You are on page 1of 18

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ” – СКОПЈЕ

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ


Институт за Безбедност, одбрана и мир

Семинарска работа по предметот : Хумана безбедност

ТЕМА: ЗАКАНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА

Студенти: Проф. д-р: Марина Митревска


Александар Мирчески – 10615/21
Ивана Митиќ - 25518/21
Драгана Томоска- 10794/21
Ана Марија Пешиќ-10983/21

Скопје, март, 2022


СОРДЖИНА:

Вовед....................................................................................................................3
1. Најголемите закани за безбедноста на децата во светски рамки.............4
1.1. Воено ангажирање на деца......................................................................4
1.2. Трговија со деца........................................................................................5
1.3. Детска проституција и педофилија.........................................................5
1.4 Детски труд................................................................................................7
1.5 Занемарување или небрежност на родителите.......................................7
1.6 Глад и сиромаштија...................................................................................9
2. Меѓународни институции и организации за заштита на децата..............10
2.1 УНИЦЕФ..................................................................................................10
2.2 Фондот „Save The Children“ (Спаси ги децата)....................................11
2.3 Меѓународна мрежа за правата на децата.............................................11
2.4 Светска визија (World Vision International)...........................................11
2.5 Plan International (План меѓународен)...................................................12
3. Македонија и безбедноста на децата..........................................................12
3.1. Детска амбасада Меѓаши.......................................................................12
3.2. Детска сиромаштија во Македонија.....................................................14
Заклучок.............................................................................................................17
Користена литература......................................................................................18

2
Вовед

Со развојот и надградувањето на новата гранка на безбедноста – хумана


безбедност, се повеќе сѐ става фокус на новите, односно нетрадиционалните закани
за благосостојбата и безбедноста на граѓаните. Безбедноста се прошири на
економска безбедност, еколошка безбедност, политичка безбедност, здравствена
безбедност, обезбедувањето на храна, безбедност на заедницата и личната
безбедност која се однесува на спречување на криминал и насилство врз децата и
жените. Целта на овој труд е да се воочат најголемите закани кои им ја загрозуваат
безбедноста и здравјето на најранливата категорија жители на оваа планета –
децата. Во првиот дел ќе се посвети внимание на некои од најголемите закани, кои
можат да бидат од државни и недржавни актери, врз здравјето и животот на децата
во светски рамки. Во вториот дел ќе бидат накратко разгледани светските
организации и институции кои се ангажираат за заштита на сите деца во светот. И
во третиот дел ќе се обрне внимание на ситуацијата во Македонија околу
безбедноста на децата.

3
1. Најголемите закани за безбедноста на децата во светски
рамки

1.1. Воено ангажирање на деца

Една од првите и основни закани е военото ангажирање со кое се соочувваат


многу деца во сиромашните земји и во конфликтните подрачја низ светот. Децата
кои се многу сугестибилни, лесно „потпаѓаат“ на некоја идеја или верување кои се
катализатори за насилство. Во многу земји каде што се води некаков вооружен
судир, завојуваните страни во очај знаат да ги ангажираат децата (главно машките)
за да ги исполнат сввоите воени цели. Децата секако немаат ниту соодвента обука,
ниту пак им се дава предност кога е во прашање воената опрема и заштита, па затоа
во конфликтите каде што се борат и деца, најчести жртви се децата. Според
извештај од тогашниот генерален секретар на ООН, Бан-Ки Мун, низ светот
250.000 деца се регрутирани од страна на воените сили на завојуваните страни. 1
Децата се користат како шпиони, гласници, ограбувачи, проститутки (женските
деца) со цел да остварат некоја цел на нивните регрутери. Се проценува дека во
2019 година се регрутирани околу 7.700 деца војници, а тоа се само скромни
проценки.2 Во 2020 година само во Јемен, околу 1.500 деца војници кои припаѓаат
на движењето Хути, беа убиени во конфликот во Јемен, а во 2021 година се верува
дека се убиени неколку стотина деца војници. 3 И да не бидат убиени или
посериозно повредени, децата кои директно учестввуваат во воени конфликти,
засекогаш ќе имаат психички лузни кои нема да им овозможат нормална
понатамошна младост. Земји во кои е најсериозна појавата на деца војници се:
Авганистан, Централна Африканска Република, Народна Република Конго, Чад,
Колумбија, Сомалија, Мјанмар, Судан, Шри Ланка, Уганда, Јемен и Бургунди. Во
сите 12 земји владее голема сиромаштија, политичка нестабилност, криминал и

