селанецот.

Амбарот служел за чување жито.


Тој се градел од дрво на постамент од камен и дрвени греди. Носивата кон-
струкција е дрвена опшиена со штици, а покривот е од камени плочи или ќе-
рамиди. Во голем број куќи во целиот регион амбарот е сместен на чардакот,
изработен од дрвени штици (Сретково, Требиште).

Плевните служат за чување сточна храна и можат да бидат лоцирани покрај


куќата (Беличица, Грекај, Врбјани, Церово, Сретково) или групирани на перифе-
ријата од селото (Јанче, Ново Село, Нистрово, Горно Косоврасти). Ако се наоѓа
до куќата, нејзиното приземје се користи како пондила. Плевните во приземни-
те делови се градени од камен (во планинските села) или плитар поставен на
камен постамент (во рамничарските села), а горниот дел е од дрвена конструк-

58
ција опшиена со вертикални
штици или плет од гранки. По-
кривот е на две води покриен
со шиндра или ќерамиди. Осо-
бено впечатлив е комплексот
со амбари на влезот во селото
Горно Косоврасти, кој создава
необичен комплекс од градби
зачувани во автентична состој-
ба, меѓусебно поврзани и дво-
страно поставени околу тесна и
кривулеста уличка.

Фурната за печење леб во ми-


натото била присутна речиси
во секој селски двор. Основата
е изградена од кршен камен а
кубето од тула. Покривот е на
две води покриен со ќерамиди
или камени плочи. До денес се
зачувани само мал број фурни
со модифицирана форма.

Водениците и валавиците се
мали камени објекти изграде-
ни надвор од селата. Иако на
Комплекс плевни во Горно Косоврасти
брзите планински реки посто-
еле поголем број воденици и
валавици, тие се сосема разурнати и обраснати во висока вегетација, така што
не може да се пронајдат на терен, освен неколку воденици кои се наоѓаат во
селата.

Бачилата се лоцирани високо на Бистра и Стогово. Објектите за производство


и чување на сирењето се камени градби, во најголем дел вкопани во теренот.
Трлата се отворени простори, заградени со камени огради од сувоѕид. Во бли-
зина на бачилата се наоѓаат чешми со поила за стоката.

Состојбата на руралната архитектура во регионот денес е многу лоша. Раселу-


вањето на населението и неодржувањето на објектите довело до уништување
на градежниот фонд во населените места и надвор од нив. Острите климат-
ски услови на надморска висина од 1000-2000 m на која се наоѓаат населбите,
маргинилизацијата на регионот, лошата инфраструктура, особено немањето

59
Трло во бачило на Бистра

патишта, довеле до иселување и напуштање на селата и уништување на кул-


турното наследство.

Најголем дел од селата се речиси целосно иселени или во нив живеат само
по неколку жители во текот на целата година, а во текот на летото сезонски
се враќа поголем број од населението. Селата со постојани жители се со мал
број население, освен неколку исклучоци. Во напуштените села или селата кои
сезонски се користат голем број објекти се разурнати. Во селата со поголем
број постојано население наследените објекти се уриваат или обновуваат во
современ дух а селата растат и се развиваат со прекинување на локалната гра-
дителска традиција. Иако голем дел од највредните објекти се урнати или се во
фаза на уривање, селата сè уште ја имаат задржано својата специфична тради-
ционална појава.

