You are on page 1of 1

дна од најубавите теми за која можеме да напишеме некој интересен состав е

пролетта.

Веќе топлите сончеви зраци ја милуваат раззеленетата природа. Расцветаните


дрвја и даваат посебна убавина. Во зелената трева разнобојните цвеќиња ја
шират својата опојна миризба, затоа и веселото црцорење на птиците го
повикуваат благото ветре да прошета низ ливадата. Пчелките сега слободно
можат да си ја работат својата улога кај цветовите, а тие пак среќни им ги
отвараат ширум листовите. Знаат дека пчелките ќе им го соберат нектарот за да
има мед, но и дека ќе може да се добијат уште разнобојни цветчиња. И
поточето, кое во близина на ливадата разиграно и нежно ги потпрскува со
своите бранчиња, давајќи им до знаење дека се многу убави. Поточето мирно и
спокојно си жубори и не сака да ја уништи таа среќна идила. Шаренилото од
бои го надополнуваат и туку што новосоздадените пеперутки. Секоја пеперутка
е убава за себе, како уникатни примероци на разиграната ливада. Затоа никогаш
немој да ја загадуваш оваа вистинска пролетна слика.

You might also like