1
https://news.un.org/en/story/2008/01/247322-some-250000-children-worldwide-recruited-fight-wars-un-
official „Some 250,000 children worldwide recruited to fight in wars – UN official“ (30-ти јануари, 2008)
2
https://www.reuters.com/article/us-global-childsoldiers-factbox-trfn-idUSKBN2AC0CB „Factbox: Ten facts
about child soldiers around the world“ (12-ти февруари, 2021)
3
https://www.bbc.com/news/world-middle-east-60190484 „Hundreds of Houthi rebel child soldiers dead in
Yemen war – UN“ (30-ти јануари, 2022)

4
некаков вид вооружен судир помеѓу одредени општествени групи, а тоа се фактори
кои придонесуваат за појавата на деца војници.

1.2. Трговија со деца

Иако живееме во 21-век појавата на робови не е искоренета, а особено е


критично што има огромен број на деца робови. Трговијата со луѓе, односно деца е
најбрзиот начин за жртвите да преминат во ропство. Децата се третираат како стока
за трговија од различни причини: за да слугуваат, за проституција, за вадење на
органи, за присилна работа, за криминални активности и за просење по улица
( широко застапено и во Македонија). Од целокупната трговија со луѓе, 27% се
деца, a од тие 66% се женски деца. 4 Според Светската Организација на Трудот, во
Азија и Пацификот тргувани се околу 250.000 деца годишно, во Латинска Америка
околу 550.000, во Африка 200.000, а во транзициските земји приближно 200.000. 5
Да се киднапира дете и потоа да се тргува со истото, претставува доста тешка
задача за криминалците, но во неразвиените и сиромашните земји, каде што
полицијата е корумпирана и каде што владее организираниот криминал, целиот
овој процес се одвивва многу полесно. Веројатно најмногу страдаат оние деца кои
се тргувани за сексуална експлоатација и за присилно работење, а оние кои се
тргувани поради нивните органи најчесто завршуваат кобно. Децата се чести жртви
на вадење на органи, бидејќи полесно е да се киднапира мало дете и органите на
детето се „подобри“ отколку органите на некој возрасен, за оној кој ќе ги добие.
И оваа закана за децата е најзастапена во сиромашните земји од Африка,
Азија и Латинска Америка.

1.3. Детска проституција и педофилија

Една од најсериозните закани за безбедноста и здравјето на децата е детската


проституција, односно педофилијата. Според проценка на УНИЦЕФ, околу 1 до 2
милиони деца се сексуално експлоатирани и тоа најмногу во Азија. 6 Според други
4
https://www.worldschildren.org/child-trafficking-statistics/
5
https://en.wikipedia.org/wiki/Trafficking_of_children#cite_note-Cherneva,_Iveta_2011-49 „Trafficking of
children“
6
https://www.stairwayfoundation.org/resources/online-resources-on-child-sexual-abuse-and-sex-trafficking/
child-prostitution/ „CHILD PROSTITUTION“