60
61
ТЕРМИНОЛОШКИ АБВД

РЕЧНИК

Алаџа – Разнобојна, шарена Братска куќа – Двојна куќа, куќа со две


станбени единици
Амам – Единечна или двојна јавна турска
бања Бондрук – Дрвен скелетен систем соста-
вен од столбови и греди кои најчесто се
Амамџик – Мала домашна бања во
ортогонално распоредени и косници за
одајата или во состав на мусандрата во
укрутување на конструкцијата. Исполна-
муслиманските куќи
та може да биде од земја измешана со
Амбар – Дрвен објект за чување зрнеста слама, плет од тенки врбови или дренови
храна (жито, пченка) во стопанскиот двор прачки, плитар и др.
или сандак за брашно најчесто поставен
Вакаф – Завештание; имот, користоносни
на чардакот
објекти и други материјални имоти чии
Апсида – Полукружен простор на приходи биле користени за основање
источната страна на олтарот во и одржување на исламските верски,
христијанските сакрални градби, кој на добротворни и просветни устнови
горната страна завршува со полукупола.
Вакафнаме – Повелба, документ за
Артефакт – Рачно изработен предмет, основањето на вакафот и за неговото
предмет што резултира од човекова управување; канон, статут на исламското
активност завештание
Архиереј – Старешина на свештениците, Валавица – Стопански објекти за перење
највисок православен свештенички чин и бојадисување ткаенини, изградени на
потоци или реки.
Архимандрит – Највисок чин во мона
шкиот ред, старешина на монасите во Воденица – Објект покрај поток или
манастирите. река, кој ја користи водената енергија за
мелење жито.
Багдатија – Хоризонтално поставени
штици на внатрешната и надворешната Деисис (Моление) – Композиција
страна на бондручна ѕидна конструкција која претставува илустрација на
посредувањето на Богородица и
Базилика – Правоаголна градба со
Св.Јован Крстител пред Исус Христос во
централен брод и два или повеќе
името на верниците
странични бродови меѓусебно одделени
со колонада, при што централниот Дефтер – Тефтер, список, записник,
брод е секогаш поширок и повисок од сметководствена книга, трговска книга
страничните.
Дервиш – Муслимански мистик,
Бачило – Оградено место високо во пла- припадник на некој дервишки ред
нините, каде во летниот период се чуваат
стадата добиток.

62
ДЕЖЗИЈКЛ

Дијатретум (дијатрета) – Луксузен Конак – Просторија за патници,


римски стаклен сад со богата декорација свратилиште
на нејзината надворешна површина.
Копаничарство –  применета уметност, а
Доксат – Исфрлен дел од просторијата според некои и занает, на изработка на
преку надворешниот ѕид, со издигнато предмети и резби од дрво
подно ниво Косници – Косо поставени греди, кои ги
Долап – Орман со полици вграден во укрутуваат диреците или ги потпираат
исфрлените меѓукатни греди кај
ѕидот
еркерите.
Епархија – Област која се наоѓа под
Ктитор– Основач, заштитник, дарител
канонска управа на епископ кој приложува средства за градење,
Еркер – Дел од горниот кат на куќата обновување и живописување на цркви и
исфрлен над понискиот кат манастири
Кубе – Свод, купола
Живопис – Црковно ѕидно сликарство,
ликовна уметност во која се слика со бои Курна – Лавабо во амам изработено
на тврда подлога во фреско–техника од камен или мермер, со четириаголна
форма, често убаво украсено, во кое се
Зограф – Сликар на фрески и икони слевала топлата и ладната вода
Игумен – Манастирски старешина Куќа – Просторија во селска куќа во која
Иконостас – Преграда украсена со икони, се наоѓа огништето и каде што се готви
која го одвојува олтарниот простор од Куќа–кула – Куќа на неколку ката
наосот. изградена од камен
Имам – Исламски духовен предводник, Куќа– ’ржаница – Приземна едноделна
верско лице што ја предводи куќа, покриена со слама од ’рж
заедничката молитва во џамијата
Купола – Свод во форма на полутопка
Јеромонах – Монах кој може да врши
богослужба Кушак – Хоризонтална дрвена греда која
има функција на серклаж во конструк-
Кастел– Утврдена населба на тешко цијата на камениот ѕид.
достапно возвишение.
Левха – Големи врамени паноа кои се
Кибла – Правец кон Мека кон кој е поставуваат на ѕидовите во џамиите или
ориентиран михрабскиот дел на секоја муслиманските куќи а на кои се кали-
џамија и кон кој се свртуваат сите графски испишани цитати од Кур’анот со
муслимани во време на молитвата имињата на првите халифи или со мудри
ориентални изреки

