You are on page 1of 20

Грдото пајче

Изработил: Тања Метикош


Еден прекрасен летен ден патката која лежеше точно до оградата на
селскиот двор, почувствува дека јајцата под неа почнуваа да пукаат. Од нив со
тенки гласчиња запилкале патчиња и едно по друго ги покажале главчињата. 
- Е, сите ли се изведовте? - прашала патката и ги разгледала јајцата.- Не, едно
јајце е цело. 
- Сигурно е мисиркино. Види колку е големо - изгракала намуртено една стара
патка која наминала да ја види. 
По малку време и тоа јајце пукнало и од него излегло едно чудно
сиво пајче. 
- Тоа воопшто не личи на другите - рекла патката. 
Ги повела патката своите деца да пливаат во реката, и видела дека и
сивото пајче плива убаво како и другите патчиња, и си рекла: 
- И тоа ми е дете, што дека е грдо!
- Мислам дека веќе е време да ги претставам во птичјиот двор -рекла
патката. Другиот ден времето било одлично и таа тргнала со кон птичјиот
двор, а по неа во редица се клателе и нејзините патчиња. По малку сите
животни ги обиколиле и ги загледувале. - Цела нова група пакосници! – се
јавила една завидлива патка .- А овој колку е грд! Не го сакаме тука! И таа
одеднаш го колвнала по вратот сивото пајче.
Не го допирај! - викна мајка му .- Што ви направило? Пајчето не можело
место да си најде. Тоа било толку несреќно и ужасно се срамело од
себе. Како можело да се роди толку грозно! Така поминал првиот ден.
Но и наредните денови не биле подобри. Не само другите што му се
потсмевале, туку и браќата и сестрите не останувале поназад од нив и
злобно му подвикнувале: - Мачката да те изеде, грозник несреќен!
Мајка му прво го бранела, но се повеќе почнувало да и се чини дека
другите жители на селскиот двор можеби имаат право . Големото пајче
веќе и на неа и изгледало неподносливо грдо и еден ден таа му рекла: 
- Ми се чини дека ти навистина не си мое дете. Оди, повеќе да не си ми
излегол пред очите!
Пајчето се чувствувало толку несреќно! Мајка му го избркала, другите
патки го колвале со клунот, кокошките го колвале, дури и кучето ржело
кога тоа поминувало крај него. Не истрпило грдото пајче, го претрчало
птичјиот двор, ја прескокнало оградата и избегало. 
Трчало, трчало, додека не дошло до една голема бара во која живаале
диви патки. Станало тивко и пајчето мирно ја поминало ноќта. Дури
утрото се осмелило да излезе од скривалиштето. Се завртело и видело
најразлични птици.  - Може ли да ве прашам дали случајно ги знаете моите
родители? - прашало пајчето. - Ти да не си се изгубил? Немаме претстава
кои може да ти се родителите, оди си од овде! – возвратиле непознатите
птици.
Пајчето го напуштило мочуриштето. Тоа долго талкало, додека еден
ден се нашло на брегот на едно големо езеро. Останало да живее таму.
Пливало и се нуркало цело лето. Но дошла есен. Листовите на дрвјата
пожолтеле и почнале да паѓаат.
Една вечер, кога сонцето зашло, зад грмушките полетало јато неверојатно
убави птици. Тие биле бели како снег со долги, вратови и биле вистински
убавици. Размафтале со прекрасните крилја и летнале кон топлите
земји.Тоа биле лебеди.
Наскоро дошла зимата, билo многу студенo. Секој имал топол дом. Само грдoто
пајче шетало надвор. Од студениот ветер постојано се тресело, немало кој да му
помогне.
Тоа пливало, без да запира, за да не замрзне водата околу него. Но на крајот
се уморило и се предало. Во близина поминал еден селанец. Тој го видел
премрзнато патче, го раскршил мразот и го однел во својот дом.
 Таму патчето се стоплило и си дошло на себе, домаќинката го негувала.
Еден ден децата на селанецот побарале да си играат со него. Тоа се
уплашило и почнало да бега низ куќата. При тоа направиле штета, го
истуриле млекото.
Домаќинката се налутила, сакала да го удри пајчето со метлата. Тоа
се уплашило и истрчало низ отворената врата. За среќа најстудените
денови поминале и тоа ја дочекало пролетта на брегот на езерото.
Наскоро дошла пролетта. Раззелениле дрвјата. Пајчето ги размафтало крилјата, а
тие биле веќе големи и силни. Кога лебедите
. долетале од југ и се спуштиле во
езерото, децата се развикале гордо: - Нашиот лебед е најубавиот!
Грдото пајче се прашувало каде да се скрие од срам при доаѓањето на овие
прекрасни птици. Се срамело да погледне кој е најубавиот лебед.
  
  Одеднаш со изненадување го забележал својот лик во водата. 
- Дали сум тоа јас? - Зачудено извикало тоа.
Лебедите допливале до него и со радост го примиле во јатото
 
Грдото пајче се претворило во прекрасен лебед.

Изработил: Тања Метикош 2014

You might also like