5
истражувања, околу 10 милиони деца се принудени да даваат сексуални услуги. 7 Но
за разлика од претходните две закани, оваа закана е широко застапена и во
западните развиени земји. Имено, само во Франција и тоа од страна на католичкото
свешнтенство биле силувани околу 200.000 деца од кои повеќето биле момчиња на
возраст од 10 до 13 години. 8 Во текот на повеќе децении од минатиот век,
германските власти намерно ги сместувале децата без родители и децата
бездомници со осудени или осомничени за педофилија, а тоа било дел од
експеримент за да се докаже дека нема ништо лошо во еротската љубов помеѓу
возрасните и децата.9 Во Белгија во 1996 година, на протести излезе 3% од
популацијата на Белгија или 350.000 илјади граѓани кои беа разгневени поради
поврзаноста на безбедносните служби и правосудството со злогласниот сериски
киднапер и силувач на деца, Марк Дутро. 10 Најактуелните обвинувања за масовна
сексуална експлоатација на деца доаѓа од САД, односно се работи за случајот со
милијардерот и осуден за педофилија - Џефри Епстин кој наводно раководел со цел
синџир на детска проституција, а во истото бил успешен поради неговите контакти
со луѓе од највискоките кругови на американското и британското општество. 11
Колкав е точниот број на деца кои биле сексуално злоставувани е тешко да се
дознае, бидејќи многу од децата кои се сексуално злоставувани не пријаввуваат и
не кажуваат на никој, што значи дека статистиките на УНИЦЕФ дека од 1 до 2
милиони деца се жртви на сексуално насилство, можат да бидат всушност скромни
бројки. Педофилијата и проституцијата на деца е многу сериозна закана за
безбедноста на децата и во развиените и неразвиените земји, а тоа што има и многу
случаи каде што и службени лица учестввуваат во ваквите криминали е многу
загрижувачки.12 Тешко е да се процени колку деца и од какви психички и физички
7
https://zenodo.org/record/1259781#.YikAw3rMLIU Willis, Brian M.; Levy, Barry S: „ Child Prostitution: Global
Health Burden, Research Needs, and Interventions“
8
https://www.reuters.com/world/europe/report-finds-216000-children-were-victims-french-clergy-sex-abuse-
since-1950-2021-10-05/ „French clergy sexually abused over 200,000 children since 1950, report finds“ (5-ти
октомври, 2021)
9
https://www.dw.com/en/berlin-authorities-placed-children-with-pedophiles-for-30-years/a-53814208
„Berlin authorities placed children with pedophiles for 30 years“ и
https://www.newyorker.com/magazine/2021/07/26/the-german-experiment-that-placed-foster-children-
with-pedophiles „The German Experiment That Placed Foster Children with Pedophiles“ (26-ти јули, 2021)
10
https://en.wikipedia.org/wiki/White_March
11
https://www.bbc.com/news/world-us-canada-48913377 „Who was Jeffrey Epstein? The financier charged
with sex trafficking“ (29-ти декември, 2021)
12
https://www.independent.co.uk/voices/un-child-rape-sex-exploitation-united-nations-antonio-guterres-
prosecutions-immunity-trial-a7956816.html „The scale of sex abuse at the hands of UN workers could be huge.

6
пореметувања страдаат поради педофилијата или проституцијата, но може да се
претпостави дека бројката не е воопшто скромна.

1.4 Детски труд

Детскиот труд или детска работна сила се однесува на експлоатација на деца


преку каква било форма на работа што ги лишува децата од детство, им пречи во
можноста да посетуваат редовно училиште и е штетно психички, физички,
социјално или морално. Ваквата експлоатација на деца е една од најприсутните
закани за здравјето и безбедноста на децата низ целиот свет. Децата кои работат,
обично живеат во многу сиромашни семејства и едноставно мора да бидат
вклучени во обезбедувањето на храна за фамилијата. Во неразвиените и
сиромашни држави работодавците безмилосно и брутално го експлоатираат трудот
на децата, бидејќи децата немаат никаквва заштита, ниту родителска, ниту пак
институционална, а возрасните соработници, исто така, ги искористуваат
максимално децата за да си ја олеснат својата работа. Покрај тешката работа,
децата немаат ни соодветен пристап до лекарска помош (во случај да затреба), а
немаат ниту адекватна количина на храна и работат повеќе од 8 часа дневно, па
затоа многу деца кои се присилени да работат умираат од истоштеност, и сето тоа
за ништожна плата. Според бројките на УНИЦЕФ само во 2020 година, околу 160
милиони деца, низ целиот свет, биле принудени да работат, а што е уште
позагрижувачки, ова е првото зголемување на бројот на деца работници, после две
децении, а половина од тие 160 милиони, биле на возраст од 5 до 11 години. 13 Оваа
закана за децата, во својата посериозна форма, е ограничена само во сиромашните
земји, додека во поразвиените земји, иако има деца и од 15 години, кои работат,
сепак не се принудени или присилени на работа и нивното работно ввреме е
скратено.