63
МНОПС

Маала – Дел од еден град, градска Наос –Внатрешна, централна просторија


четврт, кварт, улица во античките храмови како и во хри-
стијанските цркви, наменета за верни-
Махвил – Камена или дрвена галерија
ците.
на столбови, сместена во џамијата покрај
ѕидот со влезниот портал Нартекс – Влезен трем во христијанските
сакрални градби.
Мека – Родното место на пророкот
Мухаммед Некропола (некрополис) – Град на мрт-
вите, гробишта
Медреса – Општ назив за исламските
средни и виши училишта од интернатски Нишан – Надгробен споменик од камен
тип на муслимански гроб или гробница, знак,
белег
Метох – Манастирска или црковна земја
или имот, имот даруван на некоја црква Одаја – Соба, просторија во куќата за
или манастир спиење, примање гости и др.
Митрополит – Највисок свештенички чин Олтар – Жртвеник, светилиште, простор
по патријархот или архиепископот кој се наоѓа на источната страна на црк-
вата, издвоен од наосот со иконостас и
Минаре – Висока кула поред џамијата од
во него се одвива богослужбата
која муезинот ги повикува муслиманите
на молитва; џамиите може да имаат од Плевна – Дрвен објект поставен над
едно до шест минариња камени ѕидови, за чување сено.
Минбер – Скалеста проповедалница во Плитар – Непечена тула, изработена од
џамијата блиску до михработ, од камен кал
или дрво, од која во петок и првиот ден
Пондила – Штала во приземниот дел од
од двата бајрама имамот држи посебна
куќите или плевните
проповед (хутба)
Портик – Влезен трем кој води до
Михраб – Полукружна или полигонална
влезната врата, покриен трем со коло-
ниша, сместена спроти главниот влез во
нада
џамијата во правец на кибла, од каде што
имамот ја предводи заедничката молитва Свод –Внатрешната страна од
одредена покривна конструкција која
Муезин – Џамиски службеник кој пред
има закривена форма, а најчесто
молитвата гласно ги повикува верниците
полуцилиндрична
од минарето на џамијата
Серген – Вграден орман за чување
Монах – Лице што се откажало од све-
постелнина
товниот живот и се посветило на религи-
озна служба   Семахане – Просторија во текија каде
што се врши дервишкиот обред “зикир”

64
СТФХЦЧЏШ

Сиџил – Кадиски регистар, протокол на Царски двери (Свети порти) –


шеријатските судови Двокрилни врати централно поставени
на иконостасот, кои водат од наосот во
Сокак – Кратка и тесна улица
олтарот и ги симболизираат портите на
Страшниот суд – Поучна тема која го рајот
прикажува Второто Христово доаѓање
Црква – Градба која се користи за
произлезено од Откровението по апостол
христијански религиозни активности
Јован
Чардак – Голема просторија на катот на
Тамбур – Цилиндричен или повеќеаголен
традиционалната куќа која претставува
дел на градбата, на кој лежи куполата
повеќенаменски отворен или затворен
Тајфа – Организирзна група од неимари простор, кој ги поврзува останатите
кои работеле на изградба на објекти простории во куќата.
Текија – Дервишка градба во која се Чаршија – Стопански, трговски и
вршат дервишките обреди занаетчиски дел на градот кој се наоѓа во
централното градско подрачје
Турбе – Мавзолеј, гробница засведена со
купола Џамија – Муслиманска градба која
се користи за исламски религиозни
Фибула – Метална, декоративна игла со
активности
која се прицврстуваат одделни делови од
облеката. Шадрван – Фонтана (чешми) пред
џамијата за задолжително ритуално
Фортификација – Тврдина, утврдено
миење на верниците
место
Шејх – Дословно старец, старешина,
Фурна – Посебен камен објект во
главар (на ред, племе)
селскиот двор, за печење леб и други
јадења. Шерефе – Ограден простор на минарето
(балкон) од каде муезинот ги повикува
Халвет – Посебна просторија во амам
муслиманите на молитва
наменета за капење
Шиндра – Мали и тесни штички (елини
Хазна – Резервоар за вода во амамите
или брестови) со која се покриваат
Хиџра – Датумот на преминувањето куќите
на пророкот Мухаммед од Мека во
Штуко – Пластично, релјефно
Медине (16.07.622), кога започнува
украсување на ентериерот и екстериерот
пресметувањето на времето по
на градбата со употреба на штуко
исламскиот календар
малтери и други материјали

65
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Археолошки локалитети во општините Дебар и Маврово и Ростуша


