You are on page 1of 4

Марко

Кули — археолошко наоѓалиште во преспанското село Курбиново.


Претставува населба од хеленистичко време. Се наоѓа на околу 600 м југоисточно од
селото, покрај патот за црквата „Св. Ѓорѓи“, каде по површината се среќаваат
фрагменти од керамички садови, тегови со различна форма и друго. Во 1967 година
се извршени археолошки ископувања при што се откриени темели од објекти, слабо
зачувани, и тоа како еден ред ѕидарија. Наодите се чуваат во Музејската збирка во
Ресен.

Бисера
Историја за името на селото Курбиново
Курбиново — село во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, во околината
на градот Ресен, сместено во близина на источниот брег на Големото Преспанско
Езеро. За името на селото има многу преданија и легенди. Според едно предание се
вели дека селото името го добило по некојси војвода Корубин, а според друго (кое е
помалку веројатно) името се врзува со некоја си непогода (поплава), кога луѓето
биле присилени да се спасуваат со корита (корублини) и според трето, Курбиново
името го добило по зборот „курбан“ (давање жртва) кога некогаш во минатото
курбинци биле присилени на такво нешто заради спас од разбојнички банди.

Пешевски
Местоположба на селото
Селото е сместено на 2 километри од североисточното крајбрежје на
Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба, односно нејзиниот
разгранок Голема Чука, лево од патот Макази-Маркова Нога (македонско-грчка
граница). Сместено е на надморска височина од околу 950 метри и е оддалечено 17
километри од градот Ресен. Курбиново е преместено село. За негова претходна
положба се спомнуваат месностите: Стара Ливада и Долга Ливада, на кои постојат
остатоци (црквата „Св. Ѓорѓија“, темели од куќи и гробишта). За времето и причините
на преместувањето нема податоци ниту други сознанија.

Панков
Историја од животот во селото Курбиново
Курбиново е старо христијанско село во кое отсекогаш живееле православни
Македонци. Под различен облик на името (Курбин, Курбино, Корбиново,
Курбиново) се спомнува во повеќе извори од различни периоди. Во XIX век,
Курбиново се наоѓало во Битолската каза, нахија Долна Преспа, во Отоманското
Царство. До 1912 година, Курбиново било под турска власт, а тој склоп и беговски
чифлик. Активно земало учество во подготовките и текот на Илинденското востание
со своја востаничка чета. За војвода на Преторската, Рајчанската, Курбинската и
Сливничката чета се спомнува Јонче Стасовски (од с. Љубојно).

Илина

Стопанство во селото Курбиново


Курбинци како и во останатите села, се занимавале со
земјоделство. Во минатото најмногу сееле жито (’рж, пченица, овес,
јачмен, пченка), саделе градинарски култури (пиперки, домати, лук,
кромид, зелка, праз, компири и др.) и доста одгледувале лозја и јаболка.
Во рамките на сточарството најмногу одгледувале волови, овци, кози,
коњи и друго.

Андреј

Население

Курбиново е мала населба и во 1961 година броела 229 жители, а во 1994


година 122 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Курбиново имало 137 жители,
сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 101 жител,
сите Македонци.

You might also like