1.5 Занемарување или небрежност на родителите

The shocking fact is paedophiles target aid organisations“ (13-ти февруари, 2018)
13
https://www.unicef.org/press-releases/child-labour-rises-160-million-first-increase-two-decades „ Child
labour rises to 160 million – first increase in two decades“ (9-ти јуни, 2020)

7
Занемарување или небрежност на родителите или децата е форма на лошо
постапување од страна на родителите (или старателите) кон децата поради
недостаток на грижа во нивните основни потреби, или лошо управување со нив. За
да се смета како такво, тоа мора да се појавува постојано со текот на времето. Со
други зборови, не би можеле да зборуваме за занемарување на родителите кога
постои изолирана епизода, освен ако не е од сериозна гравитација. Родителите (или
старателите) можат да ги занемаруваат децата од повеќе причини: зависности од
дрога или алкохол, психички нарушувања, недостаток на родителски вештини,
многу големи семејства и недостаток на ресурси.

Има неколку видови на родителско занемарување (небрежност):

1.Физичка небрежност. Во оваа категорија ќе влезат сите однесувања што на некој


начин го спречуваат или му штетат на правилниот физички развој на детето, а
опсегот на опции е многу широк, почнувајќи од исхраната на детето, потоа
хигиената, здравствената заштита, необезбедуввање на соодветна облека при лоши
временски услови,

2. Психолошкo занемарување. Психолошките потреби на детето мора да бидат


соодветно згрижени. Форма на небрежност во овој поглед би била не соодветно
стимулирање на неговите когнитивни способности преку игри и активности . Исто
така, лишувањето од правилна социјализација со неговите врсници (играње и
дружење со други деца) исто така би спречило оптимален развој на неговиот
идентитет и неговите психолошки функции.

3. Образовно запоставување. Образованието е едно од примарните права на детето,


а неговите придобивки се непроценливи: стекнување вештини и знаења,
психолошки развој, учење меѓучовечки вештини итн. Ако му се одземе сето ова на
детето, во голема мера ќе биде попречен неговвиот развој и последователното
преминување во животот на возрасните.

Само во САД, во 2019 година, според властите, околу 650.000 деца на некој начин
биле запоставени или малтретирани од нивните родители (или старатели). 14 Ако се

14
https://www.acf.hhs.gov/sites/default/files/documents/cb/cm2019.pdf „Child Maltreatment 2019“, pp. 16

8
толку лоши статистиките во една богата и развиена земја како САД, тогаш може да
се претпостави дека во неразвиените земји бројот на децата кои се запоставени, е
неколку милиони, а низ цел свет заедно, веројатно десетици, ако не и стотици
милиони деца се на еден или друг начин запоставени од своите родители или
старатели. Оваа закана за безбедноста и здравјтео на децата е очигледно
една од најзастапените во светски рамки, но можеби најтрагично е тоа што децата
жртви на родителско занемарување, најмногу страдаат од оние во кои имаат
најголема доверба.

1.6 Глад и сиромаштија

Сепак, најголемата закана за безбедноста и здравјето на децата е


сиромаштијата од која, може да се каже, дека произлегува и гладот. Сиромаштијата
и гладот може да се гледаат како закани кои се предмет на истражување на
економската безбедност и безбедноста на храната. Според бројките на УНИЦЕФ,
во светски рамки, околу 356 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија 15.
Додека, се проценува дека речиси 1 милијарда деца имаат недостиг на најмалку
една од основните потреби како засолниште, адекватен пристап до храна или чиста
(питка) вода, а тоа значи дека 1 од 2 деца во светот немаат барем една од основните
потреби за водење на нормален живот.16 Поголемиот дел од децата погодени од
сиромаштија се родени од сиромашни родители. Затоа, причините за
сиромаштијата кај возрасните, вклучувајќи ги владините политики, недостатокот на
образование, невработеноста, социјалните услуги, инвалидитет и дискриминацијата
значително влијаат на присуството на детска сиромаштија. Недостигот на
родителски економски ресурси како што е расположливиот приход ги ограничува
можностите на децата. Економските и демографските фактори како што се
деиндустријализацијата, глобализацијата, сегрегацијата на станови, сегментацијата
на пазарот на труд и миграцијата на жителите од средната класа од внатрешните

