You are on page 1of 1

МОЕТО СЕМЕЈСТВО

1 Се радувам и пеам, убав ден се ближи,


сите дома весело ќе не раздвижи.
Во месец мај денот на семејството го славиме,
и во мојот дом ние заедно ќе го прославиме.
2 Моето семејство е светот мој цел,
се радувам што јас од него сум дел.
А, во мојот свет сме мама, тато, бато и јас,
и дедо и баба живеат со нас.
3 Кај моето другарче Мете, тој е едно дете,
некаде пак се три-четири дечиња ете.
Секое семејство е различно нели,
во него љубовта најубаво се дели.
4 Од семејството секако и тетките се дел,
и вујче и вујна и братучедот смел.
Највесело е кога ќе се собереме сите,
со игри и песни ни минуваат дните.
5 И да ви кажам во семејството се расте здраво,
прегратките се поубави ете тоа е право.
Игрите, приказните и песните добиваат нов лик,
затоа семејството се сака секој миг.
6 И секако фотографија ќе направиме една,
таа за нас ќе биде навистина вредна.
Ќе не потсети на убавиот празничен ден,
на моето семејство весел роденден.
.

You might also like