You are on page 1of 1

ЕСЕНСКИ СЛИКИ

За есента се вели дека е кралица на годишните времиња. Есенските слики се богати и прекрасни
со разновидна содржина, колорит и убавина. Поразлични се од сите други годишни времиња, а
толку убави што не може да се опише со едноставни зборови.

Најубавата есенската слика е природата , со дрвја и треви чии листови се во сите можни бои -
зелени,жолти, кафеави, портокалови, црвени ... тоа е слика која ги мами нашите воздишки. Не
потсетува на топло, спокојно и мирно време богато со бои и богато со вкусови. Кога летото
завршува а зимата доаѓа, есента е тука да ги спои со својата убавина. Има топли денови, доволно
долги да уживаме во нив, повремен дожд но не толку ладен и не тѕолку силен за постепено да не
подготви за времето кое доаѓа.

Есенската слика придружена со вкус на домашен ајвар, мармалад , компот, топло лебче од
фурната ,печен компир со бело сирење и сите други зрели плодови од нивите – не потсетува на
богатството околу нас во вид на храна која треба да се прибере во ова време, да биде доволна за
есента но и да се преизми зимата. Есенската слика на пазарите каде се изложени сите вкусни
производи на земјоделците – јаболки, круши, компири, тиква, ориз , костени – е најубавата глетка
од која секојдневно може да се сладиме. Изборот е толку голем што луѓето не можат да ги
однесат преполните торби до своите домови.

На нивите сеуште вредните работници работат. Собираат плодови и ораат за нова жетва.

Во природата пчелите ја завршиле својата работа, време е да се собере новиот мед.

Домовите стануваат пријатни затоплени места каде се собираат сите членови на семејството после
летните одмори. Обврските како училиште, градинка , работа мора да се исполнуваат. Во
училиште на почеток на есента има многу интересни активности и убавото време ни дозволува да
сме разиграни, активни и да уживаме во другарувањето и спортувањето.

Есента е време за уживање. Треба максимално да ги искористиме нејзините убавини за да ни бде


убаво.

You might also like