You are on page 1of 3

Упатства за работа на учениците:

1. Насловот на текстот “Зимска бајка” направете го со големина 16,


задебелени и закосени букви, боја на фонт – црвена, порамнете го на
средина.
2. Останатиот текст направете го со големина 14, порамнет од двете страни,
боја на фонт – сина.
3. Текстот со дијалогот каде што разговараат двете другарки направете го со
закосени букви, големина 12, боја на фонт – зелена.
4. Текстот “Бел Морков” направете го со задебелени букви.
5. Сликата преместете ја на крајот на текстоти наместете ја на средина.
6. На крајот на текстот потпишете се со вашето име и презиме на десната
страна.
7. Во горниот десен агол на листот нацртајте смајли и обојте го.

ЗИМСКА БАЈКА

Зимата е едно убаво и интересно годишно време. Навидум сѐ е некако


мирно, а сепак е раздвижено. Мечките се скриени во своите легла и се
подготвуваат за длабокиот зимски сон, а  пак вредните верверички во
своите домови се сладат со оревчиња и лешничиња. Бистрото поточе
го нема веќе својот бучен жубор бидејќи неговиот воден тек е делумно
замрзнат. Насекаде се слуша жалниот цвркот на врапчињата кои се
обидуваат да пронајдат некое зрно храна. Дрвјата веќе одамна ја
изгубиле својата раскошна крошна и ја замениле со своите
невестински фустани. Оваа зимска бајка ја надополнуваат и малите
балерини-снегулки, весело танцувајќки на зимското ветре. Некаде
далеку се слуша лаежот на верното куче коешто ја чува куќата на
крајот од улицата. Од оџакот на куќата се извива црн чад кој е доказ
дека во куќата има оган околу кој седат мали дечиња на кои дедото им
раскажува приказни додека баба им им подготвува топло чајче.

Сите овие убавини допринесуваат зимата да ја доживуваме како


вистинска бајка.

Зимските денови започнаа. Со нив започнуваат и детските снежни


игри. Снегот полека паѓаше, снегулките се радуваат на детските
насмевки што ги очекуваат, тие го играат зимскиот танц. А од тие деца
сум и јас, се радувам на секоја падната снегулка и јас се радувам за
зимските денови. 

Eдно зимско утро, јас и мајка ми го пиевме утринскиот чај од лимон.


Откако го испивме чајот, заедно се упативме кон мојата соба, ги
зедовме капата, шалот и зимските ракавици, а со нив и санката. Ја
отворивме вратата, а пред вратата нѐ чекаа Вил, нашето бело куче, а
со него и моите пријателки - Марија и Теа. Отидовме до паркот. Таму
започна нашата зимска бајка. Во таа бајка се зборува  за зимското
кралство близу замрзнатата река. Јас бев кралицата, Марија-
дворскиот слуга и Теа- готвачот. И така започнавме.

 Една чаша топол чај од лимон-реков јас. – И ве молам и шеќер!


 Веднаш кралице -рече дворскиот слуга.
 Еден топол чај од лимон со шеќер!
 Веднаш-рече Теа...

И така сѐ додека мајка ми не не прекина. Заедно отидовме да правиме


Снешко.
Му го дадовме името Бел Морков, бидејќи беше многу голем, со голем
морков место нос.

Оваа зимска бајка е една од најубавите и јас уживам во зимските


денови. Дали вие уживате?

Име и Презиме

You might also like