You are on page 1of 5

Новогодишни радости

Дали полноќ веќе ѕвони?

Од радост ли лае Шарко?

Пакетчиња и балони

Носат Симе, Весна, Марко!

Пред прозорец Борко стои

Веќе згрме веќе лета

Светна првата ракета

Каков празник, колку бои!

Ечат песни, врева, свирка

Годината нова стаса

Дедо Мраз се чуди, ѕирка

Сите деца среќни да се.

Даруваме песни вечни

Љубов, радост да не греат

Годината да е среќна

И срцата да ни пеат!
Нова Година
Шалчиња,капчиња и црвени носиња

Музика низ врева и весели очиња

Ѕвончиња,балончиња,разиграни еленчиња,

Во воздухот мирис на топли костенчиња.

На плоштадот накитена елката ни стои

До важниот настан минутите ги брои

Од каде ќе дoјде прашуваат најмалите

Ќе слета со крилја или од онде по скалите

Ќе дојде од времето нечујно гласно

Ќе блесне во просторот невидливо и јасно

Ќе са види на сите насмеани лица.

И ете сме сега уште една постари.

Но нека е и така ,само љубов нека цари.


Пред нова година
Ноќеска можеби само некоја рекичка ќе спие

Додека Дедо Мраз многу подароци ќе дeли

Радоста со подароци ќе оди по патот што вие

Низ рамнината кај куќарките со капи бели

И секoј оџак долго, долго ќе чади,

Додека ќе се разлева весел и тивок глас,

Дрвјата крај патот ќе пуштаат долги и бели бради,

Ќе сакаат да личат на Дедо Мраз.

Врбите како балерини фустани ќе носат

И сите, сите ќе бидат весели.

Тогаш и месечината ќе ја расчешла златната коса

И од небото крај куќите ќе се пресели


Дојди дојди Дедо Мраз

Дојди дојди Дедо Мраз

влези и во домот наш.

Ти си патник дар што носи

Од очите смев што роси,

од устата глас што лее

Најубаво што ни пее!

Дојди,дојди од сто страни,

прескокни ги сите брани,

препливај ги сите реки,

прелетај ги сите смреки!

Ти си старец жовожарец!

и најбогат дародавец!

Дојди,дојди,те чекаме

по тебе сите пекаме!


Новогодишна здравица

Ајде, за многу години,

в година повесели, порадосни

со јариња, со јагниња,

со дечиња во куќите,

со береќет низ полето.

Кај се крми, да се плоди,

Кај се ора, да се роди,

по полето виножито

по планиње мед и млеко.

Исчекале и в година

Порадосни, повесели.

You might also like