You are on page 1of 1

Читањето кај младите

Книгата е најдобриот пријател на човекот. Осознаваш, сонуваш, патуваш ,тагуваш и се


радуваш со напишаниот збор на белите листови хартија читајќи ги речениците и
страниците. Бегство од досадата и секојдневието а извор на нови знаења.Во минатото
книгата претставувала големо богатсво но за жал тоа е променето и младите се помалку
читаат. Со што се замени книгата и што е главното средство за комуникација и нови
знаења денес?
Мирисот на книгата , кориците , и разиграните зборови се заменија со екрани, тастатури и
типки. Рацете веќе не држат ширум отворена книга низ парковите, тарасати, студенските
домови туку модели на телефони, компјутери и звуци од видеа. Редиците во
библиотеките се празнат а џагорот во кафиќите е се погласен. Младите повеќе не
споделуваат реченици, изреки или мудрости од прочитаните книги , тема на разговор се
површните работи, лажните чувства и социјалните мрежи. Читањето е единствената
способност чиј квалитет се достигнува со различни способности. Во модерниот свет,
дигиталните сигнали и телевизијата доведуваат до неписменост. Младите не сфаќаат дека
читањето е храна за мозокот а тие ги заменуваат со интернет игрите. Да, во една игра во
која се натреварувате ќе ја спасите принцезата но само заради победата , а во една книга
принцезата има свое минато, сегашност и иднина и постои однос и мотивација. Денес,
младите чувсвуваат дека книгата е излезена од мода, а нели живееме во модерно време ,
но не е така, книгата секогаш ќе биде број еден во скоро сите полиња од животот на
младите. Од една страна кога се чита книга , вие се поврзувате со ликовите и настаните од
истата, соживуваате и споредувате и учите нови работи и поука, од друга страна пак
младите повеќе би сакале да мрдат со своите прсти низ екраните и социјалните мрежи
соживувајќи се со личности кои имаат лажен живот и вештачка среќа.
Повторно да има место во ранците, ташните, полиците кај младите e првиот чекор што
треба да се направи. Промената почнува од нас самите а очите да ни бидат желни за нова
книга и мирис на нова корица. Читањето е како сонување со отворени очи.

You might also like