You are on page 1of 2

Приватни универзитети во Македонија

Марко

Во Македонија, покрај државните универзитети, постојат и неколку приватни


универзитети. Некои од нив се

- Европски универзитет (Скопје)


- ФОН Универзит
- Универзитет Американ Колеџ Скопје
- Универзитет на Југоисточна Европа

Петар

Прв приватен универзитет - Европски универзитет - Република Македонија (ЕУРМ)


приватен акредитиран (признаен) универзитет на подрачјето на Република Македонија.
Акредитиран од одборот за акредитација на 1 јуни 2005 година Европскиот универзитет –
Република Македонија е приватен акредитиран универзитет кој нуди современо
образование и кој постојано ги развива и надградува процесот на стекнување на знаење
во согласност со современите светски образовни трендови.

Во моментов на Европскиот универзитет – Република Македонија постојат седум факултети:

- Факултет за економски науки


- Факултет за информатика
- Факултет за правни науки
- Факултет за политички науки
- Факултет за арт и дизајн
- Факултет за детективи и криминалистика
- Факултет за стоматологија

Андреј

ФОН е создаден во 2003 година како Европски Универзитет - Република Македонија. Од


2006, универзитетот егзистира под брендот ФОН-Универзитет. Универзитетот е комплетна
институција која оди во чекор со современите светски образовни трендови и своето име го гради
врз цврстите темели на најквалитетниот стручен кадар од државата и надвор, притоа користејќи ги
сите модерни средства и методи за едукација. Универзитетот нуди до-дипломски, пост дипломски
студии и докторски студии.

Во моментов ФОН-Универзитетот има акредитирано 10 факултети:


- Факултет за правни науки
- Факултет за политички науки
- Факултет за применети странски јазици
- Факултет за детективи и безбедност
- Факултет за економски науки
- Факултет за животна средина
- Факултет за информациски и комуникациски науки
- Факултет за спорт и спортски менаџмент
- Факултет за арт и дизајн
- Филозофски факултет

Бисера

Универзитет Американ Колеџ Скопје (скр. UACS) — приватен универзитет основан во 2005
година. Седиштето е во Скопје, Македонија. Просториите на UACS опфаќаат 4.000 м2.

- Факултет за бизнис администрација


- Факултет за политички науки
- Факултет за правни науки
- Факултет за компјутерски науки и информатичка технологија
- Факултет за архитектура и дизајн
- Факултет за странски јазици

Илина

Универзитет на Југоисточна Европа ,порано наречен и Штулов универзитет — јавно-


приватен универзитет со своите два кампуса во Тетово и Скопје. Главното седиште на
универзитетот е во Тетово и формиран е во 2000 година.

Изградбата на Универзитетот започнала во март 2001 и Универзитетот на Југоисточна


Европа (УЈИЕ) се отворил шест месеци подоцна со 900 студенти. Во октомври 2002 бројот на
студентитите се покачил на 2250, а во октомври 2003 г. УЈИЕ имал 3.700 студенти. Целокупниот
сегашен број на студенти во УЈИЕ е 5200.

You might also like