You are on page 1of 2

Вредеше ли?

Стојам пред прозорецот во дневната соба.Надвор запад се обоил во


руменило.Сите нијанси на златна,црвена,пурпурна.Зајдисонце во педесет
нијанси.

Мислите сами ми скитаат.Бев полуматурантка.Ја прославивме вечерта во


хотелот Салида.Јас и другарка ми ја водевме програмата.Бев наградена за
освојување на првата награда на меѓународен натпревар за екологија
.Наставничката ми ја врачи наградата.Бев пресреќна.

Размислував каде да продолжам.Повеќето другарки се запишаа во гимназија ,а


некои во средни стручни училишта.Бев во дилема-дали да се запишам во
Скопје ,во средното уметничко училиште или овде,со моите другарки во
гимназија?

Откако се информираа и распрашаа,родителите ми кажаа дека немам дозвола


да одам во Скопје.Училиштето беше на лош глас,средношколците земале
дрога.

Се запишав во гимназија,во општата насока.Прва и втора година ги поминав во


четворката.Не ми се допаднаа соучениците,беа во свои друштва.Не бев
прифатена .две години поминав сама седната на прва клупа.Сите си имаа свое

друштво,се дружеа на одмори и после часови.Освен јас.На голем одмор одев


во Сникерс на кафе.Ми поминаа брзо тие години.

Во трета година,во месец октомври,се преместив во двојката.Класен ни беше


професорот по македонски јазик,Мартин.Мартин ,душа од човек.Наизглед
строг,но со срце и добра душа.Секогаш стои зад нас,како родител,како
најголем другар,спремен да ни помогни,да не упати,да не насочи.Зажалив уште
од првиот момент што уште веднаш,од прва година не се запишав
тука.Соучениците добри,вистински другари,помагаа во се.Се дружевме , доа

ѓаа и дома,на родендени.Вистинскоо другарство.Правевме и Сикрет Санта за


Нова година.Одевме на кафиња по часови.Денови кои ќе се паметат додека
сме живи.Тие другарства траат,зреат со тек на годините.

Ланската пролет ни се случи Корона.Не затвори ,изолира,наставата он лајн,не


раздели од средбите во живо,смеата,дружењата на часови и по
часови.Кафулижата опустеа.Целиот живот замре.Долгоочекуваната екскурзија
Низ Европа,се укина.Матурската прослава се укина.Остана некоја безволност и
апатија во нас.Ние сме изгубена генерација,која не ја почуствува радоста на
матурската прослава.

Остана да ја полагаме матурата и да се насочиме кон уписи за високо


образование.Би сакала да продолжам во Скопје,на Ликовната академија,да го
насочам.талентот за цртање.

Брзо,многу брзо поминаа средношколските денови. И ако во себе се запрашам


–вредеше ли,со широка насмевка ќе си одговорам ДА,вредеше!Секој момент
секоја дружба со соучениците и професорите.Вредеа,тие златни мигови .

Низ прозорецот ,во темната ноќ светат мали ѕвездички/Тоа се светлата на


соседните куќи.Владее мир ,доцна во ноќта.Со насмевка ги спуштам ролетните
и заминувам да се подготвам за матурскиот испит.Низ домот одекнуваат
нотите на песната на Балашевиќ Див бадем,во која се пее за матуранти од
една новосадска
гимназија .,....................................................................................................

Марија Ристеска IV-2 С.О.У Гимназија Мирче Ацев

You might also like