15
Екстремна сиромаштија - најтешкиот вид сиромаштија, дефинирана од Обединетите нации
(ООН) како „состојба која се карактеризира со сериозно лишување од основните човечки
потреби, вклучувајќи храна, безбедно пиење вода, санитарни потреби, здравје, засолниште,
образование и информации.
16
https://www.unicef.org/social-policy/child-poverty „Child Poverty“

9
градови, ги ограничуваат економските можности и изборите низ генерацијата,
изолирајќи ги сиромашните деца во внатрешноста на градот.
Од глад, кој е производ на сиромаштијата, умираат
околу 5.6 милиони деца на возраст до 5 години годишно (15.000 деца на ден), а
околу 66 милиони деца низ светот одат гладни на училиште, додека вво светски
рамки има околу 1.9 милијарди луѓе со прекумерна тежина. 17 Ваквите
застрашувачки бројки ги прават сиромаштијата и гладот, закана број еден за
безбедноста и здравјето на децата. Освен од глад сиромашните луѓе имаат
предизпозиции да настрадаат и од заразни болести, криминал и слично.

2. Меѓународни институции и организации за заштита на децата

2.1 УНИЦЕФ

Уште во времето кога се изготвувала Повелбата на ООН, било воочено дека


мора да се создаде светска институција или организација која ќе биде задолжена да
се грижи за заштита на правата на децата. Така, на 11 декември 1946 година, е
создадена најголемата светска организација за заштита на децата, УНИЦЕФ.
Седиштето на УНИЦЕФ се наоѓа во Њујорк, и тој обезбедува долгорочна
хуманитарна и развојна помош на децата и мајките од земјите во развој. УНИЦЕФ е
доброволно финансирана агенција, која се потпира на донации од владите и
приватните дарители. Неговите програми ги нагласуваат развојните услуги што го
унапредуваат здравјето на децата. УНИЦЕФ добил Нобелова награда за мир во
1965.

2.2 Фондот „Save The Children“ (Спаси ги децата)

17
https://www.worldhunger.org/world-child-hunger-facts/ „WORLD CHILD HUNGER FACTS“

10
Фондот Спаси ги децата, попознат како Save the Children, е основан во
Обединетото Кралство во 1919 година за да го подобри животот на децата преку
подобро образование, здравствена заштита и економски можности, како и
обезбедување итна помош во природни катастрофи. , војна и други конфликти.
Откако помина еден век, кој го прослави во 2019 година, сега е глобално движење
составено од 29 национални организации членки кои работат во 120 земји. Веб-
страницата Save the Children International наведува дека организациите членки
работат на постигнување четири клучни иницијативи: (1) Обезбедување квалитетно
образование за 8 милиони деца погодени од вооружени конфликти; (2)
Проширување и подобрување на нивното присуство во земји од стратешко
значење. (3) Создаввање посилен глас за децата каде што повеќе од еден член има
програми преку интегрирање на операциите во земјата. (4) Станување на агенцијата
за одговор при итни случаи за деца ширум светот со подобрување на подготвеноста
за катастрофи и капацитетот за одговор, за да можат најдобро да им дадат
непосредни и трајни подобрувања на децата.18

2.3 Меѓународна мрежа за правата на децата

Меѓународната мрежа за правата на детето (Child Rights International


Network) е меѓународна мрежа која ја поддржува Конвенцијата на Обединетите
нации за правата на детето и детските права. Целта на мрежата е да се залага за
правата на децата и да ги спроведува на глобално ниво. Оваа организација, правата
на децата ги застапува преку: правно застапување, стратешки судски спор и
квазиправно застапување.19

2.4 Светска визија (World Vision International)

World Vision International е евангелистичка христијанска хуманитарна


организација за помош, развој и застапување. Таа претпочита да се претставува
како меѓуденоминационална и исто така вработува персонал од неевангелистички
христијански деноминации. Основана е во 1950 година од Роберт Пирс како

