You are on page 1of 6

Буенос Аирес

Буенос Аирес
Буенос Аирес е метропола и најголем
град во Аргентина. Расположен е на
десниот брег на реката Ла Плата при
нејзиното влевање во Атланскиот
Океан.
Населението на градот е 2 746 761
жител според пописот од 2005 година.
Жителите на Буенос Аирес се главно
Аргентинци од шпански и италијански
потекла, но има со арапски, еврејски,
кинески и корејски потекла.
Индустрија
Основач на првиот град кој денес се наоѓа
на местото на Буенос Аирес бил шпанецот
Педро де Медоса, под името Nuestra Señora
Santa María del Buen Aire. Овој град бил
напуштен во 1541 година за повторно да
биде населен 1580 година. Самиот град не
се ширел драстично сѐ до XVIII век, кога
станал многу важно поморско подрачје. Во
1776 година градот станал главен на
тогашното кралство на Шпанија, под името
Rio de la Plata. На почетокот од XIX век,
градот имал население од околу 50 000
жители.
Во 1806 година, градот бил окупиран од страна на Британците.
Шпанија во тој момент не била доволно силна за да го одбрани
градот, па самото население се дигнало на бунт и само се

Индустрија ослободило. Тоа всушност ја претставува и борбата на Аргентина за


самостојност. Со нападот на Наполеон Бонапарт над Шпанија, на 25
мај 1810 година била прогласена првата независна влада на Буенос
Аирес. Независноста на Аргентина, пак, е прогласена на 9 јули 1816
година во градот Тукуман, на север од земјата.
Религија
Поголемиот број од населението на
Буенос Аирес се припадници на
католицизмот (една од основните
форми на христијанската вероисповед и
ги вклучува сите цркви, кои го
признаваат врховенството на римскиот
папа), но има и јудаисти (религија на
Евреите ширум светот со околу 14
милиони следбеници Јудаизмот е една
од првите запишани монотеистички вери
и една од најстарите религиозни
традиции кои се применуваат денес) и
муслимани (монотеистичка религија која
се вбројува во аврамските религии и е
втора религија по распространетост во
светот).
Ви благодарам за вниманието
Изработил: Давид Ангеловски IXБ

You might also like