You are on page 1of 2

Кочо Рацин

ЖИВОТ:
Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин роден во Велес, 22
декември 1908, е македонски книжевник и комунист кој бил најпознат по својата
поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска
книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно
од најзначајните дела во современата македонска поезија.
Уште во детството ја запознава сиромаштијата. Неговиот татко, грнчарот Апостол,
не можел да му пружи којзнае какво школско образование, бидејќи грнчарскиот
занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка
заработувачка. Кочо можел да добие одвај еден клас нижа гимназија и веќе на
својата тринаесетта година бил присилен да му се посвети целосно на татковиот
занает. Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза,
историски списи, филозофски списи, литературна критика и есеи. Својот најголем
придонес го дава во областа на поезијата, особено со својата стихозбирка „Бели
мугри“.
БЕЛИ МУГРИ:
„Бели мугри“ е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во
Самобор, во близината на Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски
јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“,
објавени во 1938 година. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е
испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на
авторот, Коста Солев ја објавил под псевдонимот „К. Рацин“. Стихозбирката била
дистрибуирана низ целата тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и
постигнала голем успех.
Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, во 5 циклуси напишани на
велешки дијалект со примеси од западно-македонските говори, во кои
доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот на стихозбирката е
симболичен - пејзаж кој е посакуван од работниците, аргатите и сите
експлоатирани луѓе. Тоа е ново утро, нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат
еднакв.
СМРТ:
Вечерта на 13 јуни, додека се враќал во партизанската печатница на планината
Лопушник, Кичевско, смртоносно бил застрелан од Мино Миновски, партизанот кој
го чувал пристапот кон печатницата. Според податоците кои ги наведува Перо
Коробар, при тоа Рацин бил на триесетина метри подолу од него, а партизанската
база се наоѓала на 300-400 метри од печатницата. Околу неговата смрт сè уште не
се разјаснети сите подробности, поради што постојат сомневања дека бил убиен.
Посмртните останки на поетот денес се наоѓаат во Спомен-костурницата во Велес,
каде се наоѓаат и посмртните останки од неговите загинати соборци и другари.
Вечерта на 13 јуни, додека се враќал во партизанската печатница на планината
Лопушник, Кичевско, смртоносно бил застрелан од Мино Миновски, партизанот кој
го чувал пристапот кон печатницата. Според податоците кои ги наведува Перо
Коробар, при тоа Рацин бил на триесетина метри подолу од него, а партизанската
база се наоѓала на 300-400 метри од печатницата.

You might also like