Алексова, Б., „Археолошки наоди од с. Лазарополе кај Дебар“, Разгледи I-1, Скопје
1959
Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје 1996, 107-116; 118-123.
Битракова Грозданова, В., „Прилог кон историјата на Дебарскиот крај“, Историја XVI-1,
Скопје 1980, 198-199; 200-201;
Ivanovski, M., “The grave of a warrior from the Period of Licinius I found at Taraneš”,
Archaeologica Iugoslavica 24, Ljubljana 1987, 81-90.
Mikulčić, I., Tabula Imperii Romani, K-34, Sectio Naissus-Dyrrhachion-Scup-Serdica-
Thessalonike, Ljubljana 1976, 73, 116.
Микулчиќ, И., „Минатото на Гостиварскиот крај преку археолошки наоди“, Гостивар-
скиот крај, природно-геoграфски одлики и општествено-економски карактеристики,
кн. I, Гостивар 1970, 86.
Микулчиќ, И., Средновековни градови и тврдини во Македонија, Скопје 1996
Микулчиќ, И., Антички градови во Македонија, Скопје 1999
Mikulčić, I., Spätantike und Frühbzyantinische Befestigungen in Nordmakedonien, Städte-
Vici-Refugien-Kastelle, München 2002.
Микулчиќ, И., „Франечкиот војвода од Селокуќи Дебар“, Големи археолошки откри-
тија, Охрид 2011, 125-132.
Тодоровски, Г., Малореканскиот предел, Скопје 1970

Христијански сакрални споменици во општините Дебар и Маврово и Ростуша


Алексиев, Е. Дичо Зограф, Скопје 1997.
Балабанов, К. „Дали е оправдано основањето на Бигорскиот манастир и сликањето
на иконата посветена на Св. Јован да се поврзува со 1020 година ? и неколку други
прилози кон проучувањето на Бигорскиот манастир“, Културно наследство VI, Скопје
1975, 98;
Балабанов, К. „Новооткриениот портрет на игуменот на манастирот Св. Јован
Бигорски архимандритот Арсение од 1833 година – дело на зографот Даниил монах“,
Бигорски научно-културни собири, 1974-1975, Скопје 1976, 67-72.
Балабанов, К. „Студии од културно-историското наследство на градот Дебар и
дебарската област (I) 1. Кога била градена малата црква посветена на св. Петка во
Дебар“, Ликовна уметност 2-3, Скопје 1977.
Балабанов, К. „Студии од културно-историското наследство на градот Дебар и
дебарската област (II), 1. Прилог кон проучувањето на црквата Св. Варвара во с.
Рајчица – Дебарско“, Културно наследство VII, Скопје 1978.
Балабанов, K.; Николовски, A.; Ќорнаков, Д. Споменици на културата на Македонија,
Мисла, Скопје 1980 год.
Василев, А. Бьлгарски вьзрожденски майстори, София 1965;
Василев, А. Дичо Зограф, Македонска мисьл, год. I, март-април 1946, кн. 7-8, 372-382.

66
Грозданов, Ц. „Архиепископот Јован од Дебарско и традицијата за основање на
манастирот Свети Јован Бигорски“, Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 41-78.
Грозданов, Ц. „Нови прилози за културата и уметноста од XIX век во западна
Македонија“, Прилози, МАНУ, Одделение за општествени науки, XXXVI/2, Скопје 2005,
54, сл. 11-14.
Грозданов, Ц. Почетоците на Дичо Зограф и иконостасот во село Росоки, МАНУ,
Скопје 1994, 33-39.
Nikolovski, A. Macedonian Architecture in the Ninetenth and Twentieth Centuries, The
Republic of Macedonia, Skopje, 1974, 136-138
Николовски, А. „Живописот во манастирот Свети Јован Бигорски од XVIII и XIX век“,
Манастир Свети Јован Бигорски, Културно-историско наследство на Р. Македонија
XXXII, Скопје, 1994, 97-128.
Николовски, А. „Проучувања и археолошки испитувања на манастирската црква“
Манастир Свети Јован Бигорски, Културно-историско наследство на Р. Македонија
XXXII, Скопје, 1994, 81-96.
Николовски, А. Уметноста на XIX век во Македонија, Културно наследство IX, Скопје
1984.
Николовски, А. „Црква Св. Варвара, с. Рајчица, Дебарско“ (заедно со К. Балабанов),
Споменици на културата во Р. Македонија, Скопје, 1971, 216.
Поповски, А. „Тајниот јазик на мајсторите градители од Река“, Бигорски научно-
културни собири 1974-1975, Скопје 1976.
Поповска-Коробар В. Икони од Музејот на Македонија, Музеј на Македонија, Скопје,
2004.
Поповска-Коробар В. „Зографот Антониј Јованов во уметноста од првата половина на
XIX век“, Зборник посветен на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, Охрид 2007,
279-294.
К. Томовски - Т. Паскали, „Манастирот Свети Јован Бигорски – архитектура“,
Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 41-78.
Трайчев, Георги, Книга за Мияцитъ, София 1941.
Трајановски, А. „Свети Јован Бигорски - значаен македонски манастир во текот на
втората половина на XIX век“, Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 227-230.
Тричковска, Ј. Делата во Македонија на сликарското семејство на Михаил од
Самарина, (докторски труд одбранет на Филозофскиот факултет во Скопје во март
2009).
Тричковска, Ј. „Западњачки утицаји на црквено сликарство у Македонији преко
зографа Михајла и Димитра из Самарине“, ЗБЗ, књ. 18, Београд, 1991.
Тричковска, Ј. „Иконописот во Бигорскиот манастир во времето пред обновувањето
во 1800 година“, Манастир Свети Јован Бигорски, КИНМ, XXXII, Скопје, 1994.
Тричковска, Ј. „Композицијата Оплакување Христово од проскомидијата во црквата
Св. Ахилие Лариски во Требиште“, Културно наследство XVI (1989), Скопје 1993, 119-
128.
Ќорнаков, Д. „Резбите во манастирот Свети Јован Бигорски“, Манастир Свети Јован
Бигорски, Скопје 1994, 191-211.
Ќорнаков, Д. Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 и 19 век,
Прилеп 1986.

