You are on page 1of 13

Искористување на

детски труд
Детството во светот
Сите деца немаат среќа да израснат во топол дом. Немаат со
кого да шетаат во парк, да отидат во кино или театар. Нивните
желби нема кој да ги слушне, а ни исполни. Тие се деца кои
имаат мрачно и несреќно детство. Деца кои животот го
поминуваат под ведро небо. Оставени на милост и немилост,
мораат сами да се снаоѓаат за храна и облека. Никогаш не ја
почувствувале топлината на родителската рака. Принудени се да
работат на улица, да питачат, да крадат. Голем дел од нив немаат
право на образование и здравствена заштита.
Детството во светот
Во денешно време, низ целиот свет се среќаваме со родители за
кои работата е нешто непознато. Мрзеливи се, сакаат пари, но не
се трудат да ги заработат со мака и труд. Наспроти тоа, ги праќаат
невините и мали деца да работат наместо нив. Наместо тие деца
да се школуваат и да се образуваат, приморани се да вршат
тешки физички работи. Прост пример во нашата држава се
Ромите. Родителите по цел ден лежат и чекаат пари од нивните
деца. Невините деца немајќи друг избор, мораат да одат по
улиците и со насмевка на лицето да ги понудат луѓето со
марамчиња, балони, играчки и слично.
Зошто се јавува злоупотребата на
детскиот труд?
Децатa од загрозено потекло, се особено ранливи на ропство бидејќи
можат полесно да се манипулираат или измамат отколку возрасните.
Тие лесно се контролираат и веројатно нема да бараат повисоки плати или
подобри услови за работа.
Некои се далеку од своите семејства, додека други немаат никого, никаква
поддршка за да ги препознаат знаците дека се експлоатирани.
Најчесто биле користени за криминал, трговија со дрога, биле присилувани
да работат во градежништвото, индустријата, земјоделството и слично.
Детскиот труд на пазарот
 Во 2007 година се тврди дека некои производи на ГАП биле произведени од
детски работници. ГАП го призна проблемот и најави дека ќе ги повлече тие
производи од своите полици.
 Во 2008 година, Би-Би-Си објави дека компанијата Примарк користи детски
труд во производството на облека. До тој заклучок дошле така што се
запрашале кој би продавал рачно изработени везени блузи за 4 фунти, но
подоцна се испоставило дека таа информација била лажна.
 Во 2009 година, ги обвинија H&M и Zara за употреба на добавувачи на памук
од Узбекистан, каде што децата на возраст од 10 години се принудени да
работат. Активистите повикуваа на забрана за употреба на узбекистански
памук.
Меѓаши
 Меѓаши е организација во Македонија за заштита на правата на детето
 Обезбедува директни услуги за децата кои имаат потреба од тоа
 Taa го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката и
економската  злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи
на злоупотреби
 Организацијата се залага за почитување на детската личност преку:
заштита на нивните права,
застапување на нивните интереси,
збогатување на животот со содржини, кои детството го прават сигурно
Ден на борба против детскиот труд
 На 12ти јуни во светот се одбележува Денот на борбата против детскиот
труд, а милиони деца се принудени да работат, бидејќи нивната егзистенција
зависи од нивната работа.
 Според податоците на Уницеф, 152 милиони деца се принудени да работат,
најчесто во Африка и во Азија.
 Многу деца работат во катастрофални услови, подложени на опасност. Како
најекстремни примери меѓународните организации ги истакнуваат децата-
робови, децата во браншата на проституција и оние кои мора да носат пушка
и да војуваат.

You might also like