18
https://www.savethechildren.net/what-we-do/protection
19
https://home.crin.org/

11
услужна организација за задоволување на итните потреби на мисионерите. Активна
е во повеќе од 90 земји со вкупен приход вклучувајќи грантови, производи и
странски донации од 2,90 милијарди американски долари. World Vision води
програма за спонзорство на деца која има за цел да им помогне на сиромашните
деца, семејства и заедници да имаат пристап до чиста вода за пиење, санитарни
услови, образование, вештини за идна егзистенција, исхрана, здравствена заштита и
да учествуваат во развојните процеси соодветни на возраста.

2.5 Plan International (План меѓународен)

Plan International е развојна и хуманитарна организација која работи во над


75 земји низ светот, во Африка, Америка и Азија за да ги унапреди правата на
децата и еднаквоста на девојчињата. 20 Plan International се фокусира на заштита на
децата, образование, учество на децата, економска безбедност, итни случаи,
здравје, сексуално и репродуктивно здравје и права и вода и санитација. Plan
International обезбедува обука за подготвеност при катастрофи, одговор и
закрепнување, и има работено на напорите за помош во земји како Хаити,
Колумбија и Јапонија. Исто така ја споонзорираат „Девојките добиваат еднакво“,
глобална кампања која бара моќ, слобода и застапеност за девојките и младите
жени. Plan International, исто така, ја водеше кампањата „Бидејќи јас сум девојка“,
глобално движење за да се обезбеди девојчињата насекаде да учат, да водат, да
одлучуваат и да напредуваат, оваа кампања траеше од 2012 до 2018 година. 21

3. Македонија и безбедноста на децата

3.1. Детска амбасада Меѓаши

Првата детска амбасада во светот-Меѓаши е интернационална НВО чија цел


е заштита на децата и нивните права и зајакнување на НВО движењето за детските
права. Основана на 29-ти април 1992 година, Меѓаши се залага за почитување на
детскта личност преку почитување на детските права, застапување на детските
интереси, поврзување на децата од различни средини и ги збогатува нивните
20
https://plan-international.org/
21
https://plan-international.org/because-i-am-a-girl „ BECAUSE I AM A GIRL“

12
животи со активности кои го прават детството сигурно и творечко. Исто така го
зајакнува и НВО движењето за заштита на детските права во Република
Македонија преку развивање на волонтерскиот пристап во своето работење и се
грижи за спроведувањето на Конвенцијата за Правата на Детето.22

Општествените движења, институции и организации си дадоа задача да ја


искоренат неправдата преку создавање на истите променни кај секое дете и
обезбедувајќи сигурна, позитивна и охрабрувачка средина за децата во раното
детство. Како една од водечките организации за детски права во Македонија,
Првата детска амбасада во светот-Меѓаши придонесува во исполнувањето на оваа
задача.

Меѓаши постои за почитување на детето преку заштита на детските права,


со зајакнување на НВО движењето за правата на децата, зголемување и развој на
волонтерската работа и грижа за имплементација на Конвенцијата за Правата на
Детето.

Меѓаши е првата регистрирана НВО за заштита на детските права во


Република Македонија во периодот на транзицијата. Со своите активности
придонесе за развивање и зајакнување на јавното мислење за детските права, го
сруши молкот за страдањето на децата откривајќи во јавноста многу случаи на
детска злоупотреба и директно се вклучи во поставувањето поефикасни механизми
за заштита на децата.

Македонија има програма за социјална заштита за поддршка на децата, но


економската криза во моментов ја оневозможи нејзината делотворност.

Иако Македонија има ниска стапка на смртност на доенчиња, сепак


нееднаквиот пристап до здравството и образованието помеѓу жителите на урбаните
и руралните средини претставува пречка за остварување на ниската стапка на
смртност во земјите на Западна Европа. Преку 92% од децата во Македонија се
имунивирани и заштитени од болести како туберколоза, полио и рубела. Децата се
подготвуваат за основно училиште преку формално предучилишно образование

22
http://www.childrensembassy.org.mk/koi-sme-nie.nspx

13
како и преку иницјативи за рано учење во заедницата чија цел е развивање на
когнитивните способности на децата.