67
Целаковски, Н. „Културата, просветата и книжевната традиција на манастирот Свети
Јован Бигорски“, Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје 1994, 215-226.

Типологија, карактеристики и значење на османлиските споменици


на територијата од Дебар и Река
Ayverdi, E. H. Avrupa’da Osmanli Mimari Eserleri, Yugoslavya, III, c. 3, Istanbul, 2000, s. 29.
Ibrahimgil, M. Z. Balkanlar’daki Fatih Sultan Mehmed Camileri, Balkanla’da Islam
Medeniyeti II. Milletlerarasi Sempozyumu Tebliğleri, Tiran, Arnavutluk (4–7–Aralik 2003),
istanbul 2006, 513–530.
Павлов, З. „Хунќар џамија-Дебар“, Османлиско градителство на почвата на
Македонија, том 1, Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата
на Македонија кн.24, МАНУ, Скопје 2012, 457-462.
Павлов, З. „Нов амам, Дебар“, Османлиски споменици, ед. Македонско културно
наследство, Скопје 2008, 36.
Павлов, З. „Амамите во Македонија”, Proceedings of the Fourth International
Congress on Islamic Civilisation in the Balkans, 13-17 October 2010, Skopje, Macedonia,
(Macedonian, Albanian and Serbian), Sources and Studies on the History of Islamic
Civilization Series nr. 32, IRCICA, Istanbul, 2015, 489-514.
Трифуновски, Ј. „Дебар, антропографски испитувања“, Гласник етнографског
института Српске Академије Наука, књ. II-III (1953-54), Београд 1957.
Трајковска, С. „Хамами на територији Западне Македоније“, Гласник конзерватора
Србије 28, Београд 2004, 78-81.

Историски и урбан развој на градот


Волињец, Р. „Чардакот во старата македонска куќа за живеење“, Културно
наследство бр.8, Скопје 1981, 113-129.
Волињец, Р. „Ентериер во старата македонска куќа - врата, прозорец, скали“,
Зборник на Архитектонски факултет, бр.4, Скопје 1980, стр.89-114
Волињец, Р. „Архитектонската одмереност на старите дебарски куќи“, Нова
Македонија 14 октомври 1979, Скопје
Волињец, Р. „Ентериер во стара македонска куќа-таван“, Зборник на Архитектонски
факултет бр. 3, Скопје 1979, 67-105.
Кировска, И. Смислата на декорацијата во македонското градителство од 19-от век,
Републички завод за заштита на спомениците на културата Скопје, Скопје 1999, год.
стр. 52-59
Николовска, М. Градските куки од 19-от век во Македонија (просторна организација),
Републички завод за заштита на спомениците на културата, Скопје 2003.
Светиева, А. Резбани тавани, долапи и врати во Македонија, Институт за фолклор
„Марко Цепенков“, Скопје 1992.
Томовски, С. Македонска народна архитектура, Технички факултет, Скопје 1960.
Томовски, К. „Дебарските куќи од 19 век“, Зборник на Архитектонски факултет бр.2,
Скопје 1978, 5-28.
Tомовски, К. „Дебарските куќи од 19-от век“, Архитектурата на почвата на
Македонија, Прилози за истражувањата на историјата на културата на почвата на

