You are on page 1of 12

Географска положба на континентите

Стандарди за оценување:

ученикот/ученичката ќе биде способен/способна да:

Ја опишува географската положба на секој континент во однос


на екваторот и
гриничкиот меридијан и во однос на останатите континенти и
океани
На глобусот и географската
карта можете да забележите
линии, на глобусот се како
кружница, а на географската
карта се паралелни. Овие
замислени кружни линии се
викаат напоредници.
Почетниот и најдолг напоредник кој еднакво е оддалечен од
Северниот и Јужниот Пол се вика ЕКВАТОР и тој има
вредност 00
Екваторот ја дели Земјата на:

СЕВЕРНА
ПОЛУТОПКА

ЈУЖНА
ПОЛУТОПКА
Замислените полукружни линии што ги поврзуваат
Северниот и Јужниот Пол на Земјата се викаат
МЕРИДИЈАНИ
Со меѓународен договор за почетен меридијан се смета оној
што минува низ опсерваторијата Гринич, предградие на
Лондон. Тој има вредност 0° .
Гриничкиот меридијан е замислена вертикална линија која
планетата Земја ја дели на две половини:

ИСТОЧНА ПОЛУТОПКА ЗАПАДНА ПОЛУТОПКА


За да се определи географската положба на некое место
потребно е да се определи неговата положба во однос на
екваторот и почетниот меридијан
Континенти кои се наоѓаат на На јужната полутопка се
северната полутопка се: Европа, сместени четири континенти:
Северна Америка, речиси цела Антарктик, Австралија,
Азија, над половина од Африка и најголем дел од Јужна Америка
мал дел од Јужна Америка. и јужната половина на Африка.
Континенти кои се наоѓаат На источната полутопка се
за западната полутопка се: наоѓаат следните континенти:
Северна и Јужна Америка Европа, Азија, Африка,
и дел од Антарктикот. Австралија и дел од Антарктик.
Завршна активност
Се води завршна дискусија по прашањата:
1.Што се напоредници, а што меридијани?
2.Како е поделена планетата Земја според Гринички
меридијан , а како според Екваторот?
3.Како се определува географската положба на некое
место?

Рефлексија
1. Што правевме денеска?
2. Како се чувствувавте?
3. Што научивте?
4. Како може наученото да го поврзиме со
секојдневниот живот?
Ви благодарам на
вниманието!

You might also like