  Сепак, 8% од децата не се имунизирани и 10% од децата Роми никогаш не


биле во училиште. Некаде околу 2% од децата не се регистрираат со раѓањето.
Предучилишното образование е посетувано само од 12% од децата. Децата од
руралните и сиромашни средини имаат проблеми во пристапот до основните
социјални сервиси што се должи на традиционалните ставови за раните бракови на
девојчињата, работната ангажираност на децата од рани години и тешката
економска ситуација. Децата кои работат и просат на улиците и понатаму
поставуваат предизвици за земјата со цел да работи на реализирање на детските
права.

3.2. Детска сиромаштија во Македонија

Состојбата со сиромаштијата во Македонија станува се поголем проблем.


Институтот за економски истражувања и политики Finance Think спроведе
истражување во кое се наведува предизвикот за решавање на детската сиромаштија
и вклучување на мерки за сиромаштија, приоритизацијата на политики и планови за
намалување на нееднаквоста и таргетирање на најранливите деца, како и
реформирање на образовниот процес со цел да овозможи секое дете да достигне
соодветно ниво на образование. Податоците се поразителни, над 30 отсто од децата
на глобално ниво живееат под прагот на сиромаштија. Според последните податоци
на Државниот завод за статистика, детската сиромаштија во земјава во 2019 година
изнесувала 27,8%, додека домаќинствата со двајца родители и три и повеќе деца
остануваат особено изложени на ризикот од сиромаштија односно нешто над 45
отсто.

„Почетниот праг на сиромаштија е поставен на 25%, а дополнително ја


проверуваме стабилноста на резултатите за различни прагови од 20% до 50%
детска сиромаштија и се изразува како производ од двете. Методот е флексибилен
во дизајнирањето на индексите, овозможувајќи различни варијации на сетовите
показатели, праговите и пондерите. Дополнително, овозможува податоците да

14
бидат разгледувани според подгрупи и димензии. За да ги откриеме најчестите
лишувања, како и најранливите групи деца во Северна Македонија, вршиме
детална анализа на индексите, додека за да ги идентификуваме најважните фактори
на ризик за повеќедимензионалната детска сиромаштија во Северна Македонија,
користиме логистичка и тобит регресивна анализа“, стои во анализата на Finance
Think.

Наодите откриваат дека речиси 12 отсто од децата на возраст од 5 до 17


години како и безмалку 9 отсто од децата до 5 години се повеќедимензионално
сиромашни. Како децата растат така сиромаштијата се продлабочува. Постојат и
значајни разлики помеѓу децата од руралните и урбаните средини каде можат да се
забележат при анализирањето на сиромашни деца кои живеат во социјален ризик.
Сиромаштијата на децата на возраст до 5 години во руралните средини се движи од
3,4% до 5,5%. Од друга страна, сиромаштијата кај децата на возраст до 5 години во
урбаните средини доминантно доаѓа од три димензии: сигурност, ран детски развој
и материјална состојба. Кај постарите деца, покрај пристапот до вода и санитетски
услови, здравје, живеалиште и грижа и љубов, има повисок процент на сиромашни
деца во руралните средини. Од друга страна, во делот на образованието, грижа и
љубов, сигурност и материјална состојба, тие формираат најголем дел од детската
сиромаштија во урбаните средини. Етничката поделба на децата открива значајни
разлики. Истражувањето открива дека секое трето ромско дете на возраст до 5
години е повеќедимензионално сиромашно, во просек сиромашно во третина од
областите на лишување. Кај останатите етникуми е забележана пониска, но сепак
значајна застапеност на сиромаштија, односно секое петто дете е
повеќедимензионално сиромашно. Застапеноста кај албанските деца е блиску до
просекот на популацијата, додека македонските деца се најмалку сиромашни.

