You are on page 1of 2

СОСТАВ

Како што кажаа децата претходно, интернетот е можност за персонален развој, но исто така
поради него имаме многу пречки во развојот. Интернетот не е место за персонален,
емиционален и образовен живот поради многу различни последици и форми на
малтретирање и измама. Дали знаевте дека интернетот може да има голема поврзаност со
депресија, многу студии покажуваат дека околу 61% од мажи и 50% од жени кои трошат време
на интернетот покажуваат симптоми од депресија.

И покрај тоа што интернетот има поврзаност со депресија, интернетот исто така предизвикува
недостаток на спиење.

Социјалните мрежи можат да предизвикаат зависност без ние да забележиме.Пречесто


одлучуваме да ги провериме нашите профили на социјалните мрежи само десет минути пред
спиење, но пред да знаеме, поминале два часа. Ова е чест проблем кај младите возрасни и
тинејџери што резултира со сериозно лишување од сон. Покрај помалку часови спиење, на
квалитетот на спиење влијае и осветленоста на екраните кои ги спречуваат луѓето да заспијат.
Недостатокот на спиење може да влијае на продуктивноста, расположението, нивото на енергија
и фокусот, што може да предизвика сериозни проблеми (срцеви заболувања, бубрежни
заболувања, висок крвен притисок, дијабетес, мозочен удар, дебелина и депресија).

Друг лош резултат од трошењето премногу време на интернетот е тоа што може да ни даде ниска
самодоверба, колку повеќе го користиме малку по малку почнуваме да се споредуваме себеси и
својот живот со другите.

Или пак како има премногу измами на интернетот. Измамниците може да ни продаваат
производи или услуги кои немаат никаква врска со тоа што сне го нарачале, а друга многу честа
работа е да ги пренаплаќаат производите. Всушност има толку многу измами што има дојдено до
степен за во 2021 година повеќе од 95.000 луѓе пријавиле околу 770 милиони долари загуба
поради измама иницирана на платформите на социјалните мрежи. Така да, таквите измами им се
случуваат на луѓето преку Интернетот.

Како што реков, на интернетот има многу форми на малтретирање, како на пример сајбер-
малтретирање што е малтретирање на некое лице преку интернетот. Повеќе од 1 од 3 млади луѓе
имаат искуство со сајбер-малтретирање или закани на интернетот, Еден од четири (25 проценти)
тинејџери се малтретирани, додека до 43 проценти биле постојано малтретирани додека се
онлајн.

Поради сајбер-малтретирање постои и сајбер-самоубиство, што е самоубистви или обид на


самоубиство што е под влијание од интернетот. Стапките на самоубиства на интернетот меѓу 10-
14-годишниците пораснале за повеќе од 50 проценти во последните три децении. Многу луѓе се
имаат соочено со премногу форми на малтретирање на интернетот од кои имаат побарано помош
преку многу начини, но еден од нив е оставање белешки и е општо откриено дека оние кои
објавуваат белешки за самоубиство на интернет имаат тенденција да не добиваат помош.

Интернетот е толку лошо место и не ни го приметуваме. Во 2020 година, имало 10.000 случаи на
онлајн груминг преку Интернет, регистрирани од полицијата. Онлајн груминг е кога најчесто некој
постар корисник (околу 30-40 години и над) го инспирира некој друг корисник, најчесто
малолетници, да имаат тајна средба со него во живо. Во таа тајна средба се одвиваат многу
одвратни работи како (сексуална злоупотреба на жртвата, физичко насилство, детска проституција
итн).

Ние сите треба да се пазиме од интернетот, иако тој има добра страна, како што слушнавте на
интернетот се случуваат многу одвратни и многу лоши работи и сите можеме да бидеме
ефектирани од тоа и затоа интернетот треба да се користи многу внимателно за да не настрадаме.

You might also like