68
Македонија, МАНУ Скопје 2000, стр 71-85
Томовски, К. „Дејноста на мајсторите градители од Дебарската школа во 19 век“,
Бигорско - научно - културни собири, Прв научен собир, Гостивар 1971 г

Традиционална рурална архитектура


Брезовски, С. Реканска куќа, БИГОСС, Скопје 1993.
Брезовски, С. „Мијачки тип куќа“ Ревија „Галичник“ 1950.
Брезовски, С. „Ревитализација на старата архитектура во Мала Река“, Бигорски науч-
но-култрни собири, Дебар 1972, 35-40.
Брезовски, С. „Архитектурата на селата во Горна Река“, Бигорски научно-култрни
собири 1974-1975, Скопје 1976, 164-171.
Брезовски, С. „Станбена архитектура во Мала Река“, Бигорски научно-култрни
собири
Волињец, Р. „Селото Битуше, рурален амбиент и архитектура“, Зборник на
архитектонско-градежен факултет, Скопје 1977.
Волињец, Р. „Село Битуше- стара архитектура, нејзините вредности и перспективен
развиток“, Симпозиум Дебар, 6-7 октомври, Скопје 1972, 53-63.
Герасимова-Матеска, С. „Споменичка рурална целина Гари”, Културно наследство 30-
31/2004-2005, Национален конзерваторски центар-Скопје, Скопје 2006, 173-184.
Крунић, Ј. „Облици народних кућа Охрида, Кичинице, Галичника и Крушева“, Зборник
радова Архитектонског факултета, Београд 1951-52.
Намичев, П. Народната архитектура во Реканското подрачје, од 19 и почетокот на 20
век, Музеј на Македонија, Скопје 2000.
Намичев, П. Селската куќа во Македонија, Управа за заштита на културното
наследство, Скопје 2009.
Смиљанић, Т., „Мијаци, Горна Река и Мавровско поље“, Насеља, Београд 1925.
Томовски, К., С. Брезовски, „Галичник - рурално-архитектонска содржина“,
Архитектурата на почвата на Македонија, Прилози за истражувањето на историјата
на културата на почвата на Македонија, МАНУ, Скопје 2000
Филиповски, Љ., В. Бошковски. „Станбени и црковни објекти во Тресонче“, Зборник
на Архитектонски факултет бр.1, Скопје 1977, 39-51.
Филиповски, Љ., В. Бошковски. „Некои елементи за формирањето на Мијачкиот крај
и градежните традиции од селата на Горна Река“, Бигорски научно-култрни собири
1974-1975, Скопје 1976, 45-51.
Филиповски, Љ., В. Бошковски. „Архитектонските валери на малореканските села
Росоки и Селце“, Културно наследство 22-23, Скопје 1995-1996, 247.

69
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека «Св. Климент Охридски», Скопје

930.85:726(497.77)
930.85:725(497.77)

КУЛТУРНОТО наследство во Дебарско-реканскиот регион / Дафина Гераси-


мовска ... [и др.] ; [превод на англиски јазик Орхидеја Зорова]. - Скопје : Управа
за заштита на културното наследство, 2018. - 135 стр. :
илустр. ; 25 см

Текст на мак. и англ. јазик. - Други автори: Дарко Николовски, Зоран Павлов,
Цветанка Хаџи Пецова, Снежана Герасимова-Матеска. - Терминолошки
речник: стр. 60-63 ; List of terms: стр. 128-131. - Библиографија: стр.
64-67 ; Bibliography: стр. 132-135. - Содржи и: The cultural heritage in the Debar
and Reka region

ISBN 978-608-4549-65-9
1. Герасимовска, Дафина [автор] 2. Николовски, Дарко [автор] 3. Павлов, Зоран
[автор] 4. Хаџи Пецова, Цветанка [автор] 5. Герасимова-Матеска, Снежана [автор]
а) Културно наследство - Сакрална архитектура - Дебарско-рекански регион
б) Културно наследство - Профана архитектура - Дебарско-рекански регион

COBISS.MK-ID 109134602

70

You might also like