You are on page 1of 8

Светско Море

Поголем дел од површината на Земјата е покриен со вода. Дали


помниш дека водната обвивка се нарекува хидросфера? Од
вкупната површина на Земјата (510 милиони км2 ), на водните
површини отпаѓаат 361 милион км2 или 71%. Пресметај колкава е
копнената површина на Земјата!
Сите океани и мориња на Земјата се поврзани меѓу
себе и го сочинуваат Светското море. Океан е дел од
Светското море и претставува голема водна површина
што ги раздвојува континентите. На нашата планета
има пет океани: Тихи Океан (Пацифик), Атлантски
Океан, Индиски Океан, Јужен и Северо Леден Океан
Морињата се дел од Светското море и претставуваат помали водни
површини од океаните. Некои мориња се наоѓаат меѓу континентите.
Така, Средоземно Море е меѓу Европа, Азија и Африка, Црвено Море е
меѓу континентите Африка и Азија.
Други мориња се наоѓаат меѓу острови, како морињата во југоисточна
Азија. Обиди се самостојно да пронајдеш неколку мориња на
географската карта.
Водата во океаните и морињата се движи во вид на бранови,
морски струи, прилив и одлив. Бранови се движења што се
јавуваат поради појава на ветер над морската шир. Од јачината
на ветерот зависи височината на брановите. Потсети се, како се
нарекуваат брановите што настануваат ако се појави земјотрес
на морското дно.
Океан претставува голема водна
површина што ги раздвојува
континентите, а море претставува
помала водна површина од океанот
Има пет океани на планетата Земја:
Тихи Океан (Пацифик), Атлантски
Океан, Индиски Океан, Јужен Океан и
Северен Леден Океан
Водата во океаните и морињата се
движи во вид на бранови, морски
струи, прилив и одлив.

You might also like