You are on page 1of 1

Утро крај езеро

Убавина која го исполнува срцето, ја храни душата. Тоа не е ниту вештачка, ниту
материјална убавина. Убавината на природата околу нас ги исполнува нашите очи со сјај,
срцето со љубов, душата со спокој. Можноста да се види убавината на природата, вреди
цело богатство.
Луѓето мечтаат за слика од изгрејсонце крај езеро. Можеби поради спокојот што го дава
водата. Сонцето наѕирнува од врвот на планините и неговиот прв зрак се рефлектира во
чистата вода. Во бесконечното синило,точно во неговата средина сината боја за миг се
обојува во портокалова. Се спојува ладната вода со топлиот зрак на сонцето. Свежото утро
полека се стоплува,се буди целата природа. Езерото е огледало на се околу него. Го
отсликува сонцето, планините, облаците. Неговата сина боја шири спокој, а птиците пеат
утриска песна. Мирот на водата се чувствува, се додека не дувне ветре кое ќе ја
разбранува водата. Брановите доаѓаат кон брегот, и плискаат на песочната плажа. Од
езеро полно со спокој за миг езерото се претвора во разбранувано, гласно и вознемирено.
И вака е убаво. Свежиот мирис повторно се чувствува. Брановите се како зајачиња кои
брзаат да стигнат до брегот. Кога ветрот ќе се смири белите зајачиња веднаш се кријат под
мирната површина на водата. Повторно владее мир и спокој. Златниот песок ја разубавува
езерската околина. Шаренило од прекрасни бои, сина, портокалова, златна на една
утринска слика крај езеро. На едно место се спојува сонцето со водата. Оваа слика е рај за
душа.
Езерото е огледало на луѓето. Тоа ги отсликува сите расположенија на човекот. Го
отсликува мирот и спокојот. Потоа шумот на брановите ја отсликуваат нашата
вознемиреност. Можеби толку многу уживаме во езерската убавина бидејќи таму се
пронаоѓаме самите себе.

You might also like