„Во Југоисточниот регион секое четврто дете на возраст до 5 години е


повеќедимензионално сиромашно, а во Источниот регион секое петто дете на иста
возраст е сиромашно во повеќе димензии. Сиромашните деца во истите два региона
се ранливи, во просек, во 36% од индикаторите. Скопскиот и Полошкиот регион се
следните два региони со висока распространетост на сиромаштија, 8,21% и 7,75%,
соодветно. Слични движења има и кај постарата група деца. Југоисточниот и

15
Источниот регион имаат највисок индекс на повеќедимензионална сиромаштија,
5,89% и 6,08%, соодветно, следени од Полошкиот и Скопскиот регион со 4,32% и
3,89%, соодветно. Додека Југоисточниот и Источниот регион имаат сличен индекс
на повеќедимензионална сиромаштија, Југоисточниот регион има пониска
распространетост на сиромаштија со повисок интензитет на сиромаштија во
споредба со Источниот регион“, се наведува во извештајот.

Детската сиромаштија во урбаните средини може значајно да се намали со


справување со лишувањата во образованието и материјалната состојба, додека во
руралните средини потребен е поширок пристап со таргетирање повеќе димензии,
заклучуваат од Институтот Finance Think. Потоа, децата Роми без разлика на
возраста се значајно ранливи. Најмалку секое трето ромско дете е
повеќедимензионално сиромашно. Образованието на децата и на родителите е
важен фактор за излез од сиромаштијата. Врз основа на анализата од Finance Think
тие препорачуваат да се институционализира мерењето на повеќедимензионалната
детска сиромаштија, потоа експлицитно да се вклучат показателите на детската
сиромаштија во Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и
социјалната исклученост и други релевантни тематски документи. Потоа, да се
приоритизираат политиките и плановите за таргетирање на нееднаквоста и да се
насочат кон најранливите деца. Но, и да се реформира образовниот систем за да
овозможи секое дете да завршува соодветно ниво на образование со цел
намалување на меѓугенерациското пренесување на сиромаштијата.

Пандемијата на корона вирусот активира невидена социо-економска криза


што ги троши ресурсите на семејствата низ целиот свет. Ефектите од пандемијата
со Ковид-19 на сиромаштијата силно ги погодија децата. Развојната и животната
перспекива на едно од четри деца во нашата држава се засехнати поради
изложеност на сиромаштијата. Над 100.000 деца во нашата држава во моментов
живеат во услови на сиромаштија и лишување.

Програмите за извлекување на децата од сиромаштија во Република


Македонија имаат голем потенцијал, но во моментов се доста неефективни.
Социјалните бенефиции, како што е паричната помош, не само што се недоволни

16
како износ, не покривајќи ја основната финансиска сигурност на семејствата со
деца, туку често ги спречуваат и ги стигматизираат родителите при обезбедување
работа и дополнителен приход со кој семејствата може да се извлечат од
сиромаштија.23

Заклучок

Како што беше прикажано во првиот дел, стотици милиони деца, низ целиот
свет, на еден или друг начин страдаат секој ден, ако не и секоја измината минута,
додека милиони деца годишно умираат на најужасни можни начини, како што е
гладот или измачувања до смрт. Од тоа може да се заклучи дека светските
организации и институции кои се основани за да ги обезебдат и зачуваат правата на
децата, или немаат вистинска волја, или пак едноставно немаат никаква моќ
споредено со оние кои ја прават сета штета врз здравјето и безбедноста на децата.
Но, не треба целата вина да се префрла на неколку светски невладини организации,
затоа што речиси сите држави во своите Устави ја гарантираат безбедноста на
нивните граѓани, но можеби во истите е потребно дополнително нагласување дека
децата не смеат да бидат жртви на политички, воени или било какви конфликти и
судири помеѓу одредени групи во општеството или во светската заедница.

23
https://www.unicef.org/northmacedonia/mk/соопштенија/ковид-19-бројот-на-деца-кои-живеат-во-
сиромашни-домаќинства-ќе-се-искачи-до-86-милиони

17
Користена литература

1. UNICEF, Child Poverty, 2021

2. U.S. Department of Health & Human Services Administration for Children and
Families Administration on Children, Youth and Families Children’s Bureau,
Child Maltreatment, 2019

3. Willis, Brian M.; Levy, Barry S: „ Child Prostitution: Global Health Burden,
Research Needs, and Interventions“, 2002

18

You might also like