You are on page 1of 2

Предности и мани на компјутерската генерација

Во денешно време, животот без компјутер е незамислив. Оваа електронска


направа стана достапна за сите, а децата почнуваат да ја користат од
најмала возраст. Тоа, секако, има свои добри, но и лоши страни.

Децата кои растат со компјутер често знаат многу повеќе од своите


родители. Поминуваат часови играјќи видео игри или сурфаќи на
интернет, и во тоа нема ништо лошо. Меѓутоа, седењето на компјутер
може да има и штетни последици кои навреме треба да ги воочиме, и
доколку е тоа можно навреме да ги спречиме.

Делува на мозокот
Ако правилно и умерено се користи, компјутерот може да претставува
„прозорец кон светот“, покрај тоа што е најголем извор на забава за
децата. Меѓутоа, секое претерување може да биде штетно по
емоционалниот и психичкиот развој на детето, како и на неговиот мозок
додека е уште во развој. Затоа е доста важно од самиот почеток да се
воспостават строги правила за користење на компјутерот. Најважно е
времето поминато пред екранот да биде ограничено.
Напорно е за очите

Заради пречеста употреба на компјутерот најчесто страдаат очите, потоа


кичмата, вратот, грбот и рацете. Заради треперењето на екранот,
повеќесатното гледање во мониторот има негативни последици по видот
на детето. Затоа мониторот треба да биде поставен во висина на очите. На
мониторот не треба да има одсјај од светла. Столицата треба да биде со
наслон и да се подесува, да биде грбот исправен.

Предности на компјутерот
Тоа што прво ги наведуваме маните на употребата на компјутерот, не
значи дека тој нема и свои предности. Свесни сме за фактот што ова
електронско „чудо“ нуди многу повеќе можности од телевизијата и дека
на денешните деца компјутерот му е поинтересен од било што друго.
Доколку правилно се користи и не се претерува во неговото користење,
детето може да научи многу корисни работи.

Интернет
На интернет постојат голем број на детски страни со преубави слики од
растителниот и животинскиот свет, така да не мора да купувате скапоцени
енциклопедии за само да му покажете на детето како изгледа некое
животно или растение. Покрај тоа, заедно можете да „патувате“ по светот,
да „крстарите“ по морињата, да „посетувате“ историски места и да ги
„откривате“ тајните на океаните и морињата. Можностите на интернетот
се огромни и тие му помагаат на детето полесно да го согледа светот
околу себе.

You might also like