You are on page 1of 1

Со книгата до подобра иднина

Има еден другар што никогаш не го изневерува оној што се


потпира на него. Си стои тивко на страна, молчи додека не го прашуваат,
секогаш е доверлив и нуди најдобри решенија. Тој пријател од соништата
е книгата.

Книгата е мало, бистро изворче од кое течат букви и реченици. Таа ти го


осветлува патот кон животот. Ах, таа книга полна со случки, со
различни случувања. Како една светла звезда која оди по патот на
животот. Таа е како едно полно буренце со вода во кое има мали капки-
случки. Кога ги отварам страниците ми блескаат моите очиња. Полни
ми се со радост, љубов, солзи…

Главниот придонес на образованието започнува во детството.


Училиштето ги обезбедува основите, поттикнува интерес за знаење,
покажувајќи колку е интересно и огромно во целиот свет и во
Универзумот. Во процесот на образование, човекот постепено се
запознава со културите на светот, историјата на својата земја,
поттикнува интерес за знаење, поставува прашања и бара одговори.

You might also like