You are on page 1of 1

Пределот во моите очи

На овој свет има многу убави предели, но најубав е оној виден низ моите
очи.

Едно неделно утро јаките сончеви зраци ме разбудија. Пополека станав и


погледав низ прозорецот. Прекрасен ден за прошетка, си помислив. Со трчање
отидов да ги барам родителите и да ги замолам да прошетаме некаде на излет
во природа. Тие радосно ја прифатија мојата желба. Брзо се подготвивме и се
договоривме да одиме кон Мариово.

Се упативме кон планината. Пребогатиот жив свет на Мариово со


разнобојните цвеќиња е неисцрпен извор на животот. Ова е место за восхит -
си реков, рај за душата, место во кое уживав и од кое ги впивав и почувствував
сите убавини. Леските си ставиле обетки од реси, а околу нив цветаат
темјанушките со раскошна убавина и прекрасен мирис. Толку беше прекрасна
таа шареноликост од цвеќињата, и толку беше убаво да се гледа зеленилото
што се ширеше насекаде околу мене. Со зраците од сонцето е позлатен секој
цвет, извор, поток, па и камен. Птиците пеат низ разгранетите дрвја, а милион
пчели збираат мед од цвет на цвет.

Во еден момент, приметувате само дека ве опкружуваат високи дрва,


папрат и трева, звукот на птиците и инсектите, како и сувите лисја и гранките
кои пукаат под тежината на нашите тела. Сите уживавме во прекрасниот
предел и сé што можевме да видиме беше шумата која длабоко дишеше и
создаваше пријатен замор кој смирува и успива. Шетавме во тишина и
уживавме во чистиот воздух.

Мариовскиот предел во себе ги носи разнобојноста и убавината. Не ми


беше прв пат да ја набљудувам природата, но доживувањето беше толку
силно, што мислам дека за прв пат вистински го почувствував мирисот на
дрвата, свежината на водата и убавината на природата.

Беше прекрасно, прекрасен предел виден низ моите очи, прекрасен ден
поминат во природа. Долго ќе ги паметам тие слики, тие звуци, тоа шаренило
на бои, тие мириси.

You might also like