You are on page 1of 1

Тихи Океан или Пацифик е најголемиот и најдлабокиот океан на Земјата.

Се протега од Берингово
Море на Арктикот до Антарктикот на југ и од Индонезија до Колумбија. Изнесива површина од 179
милиони км2, а најдлабоката точка е 11км под површината на водата која се наоѓа во
Маријанската Бразда близу до Маријанските Острови што ја претставува најголемата длабочина
на море во светот. Во Тихиот Океан има голем број острови(25.000 повеќе орколку во сите океани
заедно) и островски држави.
Долж неправилните западни граници на Тихиот Океан, има многу рабни мориња, од кои
најголеми се: Коралнот Море, Јужнокинеско Море, Јапонско Море, Тасманово Море и Жолто
Море. Исто така се вливаат многу реки: Амур Хоанг Хо, Јанцеклан, Меконг и др.Како Тихиот
Океан се шири на ± 180° географска должина, на запад станува исток, азиската страна на
океанот се смета за источната страна на Тихи Океан, додека спротивната страна е западната
страна на Тихиот Океан.

Датумската граница поголемиот дел ја прати ±180° географска должина која се разграничува
на источен и западен дел. Но на некои места се одделува од таа географска одредница. Така
на север се врти спрема исток да би се заокружил најисточниот дел на Азијапотоа се врти
спрема запад посетувајќи ги Алеутските острви, за да потоа појужно се сврти спрема запад
како би се опфатила острвската држава Кирибати и уште некои помали острови.

Во текот на патувањата на Фернандо Магелан до Филипините, по излегувањето од теснецот


низ Огнената земја, му се причинило дека Тихиот Океан е многу мирен, по што и го добил
името, но се испоставило дека не е секогаш мирен. Копното на Тихиот Океан е подложно на
земјотреси и вулкански ерупции. Исто така, бројни тајфуни започнувале на тоа подрачје. Еден
од најопасните е цунами(последица од подводни земјотреси) со бранови толку огромни и јаки
кои ги уништувале градовите и островите на својот пат

You might also like