You are on page 1of 3

цигарите и ефектите врз здравјето

Изработила:
Анастасија Николова
9-3
Цигарата претставува мала ролна од тенка хартија, во форма на цилиндaр, во која
има завиткано прецизно исечени ливчиња тутун. Цигарата се пали на едниот крај и
почнува да гори; димот се вдишува од другиот крај, кој се држи во или до устата, а
понекогаш се користи и држач за цигари (чибук). Современите цигари содржат
филтер и се направени од преработен тутун и други адитиви.

никотин
Никотинот, основната психоактивна хемикалија во тутунот, според тоа и во
цигарите, создава психолошка зависност, но не и физиолошка ( при прекин со
консумирање на цигари, не доаѓа до соматски синдром на повлекување во себе,
каков што предизвикуваат дрогата или алкохолот). Според статистиките, секоја
испушена цигара го намалува животниот век на пушачот за 11 минути. Скоро една
половина од пушачите умираат од болести предизвикани од цигарите и во просек
губат по 14 години од животот. Кај бебињата на трудниците-пушачи се појавуваат
вродени мани, како и психички и физички пречки во развојот. Докажано е дека
димот од цигарите е штетен и за пасивните пушачи, па затоа е донесен Закон за
забрана на пушење во работни простории и јавни места.
РАК НА БЕЛИ ДРОБОВИ

Рак на бели дробови е болест карактеризирана со неконтролиран клеточен


раст во ткивата на белиот дроб. Ако се остави без лекување, овој раст може да се
прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку процес
којшто се нарекува метастазирање. Повеќето ракови кои почнуваат во белите
дробови, наречени примарни белодробни тумори, се карциноми кои потекнуваат
од епителни клетки.

СИМПТОМИ И ЛЕКУВАЊЕ

Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на


телесна тежина и недостиг на воздух.Ракот на белите дробови може да се види
на градна радиографија и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува
со биопсија. Биопсијата е медицинска постапка каде што се зема примерок
или клетки од телото за испитување на примерокот под микроскоп.
Лекувањето и прогнозата зависат од хистолошкиот вид на рак, стадиумот (степен
на ширење) и општата состојба на пациентот. Во вообичаените форми на лекување
се вклучени хируршка операција, хемотерапија и радиотерапија, понекогаш се
лекува со операција

ПУШЕЊЕ КАКО ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА РАК

Пушењето, особено на цигари, е убедливо главниот придонесувач кон белодробен


рак.Чадот од цигарите содржи преку 60 познати карциногени. Канцероген е секоја
супстанција, радионуклид, или зрачење кои се директни предизвикувачи
на рак. Ширум развиените земји во 2000 година, 91% смртните случаи поврзани со
белодробен рак биле препишани на пушење (71% за жените).Во САД, пушењто е
одговорно за 80-90% од случаите со белодробен рак.
Пасивното пушење е вдишувањето на чад од цигарите кои ги пуши некој друг кое е
причина за белодробен рак кај непушачите. Како пасивен пушач може да се
класифицира било која личност која живее или работи со пушач. Оние кои живеат
со лице кое пуши имаат зголемување на ризикот од 20-30% да има рак. Пасивното
пушење причинува околу 3.400 смртни случаи од белодробен рак годишно во САД.

You might also like